Дмитриј Медведев – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 27 Oct 2023 10:22:44 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Дмитриј Медведев – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Медведев: Израел ќе изврши офанзива врз Газа https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/medvedev-izrael-ke-izvrshi-ofanziva-vrz-gaza/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/medvedev-izrael-ke-izvrshi-ofanziva-vrz-gaza/#respond Fri, 27 Oct 2023 10:22:44 +0000 https://kurir.mk/?p=893736

Поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев смета дека светот не треба да се залажува и оти израелската офанзива врз Газа ќе се случи. - Израел продолжува да ја одложува копнената операција во Газа, главно под притисок на САД и стравувајќи од гневот на светот. Но, немојте да се залажувате, операцијата ќе биде спроведена и тоа со најкрвави можни последици, рече Медведев, кој сега е заменик-претседател на Советот за безбедност на Русија. - Молох (еврејскиот бог на војната) секогаш бара повеќе жртви, а во исто време ќе покрене „машина за меѓусебно насилство“. Покрај тоа, Западот е многу уморен од Украина, па со ентузијазам прифати да го поддржува Израел. Дури и новиот претседател на Претставничкиот дом на САД, конгресменот Мајкл Џексон (извинете, Мајк Џонсон, но на кого му е гајле) ја наведе помошта за Тел Авив како свој прв приоритет, напиша Медведев на Телеграм. Медведев додаде дека можеби подобро решение би било да се продолжи процесот на решавање на Блискиот Исток и конечно да се обиде да се спроведе Резолуцијата број 242 на Советот за безбедност на ОН од 22 ноември 1967 година. - Можеби не е лошо да се усвои оригиналниот план за поделба на Палестина усвоен на 29 ноември 1947 година со резолуција 181 на Генералното собрание на ОН? Прашањата, се разбира, се реторички. Сè на сè, многу поинтересно е да се дадат пари за туѓа војна што се води далеку од САД. Војната мора да продолжи …, заклучи поранешниот руски претседател.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/medvedev-izrael-ke-izvrshi-ofanziva-vrz-gaza/feed/ 0
Медведев: Русија регрутирала 280.000 војници во својата армија годинава https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/medvedev-rusija-regrutirala-280-000-vojnitsi-vo-svojata-armija-godinava/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/medvedev-rusija-regrutirala-280-000-vojnitsi-vo-svojata-armija-godinava/#respond Sun, 03 Sep 2023 09:03:14 +0000 https://kurir.mk/?p=873971

Околу 280 илјади луѓе се пријавиле за професионална служба во руските вооружени сили досега оваа година, изјави заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, поранешниот претседател Дмитриј Медведев, цитиран од британските и руските медиуми. Тој додаде дека за време на неговата посета на рускиот Далечен Исток се сретнал со локалните власти за да работи на зајакнување на вооружените сили. -Според податоците на Министерството за одбрана, од 1 јануари до сега, во редовите на вооружените сили на договор се примени околу 280.000 лица, вклучително и резервисти, нагласи тој. Минатата година Русија објави план за проширување на своите борбени сили за повеќе од 30 отсто на 1,5 милиони. Некои руски пратеници сугерираат дека на Русија и е потребна професионална армија од седум милиони за да ја обезбеди безбедноста на земјата, за што би биле потребни огромни буџетски средства. Во септември 2022 година, претседателот Владимир Путин нареди „делумна мобилизација“ од 300 илјади резервисти, што поттикна уште стотици илјади да ја напуштат Русија за да избегнат да бидат испратени да се борат. Путин подоцна рече дека нема потреба од дополнителна мобилизација. Медведев, исто така, рече дека „милитаризацијата“ на Јапонија ја комплицира ситуацијата во азиско-пацифичкиот регион“. -Штета што јапонските власти следат курс кон нова милитаризација на земјата. Во близина на Курилските острови се одржуваат воени вежби, што сериозно ја усложнува ситуацијата во азиско-пацифичкиот регион, нагласи Медведев. Русија, додаде тој „мора да возврати против оние кои го водат човештвото до глобална катастрофа и да ја извојува победата, како што направи пред 80 години“.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/medvedev-rusija-regrutirala-280-000-vojnitsi-vo-svojata-armija-godinava/feed/ 0
Медведев: Се поблиску сме до апокалипса https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/medvedev-se-poblisku-sme-do-apokalipsa/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/medvedev-se-poblisku-sme-do-apokalipsa/#respond Tue, 29 Aug 2023 10:59:36 +0000 https://kurir.mk/?p=872051

Поранешниот руски претседател и актуелен заменик-претседател на рускиот Совет за безбедност, Дмитриј Медведев ја повторни можноста за „апокалипса“ во случај на натамошна ескалација на конфликтот во Украина. Повод за неговата изјава е фактот што украинските сили решиле да ги нападнат Русите во анектираниот Крим, тврди „Украинска правда“. - Украинските криминалци објавија дека добиле одобрение за напади низ цела Русија, на пример за нападот на Крим. Ако ова е вистина (и во моментов нема причина да се сомневаме во тоа), тогаш тоа е директен, правно значаен доказ за соучесништвото на Западот во војната против Русија на страната на државата на Степан Бандера, напиша Медведев на Телеграм. - Тоа би било повод за војна што ќе ѝ даде можност на Русија да дејствува во рамките на законот за војна против секого и сè во земјите на НАТО. За жал, пророштвата за апокалипса се сè поблиску до нас, додаде тој. Медведев минатиот месец напиша статија за владиниот весник „Росијскаја газета“, во која истакна дека нуклеарна војна е „сосема веројатна“, но оти нема изгледи за победник во неа. Тој повеќе пати рече дека западната поддршка за Украина ги зголемува шансите за нуклеарен конфликт.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/medvedev-se-poblisku-sme-do-apokalipsa/feed/ 0
Медведев: Советот Украина-НАТО ќе престане да постои, бидејќи една од земјите во него ќе исчезне https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/medvedev-sovetot-ukraina-nato-ke-prestane-da-postoi-bidejki-edna-od-zemjite-vo-nego-ke-ischezne/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/medvedev-sovetot-ukraina-nato-ke-prestane-da-postoi-bidejki-edna-od-zemjite-vo-nego-ke-ischezne/#respond Wed, 12 Jul 2023 20:35:35 +0000 https://kurir.mk/?p=856046

Советот Украина-НАТО ќе престане да постои, бидејќи една од земјите во него ќе исчезне, напиша на англиски заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија Дмитриј Медведев на Твитер, цитираат руските медиуми. Медведев потсети дека Советот Русија-НАТО е формиран во 2002 година и „сите знаат како завршил“. -Овој пат ќе заврши поинаку. Советот ќе престане да постои, бидејќи една од земјите ќе исчезне, напиша тој.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/medvedev-sovetot-ukraina-nato-ke-prestane-da-postoi-bidejki-edna-od-zemjite-vo-nego-ke-ischezne/feed/ 0
Медведев: Многу веројатно Украина никогаш нема да влезе во НАТО, трета светска војна е сè поблиску https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/medvedev-mnogu-verojatno-ukraina-nikogash-nema-da-vleze-vo-nato-treta-svetska-vojna-e-se-poblisku/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/medvedev-mnogu-verojatno-ukraina-nikogash-nema-da-vleze-vo-nato-treta-svetska-vojna-e-se-poblisku/#respond Wed, 12 Jul 2023 07:33:00 +0000 https://kurir.mk/?p=855637

Украина можеби никогаш нема да биде примена во НАТО, Алијансата едноставно се плаши тоа да го каже гласно, смета заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија Дмитриј Медведев, коментирајќи ги одлуките од првиот ден од самитот на НАТО во Вилнус. - Се е како што мислевме: Акцискиот план за членство на Украина во Алијансата – укинат. Во смисла на побрзо примање. Да се покани (Украина) во НАТО. Но, ќе ја примат – не се знае кога и под кои услови. Многу веројатно – никогаш. И тоа е она што реалистите во Алијансата се плашат да го кажат гласно, напиша Медведев на Телеграм. Според него, намерата на земјите од НАТО да ја зголемат воената помош за Киев е всушност ќорсокак, трета светска војна е сè поблиску. - Да се зголеми воената помош за режимот во Киев. Со сè што е можно: ракети, касетна муниција, авиони. Сосема полудениот Запад не можеше ни да смисли ништо друго. Предвидливост од највисоко ниво, до идиотизам. Фактички – ќорсокак. Трета светска војна е сè поблиску, оцени Медведев. Тој додаде дека „руската специјална воена операција“ ќе продолжи, а нејзините цели ќе останат исти. - Што значи сето ова за нас? Сè е очигледно. Специјалната воена операција ќе продолжи со истите цели. Една од нив е и откажување на киевската нацистичка група од членство во НАТО, на што инсистиравме од самиот почеток (што е невозможно), напиша тој. - Значи, таа група треба да биде ликвидирана (што е можно и неопходно), додаде Медведев. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/medvedev-mnogu-verojatno-ukraina-nikogash-nema-da-vleze-vo-nato-treta-svetska-vojna-e-se-poblisku/feed/ 0
Медведев: Овој судир ќе трае многу долго, можеби и со децении https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/medvedev-ovoj-sudir-ke-trae-mnogu-dolgo-mozhebi-i-so-detsenii/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/medvedev-ovoj-sudir-ke-trae-mnogu-dolgo-mozhebi-i-so-detsenii/#respond Fri, 26 May 2023 07:28:57 +0000 https://kurir.mk/?p=838901

Главниот соработник на рускиот претседател Владимир Путин, поранешниот претседател на Федерацијата и актуелен заменик-претседател на моќниот Совет за безбедност, Дмитриј Медведев, изјави дека војната во Украина може да трае со децении, со долги периоди на борби исцртани со прекини на огнот, јавија руските медиуми, според кои, тој ова го кажа за време на посетата на Виетнам. Медведев често пати дава остри коментари, а минатиот месец украинските власти ги опиша како заразна болест. -Овој конфликт ќе трае многу долго, најверојатно со децении, рече Медведев. „Се додека постои таква власт, ќе има, да речеме, три години примирје, две години конфликт и сè ќе се повторува“, продолжи тој, повторувајќи го тврдењето на Москва дека Украина е нацистичка држава. Медведев во јануари се закани дека дека доколку Русија биде воено поразена, таа може да предизвика нуклеарна војна. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/medvedev-ovoj-sudir-ke-trae-mnogu-dolgo-mozhebi-i-so-detsenii/feed/ 0
Светот веројатно е на работ на нова војна, тврди Медведев https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/svetot-verojatno-e-na-rabot-na-nova-vojna-tvrdi-medvedev/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/svetot-verojatno-e-na-rabot-na-nova-vojna-tvrdi-medvedev/#respond Tue, 25 Apr 2023 12:32:26 +0000 https://kurir.mk/?p=827426

Поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев денеска предупреди дека светот веројатно е на работ на нова војна и истакна дека се зголемуваат и ризиците од нуклеарна конфронтација. Во исто време, тој посочи дека и двете сценарија не се неизбежни. „Светот е болен и сосема е веројатно да е на работ на нова војна“, рече Медведев на конференција во Москва. Во исто време, поранешниот руски претседател, кој во моментов е заменик-претседател на Советот за национална безбедност, додаде дека нова светска војна не е неизбежна. „Ризиците од нуклеарна конфронтација растат и се посериозни од опасностите поврзани со климатските промени“, посочи Медведев.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/svetot-verojatno-e-na-rabot-na-nova-vojna-tvrdi-medvedev/feed/ 0
Медведев се заканува со нуклеарна апокалипса https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/medvedev-se-zakanuva-so-nuklearna-apokalipsa/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/medvedev-se-zakanuva-so-nuklearna-apokalipsa/#respond Mon, 27 Feb 2023 09:30:27 +0000 https://kurir.mk/?p=805503

Поранешниот руски претседател и близок соработник на рускиот претседател Владимир Путин Дмитриј Медведев денеска изјави дека испораката на западното оружје за Киев може да доведе до глобална нуклеарна катастрофа. Во авторски текст напишан за рускиот весник „Известија“, Медведев користи апокалиптична реторика за да го одврати НАТО и неговите сојузници да и помогнат на Украина со испраќање на оружјето што му е потребно на Киев за да се одбрани од руска инвазија. Медведев, инаку заменик претседател на рускиот Совет за безбедност, битката во Украина ја опиша како егзистенцијална битка за опстанок на Русија и рускиот народ. „Се разбира, испраќањето оружје може да продолжи и со тоа да се спречи секаква можност за заживување на преговорите“, напиша Медведев. „Токму тоа го прават нашите непријатели. Тие не сакаат да сфатат дека нивните цели сигурно ќе доведат до целосно фијаско. Колапс, Апокалипса во која можете да заборавите на своите поранешни животи, се додека урнатините не престанат да емитираат радијација“, се закани Медведев.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/medvedev-se-zakanuva-so-nuklearna-apokalipsa/feed/ 0
Медведев во посета на Кина https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/medvedev-vo-poseta-na-kina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/medvedev-vo-poseta-na-kina/#respond Wed, 21 Dec 2022 08:30:16 +0000 https://kurir.mk/?p=778432

Поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев ненајавено го посети Пекинг каде се сретна со кинескиот претседател Си Џинпинг со кој разговарале за војната во Украина. Медведев, кој сега е заменик-претседател на рускиот Совет за безбедност, објави видео на својот канал на Телеграм на кое се гледа неговата средба со Си, а потоа и снимка од средба меѓу кинески и руски официјални претставници. Медведев рече дека со Си разговарале за стратешкото партнерство меѓу двете земји „без ограничувања“, како и за Украина. Тој не соопшти повеќе детали. – Разговаравме за соработката меѓу двете владејачки партии на Кина и Русија … билатералната соработка во рамките на нашето стратешко партнерство, вклучително и во областа на економијата и индустриското производство. Разговаравме и за меѓународни прашања – вклучувајќи го, се разбира, конфликтот во Украина, рече Медведев. – Разговорите беа корисни, додаде тој. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/medvedev-vo-poseta-na-kina/feed/ 0
Издадени потерници за Захаровa и Медведев https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/izdadeni-poternici-za-zaharova-i-medvedev/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/izdadeni-poternici-za-zaharova-i-medvedev/#respond Mon, 10 Oct 2022 17:35:37 +0000 https://kurir.mk/?p=743685

Украинската безбедносна служба СБУ издаде потерница за портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова и заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија Дмитриј Медведев, се наведува во денешната ажурирана база на податоци на украинското Министерство за внатрешни работи. Фотографија од Захарова се појави на веб-страницата за лица по кои трага украинското Министерство за внатрешни работи, пренесе ТАСС. Во придружната белешка се наведува дека таа се товари според член 110, дел 3 од Кривичниот законик на Украина (повреда на територијалниот интегритет и неповредливост на Украина од страна на лице кое ги застапува властите и предизвикува сериозни последици). Украинското Министерство за внатрешни работи денеска соопшти дека СБУ издала потерница по заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев, кого Киев го обвини за задирање во територијалниот интегритет на Украина.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/izdadeni-poternici-za-zaharova-i-medvedev/feed/ 0