Дмитриј Муратов – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 01 Sep 2023 20:18:30 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Дмитриј Муратов – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Русија го прогласи нобеловецот Дмитриј Муратов за странски агент https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rusija-go-proglasi-nobelovetsot-dmitrij-muratov-za-stranski-agent/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rusija-go-proglasi-nobelovetsot-dmitrij-muratov-za-stranski-agent/#respond Fri, 01 Sep 2023 20:18:30 +0000 https://kurir.mk/?p=873561

Русија го додаде почитуваниот новинар и добитник на Нобеловата награда, Дмитриј Муратов на својата листа на странски агенти, етикета што властите често ја користат за да ги спречат критичарите. Руското Министерство за правда соопшти дека Муратов „користел странски платформи за ширење мислења насочени кон формирање негативен став кон надворешната и внатрешната политика на Руската Федерација“. Муратов беше главен уредник на Новаја Газета, која беше широко почитувана во странство поради нејзиното истражувачко известување и често го критикуваше Кремљ. Муратов беше ко-лауреат на Нобеловата награда за 2021 година; тој подоцна го стави својот Нобелови медал на аукција, добивајќи 103,5 милиони долари кои, како што рече, ќе бидат искористени за помош на децата бегалци од Украина. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rusija-go-proglasi-nobelovetsot-dmitrij-muratov-za-stranski-agent/feed/ 0
Нобеловиот медал на рускиот новинар Муратов продаден на аукција, парите за украинските деца https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nobeloviot-medal-na-ruskiot-novinar-muratov-prodaden-na-aukcija-parite-za-ukrainskite-deca/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nobeloviot-medal-na-ruskiot-novinar-muratov-prodaden-na-aukcija-parite-za-ukrainskite-deca/#respond Tue, 21 Jun 2022 05:42:47 +0000 https://kurir.mk/?p=693456

Нобеловиот медал на рускиот новинар Дмитриј Муратов вчера на аукција беше продаден на аукција за 103,5 милиони долари, а собраниот износ ќе биде наменет за помош на раселените украински деца. Сумата ќе биде донирана во програмата на УНИЦЕФ за помош на раселените деца од Украина, соопшти аукциската куќа Херитиџ Окшнс (Heritage Auctions). Муратов, главен уредник на Новаја Газета и остар критичар на Кремљ, минатата година ја подели Нобеловата награда за мир со филипинската новинарка Марија Реса. Признанието им го посвети на шестмина свои новинари кои загинаа поради својата работа. Новаја газета на почетокот на март објави дека од својата веб-страница ќе ги отстрани материјалите за руските воени дејствија во Украина поради цензура, како одговор на заканите на Кремљ дека ќе ги гони новинарите и граѓаните кои не ја поддржуваат официјалната позиција на владата за војната во Украина. Во видеото објавено од Heritage Auctions, Муратов рече дека освојувањето на Нобеловата награда „ дава шанса да бидеш слушнат“. – Најважната порака денес е дека луѓето разбираат дека се случува конфликт и дека треба да им помогнеме на луѓето кои најмногу страдаат, додаде рускиот новинар, посебно истакнувајќи ги „децата во бегалските семејства“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nobeloviot-medal-na-ruskiot-novinar-muratov-prodaden-na-aukcija-parite-za-ukrainskite-deca/feed/ 0
Рускиот нобеловец Дмитриј Муратов испрскан со црвена боја https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ruskiot-nobelovec-dmitrij-muratov-isprskan-so-crvena-boja/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ruskiot-nobelovec-dmitrij-muratov-isprskan-so-crvena-boja/#respond Fri, 08 Apr 2022 06:25:26 +0000 https://kurir.mk/?p=660035

Непознат сторител го испрскал со црвена боја рускиот лауреат на Нобеловата награда за мир, Дмитриј Муратов, додека патувал со воз од Москва за Самара. Либералниот руски весник „Новаја Газета“ објави фотографии на својот главен уредник на која се гледа неговото лице, горниот дел од телото и рацете полиени со мрсна црвена боја. Инцидентот се случил кога непознато лице влегло во купето за спиење каде се наоѓал Муратов, му рекло „Муратов, земи го ова за нашите момчиња“ и го испрскало со боја. Полицијата започнала потрага по осомничените, јави руската агенција „Интерфакс“, цитирајќи го Министерството за внатрешни работи. Сообраќајната полиција организирала мерки за легитимирање и приведување на две лица. Новинарите кои ја критикуваат власта во Кремљ постојано се цел на напади во Русија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ruskiot-nobelovec-dmitrij-muratov-isprskan-so-crvena-boja/feed/ 0
Уредник на руски медиум нападнат во воз: Тоа што го гледате не е крв! https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/urednik-na-ruski-medium-napadnat-vo-voz-toa-shto-go-gledate-ne-e-krv/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/urednik-na-ruski-medium-napadnat-vo-voz-toa-shto-go-gledate-ne-e-krv/#respond Thu, 07 Apr 2022 19:53:31 +0000 https://kurir.mk/?p=659932

Руски нобеловец, кој се противи на руските напади во Украина, бил нападнат и полеан со црвена боја во воз. Непознат напаѓач во воз го полеал со црвена боја Дмитриј Муратов, добитник на Нобеловата награда за мир и главен уредник на Новаја газета, како и еден од ретките преостанати независни новинари во Русија. Муратов се противи на руската инвазија на Украина. Новаја газета објави информација за нападот и фотографии од својот главен уредник и од купето во возот полеано со црвена боја. „Мене и целото купе ме преплавија со маслена боја со ацетон. Очите страшно ме печат. Напаѓачот рече: ‘Муратов, ова ти е за нашите момчиња’“, изјави рускиот нобеловец. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/urednik-na-ruski-medium-napadnat-vo-voz-toa-shto-go-gledate-ne-e-krv/feed/ 0