Дмитриј Песков – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 31 Oct 2023 14:20:36 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Дмитриј Песков – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Песков: Русија мора да се вооружи против манипулациите однадвор https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/peskov-rusija-mora-da-se-vooruzhi-protiv-manipulatsiite-odnadvor/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/peskov-rusija-mora-da-se-vooruzhi-protiv-manipulatsiite-odnadvor/#respond Tue, 31 Oct 2023 14:59:24 +0000 https://kurir.mk/?p=894989

Како одговор на антисемитските немири во Северен Кавказ, Русија сака посилно да се вооружи против перцепираните надворешни мешања, изјави денеска во Москва портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, јави ДПА. Песков ова го изјави откако претседателот Владимир Путин се состана со неговиот Совет за безбедност и шефовите на безбедносните власти претходната вечер. Според руските медиуми, Песков изјавил дека кругот на учесници покажал дека дискусијата е за „засилени мерки за спречување на надворешно мешање“. Тој рече дека не може да даде детали. -Од гледна точка на руското раководство, овие немири беа предизвикани преку социјалните мрежи од странство. Настаните на Блискиот Исток се злоупотребуваат за да се разгори расположението во Русија со манипулирани информации, рече Песков. Во севернокавкаската руска република Дагестан, со мнозинско муслиманско население, толпа луѓе упаднаа на аеродромот во регионалната престолнина Махачкала во неделата, откако слета авион од Тел Авив со еврејски патници. Повеќе од 20 лица се повредени, а 83 се приведени.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/peskov-rusija-mora-da-se-vooruzhi-protiv-manipulatsiite-odnadvor/feed/ 0
Песков: Западот ќе се умори од војната во Украина https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/peskov-zapadot-ke-se-umori-od-vojnata-vo-ukraina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/peskov-zapadot-ke-se-umori-od-vojnata-vo-ukraina/#respond Mon, 02 Oct 2023 12:06:41 +0000 https://kurir.mk/?p=884233

Кремљ соопшти дека верува оти во САД и во Европа ќе има зголемен замор од војната во Украина, но дека Вашингтон ќе остане директно вклучен во конфликтот. - Русија предвидува дека заморот на Западот од војната во Украина ќе доведе до фрагментација на мислењето за конфликтот, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. Неговата изјава уследи по одлуката на американскиот Конгрес да усвои нацрт-законот за привремено финансирање, со што беше изоставена помошта за Киев. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/peskov-zapadot-ke-se-umori-od-vojnata-vo-ukraina/feed/ 0
Песков: Русија сака контрола само врз територии кои се уставно нејзини https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/peskov-rusija-saka-kontrola-samo-vrz-teritorii-koi-se-ustavno-nejzini/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/peskov-rusija-saka-kontrola-samo-vrz-teritorii-koi-se-ustavno-nejzini/#respond Sun, 06 Aug 2023 17:12:30 +0000 https://kurir.mk/?p=863962

Русија сака да ги контролира само оние територии кои се уставно нејзини, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. На прашањето на новинарот, кој го интервјуираше за Њујорк Тајмс, дали Русија сака да додаде уште украински територии, тој одговори негативно. -Не. Ние само сакаме да ја контролираме територијата што е запишана во Уставот како наша, рече Песков, пренесуваат руските медиуми. Референдуми за приклучување кон Русија беа одржани во регионите Доњецк, Луганск, Запорожје и Керсон во септември минатата година, кога мнозинството жители го поддржаа потегот. На 30 септември 2022 година, рускиот претседател Владимир Путин и шефовите на тие региони потпишаа договори за пристапување кон Русија, а на 4 октомври 2022 година Путин ги потпиша законите за ратификација на договорите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/peskov-rusija-saka-kontrola-samo-vrz-teritorii-koi-se-ustavno-nejzini/feed/ 0
Песков: Кремљ не верува во гаранциите на САД за олеснување на рускиот извоз на храна https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/peskov-kreml-ne-veruva-vo-garantsiite-na-sad-za-olesnuvane-na-ruskiot-izvoz-na-hrana/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/peskov-kreml-ne-veruva-vo-garantsiite-na-sad-za-olesnuvane-na-ruskiot-izvoz-na-hrana/#respond Fri, 04 Aug 2023 09:12:08 +0000 https://kurir.mk/?p=863272

Кремљ не е подготвен да верува во гаранциите на САД за олеснување на рускиот извоз на земјоделски производи и минерални ѓубрива, доколку Русија се врати на договорот за жито, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. Како што пренесуваат странските агенции, Песков изјавил дека Русија не верува во тие американски гаранции. Американскиот државен секретар Ентони Блинкен во четвртокот ја критикуваше Русија поради повлекувањето од договорот за извоз на жито преку украинските пристаништа на Црното Море. Блинкен уште еднаш повтори дека американските санкции, наводно, не се однесуваат на извозот на руска храна и ѓубрива. „За време на спроведувањето на договорот, САД работеа на решавање на прашањата за испорака и осигурување, вклучително и пишување до банките за да се обезбедат трансакциите“, рече Блинкен. Блинкен рече дека САД ќе продолжат да прават сè што е потребно за да се осигураат дека Русија може слободно да извезува храна доколку има заживување на договорот за безбеден извоз на украинско жито преку пристаништата на Црното Море. Песков истакна дека е можно враќање на договорот за жито, но под услов да се исполнат сите обврски кон Русија. Минатиот месец Русија се откажа од договорот од јули 2022 година, постигнат со посредство на Обединетите нации и Турција, со кој се дозволува извоз на украинско жито и други земјоделски производи преку пристаништата на Црното Море. Договорот предвидуваше и извоз на руски земјоделски производи и минерални ѓубрива, а Русија тврди дека овој дел од договорот не бил испочитуван, поради што, како што соопшти, се повлече од него.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/peskov-kreml-ne-veruva-vo-garantsiite-na-sad-za-olesnuvane-na-ruskiot-izvoz-na-hrana/feed/ 0
Песков: Турција не треба да се надева на членство во ЕУ, Европа не ги сака https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/peskov-turtsija-ne-treba-da-se-nadeva-na-chlenstvo-vo-eu-evropa-ne-gi-saka/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/peskov-turtsija-ne-treba-da-se-nadeva-na-chlenstvo-vo-eu-evropa-ne-gi-saka/#respond Tue, 11 Jul 2023 15:30:43 +0000 https://kurir.mk/?p=855476

Турција не треба да има илузии дека еден ден може да стане членка на Европската унија, изјави денеска портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков, истовремено нагласувајќи дека сакаат силни односи со Анкара и покрај некои несогласувања, вклучително и прашањето за проширување на НАТО. Песков ја минимизираше оценката на новинар дека Турција се оддалечува од Русија и се приклонува кон Запад. -Турција може да се сврти кон Запад, знаеме дека во нејзината историја имало периоди на интензивна ориентација кон Запад, но дека имало и периоди со помал интензитет, рече Песков на брифинг со новинарите. Според Песков, никој не сака да ја види Турција во Европа. -Мислам на Европејците. И нашите турски пријатели не треба да носат розови очила, додаде Песков, алудирајќи на деценискиот отпор на ЕУ кон членството на Турција. Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган вчера неочекувано ја поврза согласноста на Турција за прием на Шведска во НАТО со влезот на Турција во ЕУ. Тој рече дека Европската унија треба да го отвори патот за Турција да влезе во ЕУ пред турскиот Парламент да го одобри приемот на Шведска во НАТО, но европските лидери рекоа дека не можат да ја прифатат таа поврзаност. Откако Анкара го отвори патот на Шведска за влез во НАТО, Шведска одговори дека активно ќе го поддржи турскиот процес за пристапување во Европската унија. Песков рече дека Русија разбира оти Турција, како членка на НАТО, мора да го стори тоа, додавајќи дека Москва сака да продолжи да гради заемно корисни односи и покрај „сите несогласувања“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/peskov-turtsija-ne-treba-da-se-nadeva-na-chlenstvo-vo-eu-evropa-ne-gi-saka/feed/ 0
Песков: Нема алтернатива за руското посредување за Нагорно Карабах https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/peskov-nema-alternativa-za-ruskoto-posreduvane-za-nagorno-karabah/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/peskov-nema-alternativa-za-ruskoto-posreduvane-za-nagorno-karabah/#respond Tue, 02 May 2023 17:15:48 +0000 https://kurir.mk/?p=829846

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков денеска изјави дека нема алтернатива за руското посредување меѓу Ерменија и Азербејџан во спорниот регион Нагорно-Карабах, во време кога Вашингтон ги организира преговорите меѓу двете земји. - Во оваа фаза, не постои друга правна рамка што ќе придонесе за решавање (на конфликтот). Нема алтернатива на постигнатиот договор, рече Песков, алудирајќи на примирјето потпишано во 2020 година меѓу Ерменија и Азербејџан со посредство на Русија. Песков оцени дека е добредојдена секаква помош за решавање на конфликтот, но додаде дека е претпазлив кон „обидите кои ја заматуваат основата за мирно решение“. Ерменија и Азербејџан се судрија во 2020 година за контрола на регионот Нагорно-Карабах. Конфликтот заврши со мировен договор со кој се призна победата на азербејџанските сили. Договорот е постигнат со помош на Русија. Оттогаш руски војници се стационирани во Нагорно Карабах, но Ерменија веќе неколку месеци се жали на нивната неефикасност. Изолацијата на Русија на меѓународната сцена, поради конфликтот во Украина, го ограничува и просторот за маневрирање на Москва. Тензиите меѓу Ерменија и Азербејџан се зголемија на 23 април кога Баку го постави првиот контролен пункт на влезот во коридорот Лачин, единствениот пат што ја поврзува Ерменија со Нагорно-Карабах. Баку ја оправда својата одлука со безбедносни причини, додека Ереван ја оцени како прекршување на примирјето договорено во 2020 година. Во овој контекст, Вашингтон, кој со Москва и Париз е копретседавач со таканаречената група „Минск“ за конфликтот, се обидува да ги рестартира мировните преговори. Домаќин на состанокот, кој ќе трае до четврток, е американскиот државен секретар Ентони Блинкен (Ентони), а во него учествуваат шефовите на дипломатиите на Ерменија и Азербејџан, Арарат Мирзојан и Џејхун Бајрамов. Таков состанок се одржа во ноември, а потоа и во февруари, на маргините на Минхенската безбедносна конференција во Германија. Тие разговори не овозможија во оваа фаза да доведат до договор. Нагорно-Карабах, претежно ерменска територија, се отцепи од Азербејџан, што доведе до војна во 1990-тите во која загинаа 30.000 луѓе.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/peskov-nema-alternativa-za-ruskoto-posreduvane-za-nagorno-karabah/feed/ 0
Песков: Русија внимателно следи што работат Србија и НАТО https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/peskov-rusija-vnimatelno-sledi-shto-rabotat-srbija-i-nato/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/peskov-rusija-vnimatelno-sledi-shto-rabotat-srbija-i-nato/#respond Thu, 06 Apr 2023 17:03:10 +0000 https://kurir.mk/?p=821161

Русија многу внимателно ќе ги следи воените вежби „Платинест волк“ што Србија ги изведува со САД и 10 други земји, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, јави дописникот на МИА од Белград. -Што се однесува до наведените вежби, секако ќе ги следиме многу внимателно - одговори Песков на новинарското прашање дали Русија е загрижена од намерата на Србија да одржи воени вежби со САД. Според него, не престануваат притисоците врз Белград да усвои антируски став. -Постои постојан обид Србија да се привлече на страната на оние кои имаат антирускиот став. Знаеме дека Белград е под огромен притисок, притисок без претседан, заклучи портпаролот на Кремљ, пренесуваат руските медиуми. Како што соопштија српските медиуми, Војската на Србија годинава ќе одржи воена вежба „Платинест волк“ со припадниците на американската војска и западните партнери, со што ќе се прекине мораториумот за учество на билатерални и мултилатерални вежби со сите партнери, воведен по војната во Украина. Активирањето на меѓународните воени вежби на 23 март го спомена и високиот советник на американскиот Стејт департмент, Дерек Шоле, кога на Твитер му се заблагодари на српскиот претседател Александар Вучиќ за неговиот конструктивен ангажман во Охрид, но и за „повторниот ангажман со САД во одбранбените воени вежби“ со натпис „# PlatinumWolf“. Од Министерството за одбрана на Република Србија за медиумите потврдија дека во Србија ќе се одржи воената вежба „Платинест волк 23“, како и дека припадниците на вооружените сили ќе тренираат со војниците на НАТО и нивните сојузници. -Со заклучокот на Владата на Србија од 16 март 2023, одобрено е спроведување на меѓународната тактичка вежба „Платински волк 23“, со што таа вежба се иззема од мораториумот за планирање, подготовка и реализација на вежби со странски партнери во земјата и странство. Причината за донесувањето ваквата одлука е исполнување на обврските преземени од Србија во врска со учеството на српските вооружени сили во мултинационални операции, соопшти Министерството за одбрана во одговорот на прашањето за одржување на вежбата. Меѓународната тактичка вежба „Платинумски волк 23“ ќе се одржи од 16 до 30 јуни 2023 година во Република Србија заедно со неколку земји партнери со кои српските вооружени сили учествуваат во мултинационални операции. Целта на оваа вежба е одржување на постигнато ниво на интероперабилност на единиците на вооружените сили на Србија за учество во мултинационални операции. Од Министерството за одбрана потенцираат дека мораториумот на меѓународните воени вежби се уште трае, а дека оваа вежба со НАТО е исклучок. -Напоменуваме дека одлуката на Владата на Република Србија од 27 февруари 2022 година, со која се суспендираат и одложуваат сите активности поврзани со вежби со странски партнери, сè уште е во сила, нагласуваат од надлежното министерство. „Платински волк“ е вежба која се изведува во Србија од 2014 година со идеја, покрај непосредна подготовка за учество во мултинационални операции, да го стимулира развојот на базата „Југ“ како регионален центар за обука. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/peskov-rusija-vnimatelno-sledi-shto-rabotat-srbija-i-nato/feed/ 0
Кремљ: Немаме коментар за апсењето на Трамп, тоа е внатрешно прашање на САД https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kreml-nemame-komentar-za-apseneto-na-tramp-toa-e-vnatreshno-prashane-na-sad/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kreml-nemame-komentar-za-apseneto-na-tramp-toa-e-vnatreshno-prashane-na-sad/#respond Wed, 05 Apr 2023 14:49:45 +0000 https://kurir.mk/?p=820639

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков денеска одби да ја коментира ситуацијата поврзана со апсењето на поранешниот американски претседател Доналд Трамп. -Русија смета дека нема право на кој било начин да се меша во внатрешните работи на САД и не сака да ја коментира оваа ситуација, рече Песков, додавајќи дека „Москва го очекува истото од Вашингтон“. Поранешниот американски претседател вчера беше накусо уапсен и изведен пред судијата Хуан Меркан во судот во Менхетен, каде што беше обвинет за 34 точки од обвинението поврзано со заговор и тајни исплати кон порно актерката Сторми Даниелс пред изборите во 2016 година, објави американскиот портал Хил. Британските медиуми пренесуваат дека Трамп изјави дека сите случаи против него се обид да се спречи неговата трета кандидатура за претседател на САД. Според него, ситуацијата е „масовно мешање во изборите од невидени размери“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kreml-nemame-komentar-za-apseneto-na-tramp-toa-e-vnatreshno-prashane-na-sad/feed/ 0
Песков: Ова што го прави Западот го гледаме како директно мешање во конфликтот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/peskov-ova-shto-go-pravi-zapadot-go-gledame-kako-direktno-meshane-vo-konfliktot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/peskov-ova-shto-go-pravi-zapadot-go-gledame-kako-direktno-meshane-vo-konfliktot/#respond Thu, 26 Jan 2023 10:45:16 +0000 https://kurir.mk/?p=792226

Кремљ денеска ја осуди „директната вмешаност“ на Западот во конфликтот во Украина, по најавата за испорака на десетици европски и американски тенкови за Киев. „Од европските престолнини и од Вашингтон постојано пристигнуваат декларации дека испраќањето на различни системи за оружје, вклучително и тенкови, во Украина во никој случај не значи вмешаност на тие земји или НАТО во непријателствата што се случуваат во Украина. Категорично не се согласуваме“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. „Во Москва тоа го гледаме како директна вмешаност во конфликтот и гледаме дека таа се зголемува“, додаде Песков. Германската влада вчера ја потврди испораката на тенкови „Леопард“ во Украина и одлуката да им дозволи на земјите партнери и тие да испратат тенкови во Киев. Украина оваа година би можела да добие до 100 најсовремени тенкови од германско производство, што е една третина од бројот што го побара. Американскиот претседател Џо Бајден, пак, на прес-конфренција, најави дека САД ќе испратат 31 тенк „Абрамс“ во Украина. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/peskov-ova-shto-go-pravi-zapadot-go-gledame-kako-direktno-meshane-vo-konfliktot/feed/ 0
Кремљ за тенковите „Абрамс“: Тие горат како и сите други тенкови https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kreml-za-tenkovite-abrams-tie-gorat-kako-i-site-drugi-tenkovi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kreml-za-tenkovite-abrams-tie-gorat-kako-i-site-drugi-tenkovi/#respond Wed, 25 Jan 2023 11:58:29 +0000 https://kurir.mk/?p=791667

Кремљ денеска соопшти дека сите тенкови „Абрамс“ што САД ќе ги испратат во Украина „ќе изгорат“, нарекувајќи ја очекуваната испорака „скапа глупост“. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, на дневниот брифинг изјави дека потенцијалните испораки на „Абрамс“ ќе бидат „фрлање на пари“. -Сигурен сум дека многу експерти ја разбираат апсурдноста на оваа идеја. Планот е технолошки катастрофален, рече тој. -Но, пред сè, тој го преценува потенцијалот што ќе го добие украинската армија. Овие тенкови горат како и сите други, додаде Песков. Кремљ денеска исто така соопшти дека е „навистина алармантно“ што „часовникот на судниот ден“ се доближил до полноќ повеќе од кога било досега, и повика на внимателност за да се спречи ризикот од нуклеарна војна. Часовникот за судниот ден кој го создаде непрофитната организација Bulletin of the Atomic Scientists за да илустрира колку човештвото се приближило до крајот на светот го помести своето „време“ на 90 секунди до полноќ, 10 секунди поблиску отколку што беше во последните три години. Претседателот на Билтен во образложението на новото време ги наведе „слабо прикриените закани на Русија за употреба на нуклеарно оружје“. Полноќ на овој часовник ја означува теоретската точка на уништување. -Ситуацијата во целина е навистина алармантна, изјави Песков за новинарите, повикувајќи на трезвена проценка на тензиите меѓу Русија и Западот поради украинската криза. Можната испорака на борбени тенкови од страна на Вашингтон за Украина ќе биде „уште една очигледна провокација“ против Русија, изјави претходно рускиот амбасадор во САД Анатолиј Антонов. -Очигледно е дека Вашингтон намерно се обидува да ни нанесе стратешки пораз, рече Антонов во забелешките на амбасадата објавени на Телеграм. -Ако САД решат да испорачаат тенкови, тогаш оправдувањето на таков чекор со аргументи за „одбранбено оружје“ дефинитивно нема да успее. Тоа би било уште една очигледна провокација против Руската Федерација, додаде тој. „Вол Стрит Џурнал“ вчера информира дека администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден е сè поблиску до одлуката за испраќање на моќните американски тенкови „Абрамс“ во Украина, додавајќи дека одлуката би можела да биде соопштена уште неделава. Белата куќа не сакаше да го коментира написот, но весникот наведува дека „одлуката за испраќање на тенковите „Абрамс“ би била дел од поширок дипломатски договор, во чии рамки Берлин ќе објави испраќање на помал број свои тенкови „Леопард 2“ во Украина и во исто време ќе ги овласти Полска и другите земји да испратат тенкови „Леопард“ во Украина. (МИА)
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kreml-za-tenkovite-abrams-tie-gorat-kako-i-site-drugi-tenkovi/feed/ 0