Дмитро Кулеба – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 02 Oct 2023 10:03:33 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Дмитро Кулеба – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Кулеба: Украина ќе го почитува изборот на словачкиот народ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kuleba-ukraina-ke-go-pochituva-izborot-na-slovachkiot-narod/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kuleba-ukraina-ke-go-pochituva-izborot-na-slovachkiot-narod/#respond Mon, 02 Oct 2023 10:03:33 +0000 https://kurir.mk/?p=884147

Шефот на украинската дипломатија Украина, Дмитро Кулеба денеска по победата на популистичката партија Смер-социјалдемократија, која се противи на помошта за Киев, на парламентарните избори во Словачка, истакна дека Киев ќе „го почитува изборот на словачкиот народ“. - Го почитуваме изборот на словачкиот народ. Сепак, прерано е да се каже како резултатот од овие избори ќе влијае на позицијата на Словачка. Треба да почекаме да се формира коалицијата и потоа, откако ќе го видиме нејзиниот состав, ќе ги донесеме првите заклучоци, истакна Кулеба на маргините на состанокот на министрите за надворешни работи на Европска Унија, што се одржува во Киев. Партијата Смер-социјалдемократија, предводена од поранешниот премиер Роберт Фицо, планира да ја прекине воената помош за Украина и ги критикува ЕУ и НАТО. Фицо, за време на изборна кампања, вети дека Словачка нема да испрати „ниту еден куршум“ во Киев и повика на подобри врски со Русија. Словачка е меѓу земјите кои обезбедија најмногу помош за Украина.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kuleba-ukraina-ke-go-pochituva-izborot-na-slovachkiot-narod/feed/ 0
Средба Блинкен – Кулеба во Киев https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sredba-blinken-kuleba-vo-kiev/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sredba-blinken-kuleba-vo-kiev/#respond Wed, 06 Sep 2023 15:22:27 +0000 https://kurir.mk/?p=875282

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен, кој денеска пристигна во ненајавена посета на Украина, се сретна со украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба. - Сакаме да бидеме сигурни дека Украина го има она што и треба, не само за да успее во контраофанзивата, туку и долгорочно за да се осигураме дека располага со силни средства за одвраќање, рече Блинкен, стоејќи до Кулеба. Американскиот државен секретар јасно стави до знаење дека неговата земја ќе застане на страна на Украина додека ја обновува и зајакнува својата економија и „гради силна демократија“. Кулеба на социјалната мрежа „Х“ (до неодамна „Твитер“) соопшти дека го пречекал Блинкен. Шефот на американската дипломатија „стана првиот мој странски колега што го започна својот ден во Киев, оддавајќи им почит на нашите загинати херои на гробиштата Берковец“, напиша украинскиот министер за надворешни работи. Тој го нарече овој гест „знак на почит кон сите украински војници кои ги дадоа своите животи за нашата слобода и право на живот“. Блинкен во Киев треба да се сретне и со украинскиот претседател Володимир Зеленски. Се очекува американскиот државен секретар да објави нова помош за Украина во износ од над една милијарда долари, јави Си-Ен-Ен, повикувајќи се на висок претставник на Стејт департментот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sredba-blinken-kuleba-vo-kiev/feed/ 0
Кулеба: Убиството на Пригожин покажува зошто се невозможни преговори со Путин https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kuleba-ubistvoto-na-prigozhin-pokazhuva-zoshto-se-nevozmozhni-pregovori-so-putin/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kuleba-ubistvoto-na-prigozhin-pokazhuva-zoshto-se-nevozmozhni-pregovori-so-putin/#respond Tue, 29 Aug 2023 19:39:09 +0000 https://kurir.mk/?p=872200

Шефот на украинската дипломатија Дмитро Кулеба, на заедничката прес-конференција со француската министерка за надворешни работи Катрин Колона во Париз, изјави дека се невозможни преговори со рускиот претседател Владимир Путин. - Нема причина да се верува дека рускиот претседател Владимир Путин нема да ги третира преговорите како што постапи со лидерот на „Вагнер“, Евгениј Пригожин. Што се однесува до апелите за преговори со Путин, секој што прашува за тоа, не треба да не прашува нас, туку Пригожин. Тој имаше конфликт со Путин, го решија конфликтот, се договорија за безбедносни гаранции, а потоа Путин го уби, наведе Кулеба. Тој додаде дека „нема причина да се верува дека Путин ќе се однесува поинаку во други преговори“. На средбата Колона - Кулеба се разговараше и за договорот за украинското жито преку Црното Море.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kuleba-ubistvoto-na-prigozhin-pokazhuva-zoshto-se-nevozmozhni-pregovori-so-putin/feed/ 0
Кулеба: Украина нема да потпише договор за отстапување на дел од територијата https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kuleba-ukraina-nema-da-potpishe-dogovor-za-otstapuvane-na-del-od-teritorijata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kuleba-ukraina-nema-da-potpishe-dogovor-za-otstapuvane-na-del-od-teritorijata/#respond Tue, 22 Aug 2023 19:00:17 +0000 https://kurir.mk/?p=869779

Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба ја отфрли можноста за потпишување мировен договор со Москва во замена за отстапување на дел од украинската територија. Тој рече дека условите за мир за Украина не можат да личат на Московскиот мировен договор потпишан во 1940 година со Финска. „Нема да потпишеме договор сличен на тој што го потпиша Финска“, рекол украинскиот министер, пренесува Укринформ.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kuleba-ukraina-nema-da-potpishe-dogovor-za-otstapuvane-na-del-od-teritorijata/feed/ 0
Кулеба: Никогаш нема да ги видиме Зеленски и Путин седнати на иста маса https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kuleba-nikogash-nema-da-gi-vidime-zelenski-i-putin-sednati-na-ista-masa/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kuleba-nikogash-nema-da-gi-vidime-zelenski-i-putin-sednati-na-ista-masa/#respond Thu, 10 Aug 2023 16:14:14 +0000 https://kurir.mk/?p=865572

Преговорите со Москва се можни само доколку Русија ги повлече своите војници од Украина, но тие нема да се одржат со учество на Путин, изјави шефот на украинската дипломатија, Дмитро Кулеба, во интервју за италијанскиот весник „Кориере дела сера“, цитиран од Укринформ. -Путин не е партнер за преговорите, изјави Кулеба. Коментирајќи го изразеното очекување на Путин дека Доналд Трамп ќе победи на претседателските избори во САД, Кулеба рече: „Путин смета на избори од 2014 година, но резултатите никогаш не му помогнаа. Продолжувам да мислам дека факторот време е наш сојузник поради едноставна причина што нашите воени капацитети се зголемуваат, а руските се намалуваат. Сепак, ние сметаме на фактот дека во одреден момент војната ќе заврши во наша корист“. -Оваа цел може да се постигне со комбинација на војна и дипломатија. Нашите генерали се справуваат со првото, а нивната работа е да ги натераат Русите да се откажат и да разберат дека е подобро да се зборува отколку да се бори. Се грижам за дипломатијата и дијалогот кога е можно , додаде украинскиот министер. На прашањето дали е можно преговорите да почнат пред целосното повлекување на руските трупи од Украина, Кулеба рече дека тоа зависи од околностите. -Не им веруваме на зборовите на Русите - ниту еден нормален човек не би им верувал. Ги разбирам овие прашања и нивната логика, но не можам да дадам конкретни одговори бидејќи не постојат. Животите на милиони луѓе се во прашање, додаде тој. Кулеба потсети и дека минатата година Иницијативата за извоз на црноморско жито беше договорена со посредство на генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, и турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, а Москва не ги исполни своите услови. -Имаше два посебни договори со нас и со Москва, немаше директен договор. Ни треба малку креативност за да најдеме решенија. Ќе ги бараме на сите можни начини, но во моментов нема услови за тоа: Русија продолжува да не напаѓа, затоа што повеќе сака војна отколку мир, додаде тој. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kuleba-nikogash-nema-da-gi-vidime-zelenski-i-putin-sednati-na-ista-masa/feed/ 0
Кулеба од Блинкен побара САД да испратат во Украина ракети со долг досег АТАКМС https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kuleba-od-blinken-pobara-sad-da-ispratat-vo-ukraina-raketi-so-dolg-doseg-atakms/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kuleba-od-blinken-pobara-sad-da-ispratat-vo-ukraina-raketi-so-dolg-doseg-atakms/#respond Mon, 07 Aug 2023 18:39:37 +0000 https://kurir.mk/?p=864342

Шефот на украинската дипломатија, Дмитро Кулеба, денеска за време на телефонскиот разговор со својот американски колега, државниот секретар Ентони Блинкен, соопшти дека од САД побарал во Украина да бидат испорачани ракетите со долг досег АТАКМС. „Секретарот Блинкен и јас разговаравме за натамошните чекори за проширување на глобалната поддршка на Формулата за мир и решенијата за проширување на извозот на жито“, напиша Кулеба на социјалната мрежа Х. Кулева додаде дека им се заблагодарил на САД за укажаната помош. „Нагласив дека е неопходно да се подобрат капацитетите на Украина кога станува збор за ракетите со долг дострел, преку обезбедување на ракетите од типот ATACMS“, додаде Кулеба. Претходно, Стејт департментот соопшти дека двајцата дипломати разговарале за контраофанзивните напори на Украина, за состанокот одржан во саудискиот град Џеда за постигнување траен мир и долгорочните безбедносни аранжмани меѓу двете земји. „Секретарот ја повтори цврстата поддршка на САД за одбраната на Украина од руската агресија и ја потврди континуираната поддршка за силната украинска војска и одбранбените институции“, се додава во соопштението на американскиот Стејт департмент. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kuleba-od-blinken-pobara-sad-da-ispratat-vo-ukraina-raketi-so-dolg-doseg-atakms/feed/ 0
Нападнати повеќе украински градови https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/napadnati-poveke-ukrainski-gradovi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/napadnati-poveke-ukrainski-gradovi/#respond Sat, 05 Aug 2023 19:25:55 +0000 https://kurir.mk/?p=863761

Шефот на украинската дипломатија Дмитро Кулеба изјави дека „салва“ проектили ја погодиле неговата земја откако Русија се закани со брза одмазда за нападите врз бродовите во Црно Море. Тој упати апел до западните земји да ја вооружат Украина со воени авиони Ф-16, за да може да се „затвори небото“. Претходно, украинската армија објави дека руското военовоздухопловство е активно во источниот дел на Украина. Според украински извори Русија изврши голем напад врз Украина. Ширум земјата се слушаат експлозии, а Украинците тврдат дека Русите користат хиперсонични ракети Кинџал во нападите врз градовите. Исто така, според некои информации, Русите истрелуваат проектили од територијата на Белорусија. - Во моментов, регионите на Киев, Винусија, Житомир, Черкаси се нападнати. Но воздушни сирени се слушаат низ целата земја, изјави објави портпаролката на украинскиот претседател Володимир Зеленски, Јулија Мендел. Русија извршува напади додека во Саудиска Арабија се одржува мировен самит, на кој не учествува руски претставник. Високи претставници на околу 40 држави, меѓу кои и САД, Кина и Индија, денеска во саудискиот град Џеда почнаа преговори, кои, како што Киев и украинските сојузници се надеваат, треба да резултираат со договор за клучните принципи за ставање на крај на војната во Украина.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/napadnati-poveke-ukrainski-gradovi/feed/ 0
Според Кулеба, Украина „психолошки“ е членка на НАТО https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/spored-kuleba-ukraina-psiholoshki-e-chlenka-na-nato/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/spored-kuleba-ukraina-psiholoshki-e-chlenka-na-nato/#respond Fri, 14 Jul 2023 14:40:44 +0000 https://kurir.mk/?p=856750

Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба изрази задоволство од резултатите од неодамнешниот самит на НАТО во Вилнус и рече дека неговата земја „психолошки веќе е членка на одбранбената алијанса“. - Ја надминавме психолошката бариера и гледам дека Украина реално се смета за членка на НАТО, рече тој во интервју за украинската телевизија, пренесе ДПА. Кулеба истакна дека е жално што не е направен „квантен скок“. „Но, овој квантен скок (за членството во НАТО) неизбежно ќе дојде и ќе биде многу побрзо отколку што ни изгледа сега“, додаде тој. Тој рече дека сите го уверувале Киев зад затворени врати дека доаѓа членството во Алијансата, но остануваат само прашањата „кога и колку брзо“. Кулеба додаде дека имало разговори со партнерите за формулацијата за „безбедносниот пакт“ што го прогласија западните држави додека не се постигне членство во НАТО. - Ние го толкуваме како безбедносни гаранции, тие го толкуваат како политички заложби во областа на безбедноста, рече Кулеба и изрази надеж општата декларација ќе биде проследена со билатерални документи со законски обврски. Украинскиот претседател Володимир Зеленски не успеа да ја обезбеди очекуваната покана за Украина официјално да се приклучи на Алијансата на самитот на НАТО во Вилнус. Наместо тоа, Киев доби гаранција дека земјата може да стане членка на Алијансата по завршувањето на војната со Русија, која почна во февруари 2022 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/spored-kuleba-ukraina-psiholoshki-e-chlenka-na-nato/feed/ 0
Кулеба: На НАТО му е потребна Украина како сојузник, а не како привилегиран партнер https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kuleba-na-nato-mu-e-potrebna-ukraina-kako-sojuznik-a-ne-kako-privilegiran-partner/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kuleba-na-nato-mu-e-potrebna-ukraina-kako-sojuznik-a-ne-kako-privilegiran-partner/#respond Wed, 14 Jun 2023 16:29:35 +0000 https://kurir.mk/?p=845721

Шефот на украинската дипломатија, Дмитро Кулеба, денеска телефонски разговараше со германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок за претстојниот самит на НАТО во јули во Вилнус и за членството на Украина во оваа организација. „Позицијата на Украина е јасна: создавање совет НАТО-Украина без силен чекор кон членство е како обезбедување тенк без митралез. На НАТО му е потребна Украина како сојузник, а не само привилегиран партнер“, напиша Кулеба на Твитер. Тој и се заблагодари на министерката Бербок за досегашната поддршка од Германија. Генералниот секретар на Алијансата Јенс Столтенберг денеска на прес-конференција во Брисел најави дека состанокот на министрите за одбрана на НАТО на 15 јуни ќе почне со состанок на Советот НАТО-Украина, на кој министерот за одбрана на Украина Алексеј Резников и сојузниците од НАТО ќе разговараат за ситуацијата на теренот и за повеќегодишниот пакет за поддршка за Украина. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kuleba-na-nato-mu-e-potrebna-ukraina-kako-sojuznik-a-ne-kako-privilegiran-partner/feed/ 0
Кулеба ги отфрли повиците за „замрзнување“ на конфликтот со Русија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kuleba-gi-otfrli-povitsite-za-zamrznuvane-na-konfliktot-so-rusija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kuleba-gi-otfrli-povitsite-za-zamrznuvane-na-konfliktot-so-rusija/#respond Thu, 08 Jun 2023 05:33:07 +0000 https://kurir.mk/?p=843436

Шефот на украинската дипломатија, Дмитро Кулеба, изјави дека разговорите за решавање на конфликтот со Русија не можат едноставно да почнат само со прекин на огнот, пренесуваат британските медиуми. -Ако некој мисли дека може да го замрзне конфликтот и потоа да види како ќе го реши, тогаш не го разбира проблемот, изјави Кулеба на онлајн брифинг за африкански новинари по турнејата низ африканските земји. Кулеба потенцираше дека над 100 круга консултации и обиди за примирје со Русија, од анексијата на Крим во 2014 година, во 2022 година доведоа до целосна руска инвазија врз Украина. -Во следните неколку дена делегација на африкански шефови на држави планира да ги посети Украина и Русија со надеж дека ќе ги убеди двете земји да ја прекинат војната, изјави портпаролот на јужноафриканскиот претседател Кирил Рамафоса. Портпаролот рече дека датумот на посетата сè уште не е фиксиран. Таквиот предлог би значел дека руските сили ќе останат на украинска територија кога ќе почнат преговорите. Украина претходно изјави дека руските сили мора да се повлечат пред да почнат разговорите, а Москва сака Киев, како предуслов за разговорите, да го признае рускиот суверенитет врз Крим. Британските медиуми пренесуваат дека иницијативата ја предводи претседателот на Сенегал, Меки Сал, кој минатата година беше претседавач со Африканската унија. Неговата земја не присуствуваше на последното гласање во ОН со кое се осудуваат постапките на Русија. Во делегацијата во која се и претседателите на Египет, Замбија, Демократска Република Конго, Уганда и Јужна Африка неодамна беше вклучен и актуелниот претседавач на Африканската унија - претседателот на Коморските Острови, Отман Газали. Кулеба беше на турнеја низ Африка за да собере поддршка, потсетија британските меидуми, истакнувајќи дека 30 од 54 африкански земји-членки на ОН гласаа за резолуцијата на ОН за осуда на руската инвазија. Украинскиот министер за надворешни работи изјави дека во моментов има „ренесанса“ на односите меѓу Украина и Африка.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kuleba-gi-otfrli-povitsite-za-zamrznuvane-na-konfliktot-so-rusija/feed/ 0