дневен билет – Kurir.mk
https://arhiva.kurir.mk
Најнови вестиMon, 18 Jul 2022 09:35:24 +0000mk-MK
hourly
1 https://wordpress.org/?v=6.3.3https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.pngдневен билет – Kurir.mk
https://arhiva.kurir.mk
3232Дневниот билет почна да се продава во автобусите на ЈСП
https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/dnevniot-bilet-pochna-da-se-prodava-vo-avtobusite-na-jsp/
https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/dnevniot-bilet-pochna-da-se-prodava-vo-avtobusite-na-jsp/#respondMon, 18 Jul 2022 09:35:24 +0000https://kurir.mk/?p=706871ЈСП Скопје информира дека дневниот билет почна да се продава и во возилата на ЈСП Скопје. Тој чини 120 ден и важи за повеќекратно користење на сите линии во текот на еден ден, односно може да се користи за неограничен број преседнувања на сите линии, во период од 05 до 24 часот.
Досега, дневниот билет беше достапен единствено во билетарниците и центрите за персонализација на ЈСП Скопје.
Освен овој тип на билет, како олеснителна околност за сите оние корисници на јавниот превоз кои не поседуваат електронска картичка „Скопска“, постои опција за валидирање билет со мобилната апликација „Скопска“, која од неодамна е целосно функционална.
Апликацијата претставува замена за неперсонализираната електронска картичка „Скопска“, практично таа е виртуелна автобуска карта.
Апликацијата е достапна за корисници на „смарт“ мобилни телефони со Android или IOS оперативен систем.
Во случај на појавен проблем од било каква природа, корисниците можат да се обратат на [email protected].
И натаму, корисниците на јавниот превоз билет можат да купат/валидираат со електронска картичка „Скопска“. Персонализираните картички се продаваат во центрите за персонализација на ЈСП Скопје и чинат 200 ден, а неперсонализираните во центрите за персонализација, во билетарнците на ЈСП, како и во возилата на ЈСП Скопје.
Неперсонализираната „Скопска“ чини 150 ден и на неа има две гратис возења.
Можност за купување/валидирање билет се нуди и со опцијата Mobipay (мобилно плаќање).
]]>ЈСП Скопје информира дека дневниот билет почна да се продава и во возилата на ЈСП Скопје. Тој чини 120 ден и важи за повеќекратно користење на сите линии во текот на еден ден, односно може да се користи за неограничен број преседнувања на сите линии, во период од 05 до 24 часот.
Досега, дневниот билет беше достапен единствено во билетарниците и центрите за персонализација на ЈСП Скопје.
Освен овој тип на билет, како олеснителна околност за сите оние корисници на јавниот превоз кои не поседуваат електронска картичка „Скопска“, постои опција за валидирање билет со мобилната апликација „Скопска“, која од неодамна е целосно функционална.
Апликацијата претставува замена за неперсонализираната електронска картичка „Скопска“, практично таа е виртуелна автобуска карта.
Апликацијата е достапна за корисници на „смарт“ мобилни телефони со Android или IOS оперативен систем.
Во случај на појавен проблем од било каква природа, корисниците можат да се обратат на [email protected].
И натаму, корисниците на јавниот превоз билет можат да купат/валидираат со електронска картичка „Скопска“. Персонализираните картички се продаваат во центрите за персонализација на ЈСП Скопје и чинат 200 ден, а неперсонализираните во центрите за персонализација, во билетарнците на ЈСП, како и во возилата на ЈСП Скопје.
Неперсонализираната „Скопска“ чини 150 ден и на неа има две гратис возења.
Можност за купување/валидирање билет се нуди и со опцијата Mobipay (мобилно плаќање).
]]>https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/dnevniot-bilet-pochna-da-se-prodava-vo-avtobusite-na-jsp/feed/0