дневен ред – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 11 May 2022 17:48:32 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png дневен ред – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Изгласан дневниот ред на 71. седница на Собранието, продолжение утре напладне https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/izglasan-dnevniot-red-na-71-sednica-na-sobranieto-prodolzenie-utre-napladne/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/izglasan-dnevniot-red-na-71-sednica-na-sobranieto-prodolzenie-utre-napladne/#respond Wed, 11 May 2022 17:48:32 +0000 https://kurir.mk/?p=675326

Со 61 глас „за“, 39 „против“ и без „воздржани“ Собранието вечерва го усвои дневниот ред на 71. седница, постапка што почна од вчера од кога и стартуваше активната блокада на пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Гласањето за дневниот ред се одвиваше во тензична атмосфера, а процедурата ја оспорија пратениците од ВМРО-ДПМНЕ кои во тек на објавата за гласање се собраа околу претседателот на Собранието Талат Џафери истакнувајќи транспаренти. Дневниот ред, како што рече Џафери, е усвоен со измени и дополнувања. Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски, регираше на начинот на кој Џафери ја води седницата и на процедурите и обвини дека се гласало за дневниот ред без да биде прочитан и поделен. Откако Џафери ја стартуваше седницата и не беа отворени дебати за првите точки од дневниот ред поради отсуство на претставници на предлагачите, на предлог на Џафери беше изгласано да се работи по точка 13  – Предлог-закон за изменување на Законот за финансиските друштва. По реакциите и барањата да се достави изменетиот дневен ред седницата беше прекината, а нејзино продолжение Џафери најави за утре напладне. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/izglasan-dnevniot-red-na-71-sednica-na-sobranieto-prodolzenie-utre-napladne/feed/ 0
Западен Балкан потенцијално на дневен ред во Брисел во април https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zapaden-balkan-potencijalno-na-dneven-red-vo-brisel-vo-april/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zapaden-balkan-potencijalno-na-dneven-red-vo-brisel-vo-april/#respond Tue, 16 Mar 2021 07:16:20 +0000 https://kurir.mk/?p=482964

Западен Балкан да се најде на дневниот ред на министерскиот совет за надворешни работи на ЕУ предвиден на 19 април. Подготвеност за ова изрази Жосеп Борел, високиот претставник за надворешна политика на ЕУ. По писмото испратено до него на 5 март од девет земји членки на Унијата, со барање на следниот министерски совет за надворешни работи на ЕУ во април регионот да се врати на дневниот ред на разговорите, од неговиот кабинет вчера потврдија дека Борел го дели ставот на овие девет земји членки. – ЕУ и Западниот Балкан се приоритет за Европската Унија, ЕУ е главниот политички, економски и трговски партнер на регионот, чија иднина јасно се наоѓа во ЕУ. Високиот претставник го дели ставот изразен во писмото на министрите за надворешни работи по ова прашање, стои во одговорот на кабинетот на Борел за МИА. Оттаму додаваат дека шефот на дипломатијата е подготвен за разговори со земјите членки на ЕУ на тема Западен Балкан. Априлскиот министерски совет за надворешни работи на ЕУ е предвиден на 19 април, што ќе биде и после изборите во Бугарија, отворајќи можност регионот да се врати во фокусот на ЕУ. Австрија, Хрватска, Чешка, Германија, Грција, Ирска, Романија, Словачка и Словенија, на 5 март преку писмо побараа од шефот на дипломатијата на ЕУ да се врати Западниот Балкан на агендата на Унијата во април откако во декември лани беа блокирани заклучоците поради спорот меѓу Скопје и Софија, јави дописничката на МИА од Брисел. Во декември првпат во историјата ЕУ ја заврши годината без никакви заклучоци за Западен Балкан, поради неможноста да се изнајде компромис со Бугарија околу речникот поврзан за „толкувањето на историјата“. Од декември до денеска Западен Балкан е целосно отсутен од дискусиите во Брисел. Министерот за надворешни работи Бујар Османи, вчера изјави дека решавањето на спорните прашања со соседна Бугарија не се издигнати како услов на Европската унија за отпочнување на преговори за членство. Според него, инсистирањето на еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји ова прашање да се реши побрзо доаѓа поради фактот што, како што рече, сите одлуки во Унијата се носат со консензус и оти се додека нема согласност од Бугарија процесот на преговори не може да почне. – Политиките за проширување во Европскиот совет се носат со консензус и доколку нема согласност на една од 27-те земји членки процесот не може да се движи напред. Така што, се додека Република Бугарија не даде согласност за усвојување на преговарачката рамка и одржување на меѓувладината конференција, тоа значи дека нема консензус и не може да се движи напред. Претпоставувам дека во тој контекст е поставено прашањето со Бугарија, не како услов на ЕУ, бидејќи 26 земји членки беа за текстот на преговарачката рамка изминативе месеци и за почнување преговори во декември, единствено против беше Република Бугарија, рече Османи, одговарајќи на новинарско прашање. Тој вели дека засега нема ништо ново во однос на разговорите со Бугарија, а нашиот фокус, во моментов е на работите од Договорот со Бугарија за кои имаме помалку разлики, бидејќи, како што рече, јасно е дека политиката во Софија е фокусирана на нивните внатрешни прашања и изборите кои наскоро ќе се одржат. Но, потенцира министерот за надворешни работи, добро е во текот на овој период да се искористат деновите да се искомуницираат институциите што се однесува до секторските политики . Еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји, пред три дена на Тиранскиот форум изјави дека „важно брзо да се изнајде заеднички прифатливо решение за билатералните прашања помеѓу Македонија и Бугарија“. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zapaden-balkan-potencijalno-na-dneven-red-vo-brisel-vo-april/feed/ 0
Хаос во Собранието: Пет часа не изгласаа дневен ред, па прогласија еден час пауза  https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/haos-vo-sobranieto-pet-chasa-ne-izglasaa-dneven-red-pa-proglasija-eden-chas-pauza/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/haos-vo-sobranieto-pet-chasa-ne-izglasaa-dneven-red-pa-proglasija-eden-chas-pauza/#respond Mon, 23 Dec 2019 18:26:26 +0000 https://kurir.mk/?p=281291

По еден час пауза треба да продолжи денешната 126. собраниска седница на која се ставени 124 точки. Пратениците сé уште не го изгласаа дневниот ред, иако седницата почна околу 13:30 часот. Паузата е по барање на координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски. Мицевски го обвини Џафери дека направил хаос од денешната седница, соопштувајќи прво дека некои од предлог-законите на опозицијата не се доставени, за потоа да каже дека тие се пристигнати кај службите. Изминатите неколку часа, откако претседателот на Собранието го прочита дневниот ред, за збор се јавуваа само пратениците од ВМРО-ДПМНЕ. Бараа некои од точките да бидат прераспоредени или сосема тргнати, но мнозинството не ги поддржа во намерата. Меѓу предлозите на ВМРО-ДПМНЕ беше и Информацијата за аерозагадувањето да биде втора точка на седницата, што не беше усвоено. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/haos-vo-sobranieto-pet-chasa-ne-izglasaa-dneven-red-pa-proglasija-eden-chas-pauza/feed/ 0