дневно – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 14 Oct 2022 07:02:17 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png дневно – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Колку мандарини дневно треба да јадете? https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/kolku-mandarini-dnevno-treba-da-jadete/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/kolku-mandarini-dnevno-treba-da-jadete/#respond Fri, 14 Oct 2022 07:02:17 +0000 https://kurir.mk/?p=745089

Кога ќе започнат ладните есенски денови, веднаш си го замислуваме мирисот на првите мандарини. Мандарини се во служба на нашето здравје, но и против вишокот килограми – започнува нивната сезона во која тие ќе се продаваат по достапни цени. И она што е најважни дека тие содржат навистина малку калории, што ги прави и доста посакувани за консумација во текот на целиот ден или речиси неограничено. Во еден килограм мандарини има вкупно 354 калории, а огромна количина на витамин Ц и други хранливи материи. Ова вкусно и сочно портокалово овошје е всушност толку моќно што може секој од нас да го расположи. А како и не би го направило тоа кога е толку многу здраво! Мандарините се и толку многу вкусни што речиси и да не постои некој на овој свет кој што не ги сака. Меѓутоа, дали знаете дека тие за нашиот организам претставуваат нешто многу повеќе од само вкусен десерт? Мандарините го намалуваат ризикот за добивање на рак Мандарините можат да ја намалат можноста за добивање на рак на црниот дроб. Всушност, научниците на Универзитетот Кјото откриле дека луѓето кои имаат хроничен вирусен хепатит можат да го намалат ризикот за добивање на рак на црниот дроб ако пијат сок од свежи мандарини. Во едногодишната студија во која учествувале лица кои имале вирусен хепатит, 30 од испитаниците на дневно ниво консумирале напиток кој содржел сок од мандарини. На крајот од ова истражување, ниту еден од овие испитаници не покажал знаци на рак на црниот дроб. За разлика од нив, помеѓу 45 учесници кои не го пиеле овој пијалок, 8.9 отсто од нив развиле рак на црниот дроб. Мандарините се одличен извор на Витамин Ц Мандарините можат да ви дадат и до 80 отсто од потребниот дневен внос за витамин Ц. А витаминот Ц е и повеќекратно корисен, на пример во борбата со слободните радикали. Тоа се молекули со непарен број на електрони кои го бараат својот пар со што “крадат” електрони од стабилните слободни радикали. Ова предизвикува таканаречена верижна реакција, односно премин од стабилни радикали во нестабилни, што на крајот може да доведе и до телесни оштетувања како што се оштетувања на протеините и оштетување на ДНК-та. Антиоксидансите помагаат да се спречи оваа верижна реакција и да се запрат ваквите оштетувања, а тоа, меѓу останатото го зајакнува и имунитетот. Мандарините влијаат на холестеролот Антиоксидансите во мандарините можат да го намалат нивото на лошиот холестерол. Тоа го постигнуваат борејќи се против слободните радикали кои го оксидираат холестеролот, а така тој лесно се наталожува на ѕидовите на артериите. Наталожениот холестерол прави всушност крвта да започне да тече забавено во артериите, што може да го зголеми ризикот за добивање на зголемен крвен притисок, мозочен удар, болести на срцето и заболувања на црниот дроб. Мандарините ќе ви помогнат во борбата со килограмите Мандарините се голем извор на диететски влакна, дури 3 грама влакна на 100 грама производ. Редовното внесување на влакна помага да чувствуваме ситост, а според истражувањата, на децата и на возрасните им е потребно да внесат околу 20 грама влакна дневно. Меѓутоа, можеби би требало да внесувате и малку повеќе, завосно од количеството на калории кои ги консумирате. На пример, мажите и тинејџерите можеби би требало да внесат околу 30 до 35 грама влакна дневно. Консумирањето на мандарини ќе ја задоволи оваа дневна потреба, и тоа на апсолутно вкусен начин.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/kolku-mandarini-dnevno-treba-da-jadete/feed/ 0
Во Европа дневно има над 300 пријави за кршење на заштитата на податоците https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-evropa-dnevno-ima-nad-300-prijavi-za-krshenje-na-zashtitata-na-podatocite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-evropa-dnevno-ima-nad-300-prijavi-za-krshenje-na-zashtitata-na-podatocite/#respond Tue, 26 Jan 2021 10:16:54 +0000 https://kurir.mk/?p=459948

За широкиот спектар кршење на строгите европски закони за заштита на податоците изречени се парични казни од вкупно 272,5 милиони евра, покажува новиот извештај на глобалната адвокатска фирма ДЛА Пајпер. Како што се наведува, води италијанскиот регулатор, кој изрекол казни од вкупно 69,3 милиони евра од 25 мај 2018 година, кога почна примената на Општата регулатива за заштита на податоците (ГДПР). На второ место е Германија со парични казни во висина од 69,1 милиони евра, а на трето е Франција со 54,4 милиони. Од мај 2018 година вкупно се регистрирани повеќе од 281.000 пријави до регулаторот поради нарушувања на заштитата на податоците, најмногу во Германија (77.747), потоа во Холандија (66.527) и Велика Британија (30.536). Франција и Италија, земји со повеќе од 60 милиони жители, регистрираа само 5.389 и 3.460 пријави до регулаторот поради кршење на заштитата на податоците, што укажува на културолошки разлики по тоа прашање на континентот. На дневно ниво, во 2020 година во Европа е регистрирано двоцифрено зголемување на бројот на повици кон регулаторот – на 331 пријава дневно од 28 јануари до крајот на 2020 година, во споредба со 278 на ден претходната година. На 28 јануари се одбележува Меѓународниот ден за заштита на личните податоци. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-evropa-dnevno-ima-nad-300-prijavi-za-krshenje-na-zashtitata-na-podatocite/feed/ 0
Шеху: Во Албанија треба да се прават по 2.500 тестови дневно и итно да се обезбеди вакцина https://arhiva.kurir.mk/svet/region/shehu-vo-albanija-treba-da-se-pravat-po-2-500-testovi-dnevno-i-itno-da-se-obezbedi-vakcina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/shehu-vo-albanija-treba-da-se-pravat-po-2-500-testovi-dnevno-i-itno-da-se-obezbedi-vakcina/#respond Thu, 20 Aug 2020 13:19:12 +0000 https://kurir.mk/?p=393118

Поранешниот албански министер за здравство, познат лекар анестезиолог-реаниматор и универзитетски професор, Тритан Шеху, изјави дека Владата треба да ги следи советите на Светската здравствена организација за зголемување на бројот на тестирањата. Според него во земјата треба да се прават најмалку 2.500 бесплатни тестови на ден користејќи ги сите лаборатории во земјата. -Владата треба да го спроведе главниот совет на СЗО, а тоа е тестирањето. Нашата земја мора да прави најмалку 2.500 тестови на ден бесплатно. Сметам дека е позитивно што после четири месеци владата ја укина блокадата врз лабораториите. Да се дозволи тестирање во приватните лаборатории е многу задоцнета одлука, зашто тоа требаше да се дозволи во сите овие изминати месеци, што доведе до катастофална епидемилкошка состојба. Јас велам дека треба да се користат сите лаборатории, приватни и јавни, изјави Шеху за Ора њуз телевизија. Тој додаде дека тестовите кои се прават заради документација, односно патување во други земји не треба да бидат бесплатни. Албанија, смета тој, мора што побрзо да ја обезбеди вакцината и оти треба да се вакцинира најмалку 80 осто од населението. -На најмалку 80 отсто од населението треба да се спроведе имунизација. Не гледам подготовка. Количината на вакцини треба да се купат или да се обезбеди гратис што е можно поскоро кога ќе се појави на пазарот, а наслението да биде вакцинирано бесплатно. Ние секогаш преземаме контроверзни мерки, па токму затоа денес сме полошо од март. Здравствениот систем кај нас е во многу тешка состојба, оценува Шеху. Според него, Албанија и понатаму е последна земја во Европа по бројот на направени тестови на дневна основа. Вчера во земјата забележан беше нов негативен рекорд на новозаразени во едно деноноќие, односно 158 лица. Од почетокот на март до вчера се направени 52.724 тестови, позитивни на вирусот биле 7.812, закрепнале 3.928 а починале 234 пациенти. Активни на болеста се 3.650.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/shehu-vo-albanija-treba-da-se-pravat-po-2-500-testovi-dnevno-i-itno-da-se-obezbedi-vakcina/feed/ 0
Во Кина се тестираат 4,8 милиони луѓе дневно за Ковид-19 https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-kina-se-testiraat-4-8-milioni-lugje-dnevno-za-kovid-19/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-kina-se-testiraat-4-8-milioni-lugje-dnevno-za-kovid-19/#respond Thu, 06 Aug 2020 07:24:34 +0000 https://kurir.mk/?p=386912

Кина го зголеми бројот на тестови за коронавирус во последните неколку недели, така што на крајот на јули се тестираа 4,84 милиони луѓе дневно, изјави министерот за индустрија и информатичка технологија, Ванг Џианпинг. Тој изјави дека речиси 5.000 медицински установи и 38.000 техничари спроведуваат масовни тестови за коронавирусот ширум Кина, пренесе Си-Ен-Ен. Во Кина досега се заразени 88.328 лица со корона, додека починале 4.677, според податоците на универзитетот Џонс Хопкинс. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-kina-se-testiraat-4-8-milioni-lugje-dnevno-za-kovid-19/feed/ 0
Во Њујорк дневно дома умираат и по 200 луѓе кои не се регистрираат https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-njujork-dnevno-doma-umiraat-i-po-200-lugje-koi-ne-se-registriraat/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-njujork-dnevno-doma-umiraat-i-po-200-lugje-koi-ne-se-registriraat/#respond Wed, 08 Apr 2020 12:01:23 +0000 https://kurir.mk/?p=329167

Во Њујорк, каде тестирањата покажаа дека на коронавирусот се позитивни 76.876 лица, што е за неколку илјади помалку отколку во Кина во врвот на пандемијата, досега починале 4.009 лица, а некои градски служби предупредуваат дека бројот е поголем затоа што секојдневно дома умираат по 200 њујорчани, а нивната смрт не е евидентирана во официјалните податоци затоа што не се тестирани. – Ако некој почине дома од коронавирус, постои голема шанса да не влезе во официјалните податоци. Тоа исто така значи дека жртвите кои не биле тестирани не се бројат, што ја нарушува и сликата што им е потребна на епидемиолозите, изјави Аја Ворти-Дејвис, портпаролка на здравствениот истражувачки центар. Таа додаде дека треба да се има предвид дека во Њујорк пред пандемијата дома дневно умирале 20 до 25 луѓе. Локалните пожарникари, кои се задолжени да реагираат во итни случаи, како што е срцев удар, наведуваат дека од 20 март до 5 април дома починале 2.192 лица што е 130 на ден, и е речиси за 400 пати повеќе од минатата година. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-njujork-dnevno-doma-umiraat-i-po-200-lugje-koi-ne-se-registriraat/feed/ 0