ДНК анализа – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 19 May 2022 11:42:15 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png ДНК анализа – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Се огласи и српското МВР по извршената ДНК анализа за Матеј Периш https://arhiva.kurir.mk/svet/region/se-oglasi-i-srpskoto-mvr-po-izvrshenata-dnk-analiza-za-matej-perish/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/se-oglasi-i-srpskoto-mvr-po-izvrshenata-dnk-analiza-za-matej-perish/#respond Thu, 19 May 2022 11:42:15 +0000 https://kurir.mk/?p=678933

Министерството за внатрешни работи на Србија официјално соопштува дека со ДНK анализа на телото кое вчера околу 09:20 часот е пронајдено во Дунав, утврдено е дека се работи за хрватскиот државјанин Матеј Периш (1994) чие исчезнување е пријавено во полицијата во Белград на 31 декември минатата година. Според преелиминарните наоди од обдукцијата, смртта настапила по ненасилен пат. -Припадниците на МВР од моментот на пријавата за исчезнување на хрватскиот државјанин интензивно трагаа по него и ги преземаа сите мерки за да го пронајдат и да ги расветлат сите околности за исчезнувањето, се наведува во соопштението.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/se-oglasi-i-srpskoto-mvr-po-izvrshenata-dnk-analiza-za-matej-perish/feed/ 0
ПОТВРДЕНО: Пронајденото тело е на Матеј Периш, еве што е причината за смртта https://arhiva.kurir.mk/svet/region/potvrdeno-pronajdenoto-telo-e-na-matej-perish-eve-shto-e-prichinata-za-smrtta/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/potvrdeno-pronajdenoto-telo-e-na-matej-perish-eve-shto-e-prichinata-za-smrtta/#respond Thu, 19 May 2022 09:48:42 +0000 https://kurir.mk/?p=678847

Првичните сознанија од обдукцијата која е завршена врз телото кое вчера беше извлечено од водите на Дунав, потврдуваат дека станува збор за Матеј Периш. Според првичните информации причина за смртта е давење. Токсиколошките анализи ќе бидат готови за три недели. Телото беше пронајдено вчера наутро во Дунав. Според облеката се претпоставуваше дека се работи за 28 годишното момче Матеј од Сплит кој исчезна на 31 декември минатата година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/potvrdeno-pronajdenoto-telo-e-na-matej-perish-eve-shto-e-prichinata-za-smrtta/feed/ 0
Се чекаат резултатите од ДНК анализата, таткото на Матеј Периш ќе дојде во Белград по идентификација на телото https://arhiva.kurir.mk/svet/region/se-chekaat-rezultatite-od-dnk-analizata-tatkoto-na-matej-perish-kje-dojde-vo-belgrad-po-identifikacija-na-teloto/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/se-chekaat-rezultatite-od-dnk-analizata-tatkoto-na-matej-perish-kje-dojde-vo-belgrad-po-identifikacija-na-teloto/#respond Thu, 19 May 2022 07:11:46 +0000 https://kurir.mk/?p=678742

ДНК материјалот потребен за идентификацијата е земен веднаш откако вчера од Дунав во Белград беше извлечено тело на младо машко лице. Денеска се очекува да бидат познатите резултатите и да се утврди дали пронајденото момче е исчезнатиот Матеј Периш од Сплит. Споредбата на земениот ДНК примерок ќе биде направена со материјал од таткото на Матеј, Ненад Периш. Дел од српските медиуми јавуваат дека Ненад, иако беше најавено, се уште не е дојден во Белград, а неговото пристигнување се очекува откако ќе биде утврден идентитетот на пронајденото тело. На Институтот за судска медицина направени се и токсиколошки анализи, чии резултати според најавите би можеле да се чекаат повеќе дена. За Матеј се трагаше од 31 декември минатата година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/se-chekaat-rezultatite-od-dnk-analizata-tatkoto-na-matej-perish-kje-dojde-vo-belgrad-po-identifikacija-na-teloto/feed/ 0
Јовески: ДНК-примероците за идентификација на жртвите заедно со одземената документација од „Беса Транс“ ќе бидат предадени на бугарските обвинители https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/joveski-dnk-primerocite-za-identifikacija-na-zrtvite-zaedno-so-odzemenata-dokumentacija-od-besa-trans-kje-bidat-predadeni-na-bugarskite-obviniteli/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/joveski-dnk-primerocite-za-identifikacija-na-zrtvite-zaedno-so-odzemenata-dokumentacija-od-besa-trans-kje-bidat-predadeni-na-bugarskite-obviniteli/#respond Fri, 26 Nov 2021 13:38:03 +0000 https://kurir.mk/?p=600202

Претставниците на Јавното обвинителство на Бугарија денеска пристигнаа во Јавното обвинителство на РСМ и во текот на утрешниот ден ќе им бидат предадени ДНК анализите од роднините на покојните, заедно со документација што е досега обезбедена, пред се одземените документи од „Беса транс“ и податоци од Министерството за транспорт и врски, информираше денеска државниот јавен обвинител Љубомир Јовески. На експертизата за утврдување на идентитетот од ДНК анализата, Јовески посочи дека ќе присуствуваат и двајца претставници од Судска медицина, единствено, како што рече „со цел да се забрза постапката“. Јовески, исто така, информираше дека во изгорениот автобус денеска е пронајдено уште едно тело на починат патник, кое што е пренесено во Институтот во Бугарија. – Се работи за лице на помлада возраст. Во несреќата настрадале 45 патници, а седум се пренесени на лекување во софиската болница, изјави Јовески. Прашан како четири дена по настанот е пронајдено уште едно тело, Јовески рече дека Обвинителството беше транспарентно во целиот процес и се што е преземено е соопштено на јавноста. – Апсолутно сум уверен дека нема никаков сомнеж во пронаоѓањето на уште едно тело, затоа што од сликите што ги видовте, автобусот е многу оштетен. При соодветните вештачења во дел од автобусот е пронајдено уште едно тело. Според тоа, ја уверувам јавноста да нема никаков сомнеж во тоа и тоа ми го потврдија и бугарските обвинители и ова е неспорен факт, изјави Јовески. Во однос на т.н. „осми патник“, Јовески рече дека сето тоа ќе се утврди во текот на истрагата што ја водат бугарските власти. – Осмиот патник го споменува само еден од повредените патниците, додека документацијата покажува нешто друго. Во болницата на лекување се донесени седум патници, изјави Јовески.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/joveski-dnk-primerocite-za-identifikacija-na-zrtvite-zaedno-so-odzemenata-dokumentacija-od-besa-trans-kje-bidat-predadeni-na-bugarskite-obviniteli/feed/ 0
Јовески: До пладне ќе бидат завршени ДНК анализите на примероците земени од семејствата на загинатите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/joveski-do-pladne-kje-bidat-zavrsheni-dnk-analizite-na-primerocite-zemeni-od-semejstvata-na-zaginatite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/joveski-do-pladne-kje-bidat-zavrsheni-dnk-analizite-na-primerocite-zemeni-od-semejstvata-na-zaginatite/#respond Fri, 26 Nov 2021 08:10:55 +0000 https://kurir.mk/?p=600028

ДНК анализите на примероците земени од семејствата на загинатите во тешката автобуска несреќа во Бугарија, кои се вршат на Институтот за судска медицина во Скопје, треба да бидат завршени до денеска напладне. Јавното обвинителство ги очекува истражителите од Република Бугарија денеска да ги подигнат овие примероци и извршени анализи, изјави Јавниот обвинител Љубомир Јовески утринава во онлајн вклучувањето за бугарската телевизија „Бугарија он ер“. Тој појасни дека шпекулациите за евентуален осми преживеан патник од несреќата ќе се расчистуваат со споредба на листите од граничните премини на двете земји. Целото вклучување на следниот ЛИНК.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/joveski-do-pladne-kje-bidat-zavrsheni-dnk-analizite-na-primerocite-zemeni-od-semejstvata-na-zaginatite/feed/ 0
Бугарски обвинители во Скопје треба да ги преземат ДНК-примероците за идентификација на жртвите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bugarski-obviniteli-vo-skopje-treba-da-gi-prezemat-dnk-primerocite-za-identifikacija-na-zrtvite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bugarski-obviniteli-vo-skopje-treba-da-gi-prezemat-dnk-primerocite-za-identifikacija-na-zrtvite/#respond Fri, 26 Nov 2021 07:00:52 +0000 https://kurir.mk/?p=600011

Екипа од бугарското Државно јавно обвинителство денеска треба да пристигне во Скопје за подигање на изработените ДНК-профили од роднини на настраданите во автобуската несреќа, што потоа ќе се искористат за идентификување на починатите. Ова вчера го најави бугарскиот заменик-главен обвинител и директор на Националната истражна служба Борислав Сарафов, посочувајќи дека по направената анализа и споредување ќе може телата на жртвите да им се предадат на нивните семејства. Државниот јавен обвинител Љубомир Јовески вчера потврди дека македонските власти земале биолошки материјал од роднините на загинатите во Северна Македонија за да се направат ДНК тестови и да се идентификуваат телата. Јовески во интервју за ТВ Сител синоќа наведе дека првенствена цел на посетата на бугарските истражители и на еден јавен обвинител е да се подигнат материјалите од Судска медицина кои се земени од роднините на загинатите и извршените ДНК анализи, кои потоа ќе се компарираат со обдукцијата на загинатите лица во Бугарија и нивната ДНК анализа. – Целосно е завршено земањето на материјал и извршени се ДНК анализите. Јас имам уверување од директорот на Судска медицина дека утре најдоцна до 12 часот овие материјали ќе бидат комплетно обезбедени за да може да им се предадат на истражителите од Бугарија. Верувам дека тоа ќе биде брзо. И бугарската и македонската страна работи на тоа што побрзо да бидат пренесени остатоците во земјата и да бидат предадени на нивните блиски. Утврдувањето на идентитетот на загинатите во незгодата нема да трае долго. Очекувам во следните неколку денови тој процес да заврши. Јас имам информација дека обдукциите во Бугарија се завршени, извршени се ДНК анализи на загинатите. Таму ќе треба само тие податоци да се споредат, верувам дека тој процес нема да одземе повеќе од неколку денови, истакна Јовески. Портпаролката на главниот обвинител на Бугарија, Сијка Милева вчера информира дека на местото на трагедијата се пронајдени 44 тела, додавајќи дека еден од преживеаните патници и раскажал како го скршил стаклото на автобусот и рекол дека спасил осум, а не седум лица. – Ние пронајдовме 44 тела, а тој категорично изјави дека се спасени осум лица. Јас му реков вие сте седум во болницата. И тој категорично ми рече не, ние се спасивме осум лица. Во текот на истрагата, беа пронајдени 44 тела. Според податоците со кои располагаме, патувале 52 лица, ние пронајдовме 44 тела, а се хоспитализирани седум лица – четворица мажи и три жени. Останува големата загатка, каде е осмото лице. Работиме на таа верзија, не сакаме да шириме дезинформации, може да се работи и за лошо сеќавање на сведокот, истакна Милева. Директорот на Институтот за судска медицина Александар Станков во изјава за МИА потврди дека на местото на автобуската несреќа во Бугарија се пронајдени 44 тела и остатоци од тела, коишто ќе се поврзат со ДНК анализата. – Додека не заврши ДНК анализата не може да се утврди точниот број на настрадани лица. Направени се 44 обдукции, но увидени се и остатоци од тела коишто ќе се поврзат со ДНК анализата. Треба да почекаме да се испитаат овие остатоци и тогаш точно ќе видиме колку лица настрадале, изјави Станков за МИА. Станков потврди дека кога ќе бидат готови извештаите од македонските лекари од судска медицина, кои овие денови беа во Софија, тие ќе бидат предадени на бугарските власти. Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција синоќа информира дека врска со бројот на патниците, издало усна наредба до СВР Скопје за обезбедување на листите на патници кои со автобуси на „Беса транс“ ја напуштиле Република Северна Македонија на 18 ноември 2021 година и листите на патници кои влегле во државава на 22 ноември 2021 година, информираа од Јавното обвинителство. – Обезбедувањето на листите од граничните премини е со цел да се направи споредба на патниците, бидејќи според изјавата на обвинителот Сарафов недостасува еден патник од запалениот автобус. Истата постапка ја спроведува и бугарското Обвинителство кое ги споредува листите од граничните премини за влез на патници од Република Северна Македонија во Република Бугарија на 18.11.2021 година и листите за влез од Република Турција во Република Бугарија на 22.11.2021 година и излез од Република Бугарија кон нашата земја наредниот ден, се наведува во соопштението Обвинителството. Бугарскиот заменик-главен обвинител Сарафов вчера соопшти дека аутопсиите покажуваат оти сите загинати во автобуската несреќа починале од задушување, а не од ударот. – Тоа значи дека биле живи во моментот на пожарот. Конечна проценка за причините за несреќата ќе треба да ја дадат финалните анализи, но водечка верзија во овој момент е човечка грешка како причина за несреќата, изјави Сарафов, додавајќи дека како можни причини за несреќата се разгледани, но категорично отфрлени и верзиите за терористички акт и за „туби со нафта“. Сарафов посочи дека продолжуваат испитувањата и анализите на автобусот, кои треба да дадат одговор за причините и начинот на избувнување на пожарот, како и сообраќајната анализа за причините за кои автобусот ја напуштил патеката на движење. Не била отфрлена ниту верзијата за лошо обележување на патот, сигнализацијата и дали заштитната во која удрил автобусот придонеле за несреќата. Тој нагласи дека во медиумите гледа доста шпекулации и псевдоексперти, но дека иако по емисиите може да се видат 15 или 20 очевидци, всушност нема ниту еден очевидец на настанот. Според Сарафов, има пат на кочење, што значи дека возачот реагирал пред да удри во заштитната ограда, но не е јасно зошто скршнал в десно и удрил во оградата. – Било темно, и се претпоставува дека возачот се збунил со знакот за чешма. При ударот во оградата автобусот скинал девет столпчиња кои при увидот биле најдени под предниот дел на возилото, каде е сместен резервоарот за гориво. Од ударот предната врата излетала, а таму избувнал пожар, додека средната врата преку која патниците се обиделе да избегаат била блокирана од заштитната ограда. Техничкото вештачење на автобусот ќе го вршат најдобрите стручњаци, а со противпожарното вештачење ќе се утврдуваат причините за пожарот. Уште едно сеопфатно вештачење ќе даде одговор на прашањето зошто автобусот ја напуштил траекторијата на патот и како дошол до смртоносниот исход, објасни Сарафов. Јавниот обвинител Јовески, исто така, оцени дека „тезата за тубите“ е шпекулација. – Бугарските обвинители работат на истрагата, изјави Јовески, објаснувајќи дека при увидот на опожарениот автобус на автопатот „Струма“, видел пластични туби кои не изгореле. Тој во интервју за Сител синоќа изјави дека тубите биле кај моторот, во празен простор над акумулаторот. – Тој дел од автобусот е најмалку оштетен, делот кај моторот воопшто не е зафатен со пожарот, истакна Јовески. – Засега не е познато дали причината за несреќата е човечка грешка или дефект на автобусот. Автобусот бил речиси нов, само три години, а во октомври поминал на технички преглед, нагласи Јовески. И министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски ги отфрли како шпекулации информациите дека туби со гориво во автобусот се причини за пожарот. – Шпекулациите во јавноста за туби со бензин, пиротехника и така натаму само штетат на истрагата, не помагаат. Според моите сознанија, коишто ги имам, воопшто не станува збор за туби со бензин коишто можат да бидат причина за несреќата, истакна вчера Спасовски во изјава за бугарската БТВ, додавајќи дека остава истрагата да ги утврди сите факти и најрелевантните податоци да дојдат од државните органи на Бугарија. Спасовски синоќа гостувајќи во Дневникот на МРТ 1 нагласи дека е важно да имаме официјални информации, потврди за причините и добро е што се објавија првичните наоди за да престанат сите шпекулации во јавноста. – Разните шпекулации кој што кружат во Бугарија и Северна Македонија, не се добредојдени за истрагата. Мислам дека прават повеќе штета, нанесуваат некаков момент кој што не е поволен за сите нас, а посебно за Северна Македонија, за граѓаните, а посебно за семејствата. Очекувам дека и понатаму ќе се продолжи детално, за да се утврдат сите факти врз основа на вештачењето и врз основа на тоа што се презема, наведе Спасовски, додавајќи дека властите во Бугарија темелно работат на случајот и ги споделуваат информациите. Министерот Спасовски информираше и дека Владата формирала тим кој ќе има задача да го организира превозот на жртвите од автобуската несреќа од Бугарија во државата на еден достоинствен начин. – Клучно за идентификација на телата е обезбедувањето на биолошкиот материјал од страна на роднините на починатите. Тоа е веќе обезбедено за да можат да продолжат со активности. Според проценките на експертите од Северна Македонија и Бугарија, кои што работат во судска медицина се очекува за седум дена да се заврши целосната идентификација. Нашите институциите се во постојана комуникација. МВР има посебен штаб. Како ќе ги добиеме сите информации во однос на тоа како ќе бидеме подготвени за да се изврши преносот на телата тоа ќе го организираме, рече министерот Спасовски, додавајќи дека токму вештачењата и анализите од истрагата ќе ја дадат точната причина за несреќата во Бугарија. Несреќата се случи во вторникот, 23 ноември, на автопатот „Струма“, кога автобус на превозникот „Беса транс“ враќајќи се од Истанбул удри во заштитната ограда од патот и се запали. Во болницата „Пирогов“ во Софија се хоспитализирани седуммина повредени патници од автобуската несреќа, кои се во стабилна општа состојба и нема опасност по нивните животи. Во средата беа оперирани двајца пациенти, а вчера уште еден. Повредените кои биле на интензивна нега од вчера се пренесени на одделението на Клиниката за изгореници и пластична хирургија. Со оглед на шокот од несреќата и тешките психички трауми, хоспитализираните добија и специјализирана психолошка поддршка од болницата. Се уште нема јасна прогноза кога може да се отпуштат, информираа од софиската болница „Пирогов“. Во меѓувреме, бугарското Министерство за внатрешни работи соопшти дека полицијата привела 24-годишен маж, кој објавувал коментари на Фејсбук, поврзани со трагичната несреќа со автобусот на „Беса транс“, што се „некомпатибилни со моралните и етичките норми“. Лицето кое е приведено во Софија од службеници на Генералната дирекција за борба против организираниот криминал по добиен сигнал, имало криминално досие. Тој се товари за сторено кривично дело од член 162 од бугарскиот Кривичниот законик – „ширење омраза врз основа на национална припадност преку информациски систем“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bugarski-obviniteli-vo-skopje-treba-da-gi-prezemat-dnk-primerocite-za-identifikacija-na-zrtvite/feed/ 0
Резултатите од ДНК анализата се очекува да бидат готови за неколку дена https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/rezultatite-od-dnk-analizata-se-ochekuva-da-bidat-gotovi-za-nekolku-dena/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/rezultatite-od-dnk-analizata-se-ochekuva-da-bidat-gotovi-za-nekolku-dena/#respond Tue, 23 Nov 2021 13:08:40 +0000 https://kurir.mk/?p=598819

За неколку дена се очекува да бидат готови резултатите од ДНК анализата, за со сигурност да се идентификуваат жртвите од несреќата на автопатот „Струма“ во Бугарија, изјави директорот на бугарската Национална истражна служба Борислав Сарафов, нагласувајќи дека заедно со македонските колеги го прецизирале начинот на кој ќе се работи истрагата за несреќата. На местото на несреќата, Сарафов и портпаролката на јавниот обвинител Шијка Милева разговарале со Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љубомир Јовески и со шефицата на Обвинителството за борба против организиран криминал и корупција Вилма Русковска. – Бугарија очекува Република Северна Македонија да испрати биолошки материјал од роднините на загинатите во опожарениот автобус на автопатот Струма за да се завршат работите на ДНК тестовите, изјави Сарафов. Тој посочи дека во тек се распити на жртвите и очевидците, но дека сè уште не е јасно што ја предизвикало експлозијата. Останатите три автобуси, појасни Сарафов, се движеле 15-20 минути пред тој што се запали, како и дека во него имало и втор возач, но не е јасно дали е меѓу преживеаните. Автобусот бил релативно нов, околу три години и претстои сложено форензичко и техничко вештачење.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/rezultatite-od-dnk-analizata-se-ochekuva-da-bidat-gotovi-za-nekolku-dena/feed/ 0
Белгија: Судот нареди ДНК анализа за Кралот Алберт Втори поради вонбрачно дете https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/belgija-sudot-naredi-dnk-analiza-za-kralot-albert-vtori-poradi-vonbrachno-dete/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/belgija-sudot-naredi-dnk-analiza-za-kralot-albert-vtori-poradi-vonbrachno-dete/#respond Mon, 05 Nov 2018 12:27:05 +0000 https://kurir.mk/?p=123622

Апелацискиот Суд во Брисел денеска одлучи дека Кралот Алберт Втори, кој абдицираше во 2013 година во корист на својот син Филип, мора во наредните три месеци да биде подложен на ДНК анализа, со цел да се утврди дали е навистина татко на Делфин Боел. Боел судската процедура ја започна во 2013 година, но првостепениот суд во Брисел ги одби нејзините барања, и покрај фактот што тогашните ДНК анализи утврдија дека Жак Боел, со кого таа пораснала, не и е биолошки татко. Алберт Втори повеќепати преку својот адвокат порача дека одбива секакви генетски тестови. Останува неизвесно дали ќе одбие да ја почитува одлуката на Судот. Скандалот со Делфин Боел изби во 1999 година кога млад новинар откри дека Алберт Втори, кој тогаш сѐ уште не бил крал на Белгија, одржувал вонбрачна врска додека неговиот брак со Паола бил во криза. Од таа вонбрачна врска наводно се родила Делфин Боел. Паола тогаш побарала развод, но се премислила а брачната двојак се помирила петнаесетина години подоцна. Во 1999, Кралот Алберт Втори во својот редовен божиќен говор призна дека неговиот брак со Паола поминал низ тешка криза триесет години порано. – Јас и Кралицата се потсетивме на многу среќни времиња, но и на кризата низ која мина нашиот брак пред повеќе од триесет години, рече тогаш кралот. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/belgija-sudot-naredi-dnk-analiza-za-kralot-albert-vtori-poradi-vonbrachno-dete/feed/ 0