днк – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 31 Aug 2023 10:31:11 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png днк – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ВИДЕО: „Послушајте патриоти“ во изведба на ДНК и Наум Петрески https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/video-poslushajte-patrioti-vo-izvedba-na-dnk-i-naum-petreski/ https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/video-poslushajte-patrioti-vo-izvedba-na-dnk-i-naum-petreski/#respond Thu, 31 Aug 2023 10:31:11 +0000 https://kurir.mk/?p=872955

„Послушајте патриоти да ви кажам словото, на Ѓурѓовден бев затворен, в црни темни зандани. Во зандани бев предаден од проклети шпиони, од проклетите шпиони неразбрани трговци...“, токму вака почнува последната дванаесетта нумера од проектот „Македонијо во срце те носиме“, овој пат во изведба на Панчо и Андреј од ДНК и Наум Петрески. Со „Послушајте патриоти“ се затвора кругот - 12 песни, 12 изведувачи, но стартува новото поглавје – концертниот караван во чии рамки ќе се одржат концерти во осум македонски града. „Послушајте патриоти“ е песна испеана за македонскиот деец Александар Караѓуле-Охридски, инаку и самиот автор на стиховите – сведоштво за неговите измачувања во софискиот затвор во 1892 година. Прв пат е снимена од бардот на македонската народна музика Никола Бадев, и тоа за дискографската куќа Југотон во Белград. Во своите музички биографии ја имаат запишано и Јонче Христовски, Гоце Арнаудов... Оваа композиција во македонското музичко богатство зачувана како револуционерна, овој пат спакувана од маестро Николче Мицевски, сега ја снимија и ДНК и Наум. „’Послушајте патриоти’ за нас е една несекојдневна соработка со нашиот добар пријател Наум Петрески, кој според нас е најдобриот машки вокал. За аранжманот беше задолжен маестралниот Николче Мицевски, а поканата дојде од проектот „Македонијо во срце те носиме“ на што не можевме да останеме рамнодушни, особено кога станува збор за Македонија и нешто што треба да остане како наследство за идните генерации. Со оглед на летната турнеја и многубројните ангажмани не успеавме да ја визуализираме песната, но не значи дека тоа нема да се случи во блиска иднина“, велат Панчо и Андреј. „Македонијо во срце те носиме“ е проект со потписот на Скендеровски продукција, а во чии рамки во изминатиов период слушнавте 12 македонски родољубиви песни отпеани од исто толку изведувачи, и од светот на забавната и од светот на народната музика, а сите спакувани во ново руво од Николче Мицевски. Она што ќе следува во склоп на целиот проект е концертниот караван кој стартува на 6 септември од плоштадот „Слобода“ во Штип. Освен штипјани во сите дванаесет нумери ќе има можност да ужива и публиката во Битола, Велес, Прилеп, Кочани, Тетово, Кавадарци и Скопје. Бидете дел од караванот „Македонијо во срце те носиме“, дојдете заедно да ги отпееме најубавите македонски патриотски песни, да ја обоиме Македонија со најубавите звуци и да го зачуваме највредното – музичкиот аманет кој ни го оставиле генерациите пред нас.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/video-poslushajte-patrioti-vo-izvedba-na-dnk-i-naum-petreski/feed/ 0
БРАВО ЗА ДНК: Илијадници кочанчани вчера имаа ноќ за паметење (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/bravo-za-dnk-ilijadnitsi-kochanchani-vchera-imaa-nok-za-pametene-foto/ https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/bravo-za-dnk-ilijadnitsi-kochanchani-vchera-imaa-nok-za-pametene-foto/#respond Thu, 13 Jul 2023 09:52:15 +0000 https://kurir.mk/?p=856183

По се изгледа македонската публика веќе се засити од „увезената“ музика и „увзените“ пејачи од соседството. Најдобар доказ за тоа е вчерашниот настап на музичкиот бренд ДНК во Кочани, по повод големиот празник Петровден. Вчера Кочани „пулсираше“ во ритамот на македонската музика и многубројните хитови на ДНК. Плоштадот во градот беше претесен да ги собере илијадниците луѓе, кои ги имаше од сите генрации, од најмлади до најстари... „Што сака нека биде“, „Навлечен на тебе“, „Ако утре ме нема“, „Полна месечина“, „Горе или доле“, „Авион“ се пееја во еден глас, а енергијата која Панчо и Андреј ја пренесоа на публиката, по се изгледа кочанчани ќе ја чуствуваат уште долго... Доста интересни коментари имаше и на социјалните мрежи после нивниот настап, а неколку од нив гласат вака: „Ма, каква Цеца, браво за ДНК“, „Браво! Конечно добра македонска група. Некој се сетил дека турбофолкот (ако може да се смета музика) не е музика за кочанчани. Сепак народот во Кочани има култура, сака библиотека, сака театар, спорт, сака квалитетна музика“... Инаку викендот што измина, ДНК заедно со нивниот колега Лозано настапија во Гевгелија, каде одлично беа пречекани од публиката, а токму во истиот состав ќе ги видиме и на 31-јули во Охрид... ]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/bravo-za-dnk-ilijadnitsi-kochanchani-vchera-imaa-nok-za-pametene-foto/feed/ 0
Зеаднички голем концерт: ДНК и Лозано доаѓаат во Гевгелија! https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/zeadnichki-golem-kontsert-dnk-i-lozano-doagaat-vo-gevgelija/ https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/zeadnichki-golem-kontsert-dnk-i-lozano-doagaat-vo-gevgelija/#respond Tue, 27 Jun 2023 14:03:41 +0000 https://kurir.mk/?p=850144

ДНК и ЛОЗАНО – звучи како одлична комбинација за зеаднички концерт. Епа, токму тоа и ќе се случи на 8-ми јули во Гевгелија, поточно во дискотеката „Де Факто“. После подолго време, гевгеличани и луѓето од околните градови ќе имаат прилика во живо да ги слушнат и видат едни од најбараните музички имиња во нашата земја во последните неколку години... Со други зборови Гевгелија ќе „гори“ на 8-ми јули од многубројните хитови на Лозано и ДНК. Тие ветуваат одлична забава и ноќ за паметење... „ Драги наши, по подолго време и на наше огромно задоволство на 8-ми јули (сабота) во вашиот омилен клуб „Де Факто” ќе одржиме заеднички концерт (Лозано и ДНК) пред гевгелиската публика која ќе има можност да ги слушнете сите наши познати рефрени низ три часовен концерт. Влезниците ке бидат во строго ограничен број, а првите 300 "early birds" влезници ке бидат пуштени во претпродажба по цена од 300 денари и ќе може да се набават исклучиво на билетарата на клубот од четврток до сабота. Потоа цената ке изнесува 400 денари и доколку останат на врата ке бидат остане истата цена. Затоа подгответе се на 8-ми јули на "Полна месечина" ве чекаме да се гушнеме “Јако Јако” и да се направиме "Авиони", да испишеме уште неколку “Километри” па “Што сака нека биде"...“ – стои во нивната зеадничка објава. Инаку концертот ќе го отвори младиот диџеј – Милан Петков, кој е миленик на публиката во Гевгелија. После Гевгелија, ќе следи најмалку уште еден ваков задинчки концерт, а локацијата ќе биде објавена наскоро. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/zeadnichki-golem-kontsert-dnk-i-lozano-doagaat-vo-gevgelija/feed/ 0
„Те чекам како титула во Наполи“: Панчо од ДНК ја објави новата песна „Мами“, спотот го снимаше во Италија! (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/te-chekam-kako-titula-vo-napoli-pancho-od-dnk-ja-objavi-novata-pesna-mami-spotot-go-snimashe-vo-italija-video/ https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/te-chekam-kako-titula-vo-napoli-pancho-od-dnk-ja-objavi-novata-pesna-mami-spotot-go-snimashe-vo-italija-video/#respond Thu, 15 Jun 2023 10:57:38 +0000 https://kurir.mk/?p=846064

Панчо од ДНК вчера ја изненади публиката со неговата најнова песна со наслов „Мами“, кој за првпат откако постои нивното дуо реши да ја изведе без неговата добро позната половина - Андреј. Но за да биде се на „чисто“, Панчо оваа песна ја сними со одобрение и благослов на Андреј, кој од оправдани причини во моментов на снимањето не беше во Македонија. Станува збор за нешто поразлично, нешто што е многу популарно во светот и се нарекува афро звук. Се разбира, како останатите песни на ДНК, така и оваа ја создадоа вредните раце на Панчо и продуцентот Лазар Цветкоски. Како што рековме, нешто поразлично од она што досега сме биле можеби навикнати да го слушаме од оваа музичка екипа, но ако ги земеме в предвид реакциите на социјалните мрежи, очигледно на публиката и се допаѓа „Мами“. А Панчо не би бил Панчо ако и овојпат не се потрудеше да сними интересен видеоспот. Имено, спотот за новата песна е снимен градот Наполи и тоа токму во времето кога клубот на нашиот дијамант Елиф Елмас ја славеа освоената шампионска титула во Калчо лигата каде што Панчо и екипата која беше со него беа токму гости на Елмас. Покрај одличната атмосфера од градот која е доловена во видеото, Панчо снимаше и во затрупаниот град Помпеја и Салерно, градот од каде започнува да се простира Амалфскиот брег. „Морам тука да му се заблагодарам многу на Елиф за тоа што не пречека, ни обезбеди и влезници за натпреварот и не покани на забавата каде заедно со фудбалерите на клубот ја славеа шампионската титула.“ - накусо изјави Панчо без да открива многу детали за дружбата со нашиот фудбалски дијамант со кој се многу блиски пријатели. Инаку ова лето дуото ДНК ќе одржи многу настапи ширум нашата земја, а во блиска иднина ќе слушнеме и нешто ново од музичкото трио Панчо, Андреј и Лазар Цветкоски.. Погледнете го спотот за „Мами“. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/te-chekam-kako-titula-vo-napoli-pancho-od-dnk-ja-objavi-novata-pesna-mami-spotot-go-snimashe-vo-italija-video/feed/ 0
Потег вреден за аплауз: ДНК ја ставија на лицитација статуетката од „Златна Бубамара“, средствата ќе ги донираат https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/poteg-vreden-za-aplauz-dnk-ja-stavija-na-litsitatsija-statuetkata-od-zlatna-bubamara-sredstvata-ke-gi-doniraat/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/poteg-vreden-za-aplauz-dnk-ja-stavija-na-litsitatsija-statuetkata-od-zlatna-bubamara-sredstvata-ke-gi-doniraat/#respond Tue, 21 Mar 2023 07:19:35 +0000 https://kurir.mk/?p=814171

Момците од познатото дуо – ДНК, Панчо и Андреј беа помеѓу наградените на овогодинешната „Златна Бубамара“, која се одржа пред неколку дена во спортскиот центар „Борис Трајковски“. ДНК доби статуетка за најпопуларна група за 2022 година, а тоа е уште едно признание за нивната работа, не само изминатата година, туку и многуте години наназад... И се ќе беше вообичаено со оваа награда, меѓутоа Панчо и Андреј решија да направат хуман потег кој е вреден за аплауз. Имено, тие решија оваа статуетка да ја стават на лицитација и парите од истата да бидат наманети за фондацијата „Марко Божиновски“. Лицитацијата е веќе во тек до среда навечер, а веќе во четврток ќе биде соопштен новиот сопственик на оваа важна награда за ДНК. По тој повод, момците од групата оваа информација ја соопштија на нивните социјални мрежи и истата ќе ви ја пренесеме во целост: „Драги наши. Нагардите до секогаш биле добредојдени за еден уметник како мало признание за трудот и сме преблагодарни на Ранко Петровиќ и Златна Бубамара за дадената награда и укажаната чест за истата. Оваа наша награда решивме да ја ставиме на “лицитација” и средствата кои ќе бидат собрани ќе бидат наменети за фондацијата “Марко Божиновски” кои помагаат на сите оние места и фамилии каде што е потребно и каде што државата нема слух за истите. Почетната цена на статуетката ќе биде 6.000ден. и искрено се надеваме дека сумата ќе достигне многу повеќе. Сопственик на статуетката ќе стане оној кој последен ќе ја даде највисоката сума (напишана во коментар), а статуетката ќе биде предадена лично од нас во пакет со потпишано ексклузивно цеде од нашиот најнов албум “ДВАЕСЕТ” и двд издание од јубилејниот концерт одржан во арената “Борис Трајковски” Ви благодариме за вниманието и би ве замолиле да го споделите статусот се со цел да стигне до што поголем аудиториум. Ваши, Панчо и Андреј.   ПС: Лицитацијата ќе се затвори во среда вечер и во четврток ќе биде соопштен новиот сопственик на наградата, а воедно и хуман човек“ – стои во нивната објава.   Инаку ова не е прв хуман гест на познатото дуо, напротив тие досега помогнале на многу луѓе кои имаат егзистенционални проблеми, безразлика дали тоа било помош во паричини средства, храна, средства за хигиена и што ли уште не...]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/poteg-vreden-za-aplauz-dnk-ja-stavija-na-litsitatsija-statuetkata-od-zlatna-bubamara-sredstvata-ke-gi-doniraat/feed/ 0
Целиот концерт на ДНК објавен на Јутјуб: Вака се славеа 20 години постоење! (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/tseliot-kontsert-na-dnk-objaven-na-jutjub-vaka-se-slavea-20-godini-postoene-video/ https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/tseliot-kontsert-na-dnk-objaven-na-jutjub-vaka-se-slavea-20-godini-postoene-video/#respond Thu, 02 Feb 2023 14:17:55 +0000 https://kurir.mk/?p=795254

ДНК вчеравечер на социјалната платформа Јутјуб објавија видео од целиот концерт кој го одржаа во спортскиот центар „Борис Трајковски“ на 3-ти декември минатата година, по повод 20 години од нивното постоење на македонската музичка сцена. Концертот го започнаа со нивната последна издадена песна со наслов „Романи“, а потоа се нижеа и останатите хитови кои тие ги создадоа изминативе години.... „Драги луѓе, во мое име и во името на Андреј и целиот бенд ви се заблагодаруваме. Ова е најдоброиот подарок кој можеше да го добиеме за еден роденден. Бескрајно сме ви благодарни. 20 години постоиме само поради вас и ова никогаш нема да ви го заборавиме“ – беа првите зборови со кои Панчо се обрати на десетилјадната публика. На овој голем и јубилеен концерт работеше доста голема екипа, а факт дека ќе остане запаметен како еден од најпосетените концерети на македонски изведуачи во последниве дваесетина години.... ]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/tseliot-kontsert-na-dnk-objaven-na-jutjub-vaka-se-slavea-20-godini-postoene-video/feed/ 0
Научниците открија ДНК стара повеќе од два милиони години https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/nauchnicite-otkrija-dnk-stara-povekje-od-dva-milioni-godini/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/nauchnicite-otkrija-dnk-stara-povekje-od-dva-milioni-godini/#respond Fri, 09 Dec 2022 07:33:59 +0000 https://kurir.mk/?p=772910

Научниците од Центарот за геогенетика на Фондацијата Лундбек идентификуваа ДНК стара два милиони години на животни, растенија и микроби, кои беа пронајдени во седиментни карпи на најсеверната точка на Гренланд, што претставува неверојатно откритие, објави Ројтерс. Истражувачите објавија дека откриените фрагменти од ДНК припаѓаат на различни животни, вклучувајќи мастодони, ирваси, зајаци, леминзи и гуски, како и растенија, вклучувајќи топола, бреза и туја, но и микроорганизми меѓу кои бактерии и габи. Според директорот на Фондацијата Лундбек и водачот на студијата што дошла до ова откритие, Еске Вилерслев, најголемото изненадување за научниците било откривањето на некогашниот уникатен екосистем - мешавина од арктички видови и видови од поумерените области. -Мастодонот досега не е пронајден на Гренланд. Никој не можеше да предвиди дека Гренланд има толкава разновидност на растенија и животни пред два милиони години, во време кога климата беше многу слична на онаа што ја очекуваме за неколку години поради глобалното затоплување, рече тој. ДНК е самореплицираниот материјал кој носи генетски информации во живите организми, и покрај тоа што е многу расиплива, научниците открија дека под соодветни услови може да преживее многу долго, објави Ројтерс. Вилерслев рече дека старата ДНК не може да се користи за оживување на изумрените видови, како во филмовите за Паркот Јура, но може да помогне да се открие како растенијата стануваат поотпорни на климата што се загрева.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/nauchnicite-otkrija-dnk-stara-povekje-od-dva-milioni-godini/feed/ 0
ГЕНИТЕ ВЛИЈААТ КОЛКУ ПИЕТЕ: Што значи ако пиете повеќе од 3 чаши вино неделно? https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/genite-vlijaat-kolku-piete-shto-znachi-ako-piete-povekje-od-3-chashi-vino-nedelno/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/genite-vlijaat-kolku-piete-shto-znachi-ako-piete-povekje-od-3-chashi-vino-nedelno/#respond Wed, 07 Dec 2022 21:00:26 +0000 https://kurir.mk/?p=772523

Истражувањата докажаа дека ако пиете повеќе од три чаши неделно, можеби е виновна вашата ДНК. Истражувачите ги анализирале гените и го проучувале внесот на алкохол кај 3,4 милиони луѓе, главно од Европа. Количината на вино што ја пиете во една недела е под влијание на гените, па затоа некои луѓе пијат дури и повеќе од три чаши вино неделно. Луѓето имаат околу 20.000 гени - од боја на очите до интелигенција и однесување - во речиси секоја клетка во нивното тело. Тие се 99,9 проценти идентични во нивниот генетски состав, споделувајќи ги повеќето исти гени, но имаат варијации во некои од нив што може да се поврзат со начинот на живот. Истражувачите успеале да идентификуваат илјадници генетски варијации кои почесто биле забележани кај луѓе кои пиеле повеќе алкохол во просечна недела. – Колку ќе пиете можеби не зависи целосно од тоа дали сте имале стресен ден или колку е вкусно шишето вино во фрижидерот, важна улога играат гените – изјавил професорот Деџианг Ли.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/genite-vlijaat-kolku-piete-shto-znachi-ako-piete-povekje-od-3-chashi-vino-nedelno/feed/ 0
Само неколку дена пред големиот концерт – ДНК ја промовираа „Романи“ https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/samo-nekolku-dena-pred-golemiot-koncert-dnk-ja-promoviraa-romani/ https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/samo-nekolku-dena-pred-golemiot-koncert-dnk-ja-promoviraa-romani/#respond Fri, 25 Nov 2022 14:15:15 +0000 https://kurir.mk/?p=766559

„’Романи’ е една убава љубовна тема. Метафорична приказна, несекојдневен спој и песна со неочекуван рефрен, нешто што ете го чувавме како последнo парче од приказната наречена „Дваесет“, албум што значи заокружување на овој наш 20-годишен јубилеј“, велат Панчо и Андреј. Круна на славењето ќе биде големиот концерт закажан на 3 декември во арената „Борис Трајковски“, кога двоецот заедно со сите свои фанови од сите генерации ќе го одбележи убавиот јубилеј. Темата „Романи“ е дванаесетто парче на албумот, што во продажба ќе го има на самиот концерт, а освен што дел од собраните средства ќе бидат насочени во хуманитарни цели, сите оние кои сакаат да имаат потпис и фотографија со Панчо и Андреј тоа ќе можат да го направат по завршувањето на концертот. Панчо и Андреј ќе останат во салата сѐ додека фановите тоа го бараат од нив. На материјалот уште се ставени и темите „Кога би знаела сѐ“, „Ромео и Јулија“, „Ние“, „Македонија на Европско“... Инаку, видеото за „Романи“ е снимено во Турција и е со потписот на Даниел Јовески, а со поддршка на Fibula Travel и Kirman Calyptus. Во кадрите, кои ја следат приказната од текстот, освен Панчо и Андреј се појавува и моделот Ана Парлапанова.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/samo-nekolku-dena-pred-golemiot-koncert-dnk-ja-promoviraa-romani/feed/ 0
Панчо откри: Еден од нас наскоро заминува од Македонија https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/pancho-otkri-eden-od-nas-naskoro-zaminuva-od-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/pancho-otkri-eden-od-nas-naskoro-zaminuva-od-makedonija/#respond Thu, 17 Nov 2022 19:26:58 +0000 https://kurir.mk/?p=762622

На 3 декември во арената „Борис Трајковски“ дуото ДНК ќе прослави 20 години успешна работа на македонската музичка сцена. Во новата „Еден на еден“, која ќе се емитува во недела, Владимир Блажев – Панчо открива дека ова најверојатно ќе биде нивниот последен концерт. Не сакавме да го откриваме ова сега, но големи се шансите еден од нас да се отсели од Македонија, вели тој. Во најавното видео за емисијата не се открива дали станува збор за негова или преселба на Андреј. (фото: Еден на Еден) ]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/pancho-otkri-eden-od-nas-naskoro-zaminuva-od-makedonija/feed/ 0