До Квон – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 12 May 2023 13:58:52 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png До Квон – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Јужнокорејскиот „крал на криптовалутите“, До Квон е во домашен притвор во Црна Гора https://arhiva.kurir.mk/svet/region/juzhnokorejskiot-kral-na-kriptovalutite-do-kvon-e-vo-domashen-pritvor-vo-tsrna-gora/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/juzhnokorejskiot-kral-na-kriptovalutite-do-kvon-e-vo-domashen-pritvor-vo-tsrna-gora/#respond Fri, 12 May 2023 13:58:52 +0000 https://kurir.mk/?p=833514

Основниот суд во Подгорица ја прифати гаранцијата од по 400 илјади евра што ја понудија јужнокорејските државјани До Квон, познат како крал на криптовалутите и Хон Чанд Јун и одреди по плаќањето на оваа сума тие да бидат ослободени, но да го поминуваат времето во стан во Црна Гора кој ќе го чува полицијата. Гаранцијата, како што е најавено, ќе ја платат сопругите на двајцата Јужнокорејци. „Доколку обвинетиот избега или ја прекрши мерката надзор, гаранцијата истекува и се внесува во посебен дел од буџетот за работата на судовите“, се вели во соопштението на Основниот суд Подгорица. Јужнокорејските државјани се обвинети дека сториле кривично дело фалсификување документи, а беа уапсени на крајот на март во приватен авион на аеродромот во Подгорица. До Квон и Чанд Јун се изјаснија за невини пред судот и тврдеа дека ги добиле пасошите од Костарика, кои ги поседувале, преку правен процес. „Не сум виновен. Не фалсификувавме пасоши од Костарика, ги добивме во законска процедура. Единствен релевантен доказ за тоа е тоа што документацијата за издавање пасош ја добивате од надлежните државни органи на Костарика“, рече До Квон во судницата на Основниот суд Подгорица. Јужна Кореја и САД побараа негова екстрадиција за да се соочат со обвиненија поврзани со колапсот на неговата крипто империја вредна 40 милијарди долари. Црна Гора се уште не одлучи за екстрадиција и соопшти дека прво сака да утврди дали уапсените ги прекршиле домашните прописи. Доколку биде прогласен за виновен, Квон би можел да се соочи со повеќе од 40 години затвор, што ќе биде најдолга казна за Јужна Кореја досега за финансиски криминал, објавија претходно медиумите. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/juzhnokorejskiot-kral-na-kriptovalutite-do-kvon-e-vo-domashen-pritvor-vo-tsrna-gora/feed/ 0
„Кралот на криптовалутите“, До Квон обвинет во Црна Гора за фалсификување исправа https://arhiva.kurir.mk/svet/region/kralot-na-kriptovalutite-do-kvon-obvinet-vo-tsrna-gora-za-falsifikuvane-isprava/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/kralot-na-kriptovalutite-do-kvon-obvinet-vo-tsrna-gora-za-falsifikuvane-isprava/#respond Fri, 21 Apr 2023 10:15:40 +0000 https://kurir.mk/?p=826161

Црногорското обвинителство го обвини јужнокорејскиот „крал на криптовалутите“, До Квон и еден од неговите сонародници за кривично дело фалсификување исправа. До Квон и неговиот соработник Хон Чонг Џун беа уапсени на аеродромот во Подгорица во март, според меѓународна потерница, кога се обиделе да летаат за Дубаи со приватен авион. До Квон во светот е познат како „Крал на криптовалутите“, а неколку земји го сомничат за измама од 40 милијарди долари. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/kralot-na-kriptovalutite-do-kvon-obvinet-vo-tsrna-gora-za-falsifikuvane-isprava/feed/ 0
Најбараниот криминалец на светот се криел во Белград, сосед му бил висок функционер на српското МВР https://arhiva.kurir.mk/svet/region/najbaraniot-kriminalets-na-svetot-se-kriel-vo-belgrad-sosed-mu-bil-visok-funktsioner-na-srpskoto-mvr/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/najbaraniot-kriminalets-na-svetot-se-kriel-vo-belgrad-sosed-mu-bil-visok-funktsioner-na-srpskoto-mvr/#respond Thu, 13 Apr 2023 17:50:30 +0000 https://kurir.mk/?p=823805

„Кралот на криптовалутите“ До Квон, кој на 23 март годинава беше уапсен во Црна Гора под обвиненија за измама тешка неверојатни 60 милијарди долари, извесно време живеел меѓу елитата на Белград, пишува српска „Нова“ цитирајќи го „Ди-ел њуз.“ До Квон, еден од најголемите измамници на сите времиња по кого трагаа властите на три земји – неговата родна Јужна Кореја, Сингапур и САД – се криел во Белград заедно со својот најблизок соработник Хан Чанг Џун пред да бидат уапсени кога сакале да побегнат во Дубаи со приватен авион од аеродромот во Подгорица. Квон го бараат властите на неколку земји поради неговата улога во колапсот на „Тера“ во мај минатата година, што ги чинеше инвеститорите неверојатни 60 милијарди долари. Хан беше финансиски директор на негвата компанијата „Тераформ лабс“. Како сопственик и извршен директор на „Тераборм лабс“, До Квон, мозокот зад криптовалутата TerraUSD и токенот Luna, го привлече вниманието на светската јавност откако колапсот на неговиот проект предизвика огромен пад на целиот пазар на криптовалути. „TeraUSD и Luna пропаднаа во мај 2022 година, бришејќи ја пазарната капитализација од речиси 45 милијарди долари за една недела и предизвикувајќи загуби од стотици милијарди на глобалниот пазар на криптовалути. Хан Чанг Џун во српската престолнина купил луксузен стан-дуплекс за 2 милиони евра и две паркинг места во комплексот „Амбасадор Парк“ во елитната населба Дедиње. И додека по нив трагаа повеќе полициски служби, интересно е што нивен сосед во зградата до нив, во комплексот „Амбасадор парк“ во кој живеат дипломати и богаташи, бил висок функционер на српската полиција- началникот на белградската полиција Веселин Милиќ. Фото: Руски бизнис клуб Интересно е што и Амбасадата на Јужна Кореја, која го барала својот државјанин со распишана потерница за измама и за кршење на Законот за пазар на капитал, е на само шест минути возење од станот во кој се криел Квон. За работите да бидат уште потрагикомични, јужнокорејската веб-страница „Диџитал асетс“ објави дека IP-адресите од кои се пристапувало до профилите на Квон на социјалните мрежи одговараат на адресата на станот во комплексот „Амбасадор Парк“ каде што живееле Квон и Хан. Не се знае како Квон успеал толку долго да се крие и да ги избегнува српските власти иако Интерпол по него распиша меѓународна потерница во септември. Иако баран од Интерпол, До Квон понекогаш се појавувал во подкасти и на социјалните мрежи, чувствувајќи се удобно во своето бегство од законот, па дури и дал изјава за „Њујорк тајмс“ на почетокот на март во која вели: „Очигледно знаат каде сум“. Сега се поставува прашањето за темелноста на истрагата за престојот и движењето на До Квон и неговиот соработник спроведена од страна на српските власти. Како членка на Интерпол, Србија е обврзана да соработува со обвинителите и полицијата од другите земји-членки за лоцирање и апсење на бегалци. „Ди-ел њуз“ веќе пишуваше дека До Квон го користел вистинското име кога основал нова компанија во Србија, неколку недели откако Интерпол го ставил на својата листа на најбарани бегалци, а Јужна Кореја издаде налог за негово апсење. Квон и Хан исто така без проблем отпатувале во Црна Гора, каде што пограничната полиција ги открила нивните костарикански пасоши и се посомневала дека нешто не е во ред, по што ги уапсила.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/najbaraniot-kriminalets-na-svetot-se-kriel-vo-belgrad-sosed-mu-bil-visok-funktsioner-na-srpskoto-mvr/feed/ 0
Кралот на криптовалутите уапсен во Црна Гора, украл милијарди долари https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kralot-na-kriptovalutite-uapsen-vo-tsrna-gora-ukral-milijardi-dolari/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kralot-na-kriptovalutite-uapsen-vo-tsrna-gora-ukral-milijardi-dolari/#respond Thu, 23 Mar 2023 15:26:00 +0000 https://kurir.mk/?p=815574

Еден од најбараните светски бегалци е уапсен во Подгорица, соопшти тамошниот министер за внатрешни работи, Филип Аџиќ. Црногорската полиција приведе лице, кое е осомничено дека е еден од најбараните бегалци, јужнокорејскиот државјанин До Квон, коосновач и извршен директор на Terraform Laps, со седиште во Сингапур, напиша Аџиќ. Поранешниот крал на криптовалутите, кој стои зад загуби од над 40 милијарди долари, е приведен на аеродромот во Подгорица со фалсификувани документи. По него трагаа Јужна Кореја, САД и Сингапур. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kralot-na-kriptovalutite-uapsen-vo-tsrna-gora-ukral-milijardi-dolari/feed/ 0