„До небото и назад“ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 12 Sep 2021 06:03:01 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png „До небото и назад“ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Промоција на книга за деца „До небото и назад“ од Ана Јовковска и Иванка НиБа https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/promocija-na-kniga-za-deca-do-neboto-i-nazad-od-ana-jovkovska-i-ivanka-niba/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/promocija-na-kniga-za-deca-do-neboto-i-nazad-od-ana-jovkovska-i-ivanka-niba/#respond Sun, 12 Sep 2021 06:27:08 +0000 https://kurir.mk/?p=562539

„До небото и назад“ е името на новата книга за деца која ќе внесе свежина во детската литература и илустрација, чија промоција е закажана за денеска на платото пред МКЦ во Скопје. Станува збор за книга која е дел од едицијата сликовници за деца „Светулка“, а автори се Ана Јовковска и илустраторката Иванка НиБа. Книгата има 11 изданија. Составена е од 15 приказни од кои 11 се веќе издадени, приказните се поучни и едукативни. „До небото и назад“ е емотивната приказна за пријателство меѓу детето Алекс и кучето Бони. Во суштина приказна за добрината, љубовта и емпатијата. Главниот херој, петгодишниот Алекс, не се идентификува со Супермен или Спајдермен, но силно верува дека подобар свет е можен. Ова дете нѐ учи како да го чуваме срцето чисто, да не се плашиме да покажеме кога сме тажни и ранливи и да се избориме за тоа што го сакаме за да бидеме среќни – до небото и назад! Целта на приказната е да им покаже на децата е дека љубовта ја прати широк спектар на емоции од кои не треба да се плашат. Затоа, треба да им дозволиме простор да бидат и тажни, да не ги инхибираат своите емоции, да не се плашат да покажат и да побараат помош кога се ранливи, оти така го јакнат психолошкиот имунитет. Илустрираната книга за деца е повеќеслојна. Покрај главните пораки за љубовта, пријателството и среќата, низ авторската и визуелна нарација се протнуваат и суптилни пораки за загадениот сив град, грижата за природата, односот кон храната, осаменоста, психолошкото насилство… Сликовницата ќе биде на продажба и на Саемот на книгата (8-14 септември) на штандот на Готен и студио Батев.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/promocija-na-kniga-za-deca-do-neboto-i-nazad-od-ana-jovkovska-i-ivanka-niba/feed/ 0