добитници – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 19 Oct 2023 06:36:14 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png добитници – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Европарламентот ќе ги соопшти добитниците на наградата „Сахаров“ за 2023 година https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evroparlamentot-ke-gi-soopshti-dobitnitsite-na-nagradata-saharov-za-2023-godina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evroparlamentot-ke-gi-soopshti-dobitnitsite-na-nagradata-saharov-za-2023-godina/#respond Thu, 19 Oct 2023 06:36:14 +0000 https://kurir.mk/?p=890580

Претседателката на Европскиот парламент Роберта Мецола на денешното продолжение на овонеделната пленарната седница ќе ги објави лауреатите на награда за слобода на мислата „Сахаров“ за 2023 година. Како што јави дописникот на МИА од Брисел, одлуката за овогодишните добитници на наградата ја донесе Конференцијата на претседатели на Парламентот, што ја сочинуваат Мецола и лидерите на пратеничките групи во ЕП меѓу финалистите избрани од страна на комисиите за надворешни работи и за развој, врз основа на предложената листа на номинирани кандидати. Право на номинирање на кандидати за наградата „Сахаров“ имаат пратеничките групи во Европарламентот или најмалку 40 европратеници. Овогодишни финалисти се активистките за правата на жените од Иран, двајца борци за човекови права од Никарагва и застапнички за легализација на абортусот од Полска, Салвадор и САД. Првите кандидати за наградата „Сахаров“ се починатата 22-годишна Џина Махса Амини и движењето „Жена, живот, слобода“ од Иран. Иранската активистка за женски права Амини беше уапсена и претепана од припадници на т.н. „морална полиција“ при нејзината посета на Техеран во септември 2022 година, затоа што „го носела хиџабот на неправилен начин“. Таа почина неколку дена подоцна, што предизвика масовни протести во Иран предводени од жени под слоганот „Жена, живот, слобода“. Демонстрантите протестираа против Законот за хиџаб и другите законски акти со кои се дискриминираат жените во Иран. Вторите овогодишни финалисти се Вилма Нуњез де Ескорсија и бискупот Роландо Хозе Алварез Лагос од Никарагва. Нуњез со децении се бори за заштита на човековите права во Никарагва, но и покрај прогонот таа останува во својата земја и продолжува со борбата за своите идеали. Бискупот од Матагалпа, Роландо Алварез е еден од водечките критичари на никарагванскиот претседател Даниел Ортега. Во февруари 2023 година, откако одби да ја напушти Никарагва, тој беше осуден на 26 години затвор и е под закана за одземање на државјанството. Последните кандидатки за наградата „Сахаров“ се три жени кои се борат за бесплатен, безбеден и легален абортус во Полска, Салвадор и САД. Првата од нив е полската активистка за заштита на правата на жените и членка на организацијата „Дрим тим за абортус“, Јустина Видрињска, која беше осудена на осум месеци општествено корисна работа затоа што и помогнала на една жена да абортира, втората е феминистката и социјална активистка Морена Херера, која се залага за безбеден и легален абортус во Салвадор, додека третата е американската акушерка Колин Мекниколас, која е застапник и промотер на репродуктивното здравје во САД. Наградата за слобода на мислата „Сахаров“ ја доделува Европскиот парламент секоја година од 1988-та на поединци или организации кои ги штитат човековите права и основните слободи. Таа е именувана по советскиот физичар и политички дисидент Андреј Сахаров и нејзиниот паричен надомест изнесува 50.000 евра. Инаку, покрај избраните финалисти за овогодишната награда „Сахаров“ беа номинирани и технолошкиот магнат и сопственик на „СпејсИкс“, „Тесла“ и „Х Корп“ (поранешен „Твитер“), Илон Маск, еколошката активистка од Уганда, Ванеса Накате и поранешната грузиска јавна правобранителка Нино Ломжарија. Минатата година наградата „Сахаров“ му беше доделена на украинскиот народ, а меѓу досегашните нејзини лауреати се и Нелсон Мандела, Малала Јусафзаи, Кофи Анан, Александар Дупчек, Алексеј Навални, Ибрахим Ругова, Обединетите нации, организацијата Репортери без граници и демократските опозиции во Белорусија и Венецуела. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evroparlamentot-ke-gi-soopshti-dobitnitsite-na-nagradata-saharov-za-2023-godina/feed/ 0
Објавени добитниците на Нобеловата награда за медицина и физиологија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/objaveni-dobitnitsite-na-nobelovata-nagrada-za-meditsina-i-fiziologija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/objaveni-dobitnitsite-na-nobelovata-nagrada-za-meditsina-i-fiziologija/#respond Mon, 02 Oct 2023 10:28:31 +0000 https://kurir.mk/?p=884171

Добитници на овогодинешната Нобелова награда за физиологија и медицина се унгарската биохемичарка Каталин Карико и американскиот научник Дру Вајсман. Тие добија награда за нивниот придонес во развојот на mRNA вакцина против Ковид. Карико е американско-унгарска биохемичарка која до 2022 година беше потпретседателка и раководителка на размена на RNA-протеини во БиоНТек, по што беше консултант на споменатата компанија. Покрај тоа, таа е предавач на Универзитетот во Сигет, Унгарија и вонреден професор на Медицинскиот факултет Перелман на Американскиот универзитет во Пенсилванија. Вајсман, исто так е професор по истражување за вакцини во оваа установа. Како што објави Нобеловиот комитет, нивните откритија беа клучни за развојот на ефикасни вакцини mRNA против ковид-19 за време на пандемијата што започна на почетокот на 2020 година. „Преку нивните револуционерни откритија, кои фундаментално го сменија нашето разбирање за тоа како mRNA комуницира со нашиот имунолошки систем, лауреатите придонесоа за невидена стапка на развој на вакцини за време на една од најголемите закани за човековото здравје во модерното време“, се наведува во образложението. Инаку, 113 Нобелови награди се доделени за физиологија и медицина од 1901 година, од кога се доделува наградата. Најмладиот лауреат бил Фредерик Г. Бантинг, кој на само 32 години ја добил оваа награда за откривање на инсулин (1923), додека најстар тогаш 87-годишниот Пејтон Ројс. Тој беше награден во 1966 година за откривање на вируси кои предизвикуваат тумор. Нобеловите награди беа иницирани со волјата на пронаоѓачот на динамитот и донатор Алфред Нобел (1833 - 1896). Тие се наменети да им оддадат почит на оние кои беа од најголема корист за човештвото во секоја категорија во текот на претходната година. Наградите традиционално се доделуваат на церемонија на 10 декември, годишнината од смртта на Нобел. Оваа година, Нобеловата фондација ја зголеми паричната награда по категорија за еден милион шведски круни на 11 милиони круни (950.000 евра).]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/objaveni-dobitnitsite-na-nobelovata-nagrada-za-meditsina-i-fiziologija/feed/ 0
Објавени добитниците на наградите за фестивалот на краток филм „ФИЛМАЈ“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/objaveni-dobitnicite-na-nagradite-za-festivalot-na-kratok-film-filmaj/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/objaveni-dobitnicite-na-nagradite-za-festivalot-na-kratok-film-filmaj/#respond Tue, 03 May 2022 09:21:53 +0000 https://kurir.mk/?p=671001

Фото-кино клуб „Козјак“ – Куманово ги објави добитниците на награди од конкурсот за фестивалот на краток филм 2022 Куманово „ФИЛМАЈ“, информираа денеска од клубот. Тричленото жири во состав Сезер Салихи (сценарист и режисер), Косара Митиќ (сценарист и режисер), и Филип Илиевски (член на фото-кино клуб „Козјак“) одлучи да додели награди во повеќе категории. Награда „Лазар Ѓорѓевиќ“ за најдобра режија оди кај Самир Карахода за режирање на филмот „Изместено“ (Косово), наградата „Радислав Ристевски“ за најдобра фотографија/кинематографија ја доби Владимир Самоиловски за неговата работа во филмот „Северен Пол“ (Македонија). Наградата „Козјак“ за најдобро сценарио се доделува на Фотис Зампетакис за филмот „Ангелос на Божиќ“ (Грција) и наградата за најдобар домашен (македонски) филм се доделува на „Обичната Ели“ (режија: Лавинија Софрониевска). Новосоздадена „ФИЛМАЈ“ награда за најдобар краток филм се доделува na „Сама“ (Хрватска, во режија на Борна Зидариќ), според заедничка одлука на членови на фото-кино клуб „Козјак“ – Куманово. Дополнително ќе биде објавена цела листа со официјално селектирани филмови кои ќе се прикажат на фестивалската вечер предвидена за 2 јуни 2022]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/objaveni-dobitnicite-na-nagradite-za-festivalot-na-kratok-film-filmaj/feed/ 0
Американците Милгром и Вилсон добитници на Нобеловата награда за економија за 2020 година https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amerikancite-milgrom-i-vilson-dobitnici-na-nobelovata-nagrada-za-ekonomija-za-2020-godina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amerikancite-milgrom-i-vilson-dobitnici-na-nobelovata-nagrada-za-ekonomija-za-2020-godina/#respond Mon, 12 Oct 2020 11:09:40 +0000 https://kurir.mk/?p=415294

Американските економисти Пол Милгром и Роберт Вилсон се добитници на Нобеловата награда за економија за 2020 година за унапредување на теоријата на аукции и иновација на нови формати на аукции, соопшти денеска шведската Кралска академија на науките. – Новиот формат на аукции е убав пример како со истражување на основите може дополнително да се креираат изуми кои им користат на општеството, се наведува во соопштението на Академијата. Нобеловата награда за економија е во вредност од 10 милиони шведски круни (1,14 милиони долари) и не е една од петте изворни награди востановени во 1895 година од пронаоѓачот на динамитот Алфред Нобел. Нобелова награда за економија првпат е доделена во 1969 година. Минатата недела во Стокхолм беа објавени лауреатите на Нобеловата награда за медицина,физика,хемија и литература, а во Осло беше објавен добитикот на Нобеловата награда за мир. Нобеловата награда за медицина ја добија двајца американски .добитници се Британецот Мајкл Хотон и Американците Харви Алтер и Чарлс Рајс. Роџер Пенроуз, Рајнхард Генцел и Андреа Гез се добитници на Нобеловата награда за физика за 2020 година за откривање на црните дупки. Французинката Еманнуел Шарпантије и Американката Џенифер А. Даудна се лауерати на Нобеловата награда за хемија за развој на методата за модифицирање на геномот. Нобеловата награда за литература оваа година ја доби американската поетеса Луиз Глик, а Нобеловата награда за мир ја доби Светската програма за храна на Обединети нации за напорите во борбата против гладта и недостигот на храна ширум светот. Наградите традиционално се врачуваат на 10 декември, денот кога почина Нобел (1833-1896), но церемонијата во Стокхолм е откажана поради пандемијата со Ковид-19, а во Осло ќе биде одржана церемонија во помала сала.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amerikancite-milgrom-i-vilson-dobitnici-na-nobelovata-nagrada-za-ekonomija-za-2020-godina/feed/ 0
ФОТО: Ова се сите добитници на Оскарите https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/foto-ova-se-site-dobitnici-na-oskarite/ https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/foto-ova-se-site-dobitnici-na-oskarite/#respond Mon, 05 Mar 2018 08:13:32 +0000 http://kurir.mk/?p=27420

90-тото издание на Оскарите се одржа вчеавечер, а во продолжение ви ја пренесуваме листата на сите добитници на златната статуетка. Филмот „Обликот на водата“, во режија на мексиканскиот режисер Гиљермо дел Торо е награден со Оскар за најдобар филм, на церемонијата што ноќеска се одржа во Долби театарот во Лос Анџелес. Дел Торо го доби признанието и за најдобар режисер. „Обликот на водата“ беше номиниран во 13 категории, а награди доби за четири.

Најдобри визуелни ефекти:

  • Blade Runner 2049
  • Guardians of the Galaxy Vol2
  • Kong: Skull Island
  • Star Wars: The Last Jedi
  • War for the Planet of the Apes

Најдобра монтажа:

  • Baby Driver
  • Dunkirk
  • I, Tonya
  • The Shape of Water
  • Three Billboards Outside Ebbing, Missouri

Најдобра костимографија:

  • Beauty and the Beast
  • Darkest Hour
  • Phantom Thread
  • The Shape of Water
  • Victoria and Abdul

Најдобра облека и шминка:

  • Darkest Hour
  • Victoria and Abdul
  • Wonder

Најдобра кинематографија:

  • Blade Runner 2049
  • Darkest Hour
  • Dunkirk
  • Mudbound
  • The Shape of Water

Најдобра продукција:

  •  Beauty and the Beast
  • Blade Runner 2049
  • Darkest Hour
  • Dunkirk
  • The Shape of Water

Најдобри звучни ефекти:

  • Baby Driver
  • Blade Runner 2049
  • Dunkirk
  • The Shape of Water
  • Star Wars: The Last Jedi

Најдобра монтажа на звуци:

  • Baby Driver
  • Blade Runner 2049
  • Dunkirk
  • The Shape of Water
  • Star Wars: The Last Jedi

Најдобра оригинална песна:

  • Mighty River, Mud Bound
  • Mystery of Love, Call Me By Your Name
  • Remember Me, Coco
  • Stand Up for Something, Marshall
  • This Is Me, The Greatest Showman

Најдобра оригинална музика:

Најдобар краток анимиран филм:

  • Dear Basketball
  • Garden Party
  • Lou
  • Negative Space
  • Revolting Rhymes

Најдобра краток филм сниман во живо:

  • DeKalb Elementary
  • The 11 O'Clock
  • My Nephew Emmett
  • The Silent Child
  • Watu Wote/All Of Us

Најдобар краткометражен документарен филм:

  • Edith and Eddie
  • Heaven is a Traffic Jam on The 405
  • Heroin(e)
  • Knife Skills
  • Traffic Stop

Најдобар документарен филм:

  • Abbcus
  • Faces Places
  • Icarus
  • Last Men in Aleppo
  • Strong Island

Најдобар филм на странски јазик:

  • A Fantastic Woman
  • The Insult
  • Loveless
  • On Body and Soul
  • The Square

Најдобар долгометражен анимиран филм:

  • The Boss Baby
  • The Breadwinner
  • Coco
  • Ferdinand
  • Loving Vincent

Најдобро адаптирано сценарио:

  • Call Me By Your Name
  • The Disaster Artist
  • Logan
  • Molly's Game
  • Mudbound

Најдобро оригинално сценарио:

  • The Big Sick
  • Get Out
  • Lady Bird

Најдобра споредна женска улога:

  • Mary J Blige, Mudbound
  • Allison Janney, I Tonya
  • Lesley Manville, Phantom Thread
  • Laurie Metcalf, Lady Bird
  • Octavia Spencer, The Shape of Water

Најдобра споредна машка улога:

  • Willem Dafoe, The Florida Project
  • Woody Harrelson, Three Billboards Outside Ebbing, Missouri
  • Richard Jenkins, The Shape of Water
  • Christopher Plummer, All The Money In The World
  • Sam Rockwell, Three Billboards Outside Ebbing, Missouri

Најдобра актерка во главна улога:

  • Sally Hawkins, The Shape of Water
  • Frances McDormand, Three Billboards Outside Ebbing, Missouri
  • Margot Robbie, I Tonya
  • Saoirse Ronan, Lady Bird
  • Meryl Streep, The Post

Најдобар актер во главна улога:

  • Timothee Chalamet, Call Me By Your Name
  • Daniel Day-Lewis, Phantom Thread
  • Daniel Kaluuya, Get Out
  • Gary Oldman, Darkest Hour
  • Denzel Washington, Roman J Israel Esq

Најдобар режисер:

  • Dunkirk, Christopher Nolan
  • Get Out, Jordan Peele
  • Lady Bird, Greta Gerwig
  • Phantom Thread, Paul Thomas Anderson
  • The Shape of Water, Guillermo Del Toro

Најдобар филм:

  • Call Me By Your Name
  • Darkest Hour
  • Dunkirk
  • Get Out
  • Lady Bird
  • Phantom Thread
  • The Post

]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/foto-ova-se-site-dobitnici-na-oskarite/feed/ 0