добитник – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 02 Apr 2021 08:12:47 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png добитник – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Добил 24 милиони евра на лото, го испуштил рокот за подигнување и останал со празни раце! https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/dobil-24-milioni-evra-na-loto-go-ispushtil-rokot-za-podignuvanje-i-ostanal-so-prazni-race/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/dobil-24-milioni-evra-na-loto-go-ispushtil-rokot-za-podignuvanje-i-ostanal-so-prazni-race/#respond Fri, 02 Apr 2021 08:12:47 +0000 https://kurir.mk/?p=491167

Купувачот на добитното лото-ливче од новогодишната томбола во Бразил, не пошол во државната банка „Каикса“ навреме, за да ги подигне своите 160 милиони бразилски реали (скоро 24 милиони евра). Времето во коешто победникот можел да си ја земе наградата истекло вчера, на 1 април, појаснува ТВ-каналот „Глобо“. Според телевизијата, ова е најголемата награда досега, која не ја побарал оној кој успеал да ги погоди сите шест броја на добитна комбинација на државната лотарија. Според правилата на извлекувањето, на победникот му се даваат 90 дена за да се пријави за наградата. Во спротивен случај, парите се пренасочени кон Фондот за финансирање на високото образование. Џекпотот на новогодишната лотарија за 2020 година е најголем во историјата на тоа извлекување – 325,2 милиони реали. Во исто време, ова не е првпат победник „да ја заборави“ својата добивка. Само 2020 година, скоро 312 милиони реала (околу 465 милиони евра) останаа во наградниот фонд. Последниве пет години, добитниците на државната лотарија ѝ обезбедија заработка од 1,62 милијарди реали (околу 240 милиони евра) на државата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/dobil-24-milioni-evra-na-loto-go-ispushtil-rokot-za-podignuvanje-i-ostanal-so-prazni-race/feed/ 0
Ахмед: Воениот пекол ја зацврсти мојата желба за мир https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ahmed-voeniot-pekol-ja-zacvrsti-mojata-zelba-za-mir/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ahmed-voeniot-pekol-ja-zacvrsti-mojata-zelba-za-mir/#respond Tue, 10 Dec 2019 15:18:30 +0000 https://kurir.mk/?p=275616

Добитникот на овогодишната Нобелова награда за мир, премиерот на Етиопија, Абиј Ахмед денеска изјави дека неговите застрашувачки искуства како млад етиописки војник ја зацврстила неговата одлучност да се обиде да го прекине долготрајниот судир со соседната држава, Еритреја. Тој говорејќи во Градското собрание на Осло на церемонијата за прием на наградата посочи дека „војната е олицетворение на пеколот за сите кои се вклучени во неа“. Ахмед пред 20 години беше радио оператор во единица на етиописката војска во пограничниот град Бадам. – На кратко излегов од ровот во надеж да пронајдам добар прием за антената… Ми требаа само неколку минути. Сепак, по моето враќање во ровот, бев преплашен кога открив дека целата моја единици е елиминирана во артилериски напад, посочи премиерот на Етиопија. Ахмед во октомври доби Нобелова награда за мир поради мировните напори со кои заврши дведецениското непријателство со Еритереја.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ahmed-voeniot-pekol-ja-zacvrsti-mojata-zelba-za-mir/feed/ 0
ВИДЕО: Прилепчанец доби пола милион евра на спортска https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/video-prilepchanec-dobi-pola-milion-evra-na-sportska/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/video-prilepchanec-dobi-pola-milion-evra-na-sportska/#respond Thu, 22 Feb 2018 08:36:15 +0000 http://kurir.mk/?p=23816

Неделниот весник “Зенит” објави видео од прославата на прилепчанецот Ване Лесновски, кој доби 500.000 евра на спортска прогноза. Добивката Ване ја остварил преку 7 добитни тикети, на кои вложил вкупно 300 денари. Иако претходно се зборуваше дека тој тие тикети ги заменил за 235.000 евра, самиот Ване пред камерата на “Зенит” вели дека освоил половина милион евра. „Маркукуле“ стигна до добитниот тикет, а според тоа што го дознава порталот на него се погодени 23 парови, иако на тикетот се прикажани 20. Ване тикетот го уплатил на 24.01.2018, а чекањето му се исплатело синоќа. Секоја чест мајсторе! Да се трошат за добро! ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/video-prilepchanec-dobi-pola-milion-evra-na-sportska/feed/ 0