добиточен пазар – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 19 May 2023 13:49:36 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png добиточен пазар – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Повторно функционира добиточниот пазар во Куманово https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/povtorno-funktsionira-dobitochniot-pazar-vo-kumanovo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/povtorno-funktsionira-dobitochniot-pazar-vo-kumanovo/#respond Fri, 19 May 2023 13:49:36 +0000 https://kurir.mk/?p=836463

По извесен период повторно е отворен за работа добиточниот пазар во кумановското село Долно Којнаре. На пазарот ќе се продава добиток, но не и свињи, соопштија денеска од ЈП „Пазаришта“ Куманово и од Агенцијата за храна и ветеринарство. - Подолг период добиточниот пазар беше затворен и не функционираме. Ветеринарната инспекција донесе решение да се затвори пазарот токму поради чумата која се појави кај свињите. Пред една недела почнавме да работиме и мислам дека сега е нормално, ги информираме и трговците, оние што чуваат добиток и јавноста дека од сабота почнавме со работа, изјави диреторот на ЈП „Пазаришта“, Гзим Кадриу. Од АХВ информираат дека Агенцијата ќе ги повлече или ќе ги продолжи мерките за забрана за промет со сите видови животни која во моментов е на сила и важи за кумановскиот добиточен пазар во зависност од епидемиолошката состојба. И Кадриу вели дека мерките сè уште се на сила, додавајќи дека само кумановскиот добиточен пазар од сите во државата бил затворен со решение. Од АХВ дополнуваат дека на територијата на цела држава состојбата со болеста африканска чума кај свињите кај питомата популација е стабилна, односно засега, нема потврдено појава на нови случаи на заболени или угинати животни. -Поради ова, дозволено е да се врши репопулација на свињарските фарми, но, по точно дефинирани услови коишто се пропишани со правилникот за мерки за сузбивање и искоренување на африканската чума кај свињите, велат од АХВ. Во државава, поради стабилната епидемиолошка состојба со болеста ниту во една општина не се спроведуваат заштитните и контролните мерки во однос на болеста африканска чума кај свињите. Со последните добиени негативни резултати од спроведените лабораториски испитувања и извршените клинички прегледи, целата територија на земјава од крајот на минатиот месец е слободна од болеста кај питомата популација свињи. Од Агенцијата дополнуваат дека од почетокот на болеста во јануари до денес, одземени и нештетно уништени се вкупно 4.216 свињи од 460 одгледувалишта на територијата на целата држава. До Агенцијата за храна и ветеринарство пристигнати биле 493 барања за исплата на надомест за штета од скоро 44 милиони денари. Производителите на свињи во кумановско во неколку наврати протестираа, и не сакаа животните да се уништуваат. Состојбата со африканска чума се стабилизираше пред еден месец. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/povtorno-funktsionira-dobitochniot-pazar-vo-kumanovo/feed/ 0
Од денеска повторно се отвораат добиточните пазари низ земјава https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-deneska-povtorno-se-otvoraat-dobitochnite-pazari-niz-zemjava/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-deneska-povtorno-se-otvoraat-dobitochnite-pazari-niz-zemjava/#respond Mon, 04 May 2020 14:03:49 +0000 https://kurir.mk/?p=341474

Од денеска повторно се отвораат добиточните пазари низ земјава кои беа затворени на 20 март годинава како дел од превентивните мерки на Владата против КОВИД-19. Согласно решението што го донесе Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), движењето на пратки со животни може да се врши исклучиво ако животните се правилно идентификувани и придружени со валиден сертификат за здравствена состојба, ако се превезуваат директно во кланица, во собирни центри или на одгледувалишта кои ги исполнуваат биосигурносните услови. На добиточните пазари се забранува ставање во промет свињи, а работењето треба да се прилагоди согласно мeрките на Владата и препораките на Министерството за здравство. -Пред да се натоварат и по истоварот на животните, превозното средство треба да е соодветно исчистено и дезинфицирано, за што се издава потврда од страна на овластеното ветеринарно друштво. Пред и за време на превозот, животните не треба да доаѓаат во контакт со приемчиви животни со непознат здравствен статус и во сите фази на движењето (товарање, превоз, истоварање и друга манипулација со животните) треба да се почитуваат сите мерки на Владата на Република Северна Македонија и препораките на Министерството за здравство кои се однесуваат на спречување на ширење на болеста COVID 19 кај луѓето. Животните кои ќе се најдат во промет без сертификат за нивната здравствена состојба, или кои не се идентификувани ќе бидат одземени, убиени и нештетно отстранети, без надомест за настанатата штета, односно, на трошок на одгледувачот, наведува АХВ. Според Агенцијата, сите учесници во ветеринарната служба треба редовно да се информираат и да ги следат мерките кои ги носи Владата и препораките на Министерството за здравство. -Ветеринарните друштва треба редовно да се информираат и да ги следат заклучоците на Владата и препораките на Министерството за здравство. Активности не треба да се вршат во одгледувалиштата каде има лица кои се во самоизолација, а активностите од областа на здравствената заштита и благосостојбата на животните во населените места во кои има лица заболени од вирусот КОВИД 19 да се остават последни, односно во овие области, ветеринарните активности од овој тип ќе се спроведат кога ризикот од КОВИД 19 нема да постои, дополнува Агенцијата за храна.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-deneska-povtorno-se-otvoraat-dobitochnite-pazari-niz-zemjava/feed/ 0
Продолжува да работи добиточниот пазар во Битола https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/prodolzuva-da-raboti-dobitochniot-pazar-vo-bitola/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/prodolzuva-da-raboti-dobitochniot-pazar-vo-bitola/#respond Mon, 04 May 2020 08:54:20 +0000 https://kurir.mk/?p=341253

Јавното претпријатие „Пазари“ утре повторно ќе го отвори добиточниот пазар во Битола кој превентивно беше затворен на 23 март. Според директорот на ЈП „Пазари“-Битола, Владо Атанасовски, нема пречки за сточниот пазар повторно да биде во функција, а дозволата е обезбедена од Агенцијата за храна и ветеринарство. -Сточниот или добиточниот пазар со кој ние стопанисуваме привремено беше затворен исто како и другите добиточни пазари во државата, а се со единствена цел да се придонесе во заедничката борба против ширењето на коронавирусот. Но, од денес добиточните пазари продолжуваат со работа, а во Битола формално од утре затоа што Сточниот пазар во Битола единствено го отвораме во вторник и продажба на стока се врши само во вторник за што се запознати традиционалните корисници на нашите услуги, посочи Атанасовски. Од ЈП „Пазари“-Битола потврдуваат дека преземени се сите заштитини мерки, корисниците имаат обврска да ги почитуваат за заштита од Ковид-19, а процесот ќе го надгледуваат ветеринарни експерти и служби.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/prodolzuva-da-raboti-dobitochniot-pazar-vo-bitola/feed/ 0