добиток – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 15 Nov 2022 18:29:14 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png добиток – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Разбиена криминална група: Од Македонија носеле добиток во Албанија за да го продаваат https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/razbiena-kriminalna-grupa-od-makedonija-nosele-dobitok-vo-albanija-za-da-go-prodavaat/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/razbiena-kriminalna-grupa-od-makedonija-nosele-dobitok-vo-albanija-za-da-go-prodavaat/#respond Tue, 15 Nov 2022 18:29:14 +0000 https://kurir.mk/?p=761231

Полицијата од албанскиот пограничен град Пешкопеја успешно ја финализирала акцијата „Граница” во која е разбиена група шверцери на ситен и крупен добиток. Добитокот бил пренесуван од македонска на албанска територија преку зелениот појас во близина на граничниот премин „Блато“ кај Дебар. -Во рамки на напорите за сузбивање на недозволена трговија, по неколкумесечна истрага и добиени информации по оперативен пат разбиена е уште една криминална група. Во акцијата уапсени се четири лица на возраст од 27 до 30 години, сите жители на Пешкопеја, одземено е возило со кое бил транспортиран добитокот и запленети 64 грла ситен и крупен добиток, стои во полициското соопштение. Се додава дека уапсените меѓусебно, откако го обезбедувале добитокот во Македонија, минувале на албанска територија преку зелениот појас кај Блато, прво го чувале во штали, а потоа го продавале за различни суми на пари. Во соработка со македонската полиција продолжува работата за идентификација на други лица инволвирани во оваа незаконска активност.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/razbiena-kriminalna-grupa-od-makedonija-nosele-dobitok-vo-albanija-za-da-go-prodavaat/feed/ 0
Приведен крадец од тетовско, украдениот добиток вратен на сопственикот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/priveden-kradec-od-tetovsko-ukradeniot-dobitok-vraten-na-sopstvenikot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/priveden-kradec-od-tetovsko-ukradeniot-dobitok-vraten-na-sopstvenikot/#respond Thu, 18 Aug 2022 10:02:42 +0000 https://kurir.mk/?p=720427

Полициски службеници на СВР Тетово вчера (17.08.2022) во 11.00 часот го лишиле од слобода 41-годишниот И.С. од тетовско Селце-Кеч. Тој два часа претходно од штала во тетовската населба Вонвардарска, сопственост на 48-годишниот А.С. од тетовска Мала Речица, поради претходни нерасчистени должничко-доверитeлски односи, противправно одзел повеќе грла добиток. Одземениот добиток е пронајдeн и вратен му е на сопственикот, а по документирање на случајот на И.С. ќе му биде изготвен соодветен поднесок.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/priveden-kradec-od-tetovsko-ukradeniot-dobitok-vraten-na-sopstvenikot/feed/ 0
Во „Мерцедес“ пронајдени повеќе грла добиток, ги превезувале две лица без документација https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/vo-mercedes-pronajdeni-povekje-grla-dobitok-gi-prevezuvale-dve-lica-bez-dokumentacija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/vo-mercedes-pronajdeni-povekje-grla-dobitok-gi-prevezuvale-dve-lica-bez-dokumentacija/#respond Thu, 23 Jun 2022 15:33:21 +0000 https://kurir.mk/?p=694757

На 21.06.2022 во 20:20 часот на патот Скопје – с.Танушевци, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Танушевци извршиле преглед на товарно возило „мерцедес’’ со скопски регистарски ознаки, управувано од Р.В. од с.Танушевци, а совозач бил Н.Р. од с.Визбегово. Притоа, во возилото биле пронајдени повеќе грла добиток кои ги превезувале без потребната документација. По консултација со Јавен обвинител случајот бил преземен од Агенцијата за храна и ветеринарство за понатамошно постапување. Возилото и добитокот биле одземени и по документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/vo-mercedes-pronajdeni-povekje-grla-dobitok-gi-prevezuvale-dve-lica-bez-dokumentacija/feed/ 0
Од Македонија во Албанија сакале нелегално да внесат стадо од 182 грла ситен добиток https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/od-makedonija-vo-albanija-sakale-nelegalno-da-vnesat-stado-od-182-grla-siten-dobitok/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/od-makedonija-vo-albanija-sakale-nelegalno-da-vnesat-stado-od-182-grla-siten-dobitok/#respond Sat, 30 Jan 2021 15:33:12 +0000 https://kurir.mk/?p=462014

На 29.01.2021 од страна на Пoлициска станица за Граничен премин и граничен надзор „Блато“, во соработка и заедничка акција со албански полициски органи спречено е криумчарење на ситен добиток. Имено, во 11.30 часот во непосредна близина на Граничен камен Е 16/2, на територијата на Република Македонија, биле забележани две лица кои се обидувале да прокриумчарат стадо од 182 грла ситен добиток преку државната граница од Република Македонија кон Република Албанија. Со заедничка акција со албанските полициски органи лицата се фатени и приведени, а добитокот бил обезбеден. Во консултација со Јавен обвинител од ОЈО  Дебар и Ветеринарен инспекторат во Дебар, по документирање на случајот ќе биде  поднесена соодветна пријава.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/od-makedonija-vo-albanija-sakale-nelegalno-da-vnesat-stado-od-182-grla-siten-dobitok/feed/ 0
Удри гром во штала, по што настанал пожар- изгорел целиот добиток https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/udri-grom-vo-shtala-po-shto-nastanal-pozar-izgorel-celiot-dobitok/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/udri-grom-vo-shtala-po-shto-nastanal-pozar-izgorel-celiot-dobitok/#respond Sun, 07 Jun 2020 08:38:23 +0000 https://kurir.mk/?p=354688

На 06.06.2020 околу 15,30 часот во СВР Битола било пријавено дека на место викано „Стрчин“ удрил гром во штала сопственост на Т.Е.(47) од Битола и настанал пожар при што шталата и добитокот кој бил во неа изгореле. Пожарот е изгаснат од противпожарната екипа од Битола. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Битола, информираат од МВР.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/udri-grom-vo-shtala-po-shto-nastanal-pozar-izgorel-celiot-dobitok/feed/ 0
Трипуновски: Зареди катастрофалните политики на СДСМ, фармери од виничко го преполовиле добитокот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tripunovski-zaredi-katastrofalnite-politiki-na-sdsm-farmeri-od-vinichko-go-prepolovile-dobitokot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tripunovski-zaredi-katastrofalnite-politiki-na-sdsm-farmeri-od-vinichko-go-prepolovile-dobitokot/#respond Wed, 12 Feb 2020 15:42:02 +0000 https://kurir.mk/?p=303030

Ја посетив фармата на браќата Влатко и Дејан во село Драгобраште, Виница. Заради катастрофалните политики на СДСМ Влатко и Дејан за само две години го преполовиле стадото овци, а доколку се продолжи во иста насока ќе бидат приморани да ја затворат фармата. После победата на ВМРО-ДПМНЕ на 12 април ќе работиме на подобрување на условите и ќе ги мотивираме младите земјоделци и сточари да останат во Македонија и да ги зголемуваат земјоделските површини, стадата и производството!, пишува дополнителниот заменик министер за земјоделие, шумарство и водостопанство. Цветан Трипуновски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tripunovski-zaredi-katastrofalnite-politiki-na-sdsm-farmeri-od-vinichko-go-prepolovile-dobitokot/feed/ 0
Обвинение за убиството во Мојанце, маж застрелан по кавга за место за напасување добиток https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/obvinenie-za-ubistvoto-vo-mojance-maz-zastrelan-po-kavga-za-mesto-za-napasuvanje-dobitok/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/obvinenie-za-ubistvoto-vo-mojance-maz-zastrelan-po-kavga-za-mesto-za-napasuvanje-dobitok/#respond Thu, 30 Jan 2020 08:21:32 +0000 https://kurir.mk/?p=296736

Основното јавно обвинителство Скопје, по спроведена истражна постапка, поднесе Обвинителен акт против едно лице за кривично дело – Убиство од чл. 123 ст.1 од Кривичниот законик. Обвинетиот, на 18.08.2019 година, во селото Мојанце, Арачиново, со употреба на огнено оружје со калибар од 7,62Х25мм, со умисла го лишил од живот оштетениот Зилбехар Ајвази. На критичниот ден, најпрвин дошло до вербална и физичка расправија меѓу братот на сега починатиот и таткото на обвинетиот, кои се расправале за местото за напасување на добитокот. Таткото на обвинетиот притоа се здобил со телесни повреди и за настанот ги известил своите синови. -Обвинетиот, заедно со уште едно непознато лице, со автомобил Фолксваген голф 3 се упатиле кон куќата на семејството Ајвази. Кога стигнале таму, обвинетиот преку отворениот прозорец на совозачкото седиште на автомобилот испукал два куршума во правец на сега починатиот Зилбехар и го погодил во десната страна на градниот кош, нанесувајќи му тешка телесна повреда – устрелна рана. Куршумот повредил повеќе витални органи. Оштетениот бил хоспитализиран во ЈЗУ „Св. Наум Охридски“– Скопје, каде му била извршена хируршка интервенција. На 09.09.2019 година настанало влошување на неговата општа состојба поради обилно крварење во стомачната празнина и оштетениот починал, информираат од Обвинителството. Поради опасност од бегство, надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави и Предлог за продолжување на мерката притвор за обвинетото лице. Притоа, обвинителот особено го ценеше фактот што непосредно по настанот осомничениот веднаш станал недостапен на органите на прогонот, по него била распишана потерница, а кога бил затекнат при претрес на неговиот дом, дал лажни податоци за сопствениот идентитет.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/obvinenie-za-ubistvoto-vo-mojance-maz-zastrelan-po-kavga-za-mesto-za-napasuvanje-dobitok/feed/ 0
Нов Зеланд ќе убие 150.000 грла добиток со цел искоренување опасна болест https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nov-zeland-kje-ubie-150-000-grla-dobitok-so-cel-iskorenuvanje-opasna-bolest/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nov-zeland-kje-ubie-150-000-grla-dobitok-so-cel-iskorenuvanje-opasna-bolest/#respond Mon, 28 May 2018 09:40:46 +0000 https://kurir.mk/?p=59176

 Во Нов Зеланд се подготвува убивање на околу 150.000 грла добиток со цел искоренување на болеста предизвиката од бактеријата Mycroplasma bovis. - Тоа е тешка одлука. Никој не сака да види масовно колење, изјави во понеделникот премиерката Јажинда Ардерн. Алтернатива за оваа одлука е да се дозволи инфективната болест да се прошири низ целата земји и да загрози десет милиони грла добиток  на повеќе од 20.000 фирми каде што се произведува месо и млечни производи. Убивањето на околу 126.000 грла добиток со 26.000 чие отстранување е во тек, ќе се случи  во текот на следните 24 месеци. Болеста првпат беше откриена во јули минатата година на фарма на јужниот остров и од тогаш се прошири на 37 фарми низ целата земја.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nov-zeland-kje-ubie-150-000-grla-dobitok-so-cel-iskorenuvanje-opasna-bolest/feed/ 0
За манипулации со земјоделски субвенции и за негрижа кон животни, шест лица кривично ќе одговараат https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/za-manipulacii-so-zemjodelski-subvencii-i-za-negriza-kon-zivotni-shest-lica-krivichno-kje-odgovaraat/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/za-manipulacii-so-zemjodelski-subvencii-i-za-negriza-kon-zivotni-shest-lica-krivichno-kje-odgovaraat/#respond Sun, 01 Apr 2018 09:56:02 +0000 https://kurir.mk/?p=34941

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Крива Паланка до Основното јавно обвинителство Крива Паланка поднесе кривична пријава против З.И.(54), С.М (53), Г.Г. (39), Г.Ѓ. (49), С.Ѓ.(74) и А.Ѓ. (22) поради постоење основи на сомнение дека првопријавениот сторил шест, второ и третопријавениот сториле по едно кривично дело -“злоупотреба на службената положба и овластување“ по член 353 став 5 (а вв став 1 и 3 од член 22 и член 45 од Кривичниот законик на Р.Македонија), додека, пак, четвртопријавениот, петопријавениот, шестопријавениот сториле кривични дела - “мачење животни“ по член 233 став 1 и 2 и - “предизвикување општа опасност“, по член 288 став 1 в.в. член 22 и член 45 од Кривичниот законик на Р.Македонија. Според документираните сознанија од истрагата, З.И. во својство на службено лице, ветеринар во Агенцијата за храна и ветеринарство при РМ,  подрачна единица - Крива Паланка, постапувајќи по претставка од граѓанин и Барање од месно население, во периодот од 2015 до 2017 година со искористување на својата службена положба и со неизвршување на својата службена должност противправно прибавил корист за физичките лица, иматели на одгледувалишта за крупен добиток  – Г.Ѓ, С.Ѓ и А.Ѓ во вкупен износ од 4.253.668 денари, за кој износ е оштетен Буџетот на РМ . Имено З.И., иако знаел дека трите одгледувалишта за крупен добиток (говеда) не ги исполнувале условите, согласно Законите за заштита и благосостојба на животните, за ветеринарно здравство и за безбедност на храната, сепак непревземал мерки за отстранување на недостатоците. Во одредени случаи кога вршел инспекциски надзор издавал записник и решенија за отстранување на неправилностите, но потоа не ја проверувал фактичата состојба на лице место, односно дали воопшто е постапено по решенијата издадени од него, ја запирал постапката на изјава, а во одредени случаи воопшто не издавал решенија со наложени мерки. Второпријавениот С.М., во својство на контролор во Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделието и руралниот развој – Скопје, и покрај тоа што констатирал недостатоци, не донел Решение со констатирани недостатоци и на тој начин му овозможил на Г.Ѓ да се стекне со противправна имотна корист од 190.400 денари, а по претходно поднесено Барање за директни плаќања од програмата за финансиска подршка во земјоделството. Исто така и Г.Г. во својство на службено лице - доктор по ветеринарна медицина во правното лице „Ветеринарна станица со лабораторија за лабораториско– клинички испитувања Станојко и други“ ДОО Крива Паланка, при земање на мостри за здравствена заштита на животните – (туберкулоза и бруцелоза) од одгледувалиштата на Г.Ѓ., С.Ѓ. и А.Ѓ. за правното лице противправно прибавил корист во износ од околу 107.328 денари и за тој износ го оштетил Буџетот на Република Македонија. Првопријавениот З.И. од своја страна ги потпишал изготвените фактури како да се уредни, иако според доставената документација за 2015, 2016 и 2017 година биле констатирани неправилности во одгледувалиштата. Пријавените, Г.Ѓ., С.Ѓ. и А.Ѓ., пак, регистрирале одгледувалишта за крупен добиток и земале субвенции, но не ги обезбедиле основните услови за држење и одгледување на добитокот. Имено, тие необезбедиле основни услови за заштита и благосотојба на животните, како што се: избегнување на штетни влијанија на надворешни фактори од животната средина, необезбедиле секојдневно вода за напојување со соодветен квалитет, како и храна со соодветна хранлива вредност. Покрај ова, тие како одгледувачи неoбезбедиле ни соодветни живеалишта и простор за сместување, како и опрема која ги исполнува минималните стандарди за заштита и благосостојба на животните. Токму поради таквите услови Г.Ѓ., С.Ѓ. и А.Ѓ. овозможиле стоката неконтролирано да се движи по магистралниот пат Крива Паланка – Граничен премин „Деве Баир“ и на тој начин го загрозувале патниот сообраќај доведувајќи ги во опасност учесниците во сообраќајот. Исто така, сточниот добиток неконтролирано и без надзор се движеле на подрачјето на неколку села и предизвикувале различни штети на месното население, кое во повеќе наврати пријавувало во Полициската станица Крива Паланка.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/za-manipulacii-so-zemjodelski-subvencii-i-za-negriza-kon-zivotni-shest-lica-krivichno-kje-odgovaraat/feed/ 0