добивка – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 30 Nov 2022 21:09:22 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png добивка – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 После долго време падна 7-ца на Лото! Среќниот добитник од Кичево освои вртоглава сума на пари https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/posle-dolgo-vreme-padna-7-ca-na-loto-srekjniot-dobitnik-od-kichevo-osvoi-vrtoglava-suma-na-pari/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/posle-dolgo-vreme-padna-7-ca-na-loto-srekjniot-dobitnik-od-kichevo-osvoi-vrtoglava-suma-na-pari/#respond Wed, 30 Nov 2022 21:06:44 +0000 https://kurir.mk/?p=769111

Вечерва се падна голема Лото добивка од 32.921.304 денари или над 500.000 евра на извлекувањето на среќните броеви. Добитната комбинација е 2, 10, 11, 12, 24, 36, 37, а лото ливчето било уплатено во објект „Детелинка“ во Кичево. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/posle-dolgo-vreme-padna-7-ca-na-loto-srekjniot-dobitnik-od-kichevo-osvoi-vrtoglava-suma-na-pari/feed/ 0
Освоил речиси 10 милиони евра на лото и не сака да остане анонимен: „Сите треба да знаат колку сум богат“ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/osvoil-rechisi-10-milioni-evra-na-loto-i-ne-saka-da-ostane-anonimen-site-treba-da-znaat-kolku-sum-bogat/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/osvoil-rechisi-10-milioni-evra-na-loto-i-ne-saka-da-ostane-anonimen-site-treba-da-znaat-kolku-sum-bogat/#respond Mon, 07 Nov 2022 14:49:58 +0000 https://kurir.mk/?p=756963

Во извлекувањето на лотаријата на 24-ти септември, 41-годишниот Курсат Ј. од Дортмунд освоил џекпот во износ од речиси 10 милиони евра. Добитното лото ливче го уплатил во квартот Нордштад на 22-ри септември. Чико, како што го нарекуваат пријателите, изјавил за медиумите дека заборавил на ливчето и го побарал откако во весниците прочитал дека е извлечен џекпот во износ од 9.927.511 евра. Добитните броеви ги споредил неговиот најдобар пријател, а потоа му се јавил и му кажал: „Вдиши длабоко. Ти не си милионер, ти си мултимилионер“. „Веднаш отидов кај родителите и им кажав за неверојатната добивка. Едвај дишев, врескав од среќа додека трчав по улиците. Сите мислеа дека сум луд. Дома плачев. Ѝ кажав на мајка ми: ‘Мамо, ние сме богати’“. Курсат изјавил дека на 12 години ја напуштил Турција со родителите и дошол во Германија. Кога пораснал, го изучувал занаетот во „ThyssenKrupp AG“, германски конгломерат познат по производството на автомобилски делови. „Во еден момент се оттргнав од вистинскиот пат, западнав во долгови и со години играв лотарија. Добивав, но и губев илјадници евра. Бев црна овца во семејството“, изјавил Курсат. Кога ги добил парите од лотаријата, си дал отказ на работа и купил „Ferrari“, „Porsche“, скапоцен часовник и станал сопственик на своето омилено кафуле. Лотаријата редовно ги предупредува добитниците да не зборуваат за своите добивки, но Курсат не се грижи за тоа. „Сите треба да знаат колку сум богат“, вели тој.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/osvoil-rechisi-10-milioni-evra-na-loto-i-ne-saka-da-ostane-anonimen-site-treba-da-znaat-kolku-sum-bogat/feed/ 0
Американец на лото доби над 1,3 милијарди долари https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amerikanec-na-loto-dobi-nad-1-3-milijardi-dolari/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amerikanec-na-loto-dobi-nad-1-3-milijardi-dolari/#respond Sun, 31 Jul 2022 14:01:45 +0000 https://kurir.mk/?p=712241

Шесте магични бројки на лотото „Мега милиионс“ овојпат, за разлика од претходните извлекувања, беа погодени, со една од најголемите награди во историјата на САД во висина од 1,3 милијарди долари. Синоќа се дозна дека добитното ливче е извлечено во сојузната држава Илионис, идентитетот на среќникот не е утврден. Добитникот може да ќари неколку стотици милиони долари во готовина за погодените шест бројки – 13, 36, 45, 57, 67 и 14 што беа извлечени во петокот доцна навечер. Сумата од 1,3 милијарди долари е вкупната сума доколку победникот избере да ја добива на рати еднаш годишно во текот на 30 години. Според пресметките на „Мега Милиоинс“ ако добитникот одлучи да ја земе сумата во готовина, тогаш паушалот би изнесувал 780 милиони долари, при што голем дел од средствата ќе бидат исплатени за даноци. Ова е трета по големина награда во историјата на лотото во САД. Првата беше извлечена во 2016 година во друга национална лотарија – „Пауер бал“, кога 1,8 милијарди долари беа поделени меѓу тројца добитници. Втората по големина, повторно кај „Мега милионс“, беше извлечена во 2018 година, со само еден победник кој тогаш ќари 1.5 милијарди долари. Во последното извлекување имаше и неколку погодоци на пет бројки, сопствениците на тие ливчиња добиваат по еден или два милиони долари за секој, зависно од тоа каква игра избрале. Интересно е тоа што околу половина милион долари добива и продавницата каде се продало главното ливче, овојпат тоа бензинска станица во Дес Плејн, Илионис. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amerikanec-na-loto-dobi-nad-1-3-milijardi-dolari/feed/ 0
Радосна вест за тие што скенираат сметки, „Мој ДДВ“ ќе носи поголема добивка https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/radosna-vest-za-tie-shto-skeniraat-smetki-moj-ddv-kje-nosi-pogolema-dobivka/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/radosna-vest-za-tie-shto-skeniraat-smetki-moj-ddv-kje-nosi-pogolema-dobivka/#respond Fri, 01 Jul 2022 10:05:44 +0000 https://kurir.mk/?p=698298

Во координација со министерот за финансии во наредниот период ќе поднесеме предлог за измена на Законот за поврат на ДДВ за физички лица, најави директорката на Управата за јавни приходи (УЈП), Сања Лукаревска на денешната прес-конференција. „Мерката „Мој ДДВ“ го слави третиот роденден. Со повратот на дел од данокот на додадена вредност, кај граѓаните вративме 4,2 милијарди денари. Измената на Законот е со цел од 1 јануари во 2023 година, да се зголеми лимитот на поврат на ДДВ. Граѓаните наместо 1.800 денари за тримесечје, да можат да добијат максимални 2.100 денари за скенираните сметки преку апликацијата „Мој ДДВ“. Со ова даваме дополнителен стимул и кај граѓаните и кај компаниите“, објасни Лукаревска. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/radosna-vest-za-tie-shto-skeniraat-smetki-moj-ddv-kje-nosi-pogolema-dobivka/feed/ 0
Британец на лотарија освоил неверојатни 130 милиони евра https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/britanec-na-lotarija-osvoil-neverojatni-130-milioni-evra/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/britanec-na-lotarija-osvoil-neverojatni-130-milioni-evra/#respond Sun, 06 Feb 2022 17:59:28 +0000 https://kurir.mk/?p=627788

Британец освоил 130 милиони евра од лотаријата EuroMillions, пишува Дејли Стар. Името на среќниот добитник се уште не е откриено, но познато е дека тој ги погодил петочните добитни броеви 3, 25, 38, 43, 49 и Lucky Stars 03, 07. Самиот лоз чини 2,5 евра. Победникот ќе може да ги повлече средствата во рок од шест месеци. Лотаријата EuroMillions се игра во Франција, Шпанија, Обединетото Кралство, Луксембург, Белгија, Швајцарија, како и Португалија, Ирска и Австрија. Добивката се оданочува само во Швајцарија. Претходно, жител на Велика Британија освои два милиони фунти на лотарија и веднаш ја напушти работата во фабриката. Иан Блек (61) се враќал дома од ноќна смена во фабрика и застанал во продавница за да купи весник. Во исто време, тој купил лото тикет на билетарницата. Хартијата му донесе на човекот голема сума со многу нули.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/britanec-na-lotarija-osvoil-neverojatni-130-milioni-evra/feed/ 0
„Макпетрол“ со добивка од речиси 20 милиони евра во првите три квартали од годината https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/makpetrol-so-dobivka-od-rechisi-20-milioni-evra-vo-prvite-tri-kvartali-od-godinata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/makpetrol-so-dobivka-od-rechisi-20-milioni-evra-vo-prvite-tri-kvartali-od-godinata/#respond Mon, 29 Nov 2021 11:48:10 +0000 https://kurir.mk/?p=601434

Акционерското друштво „Макпетрол“ од Скопје во периодот од први јануари до 30 септември 2021 година оствари добивка по оданочување од 1.227,6 милиони денари, односно речиси 20 милиони евра. Ова претставува неколкукратно зголемување споредено со истиот период лани, кога профитот беше 231,2 милиони денари или околу четири милиони евра. Зголемувањето на добивката во најголем дел е резултат на продажбата на акцијата во ГА-МА АД која се реализира на 25 август годинава преку „Македонската берза на хартии од вредност“. Со средствата од продажбата значително се подобри солвентноста на компанијата и се обезбеди значителен фонд за нови инвестиции.
 - „Макпетрол“ оствари извонредно позитивен резултат што покажува дека Друштвото е во одлична состојба со очекувања истата и во следниот период да биде подобрена. Покрај добивката од продажбата на акцијата во ГА-МА, Друштвото оствари добивка од 8 милиони евра од своето редовно работење во првите три квартали од 2021 година, која е скоро дуплирана во споредба со 2020 година. Резултатите јасно покажуваат дека Друштвото успешно ја задржува својата лидерска позиција на пазарот и работи рентабилно во услови на пандемија, со тенденција на достигнување на пред-пандемските нивоа. „Макпетрол“ и во иднина ќе работи на остварување на својата долгорочна развојна стратегија со што ќе придонесе во зајакнувањето на домашната економија - истакнуваат од компанијата.
Во текот на првите три квартали од 2021 година „Макпетрол“ го продолжи силниот инвестициски циклус и вложи преку 210 милиони денари или 3,4 милиони евра, како во реконструкција така и во изградба на нови малопродажни и големопродажни објекти. Како општествено одговорна компанија, „Макпетрол“ во текот на 2021 година продолжи да ги подржува иницијативите кои ја зајакнуваат заедницата преку донации. Како најзначајни може да се издвојат донираните 1.000 таблет-уреди во вредност од шест милиони денари за учениците во основните училишта ширум државата, како и 1,5 милиони денари во гориво за екипите кои пожртвувано ги гаснеа пожарите во летниот период. Континуираниот успех на компанијата и задржувањето на лидерската позиција децении наназад е резултат на посветеноста на вработените, кои се основната сила на „Макпетрол“. Компанијата постојано инвестира во развојот на своите вработени, како и во обезбедувањето на безбедни и здрави услови за работа. За своите заложби и инвестиции во здравјето и безбедноста на вработените, компанијата во 2021 година доби и две награди во рамки на повикот „Добри практики во областа на БЗР во 2020 година“. Дополнително, во јули 2021 година, со одлука на Управниот Одбор, компанијата исплати регрес за годишен одмор во нето-висина од 30.000 денари, што е повисоко и од просечната исплатена нето-плата во државата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/makpetrol-so-dobivka-od-rechisi-20-milioni-evra-vo-prvite-tri-kvartali-od-godinata/feed/ 0
Добивки се нижат на хуманитарните тикети од MOZZART – Стигна помош во Битола https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/dobivki-se-nizat-na-humanitarnite-tiketi-od-mozzart-stigna-pomosh-vo-bitola/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/dobivki-se-nizat-na-humanitarnite-tiketi-od-mozzart-stigna-pomosh-vo-bitola/#respond Thu, 30 Sep 2021 11:30:41 +0000 https://kurir.mk/?p=570689

Две донации за Скопје, една за Тетово, па две за Битола! Хуманите типувачи продолжуваат да нижат добитни тикети во акцијата на MOZZART – Хуманитарен тикет за викенд, а по Домот за деца без родители и ЈЗУ Клиника за детски болести во главниот град, помошта стигна и во Домот за доенчиња и мали деца во Битола. Добивката од 24.611 денари, македонскиот е-репрезентативец Давид Гаревски имаше желба да ја насочи токму во оваа установа. Претставниците на компанијата MOZZART го посетија Домот и врачија техничка опрема на лицата кои секојдневно се трудат на најмладите да им обезбедат љубов, нега, едукација и сите услови за правилен развој.
„Од исклучителна важност ни е секоја помош насочена во оваа установа, посветена на најмалите дечиња и доенчиња. Голема благодарност до компанија Mozzart за оваа донација, како и до типувачот Давид Гаревски, кој добивката од тикетот ја насочи во хуманитарни цели токму кај нас.” – изјави директорката на домот, Елена Николовска.
Во акцијата Хуманитарен тикет учествуваа многу познати спортисти и јавни личности, меѓу кои: Капитенот на македонската фудбалска репрезентација Горан Пандев, најдобриот македонски возач Игор Стефановски Иџе, водителката Лила Филиповска, ракометниот репрезентативец Филип Кузмановски и многу други.
„Акцијата Хуманитарен тикет за викенд се реализира повеќе од две години. До сега спортистите беа најуспешни, добитни тикети имаа фудбалерите Остоја Стјепановиќ и Благоја Тодоровски и ракометарот Филип Кузмановски. После Скопје и Тетово, нашата хуманитарна мисија ја продолживме во Битола, каде што ќе имаме и уште една донација. Музичарот Славчо Јовев оствари добивка, а помошта ќе биде насочена кон Заводот за рехабилитација за деца со оштетен слух, говор, глас и други попречености Кочо Рацин.” -изјави Мики Златески, менаџер за Корпоративни процеси во Mozzart.
Низ акцијата хуманитарен тикет за викенд до сега се собрани околу 250.000 денари кои компанијата MOZZART ги донираше во добротворни цели, а во текот на декември во месецот на хуманост, влоговите кои ги даваше компанијата за секоја недела беа загарантирана добивка. Вкупниот фонд од месецот на хуманост од 90.000 денари е уплатен во Ј.У. Детски дом „11 Октомври“ во Скопје.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/dobivki-se-nizat-na-humanitarnite-tiketi-od-mozzart-stigna-pomosh-vo-bitola/feed/ 0
ФОТО: Скопјанец ги олеснил “Sport Life” за сума од над 1,7 милиони денари! https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/foto-skopjanec-gi-olesnil-sport-life-za-suma-od-nad-1-7-milioni-denari/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/foto-skopjanec-gi-olesnil-sport-life-za-suma-od-nad-1-7-milioni-denari/#respond Tue, 09 Feb 2021 12:56:21 +0000 https://kurir.mk/?p=466260

Играч на “Sport Life” во Петровец – Скопје стана ДВОЕН милионер! Со еден феноменален тикет одигран два пати успеал и на двата тикета да се стекне со по еден милион денари. Е тоа се вика мајсторија, еве како… Тикетот од 10 натпревари со квоти од 1,82 до 2,60 го уплатил еднаш со 750 денари за погодок на сите 10 меча, а веднаш потоа истиот тикет го одиграл во систем - 8 од 10, за влог од 4.000 денари. И двата тикета биле со максимална добивка од милион денари и двата успеал да ги освои и да оствари двојна милионска добивка. Еве ги и „милионските“ погодоци – типувал на мечеви од англиската премиер лига и тоа за победата на Манчестер Сити против Ливерпул, за мечот помеѓу Манчестер Јунајтед и Евертон дека ќе паднат повеќе голови во второто полувреме, како и за победа на Челзи над Шефилд со 2-5 гола на мечот. Понатаму, играл точно и на шпанската лига – со тип 1&2-5 гола на Севилја – Хетафе, на Уеска – Реал Мадрид двојка со 2-5 гола, на Бетис – Барселона ГГ & 3+ и на Осасуна – Еибар дека домашните нема да загубат и дека на средбата ќе има барем два гола. Тикетот го завршил со два пара од Франција и еден од Германија. Тука погодил дека на мечот Ним – Монако двата тима ќе дадат гол, дека ќе паднат барем три гола и дека ПСЖ ќе слави во Марсеј во меч на кој ќе има 2-5 гола. За дуелот на Шалке и Лајпциг прогнозата е дека повеќе голови ќе паднат во вторите 45 минути. Интересно, како што прогнозирал немало ниту еден натпревар на кој требало да чека на разврска во последните минути на судиските продолженија, но затоа возбудата од милонските премии од Sport Life сигурно не била мала. Погледнете ги овие феноменални милионски тикети: ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/foto-skopjanec-gi-olesnil-sport-life-za-suma-od-nad-1-7-milioni-denari/feed/ 0
Американец по шести пат добива на лото, овој пат освоил 250 илјади долари https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/amerikanec-po-shesti-pat-dobiva-na-loto-ovoj-pat-osvoil-250-iljadi-dolari/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/amerikanec-po-shesti-pat-dobiva-na-loto-ovoj-pat-osvoil-250-iljadi-dolari/#respond Mon, 01 Feb 2021 07:49:39 +0000 https://kurir.mk/?p=462457

Брајан Мос од Меридијан, Ајдахо, САД, освои 250.000 американски долари во четвртокот, како што објави лотаријата во таа сојузна држава. Но, ова за него е шестата ваква добивка, и е најголема досега. Мос, кој е сопственик на продавницата „Њуко спорт и исхрана“, нагласи дека редовно игра лото затоа што знае дека тоа е во полза на училиштата во Ајдахо. Имено, дел од уплатата на Лотаријата во Ајдахо, од нејзиното основање оди во Постојаниот фонд за градежништво. Во историјата на оваа лотарија, досега издвоени се 961,5 милиони долари за колеџите и универзитетите во сојузната држава, објави Си-Ен-Ен. – Горд сум што помагам и ги поддржувам јавните училишта во Ајдахо, па искрено, затоа и играм лото, изјави Мос при подигнувањето на чекот. Тој исто така рече дека дел од парите ќе бидат искористени за школување на неговата ќерка.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/amerikanec-po-shesti-pat-dobiva-na-loto-ovoj-pat-osvoil-250-iljadi-dolari/feed/ 0
Јовановиќ: Владата под притисок го намали данокот за да не се намалува добивката на компаниите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/jovanovikj-vladata-pod-pritisok-go-namali-danokot-za-da-ne-se-namaluva-dobivkata-na-kompaniite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/jovanovikj-vladata-pod-pritisok-go-namali-danokot-za-da-ne-se-namaluva-dobivkata-na-kompaniite/#respond Thu, 07 Nov 2019 12:01:10 +0000 https://kurir.mk/?p=261254

Економскиот аналитичар и поранешен советник во министерството за финансии Бранимир Јовановиќ вчеравечер на телевизиско интервју на Алсат, а во однос на одложувањето на прогресивниот данок од страна на владата, истакна дека министерката за финасии Нина Ангеловска и вицепремиерот Кочо Анѓушев како дел од раководството на Стопанската комора на Македонија имале влијание и притисок од страна на компаниите за повлекување на данокот за да не им се намалува добивката. Во однос на причината за одложување на прогресивниот данок Јовановиќ вели дека бројките покажуваат дека во првите 9 месеци се собрани 27 милиони евра, повеќе отколку во првите 9 месеци претходната година. -Ние во првите 9 месеци сме собрале повеќе данок отколку што кажувавме дека ќе собереме преку цела година. Причината зошто министерската и целата влада се реши на ваков потег е што приходите се подобри отколку предвидено, односно ги оданочуваат фирмите повеќе од тоа што сакаат и не сакаат повеќе да се замеруваат со нив, вели Јовановиќ. Тој вели дека Тевдовски не бил сменет заради прогресивниот данок туку поради општата ситуација а прогресивецот е само дел од тие економски политики, затоа што оваа влада дојде на власт со ветување дека ќе ги смени економските политики кои ги водеа претходните влади напишана во програмата на СДСМ од страна на Мила Царовска и Драган Тевдовски, владата со негова смена од министерското место јавно даде сигнал дека не сака да го спроведе ветеното. Не постои директен начин да ги вратат тие пари, и не постои никаде таква пракса,но може владата да го направи тоа само со нов закон за враќање на пари и смета дека истиот би бил небулозен. Професорот исто посочи дека кога се правеле пресметките претходната година на удар на данокот беа поголемите компании не работниците, затоа што тие остваруваат големи плати и се оние големи компании коишто ја движат Стопанската комора во Македонија во чие што раководството биле министерката Ангеловска пред да биде министер и вицепремиерот Кочо Анѓушев, па можеби тука веројатно имало притисоци и влијание. -Тие големи компании преку Стопанската комора каде што тие се доминантни влијаеле врз довчерашните тимски колеги, соиграчи за да се врати рамниот данок, затоа што нивните компании ја намалиле добивката, истакнува Јовановиќ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/jovanovikj-vladata-pod-pritisok-go-namali-danokot-za-da-ne-se-namaluva-dobivkata-na-kompaniite/feed/ 0