добрососедство – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 03 May 2023 12:19:32 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png добрососедство – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Хил: Отворен Балкан е создавање на смисла за добрососедство https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/hil-otvoren-balkan-e-sozdavane-na-smisla-za-dobrososedstvo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/hil-otvoren-balkan-e-sozdavane-na-smisla-za-dobrososedstvo/#respond Wed, 03 May 2023 12:19:32 +0000 https://kurir.mk/?p=830130

Отворен Балкан е создавање на смисла за добрососедство. Тој прави границите да не разделуваат, туку да спојуваат и она што е важно за секоја регионална интеграција, особено во Западен Балкан е да се биде отворен, истакна Кристофер Хил, амбасадор на САД во Република Србија и поранешен американски амбасадор во Северна Македонија. На денешната конференција „Регионални безбедносни предизвици и неодамнешни случувања во земјите од Западен Балкан“ во организација на Претседателскиот центар за политичко образование, Хил посочи дека поентата на Отворен Балкан е да се креира чувство на заедништво и начин на функционирање со соседството. Според него, регионалната интеграција е важна, како и границите кои не ги делат луѓето, туку обединуваат. -Отворен Балкан создава добрососедство и го олеснува протокот на движење на границите. Поентата на иницијативата е да се создадат начини на соработка со соседите, истакна амбасадорот Хил, по што се осврна на дијалогот меѓу Србија и Косово, како и ситуацијата во Босна и Херцеговина, како најголеми регионални предизвици во моментов. На прашањето дали има надеж да се донесе американскиот оптимизам на Балканот, тој одговори дека смета оти имаме репутација за оптимизам. -Искрено, ако одите во САД може и да се соочите со некои други работи во тој дел. Но, искрено, бев тука во 1996 година и немаше многу причини да се чувствувате многу оптимистични, а видете што се случува во овој период, рече тој, дополнувајќи дека луѓето имаат свои очекувања, а кога ќе го подигнете нивото на очекувања, тогаш оптимизмот се намалува. Според Хил, доколку погледнеме што се случува во оваа земја во последните 30 години, како што рече „не може да бидете ништо друго, само оптимистичен“. Во делот со корупцијата и трговијата со наркотици, тој одговори дека тоа е проблем, но, како што рече, не е ексклузивен проблем само на Балканот, постои и во другите делови на светот. - Моето лично гледиште е дека граѓаните треба да ги сметаат лидерите за одговорни. Но, сметам дека фокусот треба да биде на институциите, рече тој. Хил смета дека раководството на Русија, како што рече, „ја однесе цивилизацијата во шумата“. -Ваквото раководство во Русија ја однесе цивилизацијата во шумата. Трагедија е што направија на Украина, огромна трагедија, но, исто така, огромна трагедија што самите си направија на себе. Мораме и кога ќе кажам ние, зборувам за САД и сојузниците, мора да бидеме победници, мора да бидеме јасни дека не смеете да го нападнете соседот и да им ги убивате децата на своите соседи, ова е многу емоционално. Но, една од оние работи што во животот не се соочуваме секоја година, но, има работи за кои што мора да бидеме на чисто и да бидеме подготвени да се справиме сè додека не надвладееме, рече тој. На настанот прашање во врска со кибер нападите му беше поставено и на министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, кој истакна дека што се однесува до безбедносната состојба, Северна Македонија има особено важна геостратешка позиција, а тогаш и безбедносните проблеми се сериозни. -Ние како МВР предупредувавме години наназад. Сега во нашата држава и регионот се случува тоа што се случуваше три години пред инвазијата на Русија врз Украина. Кибер заканите обзнанија дека институциите треба да се подготват. Имавме неколку месеци жестоки напади преку електронски закани токму во образованието, а засегнати беа сите во општеството, родителите, учениците, наставниците. Тоа беше сериозен предизвик, но, со меѓуинституционален одговор, соработка и комуникација со безбедносните служби, АНБ, АР, како и нови упатства и протоколи за сериозно дејствување против заканите, истите практично престанаа. Ова само укажува на хибридна војна во целиот регион, со лажни вести и обиди за рушење на перспективите на Република Северна Македонија во ЕУ, рече министерот Спасовски. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/hil-otvoren-balkan-e-sozdavane-na-smisla-za-dobrososedstvo/feed/ 0
Радев до Мицотакис: Договорот од Преспа и Договорот за пријателство да станат дел од преговарачката рамка на Македонија со ЕУ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/radev-do-micotakis-dogovorot-od-prespa-i-dogovorot-za-prijatelstvo-da-stanat-del-od-pregovarachkata-ramka-na-makedonija-so-eu/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/radev-do-micotakis-dogovorot-od-prespa-i-dogovorot-za-prijatelstvo-da-stanat-del-od-pregovarachkata-ramka-na-makedonija-so-eu/#respond Mon, 20 Dec 2021 15:18:59 +0000 https://kurir.mk/?p=610906

Бугарскиот претседател Румен Радев за време на разговорите со грчкиот премиер Киријакос Мицотакис во Софија повикал Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Бугарија и Република Македонија и Препсанскиот договор меѓу Грција и Македонија да бидат вклучени во преговарачката рамка за членство на Македонија во ЕУ, соопшти прес-центарот на бугарскиот претседател. Како што јави дописникот на МИА од Софија, заедничкиот став на двајцата бил дека европската интеграција на Република Македонија е во интерес на целиот регион, но процесот треба да се поврзе со почитување на европските вредности и преземените обврски во билатералните договори. Друга тема на која разговарале Радев и Мицотакис било унапредувањето на билатералната енергетска, транспортна и економска поврзаност меѓу Бугарија и Грција. Двајцата го поздравија обновувањето и понатамошниот развој на стратешкото партнерство меѓу Бугарија и Грција, кое го идентификуваа како клучно не само за нивните билатерални односи, туку и за стабилноста во регионот на Југоисточна Европа. Забрзувањето на процесот на изградба на гасниот интерконектор меѓу Бугарија и Грција е приоритет за двете земји, беше истакнато на средбата. Дополнителен позитивен ефект врз енергетската диверзификација меѓу Бугарија и Грција ќе биде лансирањето на терминалот за течен гас во близина на Александрополис што се очекува да се случи во 2023 година и во кој Бугарија поседува 20 проценти од акционерскиот капитал на компанијата што ќе го гради и управува. Софија и Атина сакаат да ја подобрат транспортната поврзаност, вклучително и преку отворање на нови гранични премини, што ќе придонесе Бугарија и Грција да имаат висок потенцијал и успешно да го развијат секторот за информатичка технологија во нивните економии, што создава поволни услови за продлабочување на билатералното партнерство, вклучително и на регионално ниво. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/radev-do-micotakis-dogovorot-od-prespa-i-dogovorot-za-prijatelstvo-da-stanat-del-od-pregovarachkata-ramka-na-makedonija-so-eu/feed/ 0