доцнење – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 01 Jul 2021 13:40:03 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png доцнење – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Ако ги имате овие лоши навики на работа – никој нема да ве толерира! https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/ako-gi-imate-ovie-loshi-naviki-na-rabota-nikoj-nema-da-ve-tolerira/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/ako-gi-imate-ovie-loshi-naviki-na-rabota-nikoj-nema-da-ve-tolerira/#respond Thu, 01 Jul 2021 13:40:03 +0000 https://kurir.mk/?p=530603

Иако поседувате одредено знаење и вештини за работата која ја вршите, сепак за некои работи нема да ве толерираат. Воедно, имајте предвид да не оставаат впечаток на непрофесионализам. Работното место, вашата работа, труд и залагање се клучни работи за добро вршење на секојдневни работни задачи. Ако ја занемарите било која работа која е во описот на вашето работно место, вашите способности и знаења можат да паднат комплетно во втор план. Овие навики се поврзуваат со непрофесионални личности, па ве советуваме што побргу да се ослободите од нив. Користење на мобилен телефон Целодневното користење на мобилниот и приватните разговори неретко се наоѓаат на списокот на забранети однесувања во бројни компании. Освен ако тоа не е поврзано со работа, ова однесување нема да му се допадне на ниту еден работодавец. Најдобро е да ги проверувате социјалните мрежи додека сте на работа само во итни случаи. Оговарање Ако сакате професионално да си ја вршите работата, како и тоа таква слика за вас да оставите пред колегите, држете се подалеку од сите врсти на оговарање. Трачарањето ја намалува продуктивноста, а имајте во предвид дека со тоа создавате и многу лоша работна атмосфера. Неуредно работно место Покрај тоа што оставате лоша слика за вас, неуредноста може да ви ја отежне концентрацијата. Неорганизираноста, односно расфрланите работи ќе ви одземат многу време, бидејќи постојано ќе морате да копате по работите за да го пронајдете она што ви е потребно. Занемарување на кодексот за облекување Многу компании си имаат свои правила за облекување. Ако е тоа случај и во вашата, тогаш дефинитивно треба да внимавате при изборот за тоа како ќе изгледате на работа. Невкусното облекување остава впечаток на непрофесионализам. Постојано доцнење Не постои личност на која не и се случило да задоцни на работа. Доцнењето е неизбежно, без разлика дали станува збор за сообраќајни гужви, лоши временски услови или некој приватен проблем кој мора хитно да биде решен. Сепак, постојаното доцнење спаѓа во лошите работни навики кои апсолутно и сметаат на сите ваши одговорни колеги, а посебно на работодавецот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/ako-gi-imate-ovie-loshi-naviki-na-rabota-nikoj-nema-da-ve-tolerira/feed/ 0
Филипче не чувствува одговорност за доцнењето на вакцините: Направивме сè за да обезбедиме https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/filipche-ne-chuvstvuva-odgovornost-za-docnenjeto-na-vakcinite-napravivme-se-za-da-obezbedime/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/filipche-ne-chuvstvuva-odgovornost-za-docnenjeto-na-vakcinite-napravivme-se-za-da-obezbedime/#respond Fri, 09 Apr 2021 19:01:17 +0000 https://kurir.mk/?p=495063

Министерот за здравство Венко Филипче не чувствува одговорност за доцнењето на вакцините затоа што од ноември интензивно се работи на нивна набавка и навремено било пристапено кон сите можни извори за да се обезбедат. Причината за доцнењето ја гледа во недоволното производство, големиот пласман во САД, со што се изјаловиле плановите од околу нова година кога и земјите од ЕУ не знаеле дека ќе немаат доволно вакцини за нивното население. – Навремено пристапивме кон сите можни извори за да обезбедиме вакцини – подоцна од очекувањата профункционира Ковакс – во кој многу повеќе верувавме да биде брз и ефикасен, но така беше во сите земји во севтот. Ппотоа во нашите директни разговори од производителите – едноставно луѓето велеа дека не се заинтересирани за нас. „Фајзер“ е контактиран уште на почетокот на ноември, првпат ни дадоа позитивен сигнал на крајот на декември, имаа и специфични барања. Потоа сите други за кои чекавме да завршат клиничките испитувања… Механизмот на ЕУ не профункцонира зашто и самите европски земји не добија онолку вакцини колку што сметаа дека треба да добијат. Голем проблем е се уште со достапноста поради недоволно производство, било каде во светот, освен Србија која е исклучок. Ние направивме буквално се, сите механизми и сите обиди. Работевме интензивно, секојдневна комуникација сите овие месеци, рече Филипче во „Само интервју“ на ТВ Канал 5. Оцени дека добро е поставен и функционира системот за вакцинација – постарите од 77 години примаат „Астра Зенека“ (пријавени на оваа возраст се околу 20 илјади), а граѓани од т.н. критична инфраструктура (околу 11 000-12 000) добиваат вакцина „Спутник“ и имунизацијата кај нив ќе заврши следната недела. Како ќе доаѓаат вакцини, рече Филипче, ќе се става акцент на постарите и ќе се намалува возрасната граница. -Вакцинирањето нема да порекине, има за следните три недели со „Астра Зенека“. Распоредите се прават за следни недела-две, за пунктовите низ земјата и во спортската сала. Сега се вакцинираат 3000-4000 дневно. Нашиот план е помеѓу 7000 и 10 000 на ден – седум илјади е оптимална бројка, а 10 000 со максимална оптовареност на системот. Тоа би било добра динамика. Апелирам да се пријават сите на сајтот вакцинајија.мк, така системот ќе ги генерира приоритетите по возраст и, евентуално, со коморбидитети. Битно е да се вакцинираат меѓу 60 и 70 отсто од населението, за да се постигне колективен имунитет. Како ќе се зголемува достапноста на вакцините, ќе се зголемува и опфатот на граѓани што ќе бидат имунизирани, истакна Филипче. Нагласи дека нема контраиндикација кај ниту една вакцина во однос на болести и сите се рзвиени на безбедни платформи. Само за „Астра Зенека“ бордот на ЕМА утврди поврзаност со тромботични ефекти кај помлади лица, веројатно, како што рече, поради хормоналната активност. Филипче повика дека треба да се вакцинира секој, без разлика дали има или нема антитела, а тие што прележеле КОВИД-19, по три до четири месеци од болеста. Дали треба да примат една или две дози, рече, варира од вакцина до вакцина. – Не се знае каква ќе биде иднината во однос на вакцината, дали ќе треба трета доза или ќе биде сезонска, но ова е единствен начин да се смени сликата на епидемијата. Аплелирам на масовна вакцинација, да престанат антикампањите зашто сериозно може да го нарушат процесот, додаде Филипче. Овој месец се очекуваат и вакцините од директниот договор со „Фајзер“ и целата количина на вакцините „Синофарм“ од Кина односно 200 илјади во една пратка. Во однос на тврдењата на опозицијата за земање провизија преку фантомска фирма во нивната набавка, Филипче повтори дека се работи за лажни и сериозни обвинувања. -Антикорупциска комисија нека ја заврши работата за обвинувањата и фабрикуваните вести. Не станува збор за никакви провизии, ништо нелегално. Документите со кои мавтаа се лажни. Ниту имало исплата, ниту релација со таква компанија. Жал ми е што покрај со пандемијата, се бориме и со лажни вести на опозицијата, рече Филипче. Појасни дека откако не добивале одговор од официјалното претставништво во Кина, ургирале преку овдешни кинески компании за да стапат во контакт со „Синофарм“, но МНР на Кина укажало дека преферираат официјални контакти што тие ќе ги препорачаат и затоа биле вратени парите од уплатата. За фејсбук-преписката со претседателот Стево Пендаровски по масовното вакцинирање на македонски граѓани во Србија, министерот за здравство одговори дека реагирал на тој начин зашто било направено се за да се набават вакцините, искористени биле сите механизми и, сепак, рече, веќе бил почнат процесот на вакцинација со задравствените работници што работат со ковид-пациенти. Смета и дека различни мислења се добредојдени и тоа е здраво за демократко општество. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/filipche-ne-chuvstvuva-odgovornost-za-docnenjeto-na-vakcinite-napravivme-se-za-da-obezbedime/feed/ 0
АстраЗенека најави доцнење на вакцините нарачани од ЕУ, од ЕК бараат стабилност во испораките на истите https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/astrazeneka-najavi-docnenje-na-vakcinite-narachani-od-eu-od-ek-baraat-stabilnost-vo-isporakite-na-istite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/astrazeneka-najavi-docnenje-na-vakcinite-narachani-od-eu-od-ek-baraat-stabilnost-vo-isporakite-na-istite/#respond Sat, 23 Jan 2021 10:55:04 +0000 https://kurir.mk/?p=458891

Европската комесарка за здравство Стела Киријакидес потврди дека претставници на фармацевтската компанија Астра Зенека најавиле доцнење во испораките на вакцините нарачани од ЕУ за првиот квартал на 2021 година. По тој повод, Киријакидес изрази незадоволство и од ЕУ и од земјите членки. – Инсистираме на прецизен план за испорака врз чија основа земјите-членки можат да ги испланираат своите кампањи за вакцинација, доколку вакцината добие дозвола за употреба, напиша Киријакидес на Твитер. Таа додаде дека Европската комисија во контактите со фармацевтската компанија АстраЗенека продолжува да инсистира на предвидливост и стабилноста на испораките на нарачаните вакцини, како и за забрзување на нивната дистрибуција. Европската агенција за лекови (ЕМА) на почетокот на годината објави дека до крајот на јануари треба да даде проценка за употребата на вакцината на АстраЗенка во ЕУ. Доколку добие позитивна оценка, АстраЗенека ќе стане третата компанија чии вакцини против Ковид-19 ќе бидат лиценцирани за употреба во ЕУ. До овој момент, потврда од ЕМА имаат вакцините на „Фајзер и Бионтек“ и „Модерна“. Минатата недела „Фајзер“ веќе најави доцнење во дистрибуцијата на своите вакцини наменети за ЕУ поради модификација на производствениот процес.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/astrazeneka-najavi-docnenje-na-vakcinite-narachani-od-eu-od-ek-baraat-stabilnost-vo-isporakite-na-istite/feed/ 0
Крајно време е да престанете: Совети за оние кои постојано доцнат! https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/krajno-vreme-e-da-prestanete-soveti-za-onie-koi-postojano-docnat/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/krajno-vreme-e-da-prestanete-soveti-za-onie-koi-postojano-docnat/#respond Mon, 27 Apr 2020 19:31:46 +0000 https://kurir.mk/?p=338301

Дали честопати се чувствувате како некаде да брзате и никогаш не стигнувате да ги завршите сите обврски коишто ги имате во текот на денот? Стручњаците велат дека основната грешка којашто ја правиме е во тоа што се однесуваме како да е проблемот во недостатокот од време, а не во самите нас. Како последица на тоа, го потценуваме времето кое нам ни е потребно за да завршиме некоја задача или пак, лажеме и закажуваме состанок во одредено време, иако сме потполно свесни дека нема да можеме да стигнеме. Еве што треба да направите доколку сакате да ја промените оваа лоша навика, за којашто сите луѓе околу вас ви замеруваат. 1. Го одложувате станувањето од кревет Доколку секое утро сте истоштени и спиете до последниот возможен момент кога сфаќате дека нема да имате време за да се подготвите, редно време е да почнете да планирате порано да си легнувате во кревет навечер. Голем број луѓе не спијат доволно часови во текот на ноќта, а недостатокот од сон навистина ја намалува вашата среќа и здравје. Не заборавајте, сонот е пред сѐ! 2. Веќе доцните, ама морате уште нешто да завршите Се обидувате да завршите барем уште една работа пред да излезете наутро од дома? Ова е уште една особина на луѓето коишто стално доцнат. Доколку секогаш се трудите да одговорите на уште еден имејл или да наполните уште една машина за перење пред да излезете и поради тоа секогаш доцните на работа или на предавања, има попаметно решение. Зададете си задача откако ќе пристигнете на вашата посакувана дестинација и потоа, откако ќе ви завршат дневните обврски, вратете се дома 10 минути порано. Кажете си себеси дека ви требаат токму тие 10 минути откако ќе пристигнете дома, за да ги разгледате тие брошури или сметки со кои планиравте да си го потрошите времето потребно за превоз сабајлето. 3. Го потценувате времето потребно за превоз? Можеби вие упорно си кажувате себеси дека ви се потребни 20 минути за да стигнете до работа, но во суштина се најмалку 35. Тоа е така бидејќи никогаш не го пресметувате времето коешто ви е потребно за да стигнете до автобуската станица, да го чекате автобусот којшто неретко доцни или сосема изумувате дека во колата немате бензин, па не ви ни паѓа на памет дека на бензинската станица можеби ќе има цел ред со други коли пред вас. За да не ви се случува ова и понатаму, од утре цело време гледајте на часовникот и измерете колку точно минути ви се потребни за да стигнете до посакуваната дестинација и додадете плус десетина минути, зашто честопати се случува да има гужви, протести или сообраќајки низ град. На тој начин ќе знаете точно во колку часот треба да излезете од дома, па ако го надминете тоа време, ќе знаете колку точно минути ќе доцните. 4. Каде ли ги оставивте клучевите, часовникот, телефонот, очилата за сонце? Нема нешто што повеќе оди на живци, од барањето изгубени предмети низ домот кога знаете дека веќе доцните. За да го избегнете овој проблем наутро, определете си место во домот каде што секогаш ќе ги оставате битните предмети, како на пример клучевите од автомобилот и секогаш оставајте ги од вечерта на истото место. Мобилните телефони честопати се губат низ домот, ама наместо да губите време барајќи го зад каучот, заѕвонете си од фиксниот телефон и проблемот е решен, а вие нема да задоцните и денес. 5. Си спремате сендвич за појадување? Најекономично, а и највкусно е секогаш домашно приготвеното јадење. Доколку честопати си спремате сендвичи за на работа од дома и затоа доцните, правете го тоа од вечер и чувајте го во фрижидер во затворено кесе, од кое убаво ќе го истиснете воздухот и ќе го затворите со ластиче. Утрото сендвичот ќе биде подеднакво свеж, како да е тукушто приготвен, а вие ќе бидете опуштени наутро и нема да ве фаќа хистерија од трчање низ домот. 6. Научете да ги трпите последиците Дури и ако сте од оние коишто постојано доцнат, сепак мора да признаете дека ќе стигнете навреме доколку станува збор за важни, неодложни обврски. Така на пример, нема да си ја местите фризурата пред огледало повеќе отколку што ви дозволува времето, кога треба да одите да го фатите летот на аеродром, зашто сте свесни дека авионот нема да ве чека вас. А има ли нешто полошо од тоа да задоцните на интервју за работа? Така треба да ги третирате и обврските и луѓето коишто ве чекаат да пристигнете во точно договореното време. Следен пат кога ќе задоцните, ставете 50 денари во касичката за пари и тоа правете го секојпат кога нема да стигнете навреме.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/krajno-vreme-e-da-prestanete-soveti-za-onie-koi-postojano-docnat/feed/ 0
Доцни платата на вработените во образованието https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/docni-platata-na-vrabotenite-vo-obrazovanieto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/docni-platata-na-vrabotenite-vo-obrazovanieto/#respond Wed, 15 Apr 2020 14:51:45 +0000 https://kurir.mk/?p=332735

Независниот синдикат за образование и наука (НСОН) бара итно да им биде исплатена платата за март на вработените во основното и средното обрзование. – И покрај вонредните напори кои ги вложуваме, и покрај законската обврска за исплата на плати најдоцна до 10 идниот месец, иако во очи на големи верски празници (според христијанскиот и според исламскиот верски календар) на вработените во образование сè уште не им е исплатена плата за март, се вели во соопштението од НСОН.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/docni-platata-na-vrabotenite-vo-obrazovanieto/feed/ 0
На овие хороскопски знаци доцнењето им е во крвта https://arhiva.kurir.mk/magazin/horoskop/na-ovie-horoskopski-znaci-docnenjeto-im-e-vo-krvta/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/horoskop/na-ovie-horoskopski-znaci-docnenjeto-im-e-vo-krvta/#respond Wed, 30 Jan 2019 11:59:07 +0000 https://kurir.mk/?p=158230

Доцнењето може многу да ги налути оние кои вечно чекаат, но одредени луѓе едноставни не можат да си помогнат. Дали се неорганизирани, не знаат да проценат колку време имаат или се толку опуштени што не им е важно дали другите чекаат? Можеби нивното доцнење е поврзано и со хороскопскиот знак во кој се родени? Лав Секогаш доцнат и не го прават тоа намерно. Припадниците на овој знак цврсто решаваат да тргнат од дома на време, но тоа едноставно никогаш не им успева. Имено, секогаш им паѓаат на памет уште илјада ситници што мора да ги завршат пред да излезат. Близнаци Кога се во добро друштво, Близнаците често забораваат на времето. Може да им се случи предоцна да погледнат во часовникот и тогаш забележуваат дека пред половина час требало да бидат на некое друго место. Овен Календарот на Овните секогаш е преполн. Па затоа, често им се случува термините да им бидат малку преклопени. Секогаш се во брзање и секогаш може да очекувате дека ќе задоцнат малку. Рак И Раковите постојано доцнат. За разлика од Овните, луѓето родени во знакот Рак не запишуваат термини во календар. За жал, тие едноставно забораваат дека се договориле или предоцна им текнува на тоа. Исто така, многу често има се случува и да задоцнат на важен состанок.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/horoskop/na-ovie-horoskopski-znaci-docnenjeto-im-e-vo-krvta/feed/ 0
Доцни отворањето на истанбулскиот аеродром https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/docni-otvoranjeto-na-istanbulskiot-aerodrom/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/docni-otvoranjeto-na-istanbulskiot-aerodrom/#respond Sat, 13 Oct 2018 13:44:24 +0000 https://kurir.mk/?p=114517

Новиот истанбулски аеродром нема да биде отворен до крајот на годинава, изјави директорот на аеродромот Кадри Самсунлу. Првично беше планирано аеродромот, чиј капацитет би требало да биде околу 90 милиони патници годишно, да биде отворен на 29 октомври, на денот на прогласувањето на Турската република. Самсунлу рече дека тој ден аеродромот само делумно ќе биде отворен. - Големото преселување од аеродромот „Ататурк“ го одложивме за 31 декември, рече Самсунлу.(МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/docni-otvoranjeto-na-istanbulskiot-aerodrom/feed/ 0