додаток – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 15 Jul 2023 13:00:33 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png додаток – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Во Србија зголемен е додатокот за родено прво дете на 3.122 евра, за трето- 16.600 евра https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-srbija-zgolemen-e-dodatokot-za-rodeno-prvo-dete-na-3-122-evra-za-treto-16-600-evra/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-srbija-zgolemen-e-dodatokot-za-rodeno-prvo-dete-na-3-122-evra-za-treto-16-600-evra/#respond Sat, 15 Jul 2023 13:00:33 +0000 https://kurir.mk/?p=856928

Во Србија од 1 јули родителскиот додаток за раѓање прво дете ќе изнесува 366.122 динари (3.122 евра), соопшти денеска Министерството за семејна грижа и демографија. Родителскиот додаток за второ дете, што се плаќа на 24 рати, сега изнесува 324.772 динари, за трето дете што се плаќа на 120 рати е 1.948.632 динари (16.600 евра), а за четврто дете е 2.922.948 динари на 120 рати, се наведува во соопштението на српското министерство. Еднократната помош за раѓање на второ и трето дете за деца родени на 1 јули годинава и подоцна изнесува 122.040 динари (1.000 евра), додека паушалот за набавка на опрема за детето е 6.766 динари, се наведува во соопштението.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-srbija-zgolemen-e-dodatokot-za-rodeno-prvo-dete-na-3-122-evra-za-treto-16-600-evra/feed/ 0
Се зголемуваа висината на правото на посебен додаток за 15 отсто за сите корисници https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-zgolemuvaa-visinata-na-pravoto-na-poseben-dodatok-za-15-otsto-za-site-korisnici/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-zgolemuvaa-visinata-na-pravoto-na-poseben-dodatok-za-15-otsto-za-site-korisnici/#respond Thu, 03 Nov 2022 15:18:15 +0000 https://kurir.mk/?p=755307

Министерството за труд и социјална политика известува дека на денешната седница на Собранието пратениците ги изгласаа измените на законите за детска заштита и за социјална заштита. – Со Законот за заштита на децата се уредува правото на посебен додаток, кој го има еден од родителите на детето, старател или лице на кое со решение на надлежниот центар за социјална работа му е доверено детето и живее самостојно со него до навршени 26 години. Соочувајќи се со покачувањето на трошоците за живот Министерството за труд и социјална политика ги предложи измените на Законот за детска заштита. Со нив се предвидува зголемување на висината на посебниот додаток за 15 отсто, за сите три подвидови на корисници со цел подобрување на финансиската состојба на корисниците на правото на посебен додаток. На седницата беа изгласани и измените на Законот за социјална заштита. Целта на измените, велат од Министерството, е да се овозможи родител кој има дете со попреченост да користи траен надоместок на порана возраст. Исто така, се предвидува во корисниците на лична асистенција да бидат опфатени и лица со комбинирана попреченост. Согласно донесените измени се намалува возрасната граница кај правото за траен надоместок за родители кои до 26-тата година се грижеле за дете со попреченост без да биде згрижено во институција, односно намалувањето е од 62 на 60 години за жени и од 64 на 62 години за мажи. Додека во услугата за лична асистенција која опфаќа индивидуална помош и поддршка за лица од 18 до 65 годишна возраст се вклучуваат и лицата со комбинирани пречки.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-zgolemuvaa-visinata-na-pravoto-na-poseben-dodatok-za-15-otsto-za-site-korisnici/feed/ 0
Кога нема проекти Заев почна со поткуп -30% повеќе пари за државните институции https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/koga-nema-proekti-zaev-pochna-so-potkup-30-povekje-pari-za-drzavnite-institucii/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/koga-nema-proekti-zaev-pochna-so-potkup-30-povekje-pari-za-drzavnite-institucii/#respond Mon, 09 Aug 2021 10:42:32 +0000 https://kurir.mk/?p=548290

Јавноста секојдневно е сведок на неспособната власт и нејзиното справување во секоја област во нашето општество, почнувајќи од коронавирусот, па се до пожарите кои беснеат со денови во нашата земја. И додека граѓаните чекаат конкретни проекти од владата на чие чело е Зоран Заев со години наназад, тој речиси и да нема мрднато со прст. Единствено за што мрднал со прст Заев овие денови е поткупот кој започна да го прави во државните институции со давањето на 30 проценти додаток на плата. Дел од тие институции се следниве: Буџетските корисници во кои се утврдува додатокот на плата за вработените од член 2 од оваа уредба, се: 1) Министерство за одбрана; 2) Министерство за внатрешни работи; 3) Министерство за правда; 4) Министерство за политички систем и односи меѓу заедниците; 5) Министерство за надворешни работи; 6) Министерство за финансии; 7) Министерство за економија; 8) Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство; 9) Министерство за здравство; 10) Министерство за образование и наука; 11) Министерство за труд и социјална политика; 12) Министерство за локална самоуправа; 13) Министерство за култура; Службен весник на РСМ, бр. 180 од 5.8.2021 година 2 од 4 14) Министерство за информатичко општество и администрација; 15) Министерство за транспорт и врски; 16) Министерство за животна средина и просторно планирање; 17) Влада на Република Северна Македонија; 18) Секретаријат за европски прашања; 19) Секретаријат за законодавство; 20) Државен завод за ревизија; 21) Служба за општи и заеднички работи на Владата на Република Северна Македонија. Целиот документ е во продолжение: ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/koga-nema-proekti-zaev-pochna-so-potkup-30-povekje-pari-za-drzavnite-institucii/feed/ 0
СОНК најавија штрајк во основните училишта доколку не им се исплати додатокот за зголемен обем на работа на наставниците https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sonk-najavija-shtrajk-vo-osnovnite-uchilishta-dokolku-ne-im-se-isplati-dodatokot-za-zgolemen-obem-na-rabota-na-nastavnicite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sonk-najavija-shtrajk-vo-osnovnite-uchilishta-dokolku-ne-im-se-isplati-dodatokot-za-zgolemen-obem-na-rabota-na-nastavnicite/#respond Thu, 27 May 2021 10:47:44 +0000 https://kurir.mk/?p=515613

Неисплаќање на дополнителни средства за зголемен обем на работа на работниците во основното образование е можна причина одреден број на основни училишта во државата да стапат во штрајк. Претседателот на СОНК, Јоаким Неделков, на денешната прес конференција истакна дека за жал институциите на системот не го препознаа зголемениот обем на работа на наставниците во време на пандемија и игнорантски се однесуват кон нив и потребата за исплаќања на овој додаток на плата. – Во Куманово едно училиште има донесено одлука, директорот е информиран писмено за донесената одлука. Веројатно денеска или утре и другите училишта во Куманово и кумановско ќе донесат таква одлука. И во другите училишта ширум Македонија ќе постапат согласно нашите препораки и примерот од Куманово. Се работи за околу 50 училишта на национално ниво, тоа не значи дека се 50 општини, туку во една општина има повеќе училишта. Ова е лош пример на функционирање на правен систем, на правна држава, рече Неделков. Тој апелираше до сите локални самоуправи, училишта и МОН да најдат што побрзо решение за настанатиот проблем, во спротивно учебната година во голем дел на училишта нема да заврши. – Се до исплаќање на овие средства нема да се изготвува педагошка документација, сведителства и тн. Тоа што им следи на наставните што го работеле прекувремено ќе мора да го добијат. На таков начин ќе биде задоволена правдата, изјави Неделков. Воедно тој обајсни дека во период на пандемија се донесе нов план за реализација на наставата во основните и средните училишта по протоколи за заштита на работниците. Согласно протоколите и планот на работа сите паралелки кои броеја поголем број на ученици се делеа на две групи, односно работа група (паралелка) не може да биде поголема од 15 ученици. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sonk-najavija-shtrajk-vo-osnovnite-uchilishta-dokolku-ne-im-se-isplati-dodatokot-za-zgolemen-obem-na-rabota-na-nastavnicite/feed/ 0
Синдикатот на полиција во Македонија за вработените бара додаток за борба против коронавирусот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sindikatot-na-policija-vo-makedonija-za-vrabotenite-bara-dodatok-za-borba-protiv-koronavirusot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sindikatot-na-policija-vo-makedonija-za-vrabotenite-bara-dodatok-za-borba-protiv-koronavirusot/#respond Thu, 22 Oct 2020 10:40:05 +0000 https://kurir.mk/?p=419382

Синдикатот на полиција во Македонија од Владата и од министерот Оливер Спасовски бара да воведат додаток за вработените во полицијата за борба против коронавирусот, бидејќи, како што посочуваат оттаму секојдневно се изложени на висок ризик од зараза. -Вработените во полицијата секојдневно се изложени на висок ризик од зараза поради контактите со голем број луѓе. Тука ќе наброиме секојдневна посета на сите граѓани кои се во изолација кои се контролираат дали ги почитуваат мерките, секојдневните контроли на пунктовите, сложените задачи кои ги извршуваат работниците на специјалните единици во полицијата. Тоа е така затоа што работниците во Полицијата покрај медицинскиот персонал се најекспонираните на теренот при справување со кризата, велат од Синдикатот. Бараат уште на наредната седница на Владата повторно да се преиспита нивното барање за исплата на сума од 15.000 денари, колку што предлагаат тие или 25.000 денари колку што предлага друг синдикат во МВР, како морална сатисфакција за својот труд кој секојдневно го вложуваат на терен. -Сметаме дека во досегашното работење оваа грешка е ненамерно направена и веќе на наредната владина седница грешката ќе биде исправена, велат од Синдикатот на полиција во Македонија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sindikatot-na-policija-vo-makedonija-za-vrabotenite-bara-dodatok-za-borba-protiv-koronavirusot/feed/ 0
Само најсиромашните ќе примаат додаток за трето дете, на сите други им се укинува правото https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/samo-najsiromashnite-kje-primaat-dodatok-za-treto-dete-na-site-drugi-im-se-ukinuva-pravoto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/samo-najsiromashnite-kje-primaat-dodatok-za-treto-dete-na-site-drugi-im-se-ukinuva-pravoto/#respond Sun, 26 May 2019 12:05:57 +0000 https://kurir.mk/?p=202165

Додатокот за трето дете ќе го примаат само оние кои имаат малку, а тоа е до вкупен приход од 12.000 денари или до минималната плата во семејството, истакна денеска министерката за труд и социјалната политика Мила Царовска.
Таа посочи дека додатокот за трето дете го примаа сите и оние кои имаат многу и оние кои имаа најмногу и оние кои немаат ништо. -Сега додатокот за трето дете ќе го примаат само оние кои имаат малку, а тоа е до вкупен приход од 12.000 денари или до минималната плата во семејството. Значи ако во семејството имаат приходи до 12.000 денари тие ќе можат да го остварат правото на трето дете како што беше и во претходниот закон, а тоа е во наредните 10 години да примаат надоместок од 8.000 денари за секое трето родено дете. Што значи третото дете ќе го поддржиме и ќе платиме тоа да има поквалитен живот, но само за најсиромашните. Сите останати нема да можат да го остварат тоа право. Еднократната исплата за прво дете си останува во законот како што беше во првичното решение и за второ дете исто така даваме надоместок, рече Царовска, одговарајќи на новинарско прашање по прес-конференцијата за имплементацијата на социјалната реформа.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/samo-najsiromashnite-kje-primaat-dodatok-za-treto-dete-na-site-drugi-im-se-ukinuva-pravoto/feed/ 0