доделување оскари – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 02 Apr 2022 08:02:10 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png доделување оскари – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Вил Смит се откажа од членството во Филмската академија, повеќе нема да гласа за Оскарите https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/vil-smit-se-otkaza-od-chlenstvoto-vo-filmskata-akademija-povekje-nema-da-glasa-za-oskarite/ https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/vil-smit-se-otkaza-od-chlenstvoto-vo-filmskata-akademija-povekje-nema-da-glasa-za-oskarite/#respond Sat, 02 Apr 2022 08:02:10 +0000 https://kurir.mk/?p=657263

Американскиот актер Вил Смит поднесе оставка од членството во Американската академија за доделување на Оскар, откако на минатонеделната церемонија на сцената му удри шлаканица на комичарот Крис Рок. - Моите постапки на 94. доделување на Оскарите беа шокантни, болни и непростливи, рече тој во изјавата. Академијата за филмски уметности и науки објави дека ја прифатила неговата оставка, но и дека ќе ја продолжи дисциплинската постапка против Смит. Смит му удри шлаканица на Рок затоа што се пошегува со избричената глава на неговата сопруга, која е последица на алопеција - состојба која предизвикува опаѓање на косата. Неполн час подоцна, тој доби Оскар за најдобар актер за улогата во филмот „Кралот Ричард“, во кој го толкуваше ликот на таткото на американските тениски ѕвезди Венус и Серена Вилијамс. - Списокот на оние што ги повредив е долг и го вклучува Крис, неговото семејство, многу мои драги пријатели и најблиски, сите присутни и гледачи ширум светот, рече Смит. - Ја изневерив довербата на Академијата. На другите номинирани и победници им ја одзедов можноста да слават и да бидат прославени за нивната извонредна работа. - Срцето ми е скршено, напиша тој. Актерот рече дека сака да „обрнува внимание на оние кои тоа го заслужуваат за нивните достигнувања“. Тој заклучи дека „за промената е потребно време“ и е посветен да работи за да обезбеди „никогаш повеќе да не дозволи насилството да надвладее над разумот“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/vil-smit-se-otkaza-od-chlenstvoto-vo-filmskata-akademija-povekje-nema-da-glasa-za-oskarite/feed/ 0
Доделувањето на оскари оваа година на поразличен начин https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/dodeluvanjeto-na-oskari-ovaa-godina-na-porazlichen-nachin/ https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/dodeluvanjeto-na-oskari-ovaa-godina-na-porazlichen-nachin/#respond Thu, 11 Feb 2021 12:35:15 +0000 https://kurir.mk/?p=467307

Свеченоста на доделувањето на Оскарите на 25 април ќе се одвива на повеќе места, а не само од „Долби театарот“ во Лос Анџелес, како досега, соопшти Американската академија за филмски науки и уметности. – Во оваа уникатна година, која бара толку многу од нас, Академијата е решена да ги додели Оскарите, притоа давајќи приоритет на јавното здравје и безбедност на сите што ќе учествуваат. За да создадеме претстава која нашата светска публика ќе сака да ја види, прилагодувајќи се на барањата на пандемијата, свеченоста ќе се емитува во живо од повеќе места, вклучително и „Долби театарот“. Со нетрпение очекуваме да споделиме повеќе подробности, но тоа ќе се случи наскоро, соопшти Академијата. Овогодишниот пренос е замислен како своевидна комбинација од класичен ТВ-пренос, видеоврски со ѕвездите и интернет-пренос. Оскарите се најгледаниот забавен настан во САД, покрај Еми и Греми наградите и Златните глобуси. И покрај минатогодишниот рејтинг на историски минимум со 23 милиони гледачи, доделувањето на Оскарите е на второ место по рејтинг, зад Суперболот. Номинациите за годинешните Оскари ќе бидат објавени на 15 март, а главната свеченост – доделувањето, ќе се одржи на 25 април. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/dodeluvanjeto-na-oskari-ovaa-godina-na-porazlichen-nachin/feed/ 0
Доделувањето на Оскарите следната година е поместено за 25 април https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/dodeluvanjeto-na-oskarite-slednata-godina-e-pomesteno-za-25-april/ https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/dodeluvanjeto-na-oskarite-slednata-godina-e-pomesteno-za-25-april/#respond Tue, 16 Jun 2020 08:21:12 +0000 https://kurir.mk/?p=358463

Свеченоста за 93-то доделување на Оскарите следната година е преместена од февруари на крајот на април, а тоа е направено поради епидемијата на коронавирусот, објави Американската академија за филмски уметности и наука. Доделувањето ќе се одржи на 25. април. Првичниот датум – 28 февруари, сега е новиот одреден датум кога филмовите ќе почнат да се прикажуваат за влез во трката за номинации. Корона-епидемијата уште во март ги затвори кината, но и филмските студија во цел свет. „Се надеваме дека тоа што го продолживме периодот за избор на филмови и го променивме датумот на свеченоста, ќе им даде флексибилност на филмаџиите да ги завршат филмовите и да почнат со прикажување – значи, да не бидат казнети за нешто што е вон чија било контрола“, порачуваат во соопштението претседателот на Академијата, Дејвид Рубин и извршната директорка Даун Хадсон. Поместено е и отворањето на Академијата музеј за филмови – од декември 2020 на 30 април наредната 2021 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/dodeluvanjeto-na-oskarite-slednata-godina-e-pomesteno-za-25-april/feed/ 0