додик – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 12 Jul 2020 13:56:16 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png додик – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Додик: Не може да се фаворизира една вистина за Сребреница https://arhiva.kurir.mk/svet/region/dodik-ne-moze-da-se-favorizira-edna-vistina-za-srebrenica/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/dodik-ne-moze-da-se-favorizira-edna-vistina-za-srebrenica/#respond Sun, 12 Jul 2020 13:56:16 +0000 https://kurir.mk/?p=374618

Српскиот член на Претседателството на Босна и Херцеговина, Милорад Додиќ денеска изјави дека Сребреница е место во кое „не може да се фаворизира една вистина, туку истата мора да се гради на факти, а не на шпекулации“. Тој зборувајќи за намерата со закон да се казнува негирањето на геноцидот над Бошњаците во Сребреница, рече дека тоа е „сомнителна вистина“ и оти вистината мора да биде егзактна и прифатена од сите. – Ние кажуваме и е точно дека во Сребреница е извршено сериозно злосторство и дека сериозно настрадаа Бошњаците, но не е тоа што тие го кажуваат. Таму страдаа и Србите, истакна Додик. Во периодот од 11 до 23 јули 1996 година припадници на Војската на Република Српска, под команда на генерал Ратко Младиќ, убија над 8.000 босански муслимани, претежно момчиња и мажи на возраст од 12 до 77 години. Србија и Република Српска негираат дека во Сребреница е извршен геноцид.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/dodik-ne-moze-da-se-favorizira-edna-vistina-za-srebrenica/feed/ 0
Додик: На Ѓукановиќ не му беше потребен конфликт со СПЦ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/dodik-na-gjukanovikj-ne-mu-beshe-potreben-konflikt-so-spc/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/dodik-na-gjukanovikj-ne-mu-beshe-potreben-konflikt-so-spc/#respond Wed, 20 May 2020 13:55:16 +0000 https://kurir.mk/?p=348377

Подгорица, 20 мај 2020 (МИА) – Српскиот член на Претседателството на Босна и Херцеговина, Милорад Додик му порача на црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ дека Српската православна црква (СПЦ) и српскиот народ во Црна Гора постоеле пред него и другите кои се обидуваат на сила да го избришат српското име. – Сега можам слободно да кажам дека ова е државна политика на Црна Гора. Ако претседателот на Црна Гора го објави ова како цел, тогаш е јасно дека станува збор за спроведување на државната политика. Затоа сега е наша обврска, сите ние што сме претставници на српскиот народ, да ја докажеме погубноста на таа политика за сите нас, и заедно да застанеме во одбрана на српскиот народ и Српската православна црква, изјави Додик. Тој наведе дека станува збор за опасна намера на Ѓукановиќ да изгради нова црква од ресурсите на српскиот народ, оценувајќи дека е попаметно Црна Гора да изгради соработка со Српската православна црква. – Нашата црква во Црна Гора никогаш не ја оспори државноста на Црна Гора. Тоа е причината зошто сега градењето непријатели со српскиот народ и Српската православна црква се чини дека е единствениот излез за црногорската влада да зачува концепт што нема вистинска поддршка кај народот, заклучи Додик. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/dodik-na-gjukanovikj-ne-mu-beshe-potreben-konflikt-so-spc/feed/ 0
Палмер: Сите кои ќе му се приклучат на Додик ризкуваат американски санкции https://arhiva.kurir.mk/svet/region/palmer-site-koi-kje-mu-se-prikluchat-na-dodik-rizkuvaat-amerikanski-sankcii/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/palmer-site-koi-kje-mu-se-prikluchat-na-dodik-rizkuvaat-amerikanski-sankcii/#respond Sat, 22 Feb 2020 14:21:07 +0000 https://kurir.mk/?p=307419

Специјалниот претставник на Стејт департментот за Западен Балкан, Метју Палмер, рече дека секој што ќе приклучи на блокадата на институциите во БиХ, ризикува санкции од САД, веќе изречени за српскиот лидер Милорад Додик, и дека државна парализа нема да биде дозволена. -Додик претходно се однесуваше на начин неконзистентен и некомпатибилен со Дејтонскиот договор и затоа беше подложен на американски санкции. Секој што споделува ставови против Дејтон, ризикува да има таков одговор од САД, рече Палмер во интервју за „Гласот на Америка“. Додик е на црната листа веќе пет години за влегување во САД и замрзнат имот, а пред неколку дена американскиот амбасадор во БиХ, Ерик Гордон Нелсон му рече на Додик дека може да следат нови американски санкции ако продолжи блокадата на државните институции. Палмер ги оцени потезите на властите на РС како сериозна закана и нагласи дека на Додик нема да му биде дозволено да ги продолжи блокадите. – Сите ние мора да бидеме јасни, меѓународната заедница мора колективно да даде до знаење дека тоа е неприфатливо и нема да смее да опстане, рече американскиот дипломат на прашање за честата опструкција на Додик. Палмер вели дека Република Српска мора да разбере дека потезите на српските власти носат ризици и штета на европската перспектива на Босна и Херцеговина. Палмер исто така ги критикуваше одлуките на Европскиот совет, со кои не беа отворени преговори за пристапување со Северна Македонија и со Албанија порано, што според него испрати лоша порака до целиот регион на Западен Балкан.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/palmer-site-koi-kje-mu-se-prikluchat-na-dodik-rizkuvaat-amerikanski-sankcii/feed/ 0
Предизборен флерт со Србите: Додик гостин на Пендаровски, ќе добие и орден https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dodik-gostin-na-pendarovski-kje-dobie-i-orden/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dodik-gostin-na-pendarovski-kje-dobie-i-orden/#respond Mon, 27 Jan 2020 10:36:42 +0000 https://kurir.mk/?p=295124

Членот на Претседателството на Босна и Херцеговина, Милорад Додик денеска и утре престојува во Скопје и ќе се сретне со претседателот Стево Пендаровски. Средбата ќе се оддржи во 17 часот а Додик потоа ќе присуствува на Светосавската академија. Ќе му биде доделена Светосавска повелба за „Значаен придонес во афирмацијата на српското национално прашање во регионот и за значаен придонес за заштита на Србите и српската култура и традиција во Македонија”. На академијата предвидено е да имаат обраќање заедно со премиерот Оливер Спасовски. Додик останува и утре во Македонија – ќе го посети селото Кучевиште. Познавачите на состојбите овој чин го толкуваат како предизборно приближување на СДСМ кон српската азаедница, која во изминатиот период е на маргините на оваа влада, особено по низата препукувања со Вучиќ и српската заедница. Тука е и законот за двојазичност и односот кон Косово. За потсетување, и при иницијативата за промена на календарскиот Божик кон католичкиот, градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов од СДСМ, изјави дека со тоа ќе сме влегле во групата на цивилизираните земји, правејќи ги директно со тоа Србите дел од нецивилизираниот свет. Во паметењето на народот е и гафот со комичното чествување на Свети Сава, кога сегашниот технички премиер Спасовски на соц-мрежите на Србите им ја честиташе Света Сава, па се исправи и го употреби вистинскиот род на светецот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dodik-gostin-na-pendarovski-kje-dobie-i-orden/feed/ 0
Додик: Усвоениот документ не прејудицира членство на БиХ во НАТО https://arhiva.kurir.mk/svet/region/dodik-usvoeniot-dokument-ne-prejudicira-chlenstvo-na-bih-vo-nato/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/dodik-usvoeniot-dokument-ne-prejudicira-chlenstvo-na-bih-vo-nato/#respond Tue, 19 Nov 2019 18:10:58 +0000 https://kurir.mk/?p=266213

Српскиот член на Претседателството на БиХ, Милорад Додик, изјави дека никаков документ што прејудицира членство во НАТО не е усвоен на денешната седница на Претседателството на БиХ, туку само Програма за реформи во БиХ. -Во тој документ отворено се вели дека документот е сет од реформи и дека тие не прејудицираат членство и за секој вид движење во правец на членство во НАТО потребна е нова одлука на Претседателството на БиХ и Парламентарното собрание и дека одлуката ќе се носи во согласност со ставовите на сите органи на власта, рече Додик за бањалучката „Алтернативна телевизја“. Кажувајќи дека ги разбира „овие од СДС и ПДП “ и дека „гледа дека се бесни“, тој рече дека треба „да престанат да се лутат“. -Го разбирам и тоа затоа што тие неоправдано долго седеа на места во органите на власта на БиХ и со ова им се уриваат привилегиите и да се направат многу работи што не се во согласност со ставовите на Народото собрание на Република Српска, рече Ддоик. По денешната седница на Претседателството на БиХ во Сараево тој замина за Белград, каде се сретна со српскиот претседател Алексанадар Вучиќ. Претседателството на БиХ на денешната вонредна седница донесе одлука за именување на Зоран Тегелтија (СНСД) за претседавач со Советот на министри на БиХ и донесе одлука во седиштето на НАТО во Брисел да се достави документот Програма за рефирми на БиХ. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/dodik-usvoeniot-dokument-ne-prejudicira-chlenstvo-na-bih-vo-nato/feed/ 0
Додик: Мигрантите се повеќе се како колонисти https://arhiva.kurir.mk/svet/region/dodik-migrantite-se-povekje-se-kako-kolonisti/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/dodik-migrantite-se-povekje-se-kako-kolonisti/#respond Sat, 02 Nov 2019 12:28:26 +0000 https://kurir.mk/?p=259203

Српскиот член на Претседателството на Босна и Херцеговина Милорад Додик изјави дека мигрантите се повеќе се однесуваат како колонисти кои не се само на минување и дека некој планирал тие да останат таму. Додик вели дека дошло времето на кое предупредувал – дека БиХ нема да може да се справи со мигрантската криза и дека сè што работи Советот на министри за тоа прашање е без сериозен план и стратегија за решавање на кризата. – Нашиот став дека тие не можат да се распоредуваат на територијата на Република Српска е непроменлив, рече Додик. Тој порача дека ќе се спротивстават на секоја одлука мигрантите да се сместуваат во области во Федерацијата на БиХ кои се населени од Срби пред да бидат протерани таму и дека е неприфатливо некој да ги смести покрај неколкуте српски населби во Федерацијата. Додик смета дека проблемот со мигрантите мора да се решава во ЕУ, бидејќи, како што рече, Унијата ги отвори јужните граници на подрачјето на Бугарија и Грција, а ги затвори северните. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/dodik-migrantite-se-povekje-se-kako-kolonisti/feed/ 0
Додик ја обвини Британија дека испратила експерти за дестабилизација во Бања Лука https://arhiva.kurir.mk/svet/region/dodik-ja-obvini-britanija-deka-ispratila-eksperti-za-destabilizacija-vo-banja-luka/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/dodik-ja-obvini-britanija-deka-ispratila-eksperti-za-destabilizacija-vo-banja-luka/#respond Sat, 23 Jun 2018 12:08:12 +0000 https://kurir.mk/?p=68914

Претседателот на Република Српска Милорад Додик ја обвини Британија дека се обидува да ја дестабилизира Босна, и дека за таа цел испратила експерти во Бања Лука. - Се работи за експерти кои дејствуваат на социјалните мрежи, во медиумите, кои прислушкуваат, и чија цел е да создадат општ хаос и дестабилизација, пред се во Република Српска, обвини денеска Додик. Според претседателот на српскиот дел на Босна, се работи за дел од проект на британската Влада, за кој се издвоени девет милиони фунти, номинално со цел да се сузбие руското влијание на Балканот. - Граѓаните мора да бидат свесни дека не може да сметаат на добронамерноста на Британците, и дека ова се прави со цел да се создаде унитарна и централизирана Босна и Херцеговина, додаде Додик.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/dodik-ja-obvini-britanija-deka-ispratila-eksperti-za-destabilizacija-vo-banja-luka/feed/ 0