доење – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 07 Aug 2023 16:50:47 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png доење – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Неонатолозите апелираат вработените мајки да го користат правото на пауза за доење на своите новороденчиња https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/neonatolozite-apeliraat-vrabotenite-majki-da-go-koristat-pravoto-na-pauza-za-doene-na-svoite-novorodenchina/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/neonatolozite-apeliraat-vrabotenite-majki-da-go-koristat-pravoto-na-pauza-za-doene-na-svoite-novorodenchina/#respond Mon, 07 Aug 2023 16:50:47 +0000 https://kurir.mk/?p=864318

Работата не треба биде пречка за доењето. Вработената мајка кога ќе се врати на работа да продолжи да си го дои своето дете и да се подигне свеста кај работодавачите, под ова мото се спроведе годинешната кампања по повод неделата на доењето. Началничката на Одделот за неонатологија при Клиничка болница - Штип, Валентина Златковска нагласува дека мајката има право на платени паузи за доење, па потребно е истите да се користат со цел мајката да не прекине предвремено да го дои своето бебе. Валентина Златковска -Оваа година тоа е вработената мајка и вработените родители и доењето. Не треба да биде пречка работата за доењето. Не треба мајките да изберат работа, а да не доат. Тоа се постигнува со основните мајчински права, платеното породилно отсуство, ама и кога ќе се вратат на работа треба работното место да биде прилагодено, да има пријателско опкружување, да има паузи за доење или измолзување на млеко и посебни објекти соби кадешто тоа ќе се спроведе, вели Златковска. Златковска истакнува дека македонското законодавство предвидува платено породилно отсуство, предвидени се паузи за време на работа за да може да се дои детето, но проблем е тоа што ретко овие права се искористени. Апелира до работодавачите да го спроведуваат законско предвиденото, а мајките да си ги бараат своите права. Оддел за неонатологија при Клиничка болница - Штип -Имаме породилно отсуство, кое е добро за разлика од други земји каде тоа е многу полошо и имаме платени паузи во законодавството, меѓутоа не се почитува доволно. Вниманието треба да биде свртено кон тоа овие паузи да бидат спроведувани и мајките да си ги бараат тие права, додава Златковска. Според податоците, половина милијарда мајки на светско ниво се лишени од можноста да ги уживаат своите мајчински права кои ги заслужуваат.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/neonatolozite-apeliraat-vrabotenite-majki-da-go-koristat-pravoto-na-pauza-za-doene-na-svoite-novorodenchina/feed/ 0
Јелена Ѓоковиќ објави фотографија на која дои дете и испрати порака до СИТЕ! (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/jelena-gokovik-objavi-fotografija-na-koja-doi-dete-i-isprati-poraka-do-site-foto/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/jelena-gokovik-objavi-fotografija-na-koja-doi-dete-i-isprati-poraka-do-site-foto/#respond Tue, 01 Aug 2023 13:17:11 +0000 https://kurir.mk/?p=862372

Се одбележува светската недела на доењето. А доењето на јавно место за некои е сè уште необична, па дури и несоодветна глетка - секако, тие “некои“ целосно грешат. Јелена Ѓоковиќ во 2017 година објави фотографија на која се гледа како ја дои ќерката Тара. Таа фотографијата ја објави на Инстаграм. Многумина и честитаа за потегот. Директорката на фондацијата „Новак Ѓоковиќ“, која е сопругот на светски тениски ас, поттикна многу мајки да го прават она што природата налага. Доењето е најприродната работа и треба да се потенцира, често.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/jelena-gokovik-objavi-fotografija-na-koja-doi-dete-i-isprati-poraka-do-site-foto/feed/ 0
„Да го овозможиме доењето, да им помогнеме на вработените родители“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/da-go-ovozmozhime-doeneto-da-im-pomogneme-na-vrabotenite-roditeli/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/da-go-ovozmozhime-doeneto-da-im-pomogneme-na-vrabotenite-roditeli/#respond Tue, 01 Aug 2023 08:42:33 +0000 https://kurir.mk/?p=862261

Под мотото „Да го овозможиме доењето, да им помогнеме на вработените родители“ од денеска до 7 август се одбележува Светската недела на доењето. Целта е да се подигне свесноста за значајноста на доењето и мајчиното млеко за мајката и за детето, да се поддржи и заштити правото на доење за сите жени ширум светот. Како што соопшти Центарот за промоција на здравје и човекови права „МАТРОНА ИНТЛ“, предизвиците на вработената жена остануваат една од најчестите причини за жената да престане да дои порано од посакуваниот и препорачаниот период, кој е најдобар за здравјето, растот и развојот на детето. Токму поради тоа на жената и е потребна соодветна поддршка за одржување на доењето. -Во тој контекст, на самото работно место, каде престојува жената која дои треба да се обезбедат соодветни капацитети (услови, простор, опкружување) за доење. Соодветна алтернатива се обезбедување на услови за измолзување и чување на мајчиното млеко. Досега само 47 земји во светот наложуваат обезбедување на адекватен простор за доење на работното место, стои во соопштението. Во текот на оваа недела се организираат различни активности, настани и информативни кампањи со цел да се информираат луѓето за предностите од доењето, за митовите и стигмата околу доењето и да се обезбедат потребните ресурси и поддршка на мајките кои сакаат да ги дојат своите деца. -Оваа иницијатива има за цел да ги поддржи жените и да им го приближи доењето како природен и најдобар начин на исхрана на нивните деца во првите месеци од животот, вклучително со нивната општествена инклузија како вработени мајки доилки, се наведува во соопштението од „МАТРОНА ИНТЛ“. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/da-go-ovozmozhime-doeneto-da-im-pomogneme-na-vrabotenite-roditeli/feed/ 0
Доењето помага при согорување калории https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/doenjeto-pomaga-pri-sogoruvanje-kalorii/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/doenjeto-pomaga-pri-sogoruvanje-kalorii/#respond Thu, 22 Dec 2022 17:41:28 +0000 https://kurir.mk/?p=779269

Со цел да произведе мајчино млеко, телото согорува дополнителни калории. Мајките согоруваат околу 500 дополнителни калории дневно додека произведуваат мајчино млеко, што може да доведе до побрзо губење на тежината по породувањето. Познато е дека мајчиното млеко ги содржи потребните витамини, масти и протеини кои се потребни за зајакнување на имунолошкиот систем и здрав развој на детето. Бебињата би можеле да бидат посмирени и поотпорни, што би значело помалку настинки и подобар дигестивен систем. Но, и мајките би имале корист од доењето на своите бебиња. Доењето може да помогне да се намали ризикот од дијабетес тип 2, одредени видови на рак на дојка и рак на јајниците. Исто така, матката може побрзо да се намали поради хормонот окситоцин, кој се ослободува за време на доењето. Според Американскиот колеџ за гинеколози (ACOG), доилките дневно излачуваат од 450 до 500 калории во мајчиното млеко, па затоа се препорачува да внесуваат повеќе калории доколку сакаат да ја задржат својата тежина. Сепак, тоа не значи дека доењето е чудо за слабеење, но може да го забрза процесот. Се верува дека внесувањето на само 1800 калории дневно треба да помогне во постепеното слабеење и во исто време да даде енергија. На доилките им се препорачува храна како што се: интегрални житарки, сушено овошје, темно лиснат зеленчук, јајца, агруми, семки, посно месо, морска храна со мала содржина на жива, јајца и млечни производи.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/doenjeto-pomaga-pri-sogoruvanje-kalorii/feed/ 0
Светска недела на доењето https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/svetska-nedela-na-doenjeto-2/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/svetska-nedela-na-doenjeto-2/#respond Fri, 29 Jul 2022 08:08:26 +0000 https://kurir.mk/?p=711716

Здружението за грижа и едукација на бремени жени, мајки и деца Лулка од Скопје, Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство и компанијата Хипомед, оваа година ja одбележуваат Светската недела на доење од 1-ви до 7 август едукација на сите медицински сестри и акушерки за доење, со јавна кампања за промоција на значењето на доењето и со донација на Bempu Tempwatch алки за хипотермија, за предвреме родените бебиња испишани од Одделението за неонатална интензивна нега на Клиниката. -Под слоганот „Заложи се за доењето“, годинава, Светската недела на доењето е насочена кон развој и зголемување на капацитетите на здравствениот систем и на општеството за поддршка на доењето. Организацијата Лулка ќе организира онлајн обука со стручни предавачи наменета за акушерки, медицински сестри, гинеколози/акушери, педијатри и доктори по семејна доење, за значењето на современата поддршка на доење во духот на Светската недела на доењето 2022. Потоа, ќе дистрибуира флаери за информирање на секоја породена мајка за значењето на доењето, со кратки основни упатства за доење и контакти каде може да добијат соодветни информации и поддршка по доаѓањето дома, се вели во денешното соопштение од Лулка. Во август и септември, семејствата со предвреме родено бебе кои ќе ја напуштат Клиниката ќе добијат специјален уред (Bempu TempWatch) за контрола на температурата на предвреме роденото бебе, за поттикнување на кенгурирањето и на доењето. Оваа донација, обезбедена од компанијата Хипомед, е наменета за предвреме родените бебиња кои се испишуваат од одделението за неонатална интензивна нега на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство, во соработка со Клиниката и организацијата Лулка. -Преку едукација и трансформација низ повеќе сектори, може да направиме квалитетна промена и да обезбедиме поддржувачка средина, соодветни навремени информации за младите родители, кои се сѐ повеќе свесни за големите предности на доењето и сакаат да го дојат своето бебе, објаснува д-р Денис Ал Калили, претседател на здружението Лулка и доктор на Универзитетската Клиника за гинекологија и акушерство. Директорката на Клиниката, д-р. Викторија Јовановска информира дека во рамки на одбележување на Светската недела на доењето, во соработка со организацијата Лулка, ќе спроведат едукација на кадарот за значењето на доењето во современ контекст, вклучително и за потенцијалните можности и мерки за заштита поврзани со КОВИД-19. -Целта на сите активности е да ги поставиме мајките и бебињата во фокусот и на породените мајки да им обезбедиме основни информации за доењето, како и каде да се обратат за поддршка за доење по испис од родилиште, нешто што сигурно многу ќе им значи. Преземаме и активности да го поттикнеме доењето на предвреме родените бебиња и поврзување на мајките и бебињата, како продолжение на претходно воведените посети во единицата за неонатална интензивна нега, што беше поздравено од семејствата со предвреме родени бебиња. Овие активности се во согласност со препораките на УНИЦЕФ и СЗО и во духот на неделата на доење. И ние како клиника се заложуваме за доењето и посакуваме квалитетен развој на сите бебиња кои се раѓаат на Клиниката, вели Јовановска. Лулка бара здравствените власти и локалната заедница да се вклучат во заштита, промоција и поддршка на доењето и преку нивно информирање и едукација да се овозможи позитивна околина за доење за семејството. Затоа што, како што нагласуваат, мајчиното млеко е перфектно создадено за да ги задоволи нутритивните и имунолошки потреби на бебето. -Доењето во првите неколку години од животот ги штити децата од инфекција, обезбедува идеален извор на хранливи материи, исто така е економично и безбедно. И покрај овие исклучително значајни придобивки, практиките за доење не се оптимални во многу делови на светот. Голем број од децата не започнуваат со доење доволно рано, не се ексклузивно доени во текот на препорачаните шест месеци или прерано престанува доењето. Мајките често се соочуваат со притисоци да преминат на хранење со формула за бебиња, што може да придонесе кон побавен раст и недоволно внесување на микро-прехранбени состојки. УНИЦЕФ и СЗО препорачуваат новороденчињата да бидат задоени во рок од еден час по раѓањето; исклучиво подојувани во првите шест месеци од животот и да се подојуваат до возраст од 2 години и понатаму, нагласуваат од здружението Лулка. Светската алијанса за доење (WABA) секоја година ја одбележува Светската недела на доењето од 1-7. Август. Организацијата Лулка е застапник (endorser) на WABA во земјава и работи на промоција, заштита и поддршка на доењето во изминатите 13 години. Доењето има многу предности за бебето, за мајката и секако, за општеството. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/svetska-nedela-na-doenjeto-2/feed/ 0
Пијалаци кои се одлични за мајките кои дојат https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/pijalaci-koi-se-odlichni-za-majkite-koi-dojat-2/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/pijalaci-koi-se-odlichni-za-majkite-koi-dojat-2/#respond Thu, 28 Jul 2022 20:47:34 +0000 https://kurir.mk/?p=711580

За да имате доволна количина млеко многу е важно да останете хидрирани, бидејќи доењето ве ожеднува. Иако најдобро е да пиете вода, со текот на времето ќе ви здосади па може да пиете и нешто друго покрај водата. Од клиниката Мајо препорачуваат додека доите да пиете повеќе вода од вообичаеното. Во просек, секоја личност би требало да испие 8 чаши вода дневно, а со оглед на тоа што додека доите телото преработува повеќе вода, пијте 13 чаши вода, односно 3,1 литар дневно. Водата со вкусови е одлична замена за обичната вода. Ќе ја ублажи желбата за благи сокови. Наполнете бокал со вода, додадете го омиленото овошје, ставете коцки мраз и оставете да отстои преку ноќ. Краставица и диња, јагоди и лубеница, малина и лимон, аронија и јагоди, можностите се бескрајни. Растителните чаеви исто така можат да бидат вкусни за доилките. Освен тоа се многу здрави. Но, мора да знаете кои чаеви да ги пиете, бидејќи не сите билки се добри за бебињата и доилките. Бадемовото млеко е добра замена за кравјото млеко, содржи магнезиум, селен, манган и витамин Е. Може да го направите и сами, од бадеми и вода со помош на блендер. Со овошни сокови не треба да претерувате, но една чаша сок на ден може да биде добар додаток на исхраната. Одбегнувајте дополнителни шеќери, како и сокови од цитрусно овошје. Добра замена за водата се и соковите од зеленчук кои е најдобро сами да ги подготвувате. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/pijalaci-koi-se-odlichni-za-majkite-koi-dojat-2/feed/ 0
Бебињата кои се дојат подолго се поинтелигентни https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/bebinjata-koi-se-dojat-podolgo-se-pointeligentni/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/bebinjata-koi-se-dojat-podolgo-se-pointeligentni/#respond Fri, 03 Jun 2022 11:15:08 +0000 https://kurir.mk/?p=686159

Истражување спроведено во Универзитетот Оксфорд посочува дека кај бебињата кои се дојат подолго, нивото на интелигенција подоцна е повисоко. Научниот труд опфатил повеќе од 7.800 британски деца кои биле доени помалку од два месеци, па два до четири месеци, четири до шест месеци или повеќе од една година. Истражувачите велат дека оние деца кои доеле најдолго – повеќе од година, подоцна покажале најдобри резултати во тестовите за говор на 14-годишна возраст, во споредба со децата кои не биле доени така долго. – Овие резултати би можеле да бидат загрижувачки за жените кои не доеле или не биле во можност да дојат. Затоа е важно да се поддржат жените кои сакаат да дојат, вели д-р Рене Переира-Елијас, одговорна за трудот. Доењето е поврзано со зголемување на интелигенцијата кај децата дури и кога се имаат предвид факторите интелигенција на нивната мајка и социо-економските околности.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/bebinjata-koi-se-dojat-podolgo-se-pointeligentni/feed/ 0
Манекенка мета на критики поради фотографија на која дои бебе: Таа одговори на сите на кои им пречи https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/manekenka-meta-na-kritiki-poradi-fotografija-na-koja-doi-bebe-taa-odgovori-na-site-na-koi-im-prechi/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/manekenka-meta-na-kritiki-poradi-fotografija-na-koja-doi-bebe-taa-odgovori-na-site-na-koi-im-prechi/#respond Sat, 10 Apr 2021 14:11:57 +0000 https://kurir.mk/?p=495319

Манекенката Елза Хоск проговори за бројните критики од нејзините следбеници поради фотографијата на која дои бебе, потенцирајќи дека тоа е сосема природен дел од мајчинството. Поранешната манекенка на Викторија Сикрет беше мета на критики кога сподели слика на која јасно се гледа како дои бебе. - Првиот ден на мама на снимање. Погледнете кој ми е придружба - напиша таа во описот на фотографијата. 32-годишната девојка, која доби ќерка пред неколку месеци, доби многу негативни критики поради овој потег. Таа била збунета од фактот дека многу мажи биле навредени од толку едноставна и нормална слика, па затоа реши да им одговори. - Градите буквално постојат за да можеме да ги храниме своите деца. Не разбирам зошто добивам толку многу негативни коментари и пораки - напиша таа на Инстаграм. За среќа, Елса доби голема поддршка од своите придружници кога го сподели проблемот со сите. Нејзините слики последниве денови собраа повеќе од 517 000 лајкови на Инстаграм. - Ова е прекрасен нежен момент помеѓу мајката и детето - напишал еден следбеник.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/manekenka-meta-na-kritiki-poradi-fotografija-na-koja-doi-bebe-taa-odgovori-na-site-na-koi-im-prechi/feed/ 0
МАЈКА: Кошаркарка среде натпревар го доеше своето бебе (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/majka-kosharkarka-srede-natprevar-go-doeshe-svoeto-bebe-video/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/majka-kosharkarka-srede-natprevar-go-doeshe-svoeto-bebe-video/#respond Thu, 04 Mar 2021 16:13:00 +0000 https://kurir.mk/?p=477347

Кошаркарката Антонела Гонзалес, среде натпревар отишла да ја надои својата 11-месечна ќерка. Тоа се случило за време на пресметка во аргентинскиот шампионат помеѓу Томас де Рокамор и Велез Сарсфилд. -Откако го завршивме разговорот со тренерот му реков дека ми е потребно малку време на клупата. Тоа е природно. Изненадена сум што околу нешто што е природно се крена врева во јавноста. Но, среќна сум поради тоа. Се надевам дека ова ќе биде пример за сите мајки дека по бременоста и породувањето можат да се вратат на професионалниот спорт, вели Гонзалес. Нејзиниот тим победил со 61:44 и скокнал на првото место на табелата. Антонела постигнала осум поени. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/majka-kosharkarka-srede-natprevar-go-doeshe-svoeto-bebe-video/feed/ 0
Доколку мајката го конзумира ова млеко за време на доењето, бебето ќе биде помалку алергично на храна https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/dokolku-majkata-go-konzumira-ova-mleko-za-vreme-na-doenjeto-bebeto-kje-bide-pomalku-alergichno-na-hrana/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/dokolku-majkata-go-konzumira-ova-mleko-za-vreme-na-doenjeto-bebeto-kje-bide-pomalku-alergichno-na-hrana/#respond Thu, 04 Feb 2021 15:20:17 +0000 https://kurir.mk/?p=464272

Бебињата чии мајки конзумираат кравјо млеко за време на доењето, се помалку алергични на храна, се посочува во истражување на Универзитетот во Гетеборг, Шведска. Истражувачите испитале повеќе од 500 мајки од Шведска за нивните навики во исхраната во 34-та недела од бременоста, па еден месец по породувањето и повторно – четири месеци подоцна. Децата опфатени во истражувањето биле претежно алергични на јајца, млеко или и на едното и на другото. Мија Стравик, доцент на Универзитетот во Гетеборг, изјави дека новороденчињата на мајките кои конзумирале повеќе кравјо млеко при доењето, се поздрави од оние чија мајка не пиела млеко. – Една од теориите е дека мајчиното млеко во тој случај содржи супстанции кои го стимулираат имуниот систем на детето. Друго мислење е дека поголемиот внос на заситени масти во млекото природно може да доведе до потрошувачка на помалку полинезаситени масти, вели таа. Питер Лио, доцент по дерматологија и педијатрија при Медицинскиот факултет при американскиот Северозападен Универзитет, смета дека ова е првиот чекор во дефинирање на потенцијална врска меѓу мајчината исхрана и ризикот од алергија. Д-р Стравик посочува дека иако постои поврзаност, не може да се каже дека кравјото млеко што мајката го консумира е лек за алергиите кај децата. На крајот, и д-р Лио ги предупредува мајките дека сè уште не е потврдено дека само консумирањето млеко го намалува ризикот од алергии. Тој исто така нагласува дека истражувањата во иднина мора да биде пообемно и дека податоците тогаш ќе бидат попрецизни и порелевантни. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/dokolku-majkata-go-konzumira-ova-mleko-za-vreme-na-doenjeto-bebeto-kje-bide-pomalku-alergichno-na-hrana/feed/ 0