Договор Косово-Србија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 29 Oct 2018 12:14:04 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Договор Косово-Србија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Вучиќ: Дијалогот со Приштина е прекината поради ЗСО https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vuchikj-dijalogot-so-prishtina-e-prekinata-poradi-zso/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vuchikj-dijalogot-so-prishtina-e-prekinata-poradi-zso/#respond Mon, 29 Oct 2018 12:14:04 +0000 https://kurir.mk/?p=120814

Српскиот претседател Александар Вучиќ на средбата со шефот на Делегацијата на ЕП на парламентарниот одбор за стабилизација и асоцијација на ЕУ-Србија Едуард Кукан, меѓу останатото го  информирал за причините за прекин на дијалогот меѓу Белград и Приштина, соопштија од кабинетот на Вучиќ „Српскиот претседател го информираше шефот на делегацијата на ЕП Едуард Кукан за причините за прекинување на дијалогот со Приштина, нагласувајќи дека не е исполнета обврската од Бриселскиот договор, пред се формирањето на Заедницата на српски општини“-се наведува во соопштението. Вучиќ изразил и загриженост од формирањето на Косовската војска, што ќе доведе до „дестабилизација на состојбата во регионот“, но и се заложил за продолжување на дијалогот, потенцирајќи го зачленувањето во ЕУ како надворешно политички приоритет на Србија. Едуард Кукан позитивно го оценил економскиот напредок на Србија и ја истакнал потребата од подобрување на состојбата во областа на владеењето на правото и слободата на медиумите-се наведува во соопштението на Кабинетот на српскиот претседател. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vuchikj-dijalogot-so-prishtina-e-prekinata-poradi-zso/feed/ 0
Тачи: Договор за промена на граници со Србија до идната пролет https://arhiva.kurir.mk/svet/region/tachi-dogovor-za-promena-na-granici-so-srbija-do-idnata-prolet/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/tachi-dogovor-za-promena-na-granici-so-srbija-do-idnata-prolet/#respond Fri, 12 Oct 2018 10:09:38 +0000 https://kurir.mk/?p=114031

Косовскиот претседател Хашим Тачи изјави дека се надева оти пред идната пролет Косово ќе постигне договор со Србија, кој би вклучувал промена на границите и размена на територии. - Промената на граници не е идеја која сакам да ја презентирам, но по конфликтите и преговорите, заклучувам дека тоа е единствено разумно решение за двете страни. Ако двете страни се договорат, никој не може да се спротистави, договор меѓу двете страни носи стабилност, изјави Тачи во интервју за француската телевизија Франс 24. Косовскиот претседател им порача на оние кои се против оваа идеја да кажат дали имаат подобра понуда и посочи дека Пандорината кутија не се отвора со размената на територии, туку дека токму сега е отворена. - Денес Србија и Косово постојано си ставаат пречки една на друга. Без таков договор Косово и Србија ќе имаат блокирана иднина и јас не сакам тоа да се случи, изјави Тачи. Тој прецизираше дека за да биде прифатен од косовска страна, договорот ќе мора да содржи и взаемно признавање и членство на Косово во ОН. Тачи додаде дека добил позитивни сигнали и од Русија дека таа би го повлекла своето вето за признавањето на Косово во Советот за безбедност на ОН. Косовскиот претседател додаде дека правата на Србите на Косово ќе бидат почитувани во случај на промена на границите и дека Косово ќе остане мултиетничка држава. Тој изрази надеж дека високата претставничка на ЕУ, Федерика Могерини ќе „продолжи да го води процесот со нова динамика“ и дека „во наредните недели“ тој ќе има нова средба со српскиот претседател Александар Вучиќ. Тачи ги повика сите земји членки на ЕУ да зборуваат со еден глас и да застанат зад заеднички договорен план помеѓу Приштина и Белград. За сега Германија отворено се спротиставува на секаков обид за размена на територии и промена на границите помеѓу двете страни. Тачи, кој имал средба со францускиот претседател Емануел Макрон во Ереван, истакна дека тој му рекол дека е важно двете страни да постигнат договор и дека не ја исклучил можноста за промена на границите. Оваа идеја за размена на границите би претставувала преседан, призна Тачи, но тој би бил „позитивен преседан“. Запрашан за временски рок, косовскиот претседател порача дека се надева на договор пред идната пролет. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/tachi-dogovor-za-promena-na-granici-so-srbija-do-idnata-prolet/feed/ 0
Харадинај им изрази сочувство на тие што се залагаат за промена на границите https://arhiva.kurir.mk/svet/region/haradinaj-im-izrazi-sochuvstvo-na-tie-shto-se-zalagaat-za-promena-na-granicite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/haradinaj-im-izrazi-sochuvstvo-na-tie-shto-se-zalagaat-za-promena-na-granicite/#respond Mon, 08 Oct 2018 11:51:48 +0000 https://kurir.mk/?p=112255

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај изјави денеска дека идејата за корекција на границите е „мртва“ и им изрази сочувство на тие што се залагаа за размена на територии со Србија, јави дописникот на МИА од Приштина. - Изразувам сочувство за таа идеја за границите, бидејќи сметам дека е мртва, а истовремено изразувам и честитки, изјави Харадинај по денешната средба со писателката од Албанија Елена Кадаре, која ја одликува со орденот „Златна карта“. Во обраќањето пред новинарите, косовскиот премиер изрази и оптимизам дека шенген-визите за граѓаните на Косово ќе се укинат до крајот на годинава. Идејата за корекција на границата со Србија пред неколку месеци ја промовира косовскиот претседател Хашим Тачи, додека Храдинај решително се спротивставуваше на такво решение за споровите меѓу двете земји. Решението со размена на територии има поддршка и од српскиот државен врв, пред се од претседателот Александар Вучиќ и министерот за надворешни работи Ивица Дачиќ, кои тоа го нарекуваат „разграничување со Косово“. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/haradinaj-im-izrazi-sochuvstvo-na-tie-shto-se-zalagaat-za-promena-na-granicite/feed/ 0
Анкета: Северот на Косово не верува ниту на српските ниту на албанските политичари https://arhiva.kurir.mk/svet/region/anketa-severot-na-kosovo-ne-veruva-nitu-na-srpskite-nitu-na-albanskite-politichari/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/anketa-severot-na-kosovo-ne-veruva-nitu-na-srpskite-nitu-na-albanskite-politichari/#respond Tue, 25 Sep 2018 13:49:39 +0000 https://kurir.mk/?p=105865

Околу 88 отсто од граѓаните во четири општини во северниот дел на Косово, каде што живее мнозинското српско население, не веруваат на ниту еден српски политичар во Косово. Околу 99 отсто не веруваат на ниту еден албански политичар во земјата, објави РСЕ. Тоа се резултатите од истражувањето на јавното мислење на невладината организација Актив од Северна Митровица, кои во втората половина на јуни оваа година анкетираа 800 испитаници од Северна Митровица, Лепосавиќ, Зубин Поток и Звечан. Резултатите од истражувањето минатата година покажаа  недостатокот на доверба меѓу граѓаните во српските политичари од 78 отсто. Од Актив, велат дека резултатите од истражувањето недвосмислено укажуваат на „криза на доверба" во општеството во северно Косово. Претставниците на српската заедница во институциите на Косово доаѓаат главно од Српска листа. Тоа е, всушност, единствениот политички ентитет што Белград го поддржа на косовските избори по постигнувањето на Бриселскиот договор во 2011 година. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/anketa-severot-na-kosovo-ne-veruva-nitu-na-srpskite-nitu-na-albanskite-politichari/feed/ 0
Дачиќ: Политичко решение за Косово е национален приоритет на Србија https://arhiva.kurir.mk/svet/region/dachikj-politichko-reshenie-za-kosovo-e-nacionalen-prioritet-na-srbija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/dachikj-politichko-reshenie-za-kosovo-e-nacionalen-prioritet-na-srbija/#respond Tue, 25 Sep 2018 08:57:14 +0000 https://kurir.mk/?p=105616

Српскиот вицепремиер и министер за надворешни работи Ивица Дачиќ во Њујорк изјави дека национален приоритет на Србија е постигнувањето на политичко решение за косовското прашање. - Бранејќи го својот суверенитет и територијалниот интегритет, Србија го брани меѓународното право, Повелбата на ОН, зачувувањето на меѓународниот мир и безбедност, но и својот национален и историски идентитет, изјави Дачиќ во обраќањето на Самитот за мир, кој се одржа во чест на годишнината од раѓањето на Нелсон Мандела, во пресрет на 73-то заседание на Генералното собрание на Обединетите нации. Како што јави дописникот на МИА од Белград, Дачиќ нагласи дека Србија искрено е посветена на мирот и на дијалогот, кој со посредстсво на ЕУ се води помеѓу Белград и Приштина, како и на имплеметацијата на постигнатите договори. - Водејќи одговорна политика, ќе работиме интересите на нашиот народ, како и регионалниот мир и стабилност, да бидат заштитени. Придаваме посебно значење на делувањето на Мисијата на ОН на Косово и истакнуваме дека статусно неутралното присуство на УНМИК во несмален обем е од суштинско значење за стабилноста и создавањето на услови кои треба да водат во правец на трајно и одржливо решение за косовското прашање, истакна шефот на српската дипломатија. Тој го осуди тероризмот и сите видови на екстремизам и радикализам кои го загрозуваат мирот и посочи дека Србија е подготвена преку водечката улога на ОН и со партнерите ширум светот да придонесе за сузбивањето на овие закани. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/dachikj-politichko-reshenie-za-kosovo-e-nacionalen-prioritet-na-srbija/feed/ 0
Делави: Не сме рекле дека ќе прифатиме се што ќе договорат Тачи и Вучиќ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/delavi-ne-sme-rekle-deka-kje-prifatime-se-shto-kje-dogovorat-tachi-i-vuchikj/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/delavi-ne-sme-rekle-deka-kje-prifatime-se-shto-kje-dogovorat-tachi-i-vuchikj/#respond Mon, 24 Sep 2018 07:47:52 +0000 https://kurir.mk/?p=104896

Амбасадорот во заминување на САД во Косово, Грег Делави изјави дека Вашингтон продолжува да бара договорот меѓу Приштина и Косово да произлезе од преговарачките страни, но тоа не значи дека ќе прифати се што ќе дојде од претседателите Хашим Тачи и Александар Вучиќ, јави дописникот на МИА од Приштина. - Ние не сме рекле дека ќе прифатиме се. Ние сме рекле дека ќе го разгледаме постигнатиот договор и дека ќе ги изнесеме нашите забелешки доколку ги имаме, истакна Делави во интрервјуто за денешниот борј на весникот „Коха Диторе“, на крајот на неговиот тригодишен мандат во Приштина. Тој порача дека „решението треба да биде трајно, прифатено од граѓаните на двете земји и треба да придонесе за стабилноста на регионот, а не да биде на штета на таа стабилност“. Американскиот дипломат забележува дека на актуелниот процес на дијалогот меѓу Приштина и Белград му недостасува демократски легитимитет. - Мислам дека е работа на Собранието да обезбеди демократски легитимитет. Собранието, за жал, не беше во можност да обезбеди 61 глас за ништо што е поврзано со дијалогот, изјави Делави, нагласувајќи дека „секое решение што ќе произлезе од дијалогот а што нема некаков легитимитет ќе биде тешко да се прифати“. Во врска со трансформацијата на Безбедносните сили на Косово (ФСК) во војска на Косово, американскиот амбасадор нагласи дека никој како САД не ја поддржува ФСК, но смета дека минатонеделната одлука на Владата за законски измени за формирање на војската е избрзана. Трансформацијата на ФСК во војска на Косово, повтори Делави, мора да се направи со уставна, а не со законски промени. За случајот со лажните ветерани на ОВК, американскиот амбасадор наведе дека дебатата за тој проблем не треба да се одвива околу обвинителот задолжен со случајот, туку да се насочи кон неговата суштина, а тоа е законската одговорност на Државната комисија за воените ветерани. Делави, кој ја завршува дипломатската мисија во Приштина на крајот на овој месец, во интервјуто за „Коха Диторе“, меѓу другото, зборува и за корупцијата во земјата, за која вели дека е еден од големите проблеми со кои треба да се соочи Косово. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/delavi-ne-sme-rekle-deka-kje-prifatime-se-shto-kje-dogovorat-tachi-i-vuchikj/feed/ 0
САД: Поддршка на дијалогот Белград-Приштина, нема паралела со Република Српска во БиХ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/sad-poddrshka-na-dijalogot-belgrad-prishtina-nema-paralela-so-republika-srpska-vo-bih/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/sad-poddrshka-na-dijalogot-belgrad-prishtina-nema-paralela-so-republika-srpska-vo-bih/#respond Wed, 19 Sep 2018 10:35:19 +0000 https://kurir.mk/?p=103021

САД го поддржуваат дијалогот меѓу Белград и Приштина и за САД не постојат никакви паралели помеѓу Косово и Србија со Република Српска (РС), изјави денеска амбасадорката на САД во Босна и Херцеговина Морин Кормак. - Она што ние го поддржуваме, кога е во прашање Косово, е дефинитивно дијалогот, за кој сметаме да треба да се води се додека не се дојде до решение, кое ќе биде плод на заеднички договор и на двете страни. Ние секако дека ја поздравуваме улогата која ја има ЕУ во тие разговори, изјави Морин Кормак за Радио Слободна Европа. Коментирајќи го зачестеното споменување за нови разграничувања во регионот, како она меѓу Косово и Србија, а во контекст на домино ефектот кој би можел да се одрази на Република Српска, таа одговори дека политиката на САД е повеќе од јасна и доследна-не постојат никакви паралели помеѓу Косово и Србија и РС. - Нашата политика е доследна кога е во прашање поддршката и посветеноста на суверенитетот и на територијалниот интегритет на БиХ. Таа е единствена држава која се состои од два ентитети. Според Дејтонскиот мировен договор, БиХ во својата структура се состои од два ентитети и тие, според овој договор немаат право на отцепување, укажа американската амбасадорка во БиХ. Таа ја оцени како загрижувачка атмосферата во БиХ во пресрет на изборите. - Загрижувачки е што политичарите се користат со лаги и страв како основа на кампањата, наместо на реални работи и на оние прашања кои навистина ги загржуваат граѓаните, изјави Морин Кормак. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/sad-poddrshka-na-dijalogot-belgrad-prishtina-nema-paralela-so-republika-srpska-vo-bih/feed/ 0
Хоџај: Годинава приоритет треба да биде дијалогот со Србија, не предвремени избори https://arhiva.kurir.mk/svet/region/hodzaj-godinava-prioritet-treba-da-bide-dijalogot-so-srbija-ne-predvremeni-izbori/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/hodzaj-godinava-prioritet-treba-da-bide-dijalogot-so-srbija-ne-predvremeni-izbori/#respond Mon, 17 Sep 2018 11:34:41 +0000 https://kurir.mk/?p=102056

Косовскиот вицепремиер Енвер Хоџај тврди дека во Косово моментно работите не се одвиваат како што треба и дека одговорни за тоа се и власта и опозицијата, јави дописникот на МИА од Приштина. Хоџај во интервју за „Епока е Ре“ порача дека партиите од владејачката коалиција и опозицијата треба заеднички да работат на заокружување на процесот на државотворност и комплетирање на суверенитетот на земјата. Тој нагласи дека е последно време за постигнување политички консензус за дијалогот со Србија, додека политичката елита ја повика „да се однесува државнички одговорно“. Според вицепремиерот и поранешен шеф на косовската дипломатија, моментално приотет треба да бидат преговорите, а не предвремените избори. - Се додека е Косово во процес на дијалог, не треба да има избори, изјави Хоџај. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/hodzaj-godinava-prioritet-treba-da-bide-dijalogot-so-srbija-ne-predvremeni-izbori/feed/ 0
Дачиќ: Србија е против формирањето на косовска војска https://arhiva.kurir.mk/svet/region/dachikj-srbija-e-protiv-formiranjeto-na-kosovska-vojska/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/dachikj-srbija-e-protiv-formiranjeto-na-kosovska-vojska/#respond Fri, 14 Sep 2018 13:43:23 +0000 https://kurir.mk/?p=101011

Српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ порача денеска дека Србија апсолутно се противи на формирањето косовската армија, укажувајќи дека тоа води кон закана за стабилноста и безбедноста во Косово. - Ова е во спротивност со сегашниот меѓународен правен поредок и со Резолуцијата 1244, која гледа на КФОР како на единствена форма на вооружено присуство, кажа Дачиќ, прашувајќи се - за што тие сили би служеле покрај КФОР, освен за можен конфликт. Тој констатираше дека ова го прават сили кои сакаат да ја поткопаат можноста за постигнување на одредено трајно решение. - Видовте дека НАТО и САД, без оглед на фактот што некои од нив имаат симпатии кон косовската независност, не го поддржуваат овој начин на формирање на војската и сметаат дека тоа треба да се направи преку уставни промени, а до нив не може да се дојде без согласност на Српската листа во косовскиот парламент, рече Дачиќ. Тој изјави дека од разни земји доаѓаат пораки дека Србија може да ја добие само Заедницата на српски општини само на северно Косово, а бидејќи владата е стабилна, тоа може да им го „продаде на своите граѓани". - Порачувам да не зборуваат глупости, нема ништо од тоа. Ако не сакаат решение во кое Србија ќе добие нешто, ако не сакаат компромис, тогаш тоа ќе остане нерешено прашање, оцени Дачиќ. - Сигурен сум дека бројот на држави кои го признале Косово ќе се намалува, заклучи Дачиќ. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/dachikj-srbija-e-protiv-formiranjeto-na-kosovska-vojska/feed/ 0
Весели: Нема да има промена на граници, ниту размена на територии https://arhiva.kurir.mk/svet/region/veseli-nema-da-ima-promena-na-granici-nitu-razmena-na-teritorii/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/veseli-nema-da-ima-promena-na-granici-nitu-razmena-na-teritorii/#respond Thu, 13 Sep 2018 19:49:08 +0000 https://kurir.mk/?p=100636

Претседателот на косовскиот Парламент Кадри Весели изјави дека нема да има промена на границите на Косово или размена на територии во рамки на дијалогот меѓу Белград и Приштина. Во изјава за Дојче Веле тој рече дека преговорите меѓу Белград и Приштина ќе завршат со „признавање на независна и суверена држава Косово". - Ќе има недопирливост на нашата државна територија и целосен суверенитет. Нема да има Заедница на српски општини со извршна надлежност со која се загрозуваат уставниот поредок и територијалниот интегритет на Косово, изјави тој за Дојче Веле за време на посетата на Тирана. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/veseli-nema-da-ima-promena-na-granici-nitu-razmena-na-teritorii/feed/ 0