договор од преспа – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 22 Jun 2021 20:28:39 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png договор од преспа – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Заев доби укор од Атина за твитот каде користи придавка „Македонска фудбалска репрезентација“  https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaev-dobi-ukor-od-atina-za-tvitot-kade-koristi-pridavka-makedonska-fudbalska-reprezentacija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaev-dobi-ukor-od-atina-za-tvitot-kade-koristi-pridavka-makedonska-fudbalska-reprezentacija/#respond Tue, 22 Jun 2021 20:17:13 +0000 https://kurir.mk/?p=526838

„Премиерот на Северна Македонија мора да го почитува Договорот од Преспа во сите контексти, вклучително и меѓународните спортски настани, ова по твитот на Зоран Заев каде ја користи придавката „Македонски национален фудбалски тим“ го истакна владиниот портпарол на грчката влада Аристотелија Пелони. Имено таа по твитот на македонскиот премиер изјави дека од соседната земја бара целосна имплементација на Договорот од Преспа. „Бараме целосна имплементација на Договорот од Преспа и неговиот дух,  го повикуваме Заев да се воздржи од реторика на поделби, особено во такво чувствително прашање како што е фудбалот“, рече Пелони. Инаку реакцијата од грчка страна е поради твитот кој го објави Заев вчера кога го игравме последниот меч на ЕУРО 2020 против Холандија. Тој меѓу другото напиша и дека им дава силна поддршка на македонската фудбалска репрезентација. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaev-dobi-ukor-od-atina-za-tvitot-kade-koristi-pridavka-makedonska-fudbalska-reprezentacija/feed/ 0
САД ќе ставаат на црна листа и лица во Грција што работат против Договорот од Преспа https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sad-kje-stavaat-na-crna-lista-i-lica-vo-grcija-shto-rabotat-protiv-dogovorot-od-prespa/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sad-kje-stavaat-na-crna-lista-i-lica-vo-grcija-shto-rabotat-protiv-dogovorot-od-prespa/#respond Fri, 18 Jun 2021 08:03:02 +0000 https://kurir.mk/?p=525040

Оние што работат против Договорот од Преспа и во држави надвор од Западниот Балкан, вклучувајќи ја и Грција, ќе може да се најдат на црна листа на САД. Ова за Гласот на Америка го изјавил портпарол на Стејт департментот, одговарајќи на прашањето дали администрацијата на Бајден планира да ги прошири санкциите и кон лица од други држави, конкретно од Грција, која е потписник на Преспанскиот договор, поради што и подлежи на одредени обврски за негова имплементација. -Извршната наредба 14033 дозволува санкции против оние што ја потценуваат стабилноста на Западниот Балкан, каде и да се наоѓаат, под услов да ги исполнуваат релевантните критериуми за таргетирање, рекол портпарол на Стејт департментот. Тој на почетокот на неделава, во одговор за Гласот на Америка, исто така, истакнал дека одлуките за додавање нови имиња на црна листа се „предмет на внимателен, дисциплиниран процес, и важи само во најсериозни случаи“. На прашањето дали извршната наредба на Бајден опфаќа и граѓани кои јавно се спротивставуваат на Договорот од Преспа на социјалните медиуми, портпаролот тогаш истакнал дека намерата на САД не е да се спречат приватни лица да изразуваат мислење и оти САД охрабруваат силна дискусија и дебата меѓу граѓаните глобално и на Западниот Балкан. Тој нагласил дека „извршната наредба е алатка да се таргетираат оние што ја поткопуваат стабилноста на Западниот Балкан, и помага да се зацврсти основата за мир, безбедност и стабилност во регионот“. -Извршната наредба се однесува на постапки кои ги потценуваат демократските процеси, на обиди за прекршување, опструкција или закана за имплементација на меѓународни мировни договори, учество во сериозна злоупотреба на човекови права, или корупција, меѓу други активности, рекол за ВОА портпаролот. Претседателот Џо Бајден, на почетокот на месецов, донесе извршна наредба за замрзнување имот и забрана за влез во САД на лица кои претставуваат закана по безбедноста и мирот на секоја држава на Западен Балкан. Санкциите ќе се однесуваат и на оние лица, кои, меѓудругото, се одговорни или вклучени во попречување на имплементацијата на Договорот од Преспа од 2018 година, и Охридскиот рамковен договор од 2001 година. Извршната наредба ќе опфаќа и лица кои директно или индиректно се вклучени во корупција, злоупотреба на јавни фондови, поткуп и слично.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sad-kje-stavaat-na-crna-lista-i-lica-vo-grcija-shto-rabotat-protiv-dogovorot-od-prespa/feed/ 0
Уставниот суд ќе расправа за Законот за Договорот од Преспа и за Законот за употреба на јазиците https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ustavniot-sud-kje-rasprava-za-zakonot-za-dogovorot-od-prespa-i-za-zakonot-za-upotreba-na-jazicite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ustavniot-sud-kje-rasprava-za-zakonot-za-dogovorot-od-prespa-i-za-zakonot-za-upotreba-na-jazicite/#respond Thu, 18 Mar 2021 06:18:51 +0000 https://kurir.mk/?p=483976

Уставниот суд на Република Северна Македонија денеска ќе одржи подготвителна седница за предметите во кои е оспорена уставноста на Указот за Законот за ратификација на договорот со Грција (т.н. Преспанскиот договор) и Законот за ратификација на Конечна спогодба за решавање на разликите опишани во резулуциите 817(1993) и 845 (1993) на Советот за безбедност на ОН за престанување на важноста на Привремената спогодба од 1995 година и за воспоставување на стратешко партнерство меѓу страните и на Указот за прогласување на Законот за употреба на јазиците и Законот за употреба на јазиците. Од Уставен информираа дека во однос на Законот за ратификација на Конечна спогодба за решавање на разликите опишани во резулуциите 817(1993) и 845 (1993) на Советот за безбедност на ОН за престанување на важноста на Привремената спогодба од 1995 година и за воспоставување на стратешко партнерство меѓу страните и Указот за прогласување на Законот, до нив се поднесени седум иницијативи. Меѓу подносителите на иницијативите се Светскиот македонски конгрес, професорката Солза Грчева, како и граѓани. Во однос на Законот за употреба на јазиците и Указот за негово прогласување се поднесени вкупно 13 иницијативи. Како што велат од Судот, по однос на овој Закон првата иницијатива била поднесена во јануари 2019 година, а во текот на целата година пристигнувале и другите иницијативи и поради истата материја која е оспорена ќе се разгледуваат заедно. Подносители на иницијативите се политичките партии Левица, ВМРО-ДПМНЕ, Светскиот македонски конгрес, професорките Солза Грчева и Тања Каракамишева, како и граѓани. -Претходната постапка по предметот беше водена повеќе од една година, со детална анализа на наводите во иницијативите во однос на законските одредби, беа побарани одговори од сите учесници во постапката (доносителите на актите и Владата на РСМ) и се изработени обемни реферати, велат од Уставниот суд. И двата закона, Законот за употребата на јазиците во Република Македонија и Законот за ратификација на Договорот од Преспа, се усвоени по втор пат со потребното мнозинство во Собранието на Република Македонија. Законот за употреба на јазиците во март 2018 година, а Законот за ратификација на Договорот од Преспа на 5 јули, исто така во 2018 година. Владата, како што објави во соопштение, ја поддржува одлуката двата закони да бидат објавени во Службен весник на РМ со потпис на Претседателот на Собранието, имајќи го предвид прекршувањето на Уставот од страна на тогашниот претседателот Ѓорге Иванов, кој одби да ги потпише. Одлуката за одржување подготвителна седница судиите ја донеле по неколкуте одржани работни состаноци на кои биле разгледани прашања поврзани со овие предмети.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ustavniot-sud-kje-rasprava-za-zakonot-za-dogovorot-od-prespa-i-za-zakonot-za-upotreba-na-jazicite/feed/ 0
Заев среде Атина го пофали Договорот од Преспа https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaev-srede-atina-go-pofali-dogovorot-od-prespa/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaev-srede-atina-go-pofali-dogovorot-od-prespa/#respond Wed, 16 Sep 2020 19:08:59 +0000 https://kurir.mk/?p=404258

Заедно се соочуваме со истите здравствени и економски предизвици, и само заедно можеме да ги надминеме, со поблиска соработка и со поголема солидарност. Затоа треба да продолжиме да инвестираме во добрососедски односи, да ги надминуваме отворените прашања со дијалог и толеранција и да ја подобруваме регионалната соработка“, истакна претседателот на Владата  Зоран Заев на панелот посветен на иднината на Западен Балкан на конференцијата на угледниот магазин „Економист“ организирана како тркалезна маса со Владата на Грција и учесници од регионот на тема „Европа: Зајакнување на кохезијата во турбулентни времиња“ за брз и ефикасен излез од кризата предизвикана од пандемијата со КОВИД-19. „Најдобрата иднина за регионот на Западен Балкан е да се продолжи со евроатлантските интеграции, и ниту една друга опција не е алтернатива“, додаде премиерот Заев и потсети дека Договорот од Преспа е одличен пример за успехот на дипломатијата и дијалогот и дека оконча едно отворено и тешко прашање кое траеше предолго. „Резултатот од последните парламентарни избори во Северна Македонија покажува дека граѓаните знаат и да ги наградат политичарите кои донесуваат тешки одлуки кои се добри и од огромно значење за иднината на земјата и граѓаните. Потребна е силна политичка волја за да се решаваат сите деликатни прашања и тоа е охрабрувачка порака за Западен Балкан. Се надевам дека нашите постигнувања, договорите со Грција и Бугарија, се доволно инспиративни за лидерите во регионот да се посветат на негување на мирот и стабилноста, да ја зајакнеме регионалната соработка, да постигнеме поголем економски развој и да останеме до крај посветени на евроатланските интеграции“, потенцираше претседателот на Владата Зоран Заев, на конференцијата на „Економист“ во Атина, на која од наша страна учествуваат и заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи, заменик-претседателот задолжен за европски прашања Никола Димитров, и министерот за надворешни работи Бујар Османи. Премиерот Заев нагласи дека за него е од особено значење што неговото прво службено патување надвор од земјата во вториот мандат како претседател на Владата на Северна Македонија е работната посета на Република Грција, која освен учеството на конференцијата на „Економист“, вклучува и средби со премиерот Кирјакос Мицотакис и претседателката Катерина Сакеларопулу. Настанот во организација на „Економист“, подвлече премиерот Заев е сериозна платформа за дебата за сегашноста и иднината на нашиот регион, и учеството на сите угледни и влијателни гости на конференцијата од политиката и бизнис заедницата е одлична можност за размена на идеи и за соработка за долгорочна политичка стабилност како предуслов за економски раст на земјите од опкружувањето. „Во вториот мандат формирав Влада со помалку ресори со цел да бидеме поефикасни. Влада со стабилна политичка структура и со силна евроатланска ориентација која ќе продолжи да ги следи нашите стратешки приоритети, политиките на НАТО и ЕУ, добрососедските односи и подобрувањето на внатрешната кохезија. Во исто време, ќе се фокусираме на справување со КОВИД-19, на зајакнување на владеењето на правото и на создавање на динамичен економски раст“, рече премиерот Заев, и додаде дека во однос на справувањето со КОВИД-19 од исклучителна важност беше и останува соработката со ЕУ и покажаната солидарност со непосредната помош за сите земји од Западен Балкан, со овозможениот пристап до платформите за соработка резервирани за земјите-членки, како и за значителната финансиска и економска поддршка.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaev-srede-atina-go-pofali-dogovorot-od-prespa/feed/ 0
Заев создава хистерија за договорот со Грција за да им се додвори на Албанците откако ги исполажа со ветувања за живот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaev-sozdava-histerija-za-dogovorot-so-grcija-za-da-im-se-dodvori-na-albancite-otkako-gi-ispolaza-so-vetuvanja-za-zivot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaev-sozdava-histerija-za-dogovorot-so-grcija-za-da-im-se-dodvori-na-albancite-otkako-gi-ispolaza-so-vetuvanja-za-zivot/#respond Tue, 21 Jan 2020 09:11:13 +0000 https://kurir.mk/?p=292521

Како што наближуваат изборите, сегашното раководство на ВМРО-ДПМНЕ продолжува да заговара опасни идеи за укинување или поништување на Договорот од Преспа, истакна вчера поранешниот премиер Зоран Заев. Во драматична прес-конференција тој се обиде да претстави дека не договорот од Преспа, туку неговото поништување е тоа кое ќе нанесе штета на Македонија. Заев цитираше дел од изјавите на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, како и од членови на партијата, кои зборуваа за поништување на овој договор, кој го сметаат за штетен за Република Македонија. -Неодамна, во октомври 2019 година, Христијан Мицкоски за српски медиуми укажа дека ако имаат 2/3 мнозинство, ќе се отворела можноста за чекор назад по однос на договорот, а за македонските медиуми рече дека ќе го укинеле догворот од Преспа. Советничката на Мицкоски, Каракамишева отворено побара да се укинат амандманите во Уставот, истакна Заев. Екс-премиерот се плашел дека изјавите на функционери од ВМРО-ДПМНЕ, Грција можела да ги сфати како провокации. Тоа од кое Заев реално треба да се плаши е ставот на граѓаните и нивната разочараност во него. По прашањето за договорот со Грција и промената на името, народот одамна му предочи што мисли. 65% од народот е против овој договор, па ова треба да е за Заев многу позагрижувачко отколку најавите на политичарите. -Шеесет и пет отсто од македонските граѓани сметаат дека Македонија не треба да го промени името за да влезе во НАТО, покажа анкетата на институтот за демократија „Социетас Цивилис” спроведена на барање на Министерството за одбрана. Од испитаниците кои негативно се изјасниле за промена на името за сметка на влез во НАТО, 84 отсто се Македонци, 7,1 отсто Албанци и 8,9 отсто од другите заедници. Анкетата беше спроведена пред референдумот, па на самиот референдум Заев уште еднаш се соочи со ставот на народот. Став кој сигурно не му се допадна и бојкот преку молк кој му кажа многу повеќе отколку што очекуваше дека е способен да добие. Ако зборуваме за резултатите од анкетата само на Македонците, тогаш уште поголем дел од граѓаните се изјаснија за против. Ова е само една од големите причини поради кои Заев сфати дека неговата поддршка се сведува на минимум. На поранешниот премиер му е кристално јасно дека битката за освојување на македонското гласачко тело е изгубена. Соочен со сопствениот неуспех, Заев се врти кај Албанците надевајќи се дека тие повторно ќе го донесат на власт. Но, Албанците во Македонија беа жртва на бројни негови лаги и ветувања за живот кој никогаш не дојде во Македонија. За договорот со Грција, Албанците  од старт даваа силна поддршка. Поради ова станува јасно дека со вчерашната прес-конференција Заев имаше за цел да создаде хистерија кај албанскиот народ кој живее во Македонија, бидејќи на оваа тема кај Македонците секогаш се соочува со изгубена битка. Албанските гласови се тие кои Заев го донесоа на власт, па тој се “крсти“ дека и на претстојните избори ќе добие поддршка од албанското гласачко тело. Но, Албанците во Македонија му даваа поддршка на Заев верувајќи во неговите ветувања. Ветувања за кои од оваа дистанца е сосема јасно дека претставувале една голема лага. Албанците стануваат жртва на популизмот на Заев Му веруваа и останаа разочарани. Албанците од лидерот на СДСМ добија бројни ветувања со кои им се додворуваше пред изборите. Откако седна на власт, Заев заборави што им ветувал и не покажа ниту тронка грижа за нивните проблеми и очекувања. Не им обезбеди 300 пилоти во Арачиново, не го направи водоводот во Вејце, не стави асфалт на кумановските улици. Заев не реализираше ниту еден голем проект на местата каде живее мнозинство албанско население. Сака да игра на истата карта како минативе години, па Заев сега повторно се врти кон Албанците, создавајќи хистерија и обидувајќи се да ги убеди дека сите не чинат, само тој е добар. Заев со популистички чекори во обид за лов на албански гласачи, во надеж дека Албанците и покрај тоа што не добија ништо, пак ќе му ја дадат довербата. Албанците стануваат жртва на популизмот на Заев, па тој не бира средства во битката да им се додворува. Аналитичарите велат дека Заев има затворена врата кај Македонците, па затоа сега се пробува кај Албанците. Според нив, договорот со Грција станува тиранска платформа на Заев со која ќе проба одново да им се допадне на Албанците. „Намерно создавање паника кај населението“ Историчарот Никола Грбов со кус осврт на прес-конференцијата на Заев: 1. Неверојатен фејк њуз директно од претседателот на вледачката СДСМ и тоа на прес конференција. Вели „Ако се укине или измени прспанскиот договор автоматски ќе бидеме исклучени од НАТО“. Ова не само што е тешка манипулација туку ова е и намерно создавање паника кај населението. 2. Понатаму вели „За преспанскиот договор се водеа преговори повеќе од 20 години...“. Ова е тешка манипулација со цел споделување на одговорноста со сите останати политички чинители кои во изминатите 20 години преговарале со Грција за спорот со името. Апсолутно никој, па дури и СДСМ додека беше на власт, не преговарал за одредбите од преспанскиот договор. Договор со такви одредби, доколку некој го прифател, ќе се потпишел многу порано, но никој не преговарал и не го прифатил она што Заев го прифатил. 3. На крајот вели „Доколку се укине или измени преспанскиот договор тоа ќе не врати 25 години назад“. Повторно манипулација, тоа ќе не врати во времето пред ти да дојдеш на власт и веднаш да прифатиш сѐ она што твоите претходници не го прифатиле и се бореле да не дојде до ова. „Ајде да видиме што оствари овој муртински лажов“ Бизнисменот и активист Роберт Милески на својот Фејсбук профил сподели статус во кој пишува како Заев велел дека од Договорот од Преспа, Македонија ќе имало иднина. Даштевски: Заев се додворува, спинува и подготвува позиција за кампања КУРИР побара став од аналитичарот Александар Даштески, кој открива три цели кои Заев сакал да ги постигне со вчерашниот говор. Пред се, Даштески се согласува дека со овие ставови екс-премиерот им се додворува на албанските гласачи во Македонија. Втората цел која Заев сакал да ја постигне со вчерашната изјава, вели Даштевски за КУРИР,  е спинување и вртење на темата. Во време кога во земјава најголем скандал е високата корупција, екс-премиерот, смета аналитичарот, зборува за други работи за да ја сврти темата.  Заев не ја заврши работата која ја ветуваше и земјава не доби датум за преговори, па сега Заев одново ја промовира работата која не ја заврши. И третата цел која Заев ја имал со вчерашниот говор, смета Даштевски, е подготовка на позиција пред изборите за тоа што ќе го говори во кампања. Тој, вели аналитичарот, сака да го исплаши народот.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaev-sozdava-histerija-za-dogovorot-so-grcija-za-da-im-se-dodvori-na-albancite-otkako-gi-ispolaza-so-vetuvanja-za-zivot/feed/ 0
65% од народот е против договорот од Преспа: Заев треба да се плаши од ставот на граѓаните, а не од најавите од ВМРО-ДПМНЕ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/65-od-narodot-e-protiv-dogovorot-od-prespa-zaev-treba-da-se-plashi-od-stavot-na-gragjanite-a-ne-od-najavite-od-vmro-dpmne/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/65-od-narodot-e-protiv-dogovorot-od-prespa-zaev-treba-da-se-plashi-od-stavot-na-gragjanite-a-ne-od-najavite-od-vmro-dpmne/#respond Mon, 20 Jan 2020 18:20:32 +0000 https://kurir.mk/?p=292222

Како што наближуваат изборите, сегашното раководство на ВМРО-ДПМНЕ продолжува да заговара опасни идеи за укинување или поништување на Договорот од Преспа, истакнува денес екс-премиерот Зоран Заев на својата прес-конференција. Тој цитираше дел од изјавите на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, како и од членови на партијата, кои зборуваа за поништување на овој договор, кој го сметаат за штетен за Република Македонија. -Неодамна, во октомври 2019 година, Христијан Мицкоски за српски медиуми укажа дека ако имаат 2/3 мнозинство, ќе се отворела можноста за чекор назад по однос на договорот, а за македонските медиуми рече дека ќе го укинеле догворот од Преспа. Советничката на Мицкоски, Каракамишева отворено побара да се укинат амандманите во Уставот, истакна Заев. Екс-премиерот се плашел дека изјавите на функционери од ВМРО-ДПМНЕ, Грција можела да ги сфати како провокации. -ВМРО-ДПМНЕ не е само политичка партија. Денес таа е вградена во највисоките институции во државата. Гледате дека имаме министри кои не го употребуваат уставното име на државата. Ова е формализација. Значи , јас немам предрасуди. Нивните ставови се такви, тие не го почитуваат Уставот, но не смееме да дозволиме државата да не го почитува Уставот. Како може да очекуваме некој дома да го почитува законот и уставот кога владејачката партија преку своите министри или заменици министри, дополнителни министри, не го почитуваат законот и уставот, истакна Заев. Но, лидерот на СДСМ заборави дека за овој Договор се изјаснија и граѓаните. Прво, со бојкот му ја срушија идејата да се вади на резултати од референдум. Но, сепак, на анкета си го кажаа ставот. 65% од народот е против овој договор, па ова треба да е за Заев многу позагрижувачко отколку најавите на политичарите. -Шеесет и пет отсто од македонските граѓани сметаат дека Македонија не треба да го промени името за да влезе во НАТО, покажа анкетата на институтот за демократија „Социетас Цивилис" спроведена на барање на Министерството за одбрана. Од испитаниците кои негативно се изјасниле за промена на името за сметка на влез во НАТО, 84 отсто се Македонци, 7,1 отсто Албанци и 8,9 отсто од другите заедници.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/65-od-narodot-e-protiv-dogovorot-od-prespa-zaev-treba-da-se-plashi-od-stavot-na-gragjanite-a-ne-od-najavite-od-vmro-dpmne/feed/ 0
Ципрас: Горд сум за Договорот од Преспа https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/cipras-gord-sum-za-dogovorot-od-prespa/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/cipras-gord-sum-za-dogovorot-od-prespa/#respond Wed, 05 Jun 2019 08:07:31 +0000 https://kurir.mk/?p=205403

Донесовме тешка политичка одлука, одлука која што не се осмелија да ја донесат моите претходници, спротивно на струјата на популизмот и иако имаше влијание и политичка цена во цела Грција, горд сум за ова, вели грчкиот премиер Алексис Ципрас во интервјуто за државната телевизија ЕРТ во однос на Договорот од Преспа и последиците од него за актуелната влада, јави дописничката на МИА од Атина. -Морам да признаам дека беше смела и тешка политичка одлука, но за која сум горд. Горд сум и јас, и мојата влада и секако, сигурен сум дека е горд и тогашниот министер за надворешни работи Никос Коѕијас, што и се спротивставивме на струјата од тој период за да го одбраниме националниот интерес, бидејќи сите оние кои сметаа дека ќе биде централната тема во предизборната конфронтација, не беше, и не беше бидејќи не изгубивме никаква Македонија, не само што не изгубивме туку се надгради престижот на земјата, рече грчкиот премиер и истакна дека сега земјата е во позиција да може да се насочи кон истокот „каде што е и вистинската опасност“. Ципрас додаде дека во исто време, грчките, а не турските, воени авиони „се оние кои го надгледуваат воздушниот простор на соседната земја, која е стратешки сојузник“. За влијанието на договорот, Ципрас објаснува дека постои и влијание и политичка цена, но не во северна Грција како што некои очекуваа и предвидуваа, туку во целата земја, бидејќи Договорот од Преспа ги фрли во сенка позитивните економски владини мерки. -Горд сум, но сметам дека имаше влијание. Може не се гледа во северна Грција, но имаше во цела Грција. Бидејќи во клучниот период кога земјата излегуваше од меморандумите и земјата дишеше, а јас на Меѓународниот саем во Солун, како премиер, прв пат по осум години најавив позитивни мерки, создаде клима на политичка конфронтација и поларизација, широка поларизација, во која преовладуваше идентитетската, а не економската тема, што во втор план ги стави закрепнувањето, просперитетот и надежта што по големи тешкотии конечно дојде за земјата. Што значи дека ни направи штета. Имаше политичка цена, но не цена на поделба меѓу север и југ, како што некои прогнозираа, туку постоеше на ниво на цела Грција, објасни Ципрас, пренесе МИА. Во однос на коалицијата со Независни Грци, Ципрас рече дека под нормални услови, требаше да заврши, не во август минатата година кога земјата излезе од меморандумската политика, туку веднаш по потпишувањето на Договорот од Преспа, но тоа не се случи бидејќи, како што објасни, „не можеше да се формира алтернативно прогресивно мнозинство со Движењето на промена и Река, бидејќи и тие му се приклучија на анти-СИРИЗА фронтот“. Грчкиот премиер во интервјуто за ЕРТ што траеше час и 45 минути, потврди дека предвремените парламентарни избори во Грција ќе се одржат на 7 јули.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/cipras-gord-sum-za-dogovorot-od-prespa/feed/ 0
Атина ќе го информира Скопје за ратификацијата на Преспанскиот договор и Протоколот за НАТО https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/atina-kje-go-informira-skopje-za-ratifikacijata-na-prespanskiot-dogovor-i-protokolot-za-nato/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/atina-kje-go-informira-skopje-za-ratifikacijata-na-prespanskiot-dogovor-i-protokolot-za-nato/#respond Mon, 11 Feb 2019 06:47:14 +0000 https://kurir.mk/?p=162433

Атина денеска се очекува да испрати Вербална нота до Скопје со која ќе информира дека Грција го ратификуваше и Договорот од Преспа и Протоколот за членство во НАТО, најави вчера алтернативниот министер за надворешни работи на Грција, јави дописничката на МИА од Атина. Јоргос Катругалос, во интервју за грчката новинска агенција АНА-МПА, вчера ги појасни следните чекори откако грчкиот Парламент во петокот даде зелено светло за Протоколот за членство во НАТО, а на 25 јануари го ратификуваше Договорот од Преспа. – Во понеделник ќе биде испратена Вербална нота што ќе информира за ратификацијата на договорот и во продолжение Северна Македонија ќе ги информира ОН, но и сите земји членки што ја признаа под уставното име, така што од сега па натаму признавањето да биде со новото уставно име. И секако, од понеделник започнуваат нејзините обврски, во внатрешноста да фги промени имињата на улиците, на објектите, на документите што го имаат старото име, како што беше договорено, објаснува Катругалос, за грчката новинска агенција, пренесе МИА. Алтернативниот шеф на грчката дипломатија за АНА-МПА, на прашањето дали од следната седмица соседната земја ќе биде обврзана да го користи новото име, одговара позитивно и додава дека Договорот од Преспа е јасен во однос на тоа. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/atina-kje-go-informira-skopje-za-ratifikacijata-na-prespanskiot-dogovor-i-protokolot-za-nato/feed/ 0
Мицотакис се заканува со вето на преговорите на Македонија со ЕУ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/micotakis-se-zakanuva-so-veto-na-pregovorite-na-makedonija-so-eu/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/micotakis-se-zakanuva-so-veto-na-pregovorite-na-makedonija-so-eu/#respond Mon, 04 Feb 2019 09:29:52 +0000 https://kurir.mk/?p=159892

Ќе го искористам секое правно и дипломатско средство за да ги ублажам негативните последици од Преспа, ќе го искористам правото на вето во отворањата на поглавјата за интеграција на Скопје во ЕУ, а доколку не се задоволат грчките позиции, поглавјата ниту ќе се отворат, ниту ќе се затворат, рече лидерот на опозициската Нова демократија, Кирјакос Мицотакис говорејќи на партиски настан во грчкиот град Ламиа, јави дописничката на МИА од Атина. Мицотакис објасни дека за него, прашањето не е затворено, иако веќе постојат работи што се „негативни и завршени, но националните обиди не запираат“. -Ќе го искористам секое правно и дипломатско средство за ублажување на негативните последици од Преспа. И не го испуштам правото на вето за секое поглавје што ќе се однесува на интеграција на Скопје во Европската унија. За земјата да влезе во Европската унија постојат 35 поглавја, за кои е потребно одобрение, на почеток за да се отворат и на крај за да се затворат. Овие 35 поглавја мора да се завршат за да оди напред европската интеграција на Скопје. Тие ниту ќе се отворат, ниту ќе се затворат, ако претходно не се задоволат позициите на Грција, порача Мицотакис и истакна дека Нова демократија го направила она што било нејзина должност. Лидерот на Нова демократија уште еднаш повтори дека „штетниот Договор од Преспа“ признава македонски јазик и македонски идентитет за соседите, но и „му дава можност на Скопје да монополизира“ , бидејќи во договорот, „грчката Македонија е наречена северниот регион на првата страна“.  -Наспроти тоа, за македонскиот народ се одредува држава и култура. Така, за жал се отвораат раните на иредентизмот, но и многу проблеми што имаме пред нас: трговските ознаки за производите од Северна Грција, стотици бизниси, што денес го користат терминот Македонија во нивните производи, се незаштитени. Што ќе се случи со нашите учебници? Очигледно е дека договорот во пракса отстапува идентитет и јазик на народ, само тој да се нарекува македонски и одредува држава, само таа, да биде населена од Македонци. Дури и формалниот термин „Северна Македонија“ ќе се отстрани, бидејќи никаде не се спомнува барем „северномакедонски“ народ или барем „северномакедонски“ јазик и култура, објасни Мицотакис говорејќи пред членовите на Нова демократија во грчкиот град Ламиа, пренесе МИА. Мицоткаис повторно го обвини Ципрас дека дал согласност онаму каде што не се согласиле претходните грчки премиери и дека ваков договор можело да постои уште во Букурешт во 2008, но тогаш Караманлис и Бакојани рекле „не“. -Не знам каква замена направи и го отстапи најсилното дипломатско оружје на земјата, односно одобрување на влез на Скопје во НАТО. Не ги слушна гласовите од сите краеви на земјата на големите протести. Ниту обрна внимание на 70 отсто од Грците кои не се согласуваат со овој договор. Наспроти тоа, Ципрас инсистира да ги навредува Грците, ве навредува сите вас, сите вас кои не се согласувате со договорот, ве нарекува екстремни десничари и националисти, рече Мицотакис.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/micotakis-se-zakanuva-so-veto-na-pregovorite-na-makedonija-so-eu/feed/ 0
ВО ЖИВО: Почна гласањето во грчкиот Парламент за ратификација на Договорот од Преспа https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pochna-glasanjeto-vo-grchkiot-parlament-za-ratifikacija-na-dogovorot-od-prespa/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pochna-glasanjeto-vo-grchkiot-parlament-za-ratifikacija-na-dogovorot-od-prespa/#respond Fri, 25 Jan 2019 13:08:34 +0000 https://kurir.mk/?p=156503

По 38,5 часа расправа на пленарната седница од средата наутро до денеска, пред малку во грчкиот Парламент започна гласањето за ратификација на Договорот од Преспа, јави дописничката на МИА од Атина. Со прозивање, сите 300 пратеници ќе треба да кажат дали гласаат „да“, „не“ или „воздржано“ за нацрт законот на Министерството за надворешни работи на Грција за ратификација и стапување во сила на Договорот од Преспа. Тридневната дебата, со говор, ја затвори алтернативниот министер за надворешни работи на Грција, Јоргос Катругалос. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pochna-glasanjeto-vo-grchkiot-parlament-za-ratifikacija-na-dogovorot-od-prespa/feed/ 0