договор со бугарија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 28 Dec 2021 19:28:04 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png договор со бугарија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Ковачевски: Историјата не може да биде единствена тема на разговор со Бугарија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kovachevski-istorijata-ne-moze-da-bide-edinstvena-tema-na-razgovor-so-bugarija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kovachevski-istorijata-ne-moze-da-bide-edinstvena-tema-na-razgovor-so-bugarija/#respond Tue, 28 Dec 2021 19:28:04 +0000 https://kurir.mk/?p=614221

Претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски одговарајќи на прашање околу спорот со Бугарија порача дека историјата не може да биде единствена тема на разговор меѓу две соседни држави. – Со Бугарија треба да разговараме и за иднината, иднина преточена во инвестициски проекти, во инфраструктурни проекти, во економска и културна соработка. Тоа ќе ги зближи граѓаните а ќе донесе и економски придобивки за граѓаните, преку зголемената економска соработка. Така што нормално е да разговараме на тие теми, нормално е да имаме стручни работни групи по тие теми, посочи Ковачевски вечерва во интервју за телевизија Сител. Тој се осврна и на најавената временска рамка од страна на Бугарија, истакнувајќи дека решението треба да се бара преку европските вредности. – Разговорите треба да се водат во духот на европските вредности. Ние како држава имаме свои позиции изградени во Собранието, Бугарија исто така има изградено свои позиции и во рамките на европските вредности, почитувајќи го достоинството на двете држави сметам дека може да се најде решение и да ја почнеме првата меѓувладина конференција, порача Ковачевски, додавајќи дека го очекува премиерот на Бугарија, Кирил Петков во Скопје за да разговараат околу изнаоѓање начин за решавање на проблемот. Од новото раководство на партијата очекува ефикасност, одговорност и чесност во работењето. – Тимот е избран врз основа на основите за кои се залагав во програмата и во самото презентирање на мојата кампања, а тоа е дека ќе бидат стручни и ефикасни во извршувањето на своите одговорности. Тоа го побарав од сите пред да бидат практично номинирани. Очекувам со својата одговорност и чесност дека ќе дадат пример во работењето на партијата, но и во институциите во кои ќе бидат. Да бидат првите кои што ќе покажат чесност во работењето, а не само да се зборува за реформи, за спроведувањето на правдата и правото во државата, рече Ковачевски. Осврнувајќи се на структурата на Извршниот одбор на СДСМ, оцени дека тоа е тимот кој ќе донесе нови успеси на СДСМ и посветено ќе работи за интересите на граѓаните. – Во структурата на Извршниот одбор се вклучени кадри, лица од сите делови на државата. Педесет отсто се застапени жените што значи дека имаме родово балансиран извршен одбор. И се застапени младите со 33 проценти. Значи имаме еден спој на искуство, на знаење, на стручност од различни профили на професионалци, и докажани партиски другари и на млади луѓе кои што ќе дадат дополнителна енергија, порача Ковачевски, додавајќи дека очекува поддршка во работата од сите претходни раководства на партијата. Ковачевски утре треба да го добие мандатот од претседателот Стево Пендаровски за состав на нова Влада.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kovachevski-istorijata-ne-moze-da-bide-edinstvena-tema-na-razgovor-so-bugarija/feed/ 0
Не Бугарија, туку нагонот за себенегирање на Заев, ќе донесе нова блокада за ЕУ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ne-bugarija-tuku-nagonot-za-sebenegiranje-na-zaev-kje-donese-nova-blokada-za-eu/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ne-bugarija-tuku-nagonot-za-sebenegiranje-na-zaev-kje-donese-nova-blokada-za-eu/#respond Tue, 13 Oct 2020 11:53:19 +0000 https://kurir.mk/?p=415711

Себе негирањето како хибриден нагон на премиерот Заев кон македонската историја, идентитет и јазик по прифаќање на Договорот од Преспа и Договорот за добрососедство со Бугарија е очигледно дека ќе продолжи кога македонскиот премиер дава изјави како Гоце Делчев бил „заеднички јунак“. Сега Заев вината ја фрли врз Екатерина Захариева министерката за надворешни работи на Бугарија, која ни порача дека „треба да ги признаете историските реалности поврзани со процесот на создавање на новиот национален идентитет “. Сега Заев вели внимавајте ќе има блокада од страна на Бугарија, како веќе да не се навикнавме и на оправдувања и на блокади. Заев го нарекува бугарскиот премиер Борисов пријател и брат, па ќе ги решел со него проблемите со Бугарија, додека Захариева е лошата затоа што му предложила непристојни неевропски ниту добрососедски предлози. Не е ни чудно, предлозите на Захариева се прекршување на хибридниот договор за добрососедство со Бугарија според кој ниедна од страните се обврзува дека „нема да презема, поттикнува и поддржува дејствија, насочени против другата земја, кои имаат непријателски карактер “ прецизирани во член 11. Но, од друга страна ставовите на бугарските политичари никогаш не се сокрија од јавноста, напротив ја интензивираа пробугарската реторика дома и надвор, додека кај нас македонскиот премиер не сака во јавност да зуцне дека Делчев е македонец. Заев и пред потпишување на договорот со Бугарија, со политиката на себенегирање направи доволно штета да сега секој може да го уценува македонскиот народ, по изјавите дека Делчев е „заеднички јунак“, тој веќе го испазарил и него и продолжува со хибридниот нарав. Па сега не ни е крива Захариева што си ги кажува пробугарските ставови, кога Заев со ниедна постапка не ги заштити македонските интереси. Со паметот на Заев останавме без име, без Делчев, без јазик и идентитет, со „сидрото напред“ ќе останеме и без ЕУ, не заради Захариева, туку заради Заев.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ne-bugarija-tuku-nagonot-za-sebenegiranje-na-zaev-kje-donese-nova-blokada-za-eu/feed/ 0
Подготвен е анекс на Договорот за пријателство, бугарските владејачки партии ВМРО-БНД и АТАКА порачуваат: Македонија и Бугарија. Тоа се два збора за истото! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/podgotven-e-aneks-na-dogovorot-za-prijatelstvo-bugarskite-vladejachki-partii-vmro-bnd-i-ataka-porachuvaat-makedonija-i-bugarija-toa-se-dva-zbora-za-istoto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/podgotven-e-aneks-na-dogovorot-za-prijatelstvo-bugarskite-vladejachki-partii-vmro-bnd-i-ataka-porachuvaat-makedonija-i-bugarija-toa-se-dva-zbora-za-istoto/#respond Wed, 22 Aug 2018 22:57:07 +0000 https://kurir.mk/?p=90962

Откако бугарскиот претседател Румен Радев побара анекс на договорот помеѓу Македонија и Бугарија вечерва бугарските политички партии кои се дел од владејачката гарнитура, ВМРО-Бугарското национално движење и Атака и официјално потврдија дека веќе е подготвен анекс на Договорот за пријателство, пренесува EUSCOOP. Двете политички партии бараат Македонија да престане со присвојување и погрешно претставување на бугарската историја. Лидерот на Атака, Волен Сидеров, ја објави информацијата вечерва и изјави дека веќе ги подготвил условите на анексот. Тој вели дека договорот за пријателство дозволува таква промена. Сидеров ги сумираше неговите барања: "Во принцип, во анексот се наведува дека Македонија треба да се воздржи од присвојување на историски настани и личности: владетели од Првата бугарска империја од цар Крум до цар Владислав, сите историски личности се поврзани со борбата за национално ослободување и така натаму, сите историски настани поврзани со таа ера. Накратко, сакаме една гаранција од македонската држава да престане со своите невнимателни активности кои се однесуваат на нашата историја и да предизвикаат вознемиреност ". Од партијата ВМРО-Бугарското национално движење, бараат да не се меша со ВМРО-ДПМНЕ, и додаваат: "Нашите предци никогаш не направиле разлика меѓу Македонија и Бугарија. Тоа се два збора за истото!“ Од ВМРО-БНД велат, го разбираат премиерот на земјата, Зоран Заев дека е во деликатна позиција со претстојниот референдум, но исто така, потсетуваат дека Бугарија ќе го има последниот збор за Македонија да влезе во Европска Унија. Додаваат и дека Македонија станала позната по бизарните и неточни историски тврдења во врска со историјата на Бугарија и дека за повеќето Бугари, земјата и македонското население се етнички, културно и историски бугарски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/podgotven-e-aneks-na-dogovorot-za-prijatelstvo-bugarskite-vladejachki-partii-vmro-bnd-i-ataka-porachuvaat-makedonija-i-bugarija-toa-se-dva-zbora-za-istoto/feed/ 0
Прванов: Македонија е создадена на бугарска територија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prvanov-makedonija-e-sozdadena-na-bugarska-teritorija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prvanov-makedonija-e-sozdadena-na-bugarska-teritorija/#respond Thu, 16 Aug 2018 10:44:16 +0000 https://kurir.mk/?p=88533

Поранешниот бугарски претседател Георги Прванов вели дека македонската држава е изградена на бугарска почва и дека откако Македонја се откажа од античката историја почна да го гради идентитетот врз база на кражба на бугарската историја. Прванов е категоричен дека периодот од крајот на XIX и почетокот на XX век не може да биде оценет на друг начин освен како бугарски во македонската историја. „Македонската држава се создава, се јавува на бугарска почва“, изјави Прванов во интервју за Радио „Фокус“. Според Прванов, Бугарија мора да ги извлече аргументите кои зборуваат за бугарската кауза за да се користат на Балканот и да се популаризираат во Европа. Тој уште додал дека договорот за добрососедство утврдува некои позитивни процеси, но крие и одредени ризици. „Високо го цениме потпишаниот договор минатата година меѓу Бојко Борисов и Зоран Заев и имав очекувања тој да отиде многу подалеку од она што сме го направиле во претходните години. Но, не е доволно државниците да застанеме еден до друг. Многу е важно да се дознае вистината”, вели Прванов. Прванов беше претседател на Бугарија во периодот 2002-2012 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prvanov-makedonija-e-sozdadena-na-bugarska-teritorija/feed/ 0
Заев преку Фејсбук статус бара прошка од Борисов https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaev-preku-fejsbuk-status-bara-proshka-od-borisov/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaev-preku-fejsbuk-status-bara-proshka-od-borisov/#respond Fri, 10 Aug 2018 12:20:28 +0000 https://kurir.mk/?p=86538

Премиерот Зоран Заев им се извини на премиерот на Република Бугарија Бојко Борисов како и на „пријателите и браќата“ Бугари, со свој Фејсбук статус, за зборовите кажани во телевизиското интервју на „1ТВ“ на 4 август, дека Илинденското востание е македонско. Овој пост следува еден ден по предупредувањето од премиерот на Бугарија Бојко Борисов дека „кога ќе дојде време Бугарија да го искаже своето мислење за пристапување на Македонија кон ЕУ, ќе се сети на овие зборови и ќе донесе своја одлука“. Еве што напиша премиерот Заев: „Гледам во пријателска Бугарија се отвори јавна дебата и се постави дури и прашањето за тоа дали ние двете земји и двата народи градиме ИСКРЕНО пријателство и соработка. Сакам да им порачам на сите граѓани, дури и на критичарите во Македонија и во Бугарија, да немаат дилема дека пријателството и соработката се искрени. Ние повеќе од една година чествуваме заеднички делови од историјата меѓу двата народи, неколку пати заедно одбележуваме историски настани. Јас сум првиот премиер на Македонија што во Бугарија (Благоевград) се поклони пред споменикот на Гоце Делчев при заедничкото одбележување на празникот. Претходно мојот пријател, господинот Борисов, беше прв бугарски премиер кој се поклони пред гробот на Гоце Делчев во Македонија (Скопје) при заедничкото одбележување на празникот. Заедно двајцата претседатели на влади се поклонивме и пред споменикот на Цар Самоил во Софија. Заедно во Рим, во Ватикан оваа година ги славевме Светите браќа Кирил и Методиј, заедничките сесловенски просветители. Премиерот Борисов дојде во Скопје специјално да се поклони пред споменикот на Холокаустот на Евреите. Драги пријатели и браќа од Бугарија, верувајте, искрено градиме пријателство кое неколку децении наназад беше изгубено. Тоа беше загуба за двете земји. Ние повторно го најдовме нашиот пријател и брат. Да не дозволиме да се враќаме назад. Тоа ни е обврска пред нашите деца. Некогаш можеби не сме доволно внимателни ние политичарите, некогаш правиме и грешки, но ве уверувам дека тоа е само невнимание, затоа што искрено сакаме соработка и пријателство како што тоа го потпишавме во договорот за добрососедство и пријателство“, се вели во Фејсбук статусот на премиерот Зоран Заев. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaev-preku-fejsbuk-status-bara-proshka-od-borisov/feed/ 0
Бугарскиот претседател Радев побара дополнителни гаранции за нив при евентуален договор меѓу Македонија и Грција https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bugarskiot-pretsedatel-radev-pobara-dopolnitelni-garancii-za-niv-pri-eventualen-dogovor-megju-makedonija-i-grcija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bugarskiot-pretsedatel-radev-pobara-dopolnitelni-garancii-za-niv-pri-eventualen-dogovor-megju-makedonija-i-grcija/#respond Thu, 14 Jun 2018 13:49:26 +0000 https://kurir.mk/?p=65861

Со евентуалниот договор меѓу Република Македонија и Република Грција, Република Бугарија нема цврсти гаранции дека Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Република Македонија и Бугарија ќе биде во сила кога ќе имаме Република Северна Македонија, порача бугарскиот претседател Румен Радев по средбата со македонскиот колега, Ѓорге Иванов. Според него, евентуалниот ваков договор ја става Бугарија во ситуација да бара дополнителни гаранции. -Јас очекувам бугарската Влада и Министерството за надворешни работи како дополнителна гаранција за исполнување на клаузулите од нашиот договор меѓу Република Македонија и Бугарија да ги запише договорните одредби во Поглавјето 35 од идната договорна рамка за преговори на Република Македонија за членство во ЕУ. А тоа ќе значи јасни процедури на мониторинг и следење на исполнување, изјави претседателот Радев. Македонскиот претседател изрази надеж дека ќе надвладее разумот, дека преку дијалог ќе се дојде до взаемно прифатливо решение,  а не до решение кое е ултиматум за Македонија. Остварувањето на нашите стратешки цели не смее да биде алиби за лоши и штетни договори по Македонија, порача Иванов на прес-конференцијата по средбата со својот бугарски колега. Истакна дека со овој договор се напуштени досега изградените државни позиции, неприфаќање на ерга омнес и промени на Уставот. За време на прес-конференцијата во Софија, македонскиот претседател изрази надеж дека одговорните во Брисел ќе ги применат позитивните искуства за решавање на билатерални спорови и за Република Македонија. - Се надевам дека и одговорните во Брисел, ќе ја сфатат сериозноста на состојбата и правилно ќе реагираат, како што реагирале во минатото, кога сме имале од регионот билатерални спорови и кога наоѓале начин како тие да се решаваат. Позитивните искуства мора да бидат применети и за Република Македонија“, рече Иванов додавајќи дека ние сме земја-кандидат за членство во Европската Унија со повеќе позитивни извештаи и со најпроверувана Армија во историјата на НАТО. Запрашан за коментар за изјавата на Ципрас дека со договорот всушност не се признава македонската нација, претседателот Иванов нагласи дека какочленки на Обединетите Нации имаме не само привилегии туку и  права, бидејќи институцијата почива на Повелбата на ОН. - Како што можевме со Бугарија и покрај тоа што во минатото сме имале различни сфаќања за некои прашања да најдеме решение, тој пример треба да го следи и Грција како најстара членка на ЕУ. Се надевам дека изјавата на Ципрас е несреќна и дека не го одразува духот и пријателство на македонскиот и грчкиот народ, кои покрај се изградија доверба и соработка за што сведочи и трговската размена  и односите меѓу граѓаните и бизнисмените и универзитетите и сите взаемни односи меѓу нашите граѓани, изјави претседателот Иванов.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bugarskiot-pretsedatel-radev-pobara-dopolnitelni-garancii-za-niv-pri-eventualen-dogovor-megju-makedonija-i-grcija/feed/ 0
Заев го фали договорот, Бугарија бара бришење на „лагите“ од учебниците https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaev-go-fali-dogovorot-bugarija-bara-brishenje-na-lagite-od-uchebnicite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaev-go-fali-dogovorot-bugarija-bara-brishenje-na-lagite-od-uchebnicite/#respond Mon, 09 Apr 2018 09:09:54 +0000 https://kurir.mk/?p=38054

Иако договорот за добрососедство и пријателство меѓу Република Македонија и Република Бугарија јасно предвидува менување на историјата во учебниците преку формирање Заедничка мултидисциплинарна експертска комисија, премиерот Зоран Заев има пофални зборови за него, посочувајќи дека тој не е штетен за нашата држава. Заев многу пати досега го фалеше договорот, меѓутоа, досега многу бугарски политичари јавно кажуваа дека треба да се избршат „лагите“ од македонските учебници. Премиерот во неодамнешното интервју за МИА вели дека со договорот не губи ниту Македонија, ниту Бугарија. -Кога влеговме со премиерот Борисов во разговорите за Договорот за доброседство и пријателство со Бугарија, јас слично очекував дека ќе дојде некој булдожер, тоа што велите, некои од пријателите од Европа, од Америка, од некои други пријателски земји и институции. Но, успеавме сами. Успеаа нашите тимови, креативноста на речениците, успеавме веројатно и со храброста и денеска видовме дека сме имале право. Не загуби ништо Македонија, не загуби ниту Бугарија, изјави премиерот Зоран Заев во неодамнешното интервју за МИА. Сепак, бугарскиот европратеник Андреј вели дека не може да се продолжи со лаги во учебниците. -Така нема да се разбереме со поранешните титови комунисти! Со лаги во учебниците, како во Македонија, така и во Бугарија не може да се продолжува, напиша Ковачев на својот Фејсбук профил, објавувајќи изјава од македонската министерка за образование и наука, Рената Дескоска која вели дека во учебниците нема да се менува историјата.

Договорот, беше потпишан на 1 август 2017 година од страна на премиерите на двете држави, Зоран Заев и Бојко Борисов. Токму за прашањата со учебниците зборува со членот 8 од договорот. „Член 8 1.Двете Договорни страни ќе ја поттикнуваат активната и непречена соработка во областа на културата, образованието, здравството, социјалната грижа и спортот. 2.Во рок најдоцна до три месеци од влегувањето во сила на овој договор, со цел продлабочување на заемната доверба, двете Договорни страни ќе формираат Заедничка мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања, на паритетна основа, за да придонесе за објективно и засновано на автентични и на докази засновани историски извори, научно толкување на историските настани. Комисијата ќе поднесува едногодишен извештај за својата работа пред владите на Договорните страни. 3.Двете Договорни страни ќе организираат со заемна согласност заеднички чествувања на заеднички историски настани и личности, насочени кон зајакнување на добрососедските односи во духот на европските вредности.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaev-go-fali-dogovorot-bugarija-bara-brishenje-na-lagite-od-uchebnicite/feed/ 0
Џамбазки со предлог до Заев: Дајте ни го споменикот на Ќосето да го ставиме во Благоевград https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dzambazki-so-predlog-do-zaev-dajte-ni-go-spomenikot-na-kjoseto-da-go-stavime-vo-blagoevgrad/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dzambazki-so-predlog-do-zaev-dajte-ni-go-spomenikot-na-kjoseto-da-go-stavime-vo-blagoevgrad/#respond Fri, 23 Feb 2018 16:15:26 +0000 http://kurir.mk/?p=24336

Европратеникот Ангел Џамбазки, од редовите на ВМРО-БНД на Красимир Каракачанов, вели дека отстранувањето на споменикот на македонскиот раволуционер Андон Јанев Лазов - Ќосето е всушност исполнување на договорот за добрососедство со Бугарија. Џамбазки пишува дека треба да се побара споменикот да и се даде на Бугарија и да се постави во Благоевград. - Одлична вест за бугарската каузаа во Македонија. Андон Ќосето е еден од видните дејци на ВМРО, заслужен бугарски национален револузионер, докажан бугарски воин. Поставувањето на тој споменик беше провокација врз бугарската историја. Неговото рушење е  дел од исполнувањето на договорот со Бугарија, напиша Џамбазки на наеговиот фејсбук профил. Џамбазки дополнително пишува: - Туку што  Стефан Братанов ми даде одлична идеја. Не е лошо да го земеме споменикот и да го поставиме во Благоевград. Затоа што Ќосето таму починал во 1953 година, стои во фејсбук статусот на Џамбазки. Како што тврди Џамбазки во својот напис на фејсбук, рушењето на споменикот на Ќосето е дел од договорот со Бугарија кој Заев го потпиша со Бугарија, а со кој Република Македонија се јавува како оштетена страна во однос на Република Бугарија, која триумфира со договорот. ВМРО-ДПМНЕ алармираше дека договорот со Бугарија е асиметричен. Од партијата велеа дека од договорот произлегуваат повеќе обврски и отстапки за државата отколку права. - Договорот вака конципиран и потпишан има сериозни недостатоци, и веројатно последиците од неспособноста на владата на Зоран Заев, Република Македонија ќе ги трпи во подолг временски период. На тој начин сите ние, граѓаните, ќе бидеме во состојба на хаос и неизвесност, кажа сегашниот претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, од пресконференција на партијата во август минатата година. Јавноста се прашува уште колку дополнителни обврски за кои граѓаните не се информирани ќе произлезат од штетните договори на Заев. Што уште граѓаните на Република Македонија ќе треба да проголтаат поради антидржавните политики на премиерот. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dzambazki-so-predlog-do-zaev-dajte-ni-go-spomenikot-na-kjoseto-da-go-stavime-vo-blagoevgrad/feed/ 0
Стапува во сила Договорот за добрососедство со Бугарија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stapuva-vo-sila-dogovorot-za-dobrososedstvo-so-bugarija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stapuva-vo-sila-dogovorot-za-dobrososedstvo-so-bugarija/#respond Wed, 14 Feb 2018 13:55:21 +0000 http://kurir.mk/?p=21446

Шефот на македонската дипломатија Никола Димитров и неговата бугарска колешка Екатерина Захариева денеска во Софија ќе потпишат Протокол за размена на ратификациските документи, со што и официјално во сила ќе стапи Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу двете земји. Со тоа практично ќе се заврши формалната постапка за стапување на Договорот во сила, по неговата ратификација во македонското Собрание на 15 јануари и на бугарскиот Парламент три дена подоцна. Договорот, беше потпишан на 1 август 2017 година од страна на премиерите на двете држави, Зоран Заев и Бојко Борисов, заради зацврстување на меѓусебните пријателски односи, унапредување на добрососедството, развивање на сестрани меѓусебни односи, согласно меѓународното право. Договорот е резултат на петгодишен договарачки процес на работните групи на двете МНР и претставува наградба на договорот потпишан во 1990 година. Димитров од денеска престојува во работна посета на Софија, каде што е предвидено да има билатерални средби со претставници на бугарските власти. Шефот на македонската дипломатија денеска, освен со Захариева ќе се сретне и со претседателот на Бугарија, Румен Радев и премиерот Бојко Борисов. Тој од утре учествува на неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ. Состојбата во Западен Балкан, со акцент на евроинтегративниот процес на регионот, како и ситуацијата во Сирија и Северна Кореја, ќе бидат темите на кои ќе се дискутира на сесиите на неформалниот состанок на Советот за надворешни работи на Европската унија (Гимних), што утре и задутре ќе се одржи во Софија. Домаќин на состанокот е бугарската вицепремиерка и министерка за надворешни работи Захариева, чија земја е актуелен претседавач со ЕУ. На неформалниот состанок ќе учествува и високата претставничка на Унијата за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини, шефовите на диломатиите на 28-те земји-членки, како и министрите за надворешни работи на петте земји кандидатки од регионот Македонија, Албанија, Црна Гора, Србија и Турција. Гимних е дворец во западниот дел на Германија, кој беше гостинска куќа на владата на некогашна Западна Германија. Тоа е местото каде се одржа првиот неформален состанок на шефовите на дипломатиите од ЕУ во 1974 година. Овие состаноци се неформални, а учесниците имаат можност да дискутираат за актуелни прашања, но по дебатите не се усвојуваат декларации или формални заклучоци.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stapuva-vo-sila-dogovorot-za-dobrososedstvo-so-bugarija/feed/ 0
Србов: Со штетниот договор Македонија се обврзува на нелогични и потценувачки отстапки, а Бугарија нема никакви обврски https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/srbov-so-shtetniot-dogovor-makedonija-se-obvrzuva-na-nelogichni-i-potcenuvachki-otstapki-a-bugarija-nema-nikakvi-obvrski/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/srbov-so-shtetniot-dogovor-makedonija-se-obvrzuva-na-nelogichni-i-potcenuvachki-otstapki-a-bugarija-nema-nikakvi-obvrski/#respond Tue, 16 Jan 2018 13:05:02 +0000 http://kurir.mk/?p=11689

ВМРО-ДПМНЕ смета дека односите со соседна Бугарија треба да се унапредуваат и продлабочуваат на секое поле. Овие односи треба да се градат според основниот принцип на меѓународното право, кој вели дека: државите се еднакви во односите помеѓу себе бидејќи во нив стапуваат како рамноправни субјекти без разлика на нивната големина, изјави денеска на прес-конференција Никола Србов од ВМРО-ДПМНЕ. -За жал договорот за добрососедство кој што го преговараше владата на Заев, а го ратификуваше мнозинството предводено од СДСМ не е соодветна основа за натамошно зближување базирано на взаемна почит. Договорот за добрососедство со Бугарија можеше и мораше да биде подобар во неколку сегменти. Помалку важно е дали лошиот договор кој што е постигнат е резултат на неспособните преговарачите, на некаков притисок или на желба за додворување. Поважно е тоа што неговата примена ќе значи промена на историјата на земјата, рече Србов. Договорот кој СДСМ го направи со Република Бугарија, нагласи тој, е целосно асиметричен и на штета на Република Македонија. Во овој договор Република Македонија се обврзува на нелогични и потценувачки отстапки додека Бугарија нема никакви обврски. -Со овој договор власта и дава отворена можност на Бугарија да може да ја блокира државата во било кој дел од нашите преговори со ЕУ доколку истата оцени дека Македонија не исполнила одреден дел од договорот. Какви ќе бидат барањата од бугарска страна, за жал во моментов никој не знае. Ова е минирање на позициите на сопствената држава и легален инструмент за кочење на  Македонија подарен од Заев на Република Бугарија. Оттука гледаме дека Заев воопшто не се ни обидел да склучи поволен договор за сопствената држава. Договори од ваков тип не се склучуваат под еуфорија на моменталните политички констелации бидејќи тоа е погубно за државата, рече Србов. СДСМ со овој договор го деградира македонскиот јазик и истиот се согласува во мегусебниот договор да биде ословуван како јазикот според Уставот. Заев го менува јазикот кој е кодифициран повеќе од 70 години. Власта дополнително се откажа и од македонското малцинство во Бугарија, за кое согласно чл. 49 од Уставот на државата има обврска да се грижи. -Македонската посебност како народ сериозно се разнишува со овој договор, преку формирање на комисии кои ќе испорачуваат политички предлози за измени во учебниците кои потоа треба да се реализираат. Неизвесно е според која научна методологија ќе се ревидира историјата на Република Македонија. Повторуваме, ревизија исклучиво на македонската историја, што значи и ревизија на се она за кое што се бореле нашите предци. ВМРО-ДПМНЕ смета дека продлабочувањето на односите со Бугарија треба да се базира на економијата и технолошкиот прогрес како што тоа се прави во современиот свет. Наместо негирање и потценување, во заемните односи имаме потреба од конструктивност и градење на доверба, заклучи Србов. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/srbov-so-shtetniot-dogovor-makedonija-se-obvrzuva-na-nelogichni-i-potcenuvachki-otstapki-a-bugarija-nema-nikakvi-obvrski/feed/ 0