договор со преспа – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 24 Apr 2019 19:29:15 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png договор со преспа – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Мицкоски: Договорот со Грција е капитулантски, но таквата реалност е дело на Зоран Заев https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-dogovorot-so-grcija-e-kapitulantski-no-takvata-realnost-e-delo-na-zoran-zaev/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-dogovorot-so-grcija-e-kapitulantski-no-takvata-realnost-e-delo-na-zoran-zaev/#respond Wed, 24 Apr 2019 19:29:15 +0000 https://kurir.mk/?p=190904

Во емисијата „24Отворено“ при своето гостување, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски истакна дека договорот потпишан со Грција е капитулантски и е дело на Зоран Заев. -Проблемот е во самото почнување на целокупната оваа процедура. Еве ќе тргнеме од самиот почеток, ајде да видиме кој беше мотивот на Зоран Заев да тргне во една ваква авантура. Македонија да биде дел од НАТО, Македонија да отпочне преговори со ЕУ, да му се дозволи да го промени законот за јавни набавки, и Советот за јавни набавки за да може врват тендерите во 4 очи. Да може судот да одлучува поинаку од тоа што треба да одлучува. Да може да стане премиер. Ајде да видиме што беше вистинскиот мотив да ние да дојдеме до еден ваков договор, запраша Мицкоски. Мицкоски истакна дека Заев како опозиционер се колнеше во жицата македонска. -На првата лидерска средба тврдеше дека ова што го направи нема да го направи. И на втората лидерска средба тврдеше дека ова што го направи нема да го направи. Но го направи. Сега имаме реалност во државата, на начин на кој што е донесен Преспанскиот договор и имплементиран. За нас  како политичка партија и за мене како политичар тој е капитулантски договор. Но за да ја променам оваа реалност во Република Македонија мене ми се неопходни 80 пратеници и Бадинтер, истакна Мицкоски. Мицкоски појасни дека тој не може да излезе пред граѓаните во Република Македонија како политичар и да ги лаже, за да стане премиер, за да може да краде или да реализира некој друг тип на клиентиелизам, и од друга страна да прави се спротивно од тоа што го ветил на народот што го избрал.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-dogovorot-so-grcija-e-kapitulantski-no-takvata-realnost-e-delo-na-zoran-zaev/feed/ 0
Хаос во Грција: Демонстрантите викаа „Македонија е грчка“ и тргнаа кон парламентот, полицијата фрла солзавец https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/haos-vo-grcija-demonstrantite-vikaa-makedonija-e-grchka-i-trgnaa-kon-parlamentot-policijata-frla-solzavec/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/haos-vo-grcija-demonstrantite-vikaa-makedonija-e-grchka-i-trgnaa-kon-parlamentot-policijata-frla-solzavec/#respond Sun, 20 Jan 2019 14:45:32 +0000 https://kurir.mk/?p=154552

Десетици илјади Грци се собраа на протестот против Договорот од Преспа во Атина. Полицијата во еден момент фрли солзавец, кога демонстрантите се обидоа да пристапат кон скалите пред парламентот, извикувајќи „Македонија е грчка“. Ова беше еден од најголемите протести во Грција во врска со спорот за името со Македонија, но грчките медиуми објавија дека очекуваната бројка од 600.000 луѓе ни оддалеку не беше постигната. Организаторите најавуваа дека од северна Грција ќе пристигнат 3.000 автобуси, но според полицијата, до 14 часот по локално време, околу 300 автобуси влегоа во градот, како и 60 од правецот на Пелопонез. Меѓу оние кои се обратија на протестот беа поранешниот грчки премиер Алексис Самарас и претставниците на грчко-американската заедница и на Грчката православна црква од Атос. Откако грчкиот парламент во средата ѝ изгласа доверба на владата на Алексис Ципрас, се очекува следната недела таму да помине и Договорот од Преспа, како следниот чекор во нормализирањето на односите со Македонија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/haos-vo-grcija-demonstrantite-vikaa-makedonija-e-grchka-i-trgnaa-kon-parlamentot-policijata-frla-solzavec/feed/ 0
На 20 јануари протест во Атина против Договорот од Преспа https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/na-20-januari-protest-vo-atina-protiv-dogovorot-od-prespa/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/na-20-januari-protest-vo-atina-protiv-dogovorot-od-prespa/#respond Sat, 12 Jan 2019 13:20:58 +0000 https://kurir.mk/?p=151420

Против Договорот од Преспа и „за да се спречи предавство на Македонија“ т.н. „Комитет за борба за Македонија“, за следната недела, на 20. јануари закажа протест на атинскиот плоштад Синтагма, јави дописничката на МИА од Атина. Одново формираниот „Комитет за борба за Македонија“, кој го сочинуваат четири организации од кои две се на Грците од дијаспората, преку соопштение го најавуваат протестот, велат дека Грците „не отстапуваат ниту една буква од светото име на Македонија“. – Владата вели дека Грците се убедени за придобивките од „договорот“. Да им докажеме дека прават грешка. Упатуваме општа покана до сите Грци да дојдат на уште еден голем собир во последен момент да се спречи предавство на Македонија, во недела 20 јануари, во 14:00 часот на Синтагма. Тоа е единствениот демократски начин да не го донесат за гласање во парламентот. Но, ако се осмелат да го сторат тоа, повторно ќе бидеме таму, соопштуваат од „Комитет за борба за Македонија“. Тие додаваат дека историјата ќе ги запише пратениците кои личниот и партискиот интерес го ставаат над татковината и демократијата. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/na-20-januari-protest-vo-atina-protiv-dogovorot-od-prespa/feed/ 0
Заев: Не се каам што го потпишав договорот за промена на името https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaev-ne-se-kaam-shto-go-potpishav-dogovorot-za-promena-na-imeto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaev-ne-se-kaam-shto-go-potpishav-dogovorot-za-promena-na-imeto/#respond Wed, 09 Jan 2019 20:47:55 +0000 https://kurir.mk/?p=150339

Претседателот на македонската влада, Зоран Заев, никако не престанува да изненадува со своите изјави. Вечерва во интервју за телевизија Сител, Заев изјави дека не се кае што го потпишал договорот за промена на уставното име на Република Македонија, напротив дури и да треба повторно би го направил истото. -Да, би потпишал ако добијам друга шанса. Апсолутно немам покајание за ништо, рече Заев. Ваквите изјави од страна на премиер е класичен пример за немање на национално чувство и национална свест за својата татковина. Имено, уставните измени влегоа во третата фаза, а собраниската седницата е презакажана за утре во 13 часот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaev-ne-se-kaam-shto-go-potpishav-dogovorot-za-promena-na-imeto/feed/ 0