договор за името – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 29 Aug 2018 14:44:16 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png договор за името – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ВМРО-ДПМНЕ: Со овој капитулантски договор Република Македонија само тоне, Заев и СДСМ мора да си заминат https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-so-ovoj-kapitulantski-dogovor-republika-makedonija-samo-tone-zaev-i-sdsm-mora-da-si-zaminat/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-so-ovoj-kapitulantski-dogovor-republika-makedonija-samo-tone-zaev-i-sdsm-mora-da-si-zaminat/#respond Wed, 29 Aug 2018 14:44:16 +0000 https://kurir.mk/?p=93750

Договорот за промена на името за кој Заев фрла милиони евра за  промоција е капитулантски и во целост на штета на Република Македонија, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ. - Според капитулантскиот договор Република Македонија го  менува името, јазикот, идентитетот, културата, историјата и традицијата. Тоа е најнегативниот договор за македонскиот народ и држава некогаш потпишан од Македонци.  Зоран Заев и владата наместо да фрлаат милион за промоција на овој капитулантски договор, парите да ги пренаменат за изградба на училиштето „Кирил Пејчиновиќ“ во Тетово. ВМРО-ДПМНЕ средствата за кампања кои ни следуваат ќе ги донира, очекуваме тоа да го направат сите политички субјекти. Наместо промоција на штетни договори кои и носат само штета на државата, да направиме нешто полезно за општеството и граѓаните, се наведува во партиското соопштение. Од ВМРО-ДПМНЕ порачуваат дека Република Македонија  во 21 век има потреба од инвестиции, силна економија, технолошки развој и услови за развој како во западните држави, тоа треба  да биде целта кон која ќе се стремиме. -Овој капитулантски договор не ни гарантира  ништо од тоа. Со овој капитулантски договор Република Македонија само тоне. Заев и СДСМ мора да си заминат. Република Македонија заслужува подобро, порачуваат од партијата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-so-ovoj-kapitulantski-dogovor-republika-makedonija-samo-tone-zaev-i-sdsm-mora-da-si-zaminat/feed/ 0
Ѕанакопулос: Посакувам целиот процес во соседната земја да има позитивен исход https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dzanakopulos-posakuvam-celiot-proces-vo-sosednata-zemja-da-ima-pozitiven-ishod/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dzanakopulos-posakuvam-celiot-proces-vo-sosednata-zemja-da-ima-pozitiven-ishod/#respond Fri, 06 Jul 2018 14:32:15 +0000 https://kurir.mk/?p=73880

Посакувам, целиот процес, така како што е предвиден да има позитивен исход и за Заев, но и за Договорот и за односите на двете земји, вели портпаролот на грчката Влада и министер без ресор, Димитрис Ѕанакопулос во интервју за грчкото радио „247“. Како што јави дописничката на МИА од Атина, во однос на ставот на македонскиот премиер дека на средината на јануари Македонија ќе ги заврши обврските, Ѕанакопулос уште еднаш објасни кои се чекорите што нашата страна треба да ги преземе, изразува надеж дека сe ќе заврши успешно и го повторува она што го кажа на завчерашниот брифинг со новинарите, дека тој лично не може да предвиди кога ќе заврши процесот кај нас. - Јас не сум во позиција да знам кога ќе заврши процесот. Ако господинот Заев вели дека ќе се заврши на 15 јануари, немам никаква причина да го оспорам. Напротив, посакувам, целиот процес, така како што е предвиден да има позитивен исход и за него, но и за договорот и за односите на двете земји, вели Ѕанакопулос и повторува дека откако нашата земја ќе заврши со обврските на ред ќе биде грчкиот Парламент да го ратификува Договорот. Портпаролот на грчката Влада и министер без ресор, изразува убеденост дека ратификацијата во Атина, ќе помине без проблеми. - Мислам дека во овој момент е формирано мнозинство, кое, како грчка влада имаме цел да го прошириме колку е можно повеќе. Јас сум длабоко убеден дека постојат политичари, постојат пратеници во грчкиот Парламент, кои одговорно ќе заземат став, независно од партиската поставеност и ќе бидат позитивни во однос на ратификацијата на Договорот. Сепак, мислам дека во никој случај целиот процес нема да влијае на било кој начин на текот на владата, коментира Димитрис Ѕанакопулос во интервјуто за грчкото радио, пренесе МИА. Во однос на барањето на Независни Грци за ратификација со зголемено парламентарно мнозинство, тој вели дека во следните месеци ќе се разгледа, коалиционите партнери детално ќе разговараат и ќе најдат заемно прифатлива позиција за Владата да го заврши 4-годишниот мандат. - Ние ќе го донесеме Договорот во Парламентот за да предложиме ратификација, како што самиот Договор ја дефинира обврската за грчката Влада. Ја имаме оваа обврска и ќе го сториме тоа, цврсто задржувајќи ги условите од Договорот, вели Ѕанакопулос во однос на тоа дали актуелната или некоја друга грчка влада ќе го донесе Договорот пред пратениците. За ставот на опозициите во двете земји, на ВМРО-ДПМНЕ кај нас и на Нова демократија во Грција, портпаролот на грчката Влада го повторува неговото мислење дека имаат идентични позиции, дека не е возможно да имаат исти обвинувања и во исто време да велат дека и Заев и Ципрас се предавници, затоа што ако е така, тогаш немаше да постои договор. - Значи друг е проблемот. Проблемот е што постојат политички сили и во двете земји кои не сакаат решение на проблемот, вели Ѕанакопулос и изразува надеж дека македонскиот премиер ќе може да ги создаде потребните политички услови за решавање на прашањето и за ратификација на договорот. Коментирајќи ги истражувањата на јавното мислење во Грција во однос на постигнатото решение меѓу Македонија и Грција, Ѕанакопулос вели дека тие се контрадикторни и смета дека Договорот меѓу двете соседни земји нема да влијае врз начинот на кој ќе гласаат Грците на следните избори. - Едни истражувања покажуваат дека не постои влијание на македонското прашање врз начинот на кој се одредува гласањето. Други покажуваат дека има влијание. Моето мислење е дека колку повеќе се оддалечуваме од тензиите предизвикани од различни маргинални елементи во изминатиот период, влијанието на овој голем, меѓу другото, политички факт, врз гласањето на грчките граѓани нема да има одлучувачко значење. Напротив, мислам дека грчките граѓани ќе гласаат врз основа на главниот критериум за тоа кој може да ја одведе земјата во пост- меморандумски период, кој може да го обезбеди лидерското присуство на Балканот. И токму во овие рамки, сметам дека договорот со ПЈРМ, ќе има позитивен ефект во поддршката на актуелната грчка Влада, вели Ѕанакопулос, пренесе МИА.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dzanakopulos-posakuvam-celiot-proces-vo-sosednata-zemja-da-ima-pozitiven-ishod/feed/ 0
Во четврток седница за законот за ратификација на Договорот за името https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-chetvrtok-sednica-za-zakonot-za-ratifikacija-na-dogovorot-za-imeto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-chetvrtok-sednica-za-zakonot-za-ratifikacija-na-dogovorot-za-imeto/#respond Mon, 02 Jul 2018 09:43:16 +0000 https://kurir.mk/?p=71936

Седницата на која Парламентот повторно ќе гласа за Законот за ратификација на Договорот за спорот за името ќе се одржи на 5 јули. Ова било договорено на денешната координативна средба на претседателот на Собранието, Талат Џафери со координаторите на пратеничките групи. Минатата недела во Собранието на Република Македонија беше доставена одлуката на претседателот на државата Ѓорге Иванов со која тој информира дека нема да го потпише Указот за прогласување на Законот за ратификација на Kонечната спогодба за решавање на разликите опишани во резолуциите 817 (1993) и 845 (1993) на Советот за безбедност на Обединетите нации, за престанување на важноста на Привремената спогодба од 1995 година и за воспоставување стратешко партнерство меѓу страните. Собранието на Република Македонија го ратификуваше Договорот за решението за спорот за името на 20 јуни со 69 гласа „за“ и 40 „против“, а истиот ден тој беше потпишан од страна на Џафери и испратен до Кабинетот на Иванов, кој како што најави го врати законот во предвидениот рок без да го потпише Указот. Сега повторно се на потег пратениците. За да го изгласа законот за ратфикација на Собранието му е потребно мнозинство од 61 глас „за“. Доколку повторно се изгласа, договорот во тој случај повторно се испраќа до претседателот, кој според Уставот е обврзан да го потпише. Очекувањата се дека и по второто гласање Иванов нема да го потпише Указот за законот за ратификација на договорот за името и оти ќе го примени т.н. џебно вето, како што направи со Законот за употреба на јазиците. Иванов за својата одлука за непотпишување на Указот за законот за ратификацијата на договорот наведе повеќе причини. Договорот за решавање на спорот за името помеѓу Македонија и Грција го потпишаа министрите за надворешни работи на двете земји Никола Димитров и Никос Коѕијас на 17 јуни во Псарадес, на грчката страна на Преспанското Eзеро. На потпишувањето присуствуваа и премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас, медијаторот на ОН во спорот со името Метју Нимиц, потсекретарката за политички прашања на Светската органзиација Розмари Ди Карло, високата претставничка на ЕУ за надворешна и безбедносна политика Федерика Могерини и комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на ЕУ Јоханес Хан. Претседателот на Собранието Џафери најави дека по прегласувањето ќе го испрати законот во Службен весник на Република Македонија со еден потпис, а исто така ќе постапи и за Законот за употреба на јазиците, чијшто указ Иванов не го потпиша. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-chetvrtok-sednica-za-zakonot-za-ratifikacija-na-dogovorot-za-imeto/feed/ 0
Кумуцакос: Кога ќе дојдеме на власт, ќе го смениме Договорот за името https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kumucakos-koga-kje-dojdeme-na-vlast-kje-go-smenime-dogovorot-za-imeto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kumucakos-koga-kje-dojdeme-na-vlast-kje-go-smenime-dogovorot-za-imeto/#respond Thu, 21 Jun 2018 08:05:08 +0000 https://kurir.mk/?p=68095

Како влада, ќе направиме сѐ што е можно, сѐ што е во наши раце, со преговарачки, дипломатски и политички средства, со контакти за да се смени оваа негативна разврска за земјата по Договорот. Тоа е наша обврска, изјавил одговорниот за надворешна политика во Неа демократиа, Јоргос Кумуцакос, за грчката телевизија „Антена“. Кумуцакос повтори дека нема шанси Неа демократиа да го поддржи Договорот меѓу Македонија и Грција и нема да гласа за него, кога ќе дојде во парламентот, пренесува МИА од Атина. „Доколку и кога ќе стане влада, Неа демократиа ќе направи сѐ, сѐ што има на располагање, со секое дипломатско и политичко средство, за да смени и да намали сѐ што е негативно во договорот“, порача Кумуцакос. Според него, владата „во најдобри можни околности, донесе најлош можен договор“. „Комбинацијата на името Северна Македонија со прифаќање македонски јазик и македонска националност, е експлозивна. Тоа навистина е основа на еден нов иредентизам. Зошто? Бидејќи постои една Северна Македонија и очигледно и Јужна Македонија, во очите на Скопјаните, не во нашите очи, за нас постои една Македонија. Комбинацијата дека постои една јужна Македонија и Македонците се таму, сфаќате дека комбинацијата е експлозивна, нема потреба да навлеземе во други работи, само ова е доволно“, објасни Кумуцакос.

Тој, повикувајќи се на објавените изјави од европски функционери и на поранешниот пратеник во Независни Грци, Димитрис Каменос, додаде дека е можно владата да преговарала за да добие нешто во замена и дека тој лично не може и не сака да поверува дека владата „за да земе нешто малку за долгот, даде нешто големо за нацијата“.

]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kumucakos-koga-kje-dojdeme-na-vlast-kje-go-smenime-dogovorot-za-imeto/feed/ 0