договор – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 22 Aug 2023 10:26:30 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png договор – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Потпишан договорот со ЕБОР: Сто милиони евра за побрза транзиција кон „зелената“ агенда https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/potpishan-dogovorot-so-ebor-sto-milioni-evra-za-pobrza-tranzitsija-kon-zelenata-agenda/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/potpishan-dogovorot-so-ebor-sto-milioni-evra-za-pobrza-tranzitsija-kon-zelenata-agenda/#respond Tue, 22 Aug 2023 10:26:30 +0000 https://kurir.mk/?p=869518

Заем од сто милиони евра обезбеди ЕБОР за АД ЕСМ, за поддршка во финансирањето на трошоците за унапредување на производниот процес, инвестиции во нови обновливи извори на енергија и одржување на веќе изградените централи од обновливи извори. Компанијата ќе ги користи парите и ќе ги сервисира сите обврски, а државата дава гаранција. Договорот беше потпишан во Министерството за финансии од страна на директорката на ЕБОР за Југоисточна Европа, Шарлот Руе и директорот на ЕСМ, Васко Стефанов. Условите за користењето на заемот се – рок на отплата од пет години, грејс период од шест месеци, варијабилна каматна стапка на шестмесечен ЕУРИБОР со маргина од еден процент. Како што истакна министерот за финансии, Фатмир Бесими, Владата има сериозен пристап во справувањето со енергетската криза. Притоа, нагласи дека годинава за поддршка на граѓаните и на стопанството се предвидени 225 милиони евра, кон кои се додеваат и стоте милиони евра од ЕБОР. Според директорот на ЕСМ, Васко Стефанов, АД ЕСМ продолжува да се движи кон „зеленото сценарио“. „Планирани се повеќе проекти кои сериозно ќе влијаат земјава да биде енергетски независна. Поддршката и соработката со институции како ЕБОР се од клучно значење и ќе придонесат за побрза и полесна транзиција кон ‘зелената’ агенда, со заложба за транзиција кон чиста енергија која има цел намалување на стакленичките гасови за 61 процент“, наведе Стефанов. Освен Договорот за заем, потпишан е и Договор за гаранција меѓу Република Северна Македонија и ЕБОР.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/potpishan-dogovorot-so-ebor-sto-milioni-evra-za-pobrza-tranzitsija-kon-zelenata-agenda/feed/ 0
Русија најави суспензија на договорот за жито, додколку не се исполнат нејзините барања https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rusija-najavi-suspenzija-na-dogovorot-za-zhito-dodkolku-ne-se-ispolnat-nejzinite-barana/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rusija-najavi-suspenzija-na-dogovorot-za-zhito-dodkolku-ne-se-ispolnat-nejzinite-barana/#respond Fri, 26 May 2023 05:41:52 +0000 https://kurir.mk/?p=838849

Русија сигнализираше дека доколку не се исполнат барањата за подобрување на нејзиниот извоз на жито и вештачки ѓубрива, таа нема да го продолжи договорот по 17 јули кој дозволува безбеден воен извоз на истите производи од пристаништата во три украински региони на Црното Море, пишува Хина. Русија ја упати истата закана и барања во март, само што минатата недела се согласи да го обнови за 60 дена црноморскиот пакт за извоз. Договорот со Русија и Украина го посредуваа ОН и Турција во обид да ја ублажат глобалната криза влошена со инвазијата на Москва на Украина во февруари 2022 година. Од март, Русија даде приоритет на две конкретни барања - рестартирање на гасовод за транспорт на руски амонијак до украинското црноморско пристаниште Пивденњи за извоз на глобалните пазари и повторно поврзување на руската земјоделска банка, позната како Роселхозбанк, со меѓународната платежна мрежа SWIFT. „Доколку Роселхозбанк не биде поврзана со SWIFT и нема напредок во спроведувањето на другите „системски“ проблеми што го блокираат нашиот земјоделски извоз, тогаш „Црноморската иницијатива“ исто така ќе мора да бара алтернативи“, соопшти вчера руското Министерство за надворешни работи. Како алтернатива предложи да се извезува преку европските земји, додавајќи дека тоа е поскапо за Украина. „Роселхозбанк“ беше отсечена од СВИФТ од ЕУ во јуни поради руската инвазија. Портпаролот на ЕУ рече дека не се размислува за враќање на руските банки во системот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rusija-najavi-suspenzija-na-dogovorot-za-zhito-dodkolku-ne-se-ispolnat-nejzinite-barana/feed/ 0
Русија го ефективно го стопира договорот за извоз на украинско жито https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rusija-go-efektivno-go-stopira-dogovorot-za-izvoz-na-ukrainsko-zhito/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rusija-go-efektivno-go-stopira-dogovorot-za-izvoz-na-ukrainsko-zhito/#respond Mon, 08 May 2023 15:52:11 +0000 https://kurir.mk/?p=831905

Русија, кој пред два дена најави повлекување од Договорот за извоз на украинското жито поради напад на украинската армија врз руски бродови на Крим. ефективно го стопира Договорот, чија цел беше да се избегне глобалната криза со гладот. Украинскиот заменик министер за регионален развој Ихор Корховиј изјави дека пред повлекувањето на Русија од договорот, поголем број украински пристаништа се онеспособени за извоз на жито. - Големите извозни пристаништа како Мариупол или Херсон се окупирани, а пристаништето во Миколаев не работи од безбедносни причини. Така, четири или пет пристаништа се надвор од употреба. Тие пристаништа беа голем сообраќаен коридор за извоз на жито и челик, така што капацитетот на овие што ги имаме сега е недоволен, изјави Корховиј во интервју за хрватската новинска агенција ХИНА. Украина од мај се обидува да транспортира жито преку алтернативен пат, преку Дунав. Украинските пристаништа на Дунав, во регионот на Одеса, користат специјални бродови за речен транспорт. Ние тесно соработуваме со романската влада во однос на користењето на нивните пристаништа, посочи Корховиј. Со посредство на Турција и ОН во јули беше постигнат договор за извоз на украинско жито од црноморските пристаништа блокирани од Русија по инвазијата на 24 февруари 2022 година. По договорот беа извезени повеќе од шест милиони тони жито. Договорот требаше да биде продолжен следниот месец. Русија пред десет дена рече дека договорот ќе зависи од тоа дали Западот ќе ги олабави санкциите кон Москва. ОН предупредуваат дека продолжувањето на договорот за извоз на жито од пристаништето на Црното Море е од витално значење за спречување на глобалната криза со храна. Според податоци на ОН, Украина во 2019 година извезла 16 отсто од светските резерви на пченка и 42 отсто од сончогледово масло, според ОН. Русија е исто така еден од водечките светски извозници на житарки и ѓубрива. Падот на испораките ги зголеми цените на храната.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rusija-go-efektivno-go-stopira-dogovorot-za-izvoz-na-ukrainsko-zhito/feed/ 0
Постигнат договор во преговорите за плати во јавниот сектор во Германија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/postignat-dogovor-vo-pregovorite-za-plati-vo-javniot-sektor-vo-germanija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/postignat-dogovor-vo-pregovorite-za-plati-vo-javniot-sektor-vo-germanija/#respond Sun, 23 Apr 2023 12:08:17 +0000 https://kurir.mk/?p=826614

Синдикатите и работодавачите во јавниот сектор во Германија постигнаа согласност за нов колективен договор, по четвртиот круг преговори во Потсдам. Околу 2,5 милиони вработени во секторот јавни служби поради високата инфлација ќе добијат 3.000 евра со исплата од јуни. Од март 2024 година платите ќе пораснат за уште најмалку 340 евра. Договорот во голема мерка ја следеше препораката на арбитражата објавена пред една недела. Договорот е на 24 месеци. Во изминатите месеци, германските синдикати го парализираа јавниот транспорт, градинките, болниците и собирањето ѓубре со штрајкови низ целата земја поради спорот околу платите. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/postignat-dogovor-vo-pregovorite-za-plati-vo-javniot-sektor-vo-germanija/feed/ 0
Договорот за изградба на коридорите 8 и 10-д ќе биде презентиран пред собраниските пратеници https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dogovorot-za-izgradba-na-koridorite-8-i-10-d-ke-bide-prezentiran-pred-sobraniskite-pratenitsi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dogovorot-za-izgradba-na-koridorite-8-i-10-d-ke-bide-prezentiran-pred-sobraniskite-pratenitsi/#respond Thu, 20 Apr 2023 14:41:22 +0000 https://kurir.mk/?p=826000

Владата на Република Северна Македонија информира дека владини претставници и членови на Комитетот за изградба на Коридорот 8 и Коридорот 10 –д ,вклучени во овој најголем инфраструктурен проект, ќе ја презентираат документацијата и деталите од Договорот за изградба на овие два коридора, во соодветна собраниска процедура. Целта е, пратениците да се запознаат со содржината и сите детали од Договорот за изградба на двата коридора, кои се од нивни интерес. Презентацијата на Договорот, ќе биде спроведена пред сите пратеници од Собранието на Република Северна Македонија кои поседуваат соодветен безбедносен сертификат. - Коридорите 8 и 10-д, се досега најголемиот инфраструктурен проект во земјава, чија што вредност изнесува 1,3 милијарди евра. Со реализацијата на овој проект, предвидена е изградба на четири автопатски делници, во вкупна должина од околу 110 километри. Учеството на секоја институција е важно за брза и навремена реализација на овој најголем инфраструктурен проект, кој е од стратешки интерес за државата. Со изградбата на коридорите 8 и 10-д Северна Македонија конечно станува раскрсница на Балканот. Коридорот 8 е нов економски и развоен импулс на државата, можност Северна Македонија да биде на сообраќајната и економската карта на Европа. Изградбата на овие два коридорa, значи поврзување на државата со другите земји од Европа, пораст на странски инвестиции, економски развој на земјата, побрз трансфер на луѓе и роба, развиен туризам и пред сè безбедни и сигурни патишта за граѓаните, се наведува во соопштението од владината прес-служба.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dogovorot-za-izgradba-na-koridorite-8-i-10-d-ke-bide-prezentiran-pred-sobraniskite-pratenitsi/feed/ 0
Демократски сојуз: Договорот со „Бехтел и Енка“ да се објави, да биде предмет на стручна анализа https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/demokratski-sojuz-dogovorot-so-behtel-i-enka-da-se-objavi-da-bide-predmet-na-struchna-analiza/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/demokratski-sojuz-dogovorot-so-behtel-i-enka-da-se-objavi-da-bide-predmet-na-struchna-analiza/#respond Fri, 14 Apr 2023 11:07:26 +0000 https://kurir.mk/?p=823946

Демократскиот сојуз инсистира Договорот за изградба на коридорите 8 и 10 д со „БЕХТЕЛ И ЕНКА“ да се објави и да биде предмет на стручна анализа и јавна расправа, особено што причина за законските измени се обврските вградени во договорот и прифатени од преговарачите и Владата. Криењето на договорот од јавноста, експертите и од пратениците, само ги засилува сомнежите и веќе изнесените информации, дека тој овозможува коруптивни активности и претставува своевиден ГРАБЕЖ НА СТОЛЕТИЕТО. Демократскиот сојуз ги повикува сите пратеници да отфрлат продолжение на расправата по законите во скратена постапка и да инсистираат за нив да се расправа во редовна и јавна дискусија, откако зад законите ќе застане Владата, а не група пратеници. Доколку продолжи мајоризацијата на ДУИ и СДСМ, тогаш ќе предложиме имплементацијата на договорот да се одложи преку измена на Законот за утврдување на јавен интерес и номинирање на стратешки партнер за изградба на автопатите на коридорите 8 и 10 д. Доколку и натаму главна улога има Артан Груби, претходно како координатор на Комитетот за преговори при склучување на договорот со „БЕХТЕЛ и ЕНКА“, а сега како Координатор за спроведување на договорот, кој тврди дека договорот е „тајна и никогаш нема да се објави“, можно е да останеме и без пари и без автопати. Инаку, досега проценетата вредност на овој проект е една милијарда и шестотини милиони евра (1,6 милијарди евра), но според проценките на експертите и поради лабавите клаузули во Договорот, можно е сумата да достигне и до 2 милијарди евра.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/demokratski-sojuz-dogovorot-so-behtel-i-enka-da-se-objavi-da-bide-predmet-na-struchna-analiza/feed/ 0
Најлошиот трговец на светот https://arhiva.kurir.mk/kolumni/najloshiot-trgovets-na-svetot/ https://arhiva.kurir.mk/kolumni/najloshiot-trgovets-na-svetot/#respond Thu, 13 Apr 2023 11:00:19 +0000 https://kurir.mk/?p=823584

Ог Мандино го има „Најдобриот трговец на светот.“ Македонија, пак, си го има Таче. Најлошиот трговец на светот. Без конкуренција и со северна тапија. Дилајла која кога продава, секогаш е во минус, човече кое милува така великодушно со секоја лоша продажба да даде и по една гратис македонска светија. Кај фотоволтаичниот позер, продаденото секогаш е повеќе подарено, а бидејќи националното не му значи ништо, раздава ли раздава пустиот ко тежок грешник на Задушница кој се надева дека така ќе му се простат гревовите.. А, најдобар партнер во продажбата на македонските добра на мисирот (Ќуран) кој бил престолонаследник на еден зајак, му бил исто така еден престолонаследник кој  милувал да лета орлиња со рачињата. Нон-стоп. Оксиморонски или не, го викале Груби, веројатно оти бил многу нежен на купување државен имот по багателни цени за лукративни цели. Мисири, орлиња ли, живинки, кои сепак најдобро одговараат на ликот и неделото на Орвеловите дебелковци од животинската фарма. Така, откако на дуото-престолонаследници им „тргнало“ со пробугарската продажба на индентитетските одредници кои пред нив дури ни Црпко не успејал да ги ували така евтино, сега соочени со сопствената преценетост и ќор-сокакот во испорачување уставни измени, решиле да го прошират опсегот на своето пазарџиско дејствување. Им текнало преку катастрофален за Македонија договор да делат државни пари на ангро, азно скриено во наводни пенали во писанието. Не какви било, тајни договори, ко што вели нежниот на албанштина Груби. Она, кога со наши пари правиш „тајни договори“ за кои од авион се гледа што е поентата. Да не се лажеме, забеганиот и крајно лош договор со Бехтел и Енка е резултат на фактот што Таче одамна на сон и на јаве стенка знаејќи што го чека по избори. ОДГОВОРНОСТ се вика. Можеби непознат збор во речникот и дејствувањето на Тачевци и Грубиевци, наследниците на пајташите Зоки и Алија, ама збор кој создава голема нелагодност во нивните мешиња. Нервозните стомачиња на втората генерација северни користољупци и експлоататори на насила наметната придавка и устројство во Македонија. Сега, соочени со траскање од власт без можност за меко атерирање, распашаните Таче и Груби со насмевка го даваат и она што никој не го бара од нив. Се рекламираат и перчат кај сојузници со народни добра, презентраат колку се добри, „умни“ и послушни, предочуваат дека никогаш и никаде, ни следниов милениум мајка нема такви да роди, дека никој нема да најде подобар и понаведнат „партнер“ од нив, дека нема посервилна банда која е поспремна да ја продаде и сопствената мајка само и само за да угоди, северна сурија која со ќеф и песна најбескруполозно и насмејано и во иднина без збор ќе ја черечи сопствената татковина... Веројатно, никој од нив и не побарал толку катастрофален договор за Македонија, ама услужниот дует мора да покаже кој е кој и колку е подготвен безрбетно да коленичи, да ја понижи државата и народот. Аргументите дека компанијата секогаш имала работници што ’рмбале по 60 часа неделно и дека Груби, ако треба, ќе најмел Авганистанци и Пакистанци за да го изведат коридорот од кој реално, ќар ќе имаат само Бугарија и Албанија, држи вода колку и легалноста на струја-бизнисот на жената на Ќуран и синчињата на Заев и Ахмети. Од друга страна, актите на Артан за кој е повеќе од јасно дека оваа држава не ја чувствува како своја, го сместуваат на многу подалечно место од врвот. Титулата „најлош трговец на светот“ без конкуренција останува кај Таче, кој неприкосновено и суверено владее со звањето. Со сето она што му го стори на сопствениот нардот во минативе година ипол, Црпко Втори  го надмина и својот гуру и идол Заев. Предводник на антимакедонската опортунистичка банда, зината за пари и без трошка емпатија кон чувствата на народот од кој, барем наводно, се изнедрил. Црна, ама богата овца, мисир ли беше, дел од едно големо стадо/јато лукративни, северни и неспособни стрвинари и хохштаплери... И, не бадијала велат, ако сакаш да видиш што Господ мисли за парите, погледни наоколу. Само погледни кому ги дава..   П.С. Една од најпознатите мисли на Ог Мандино: „Секогаш кога ќе направите некоја грешка или животот ќе ви зададе тежок удар, не гледајте кон тој настан премногу долго. Грешките се лекции кои ги добиваме од животот. Како ќе дознаете колку е голема вашата сила, ако не видите тешкотии? Никогаш не се откажувајте! Ќе дојде и вашиот ред во животот.“ Да. Ќе дојде и редот на Македонија и Македонците...]]>

https://arhiva.kurir.mk/kolumni/najloshiot-trgovets-na-svetot/feed/ 0
Жиру блиску до продолжување на договорот со Милан https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/zhiru-blisku-do-prodolzhuvane-na-dogovorot-so-milan/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/zhiru-blisku-do-prodolzhuvane-na-dogovorot-so-milan/#respond Mon, 10 Apr 2023 09:49:17 +0000 https://kurir.mk/?p=822354

Напаѓачот на Милан, Оливие Жиру наскоро ќе го продолжи договорот со клубот, тврди новинарот Фабрицио Романо. Според Романо, новиот договор на 36-годишниот Французин ќе биде со важност до летото 2024 година. Во јануари оваа година Евертон сакаше да го купи фудбалерот. Жиру е во Милан од летото 2021 година. Оваа сезона одигра 36 настапи за Милан, постигнувајќи 12 гола и шест асистенции. По 29 кола во Серија А, Милан е на четвртото место во поредокот со 52 бода.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/zhiru-blisku-do-prodolzhuvane-na-dogovorot-so-milan/feed/ 0
Халанд го потпиша најбогатиот договор во историјата, а не е со Сити https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/haland-go-potpisha-najbogatiot-dogovor-vo-istorijata-a-ne-e-so-siti/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/haland-go-potpisha-najbogatiot-dogovor-vo-istorijata-a-ne-e-so-siti/#respond Tue, 04 Apr 2023 12:27:08 +0000 https://kurir.mk/?p=820064

Норвешанецот Ерлинг Халанд го потпиша најпрофитабилниот договор во историјата на фудбалот. Не се работи за нов договор со Манчестер Сити, туку со познатиот производител на спортска опрема. Имено, младиот напаѓач се обврзал да носи копачки на Најк во следните десет години, а за тоа ќе добие неверојатни 227.000.000 евра, пренесуваат островските медиуми. Тоа значи дека само од овој бренд годишно ќе заработува 22,7 милиони евра! Тоа е најбогатиот спонзорски договор во историјата на фудбалот. -Со своите голгетерски фигури ја одбележа не само сегашноста, туку и иднината на фудбалот. Тој е наследник на најголемата деветка и напаѓач на новата генерација, објави „Најк“.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/haland-go-potpisha-najbogatiot-dogovor-vo-istorijata-a-ne-e-so-siti/feed/ 0
Синдикатите на средба во Министерството за здравство, постигнат договор https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sindikatite-na-sredba-vo-ministerstvoto-za-zdravstvo-postignat-dogovor/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sindikatite-na-sredba-vo-ministerstvoto-za-zdravstvo-postignat-dogovor/#respond Thu, 30 Mar 2023 11:10:28 +0000 https://kurir.mk/?p=818116

Синдикатите за здравство неколку часа пред најавениот протест беа на разговор кај ресорниот министер. На маса анексот на колективниот договор со кој се бара корекција на коефициентите за исплата на плати. Велат постигнат е договор. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sindikatite-na-sredba-vo-ministerstvoto-za-zdravstvo-postignat-dogovor/feed/ 0