доха – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 22 Mar 2023 13:06:13 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png доха – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Се урна четирикатница во Доха, едно лице загина https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/se-urna-chetirikatnitsa-vo-doha-edno-litse-zagina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/se-urna-chetirikatnitsa-vo-doha-edno-litse-zagina/#respond Wed, 22 Mar 2023 13:06:13 +0000 https://kurir.mk/?p=814967

Едно лице загина при уривање на четирикатница во Доха, главниот град на Катар, соопштија денеска властите. Според катарското Министерство за внатрешни работи, спасувачите пронашле седуммина преживеани, а лицето кое загинало било во зградата во моментот на уривањето. Надлежните се уште не дале објаснување за уривањето на зградата. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/se-urna-chetirikatnitsa-vo-doha-edno-litse-zagina/feed/ 0
За време на Светското првенство во фудбал ќе има директни летови од Тел Авив до Доха https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/za-vreme-na-svetskoto-prvenstvo-vo-fudbal-kje-ima-direktni-letovi-od-tel-aviv-do-doha/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/za-vreme-na-svetskoto-prvenstvo-vo-fudbal-kje-ima-direktni-letovi-od-tel-aviv-do-doha/#respond Thu, 10 Nov 2022 18:37:45 +0000 https://kurir.mk/?p=758770

Фудбалските навивачи од Израел и од палестинските територии ќе можат да патуваат во Катар на Светското првенство со директни чартер летови од Тел Авив според договорот објавен денеска од ФИФА. Чартер летови до Доха од аеродромот Бен Гурион во близина на Тел Авив, исто така, ќе бидат достапни за сите Палестинци. Договорот се однесува и на жителите на окупираниот Западен Брег и блокираниот Појас Газа, на кои генерално не им е дозволено да патуваат преку главниот аеродром во Израел. Иако Израел и Катар немаат дипломатски односи, во Доха за фудбалскиот турнир ќе биде формирано привремено конзуларно претставништво. Израелскиот премиер Јаир Лапид рече дека договорот е резултат на „напорна работа во текот на многу месеци“. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/za-vreme-na-svetskoto-prvenstvo-vo-fudbal-kje-ima-direktni-letovi-od-tel-aviv-do-doha/feed/ 0
Во Доха потпишан мировен договор помеѓу преодните власти на Чад и бунтовничките групи https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-doha-potpishan-miroven-dogovor-pomegju-preodnite-vlasti-na-chad-i-buntovnichkite-grupi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-doha-potpishan-miroven-dogovor-pomegju-preodnite-vlasti-na-chad-i-buntovnichkite-grupi/#respond Mon, 08 Aug 2022 09:06:19 +0000 https://kurir.mk/?p=715518

Во Доха денеска беше потпишан мировен договор помеѓу преодните власти на Чад и бунтовничките групи, пред широкиот дијалог за национално помирување што ќе се одржи на 20 август. На церемонијата на потпишување на договорот, во кој страните се согласија да учествуваат во национален инклузивен дијалог, присуствуваа претставници на повеќе од 30 бунтовнички групи. Церемонијата е организирана по неколкумесечни преговори во главниот град на Катар. Махамат Зене Шериф, министер за надворешни работи на привремената воена влада, изјави дека верува оти договорот ќе доведе до одржлив мир во Чад и дека 1.500 делегати ќе присуствуваат на националниот дијалог закажан за 20 август. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-doha-potpishan-miroven-dogovor-pomegju-preodnite-vlasti-na-chad-i-buntovnichkite-grupi/feed/ 0
Инфантино: Во Украина се случуваат страшни настани, фудбалот ќе игра улога во поправање на односите https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/infantino-vo-ukraina-se-sluchuvaat-strashni-nastani-fudbalot-kje-igra-uloga-vo-popravanje-na-odnosite/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/infantino-vo-ukraina-se-sluchuvaat-strashni-nastani-fudbalot-kje-igra-uloga-vo-popravanje-na-odnosite/#respond Thu, 31 Mar 2022 12:30:32 +0000 https://kurir.mk/?p=656347

Претседателот на Светската фудбалска федерација, Џани Инфантино, денес на Конгресот во Доха се осврна на случувањата во Украина и изрази надеж за брз крај на конфликтот. – Во Украина се случуваат страшни настани. Конфликтите продолжуваат и во другите делови на светот и не смееме да ги заборавиме. Луѓето страдаат и умираат. Живееме во агресивен, поделен свет. Но, јас силно верувам во моќта на фудбалот да ги зближи луѓето, да ги надмине културните граници. Нелсон Мандела рече дека спортот има моќ да го промени светот. Но, во исто време, ние, драги пријатели, не сме толку наивни да мислиме дека фудбалот може да ги реши сите проблеми воопшто. Се разбира не. Со тешко срце гледам на Украина. Последното Евро кое го организирав заедно со УЕФА како генерален секретар на оваа организација се одржа во Украина и Полска. Последното финале на кое работев беше во Киев. И последното Светско првенство на кое работев како организатор како претседател на ФИФА беше во Русија. Финалето се одржа во Москва. Светското првенство што се одржа во Русија во 2018 година пред четири години беше величествено во секоја смисла, прекрасен успех во спортска и културна смисла. Очигледно, ова не ги реши проблемите во светот, а не ги реши ниту проблемите во регионот. И тоа не доведе до траен мир. Но, што сакам да кажам сега? Еден ден овој страшен конфликт ќе заврши, како и сите други конфликти во светот – се надевам дека тоа ќе се случи многу брзо – и тогаш фудбалот може да одигра мала улога во обновувањето на односите, во воспоставувањето мир и разбирање. И ние ќе бидеме таму, во преден план – во Украина и каде било во светот, каде што сме потребни, каде што е потребна ФИФА, изјави Инфантино. Конгресот на ФИФА се одржува во Доха, главниот град на Катар каде од 21 ноември до 18 декември треба да се одржи Светското првенство 2022.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/infantino-vo-ukraina-se-sluchuvaat-strashni-nastani-fudbalot-kje-igra-uloga-vo-popravanje-na-odnosite/feed/ 0
Претставници на талибанците и на ЕУ на состанок утре во Доха https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pretstavnici-na-talibancite-i-na-eu-na-sostanok-utre-vo-doha/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pretstavnici-na-talibancite-i-na-eu-na-sostanok-utre-vo-doha/#respond Mon, 11 Oct 2021 18:09:21 +0000 https://kurir.mk/?p=577326

Талибански претставници ќе се сретнат со претставници на ЕУ во Доха утре, објави денеска нивниот министер за надворешни работи. Тоа е уште еден чекор во напорите на новиот авганистански режим да ја прекине дипломатската изолација. „Утре (вторник) ќе се сретнеме со претставници на ЕУ. Имаме позитивни средби и со претставници на други земји”, рече Амир Кан Мутаки на конференција во главниот град на Катар. Тој не прецизира за кои претставници на ЕУ станува збор или нивниот број.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pretstavnici-na-talibancite-i-na-eu-na-sostanok-utre-vo-doha/feed/ 0
Ал Ахли го освои третото место во Доха на СКП https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/al-ahli-go-osvoi-tretoto-mesto-vo-doha-na-skp/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/al-ahli-go-osvoi-tretoto-mesto-vo-doha-na-skp/#respond Thu, 11 Feb 2021 17:40:41 +0000 https://kurir.mk/?p=467506

Бразилскиот фудбалски клуб Палмеирас со два порази си заминува од Светскоото клубско првенство во Доха, пткако Ал Ахли го освои бронзениот медал и победи на пенали. Мечот во регуларниот дел заврши без голови. Во првото полувреме повеќе напаѓаше Палмеирас, но најсериозната шанса ја имаше Ал Ахли. Вториот дел помина во подосаден меч. Немаше голови ни во тие 45 минути, па мечот го решаваа пеналите. Дури тројца фудбалери на Палмеирас промашија пенал, а последниот не го реализираше капитенот, Фелипе Мело. Ал Ахли не погоди два пенали, но трите дадени беа доволни за славје.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/al-ahli-go-osvoi-tretoto-mesto-vo-doha-na-skp/feed/ 0
Левандовски со два гола обезбеди финале за Баерн Минхен во Доха https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/levandovski-so-dva-gola-obezbedi-finale-za-baern-minhen-vo-doha/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/levandovski-so-dva-gola-obezbedi-finale-za-baern-minhen-vo-doha/#respond Mon, 08 Feb 2021 20:29:06 +0000 https://kurir.mk/?p=465983

Во второто полуфинале од Светското клупско првенство во Катар, Баерн со 2:0 го совлада египетски Ал Ахли. Баерн вечерва играше онолку колку што му требаше за да оствари победа и да се пласира во финалето, каде го очекува дуел со Тигрес од Мексико. Херој на вечерашниот триумф беше Роберт Левандовски. Фантастичниот Полјак во два наврати ја погодуваше мрежата на Египќаните. Најпрво во 17. минута по асистенција на Гнабри, а потоа и во 86. минута со глава по нафрлувањето на Сане, На Ал Ахли за утеха му останува борбата за третото место против бразилски Палмеирас.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/levandovski-so-dva-gola-obezbedi-finale-za-baern-minhen-vo-doha/feed/ 0
Палмеираш на колена,Тигрес во финале https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/palmeirash-na-kolena-tigres-vo-finale/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/palmeirash-na-kolena-tigres-vo-finale/#respond Sun, 07 Feb 2021 20:48:43 +0000 https://kurir.mk/?p=465561

Фудбалскиот клуб Тигрес го победи бразилски Палмеирас со 1-0 и е првиот финалист на Светското клупско првенство кое се одржува во Катар. Како и во четвртфиналната фаза, човек на одлука на мексиканскиот претставник беше францускиот напаѓач Жињак кој погоди од белата точка и го постигна единствениот погодок на овој меч. Противник на тимот предводен од Рикардо Ферети ќе биде подобриот од дуелот меѓу Ал Ахли и Баерн Минхен кој ќе се игра утре.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/palmeirash-na-kolena-tigres-vo-finale/feed/ 0
Најдено новороденче на аеродром, сите патнички поминале голгота во Доха (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najdeno-novorodenche-na-aerodrom-site-patnichki-pominale-golgota-vo-doha-video/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najdeno-novorodenche-na-aerodrom-site-patnichki-pominale-golgota-vo-doha-video/#respond Tue, 27 Oct 2020 15:20:01 +0000 https://kurir.mk/?p=421319

Катарските власти ги информирале властите во Австралија дека извадиле тринаесет патнички од авион на аеродромот во Доха, каде што им бил извршен детален преглед за да се утврди дали се поврзани со оставањето на новороденче на аеродромот.

Австралија денеска ги осуди катарските власти за соблекување и пребарување на 13 патнички на летот кон Сиднеј кои биле подложени на детален преглед за да се утврди дали се поврзани со раѓањето на тоа бебе. Патничките на „Катар ервејс“ на летот 908 до Сиднеј биле подложени на детален медицински преглед на аеродромот „Хамад“ во Доха и затоа летот бил одложен. Еден од патниците рекол дека во авионот слушнале порака во која жените биле повикани да го напуштат авионот. Австралиското Министерство за надворешни работи ги опиша постапките на катарските власти како несоодветни. "Инцидентот е многу вознемирувачки и насилен. Никогаш не сум чул за сличен случај во мојот живот. Ние недвосмислено им го пренесовме нашиот став на катарските власти", изјави австралискиот министер за надворешни работи Мариз Пејн, потврдувајќи дека очекува детален извештај од катарските власти оваа недела, за да донесе одлука за следните чекори, објави АП. По враќањето во Австралија, патничките од Катар заминале во карантин, каде ја добиле целата неопходна медицинска нега и психијатриска помош. Новороденчето, патем, сè уште не е идентификувано, но е предадено на надлежните медицински и социјални служби, објавиле властите на аеродромот во Доха. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najdeno-novorodenche-na-aerodrom-site-patnichki-pominale-golgota-vo-doha-video/feed/ 0
Се укинува оваа дестинација од Македонија- познатата авионска компанија ќе се врати во земјава дури во 2021 https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-ukinuva-ovaa-destinacija-od-makedonija-poznatata-avionska-kompanija-kje-se-vrati-vo-zemjava-duri-vo-2021/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-ukinuva-ovaa-destinacija-od-makedonija-poznatata-avionska-kompanija-kje-se-vrati-vo-zemjava-duri-vo-2021/#respond Mon, 28 Sep 2020 09:55:14 +0000 https://kurir.mk/?p=409516

„Катар ервејс“ нема да ги продолжи летовите од Доха до Сараево и Скопје. Линиите што ги поврзуваат Доха и Сараево, како и Доха и Скопје, нема да продолжат во зимската сезона откако беа откажани во март, пренесува СееБиз. Според планот, „Катар ервејс“ требаше да ги продолжи летовите од Доха кон Сараево и Скопје на 25 октомври, но тоа нема да се случи, до почетокот на летната сезона во 2021 година, односно до 28 март. Наместо тоа, катарската компанија за зимската сезона нуди конекција со Сараево и Скопје преку Загреб, Виена и Истанбул во соработка со „Кроација ерлајнс“, „Аустриан ерлајнс“ и „Пегасус ерлајнс“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-ukinuva-ovaa-destinacija-od-makedonija-poznatata-avionska-kompanija-kje-se-vrati-vo-zemjava-duri-vo-2021/feed/ 0