дојава за бомби – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 06 Mar 2023 13:30:33 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png дојава за бомби – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Спасовски: Ново упатство за постапување по електронските дојави за бомби, интензивно работиме на откривање за сторителите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/spasovski-novo-upatstvo-za-postapuvane-po-elektronskite-dojavi-za-bombi-intenzivno-rabotime-na-otkrivane-za-storitelite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/spasovski-novo-upatstvo-za-postapuvane-po-elektronskite-dojavi-za-bombi-intenzivno-rabotime-na-otkrivane-za-storitelite/#respond Mon, 06 Mar 2023 10:22:01 +0000 https://kurir.mk/?p=808552

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски гостувајќи во емисијата Студио 10 на ТВ 24 беше прашан за лажните дојави за бомби, при што Спасовски даде краток осврт: „Ова е еден интензивен хибриден напад кој ни се случуваше од 19 октомври, па до денеска, на територија на целата држава, во средните а потоа и во основните училишта. Имавме зафатени повеќе од 720 објекти со вакви лажни дојави, иако не само во училишта, туку и во други комерцијални објекти. Што е најважно? Најважно е дека во полн капацитет активно работеше МВР и сите безбедносни служби. Дојавите се лажни, безбедноста во ниту еден момент не беше загрозена и во целиот тој период мораше да се постапува по Упатствата кои беа во важност целиот тој период”, рече министерот Спасовски. Истакнувајќи дека беше направен оперативен тим во рамки на Владата, во кој беа вклучени сите институции, Агенција за национална безбедност, Агенција за разузнавање, Агенција за електронски комуникации, сите релевнатни структури со свои експерти, Спасовски потенцираше дека разменети се сите податоци и барани се соодвтени решенија, со цел да има поинаков пристап во однос на електронски најави. „Можам да кажам дека како министер донесов посебно Упатство коешто е за постапување во вакви случаи и врз основа на ова Упатство од петок минатата недела се работи заедно со училиштата, со Министерството за образование и наука и тука морам да ја истакнам исклучително добрата соработка”, рече министерот Спасовски. Во однос на откривање на сторителите, министерот Спасовски рече: “Второ, интензивно работиме на откривање за сторители, знаете дека во неколку случаи имавме откриени сторители во кои можепе да се дефинира кој е тој кој ги испраќа овие дојави. Сега веќе имаме изолирана поголема група со која работиме, очекувам во нареден период ќе имаме конкретни ефикасни резултати во овој сегмент”, истакна Спасовски., при што додаде дека дојавите за бомби не се само на територија на Република Македонија. „Мора да признаеме дека дојавите на бомби не се само на наша територија, тука се Србија, Црна Гора, Хрватска, Босна и Херцеговина, Германија, Нов Зеланд, САД, како и интензитетот кој се зголемува од руската инвазија врз Украина, доволно говори дека станува за еден спој на структури кои не се само од внатрешноста, од државата, туку и и надвор”, рече министерот Спасовски. Во однос на тоа од каде доаѓаат дојавите за бомби, министерот Спасовски истакна: “Генерално, последните неколку дојави, можам да констатирам дека маиловите се пратени кои водат до IP адреси од Иран, Русија, како и VPN адреси чии провајдери се исто така од овие држави. Интересно е што уплатите за VPN услуги се извршени со крипто валути, што уште повеќе ја отежнува таа откривачка дејност”, истакна министерот Спасовски додавајќо дела сега најважно е да се процени ризикот од дојавите за бомби. „Меѓутоа, во овој момент што е важно, важно е дека новото упатство во кое се третирани сите облици на тероризмот, меѓу кои и електронските дојави за бомби, тој систем кој го востапоставивме прави проценка на ризик, тоа беше најважната работа, да видиме на каков ниво на ризик се дојавите и врз основа на тоа се постапува”, рече министерот Спасовски, при што уште еднаш апелираше да не се нарушува образовниот процес, да не се ствара паника кај учениците, наставниците и граѓаните, потенцирајќи дека во тој дел состојбите успешно се менаџираат.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/spasovski-novo-upatstvo-za-postapuvane-po-elektronskite-dojavi-za-bombi-intenzivno-rabotime-na-otkrivane-za-storitelite/feed/ 0
Oд денеска нови насоки за безбедноста на учениците и наставата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-deneska-novi-nasoki-za-bezbednosta-na-uchenitsite-i-nastavata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-deneska-novi-nasoki-za-bezbednosta-na-uchenitsite-i-nastavata/#respond Fri, 03 Mar 2023 07:31:44 +0000 https://kurir.mk/?p=807443

И во текот на вчерашниот ден повеќе средни и основни училишта во Скопје добија дојави за бомби, за кои МВР подоцна соопшти дека по извршените проверки сите биле лажни. Министерот за образование и наука Јетон Шаќири изјави дека очекува Владата во најбрз можен рок да ги дискутира новите проблеми кои произлегоа од дојавите за бомби. Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, пак, рече дека интензивно работат со МОН и веќе се направени одредени усогласувања, бидејќи, како што посочи, сите треба заеднички да постапуваат за да се дојде до решение во кое учениците ќе бидат безбедни и безбедно ќе се одвива наставниот процес. Шаќири кажа дека во средата најголем број училишта што добиле заканувачки пораки за поставени бомби, некои од нив првпат добиле дојава и не биле подготвени да ја спроведат препораката од МОН за онлајн-настава. -Зачера беше првиот ден по првите препораки што ги добија училиштата само во Скопје. Повеќе од 90 отсто од проблемите се само во Скопје. По тие препораки вчера беше првиот ден кога ги видовме проблемите во изведување на онлајн-наставата и проблемите што произлегоа за родителите. Некои од училиштата не очекуваа и во претходниот период немаа дојави за бомби. Училиштата што ги добија препораките во петок и кои пристапија со лозинките во системот тие вчера немаа проблем. Некои од училиштата што вчера првпат добија дојава за бомба, за половина до еден час ги надминаа проблемите, изјави Шаќири и додаде дека МОН е против онлајн-настава но одлуката ја донеле по препораките за безбедност. Рече дека очекува во најбрз можен рок Владата да ги дискутира сите проблеми што произлегоа - во целодневната настава, проблемите што ги имаат родителите што се вработени за да може, како што рече, да се најде нов предлог за решение по препорака на надлежни институции, со оглед на тоа што се зголемува бројот на училишта што добиваат дојави, а таргет сега се и основците покрај средношколците. Рече и дека ќе се анализира ситуацијата, ќе се земат искуствата од други земји и ќе се разгледува електронската комуникација. Дали се размислува сите средни училишта да преминат на онлајн-настава, тој одговори дека „не е лесна одлука“ дали тоа да биде за средните во Скопје или во цела држава. -Не брзаме да донесеме таква одлука, зашто таква одлука би требало да се донесе и за основните. Затоа што вчера и денеска има повеќе дојави за основни отколку за средни училишта. На почетокот не беа таргет основците, беа само средношколците, сега дојави има и во основните училишта што отвора нов проблем, рече Шаќири одговарајќи на новинарски прашања по состанок на Управниот комитет на Меѓународниот институт за одржливи технологии на Југоисточна Европа (SEEIIST). Во однос на тоа дали ќе има последици за државната матура, Шаќири рече дека Државниот испитен центар ги презема сите чекори за таа да се организира успешно. Матурите ќе се организираат, формирана е работна група за сите работи за да не се остава на случајности, додаде министерот за образование и наука. На прашање дека само државните, а не и приватните училишта добиваат дојави за бомби, Шаќири одговори дека и тој се прашува зошто „вакви лоши намери“ има само за државни установи. -Не велам и тие да добиваат, но да немаат ниту државните, рече министерот. Министерството за образование од понеделинкот препорача во случај на дојава да се организира онлајн настава. - Интензивно работиме со Министерството за образование и наука (МОН) и веќе се направени одредени усогласувања. Ќе почне и комуникацијата меѓу нашите Сектори за внатрешни работи и образовните институции, заради тоа што сите треба заеднички да постапуваме за да дојдеме до решение во кое учениците ќе бидат безбедни и безбедно ќе се одвива наставниот процес, изјави синоќа министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во врска со дојавите за бомби во училиштата. Прашан за тоа дали размислува да се воведе 24 часовно обезбедување во училиштата, Спасовски информираше дека вчера е донесен посебен акт во делот на тероризмот и согласно него од денеска ќе се почне со нови активности. Како што рече, веќе се донесени одредени насоки денешниот ден. Тој додаде дека МВР патролно веќе ги обезбедува сите училишта 24 часа, но согласно новиот акт, веднаш по дојавата за бомба ќе треба да се преземат одредени мерки, и како што рече, од тоа нема да има отстапки. -Ова не е активност со која може да се справи само МВР. Ова е активност со која треба да се справат сите институции и затоа се формираше работен тим во рамките на Владата, во кој влегуваат институциите - Агенцијата за национална безбедност, Агенцијата за разузнавање, Агенцијата за електронски комуникации и секој има свои активности кои треба да бидат преземени во овој дел. Ние во овој период работевме интензивно и денеска донесовме посебно упатство, односно посебен акт, што е во согласност со приликите кои се сега, заради тоа што имаше упатство кое беше застарено во делот на тероризмот. Согласно тоа упатство ќе започнеме нови активности, изјави Спасовски при посетата на полициските службеници кои се дел од сообраќајната патрола на булеварот „Босна и Херцеговина“ во Скопје, во одговор на новинарско прашање. Како што посочи, се бараат и решенија за решавања на целата состојба поврзана со дојавите за бомби, и напомена дека она што вчера е донесено како акт, ќе биде дел од решението на процесот. -Во овој процес треба да учествуваат сите институции. Ние писмено се обративме до одредени институции со прашање кои мерки ги имаат преземено од она што е во делот на нивната надлежност. Очекуваме дека ќе дадат одговори. Доколку има институции кои не преземале одредени активности од своја надлежност а биле должни да ги преземат, ќе го известиме и Јавното обвинителство. Оваа битка е битка на секој еден во институциите и сите заедно мора да работиме, заради тоа што ако станува збор за терористичка закана, тогаш сите треба да бидеме во борбата против теротизмот. За нас, безбедноста на учениците и на наставниот кадар е на прво место, потенцираше Спасовски.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-deneska-novi-nasoki-za-bezbednosta-na-uchenitsite-i-nastavata/feed/ 0
Дојава за бомба добиле и 9 училишта од струшко, сите се лажни https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dojava-za-bomba-dobile-i-9-uchilishta-od-strushko-site-se-lazhni/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dojava-za-bomba-dobile-i-9-uchilishta-od-strushko-site-se-lazhni/#respond Thu, 16 Feb 2023 20:55:00 +0000 https://kurir.mk/?p=801495

Лажни се пријавите за наводно поставени експлозивни направи во училишта во Скопје, Куманово и струшко, информира МВР. Министерството за внатрешни работи известува дека се направени сите потребни проверки во врска со денешните пријави од 16 училишта во Скопје, две во Куманово и девет во струшко по добиените пораки на електронски адреса со закана за поставена експлозивна направа, и утврдено е дека станува збор за лажни пријави. Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите, а потоа се извршени и детални проверки од тимови за антитерористички проверки и утврдено е дека станува збор за лажни пријави.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dojava-za-bomba-dobile-i-9-uchilishta-od-strushko-site-se-lazhni/feed/ 0
Дојави за бомби во училишта во Скопје и Куманово, закани добиле и професори https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dojavi-za-bombi-vo-uchilishta-vo-skopje-i-kumanovo-zakani-dobile-i-profesori/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dojavi-za-bombi-vo-uchilishta-vo-skopje-i-kumanovo-zakani-dobile-i-profesori/#respond Thu, 16 Feb 2023 15:00:45 +0000 https://kurir.mk/?p=801349

На електронските адреси на 16 училишта во Скопје и две училишта во Куманово е упатена закана за поставена експлозивна направа, информира МВР. Исто така, закана била упатена и на приватни меилови на 9 професори од истите училиштата. -Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаите, истакнуваат од полицијата.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dojavi-za-bombi-vo-uchilishta-vo-skopje-i-kumanovo-zakani-dobile-i-profesori/feed/ 0
Германското МНР ги предупредува граѓаните на внимателност при патување во Македонија поради дојавите за бомби https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/germanskoto-mnr-gi-predupreduva-gragjanite-na-vnimatelnost-pri-patuvanje-vo-makedonija-poradi-dojavite-za-bombi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/germanskoto-mnr-gi-predupreduva-gragjanite-na-vnimatelnost-pri-patuvanje-vo-makedonija-poradi-dojavite-za-bombi/#respond Sat, 17 Dec 2022 10:19:31 +0000 https://kurir.mk/?p=776944

Министерството за надворешни работи во Берлин ги предупредува германските граѓани да бидат будни и претпазливи при патување во Северна Македонија поради заканите со бомби, пренесува „Дојче веле“. На граѓаните, како што се наведува, им се препорачува да се информираат од доверливи локални и социјални медиуми во врска со актуелната ситуација и да ги следат препораките на локалните власти и безбедносни сили. -Закани со бомби против јавни институции и објекти во последно време се регистрирани во главниот град Скопје. Тие првично беа насочени кон училишта и владини објекти, но во меѓувреме се погодени и хотели и други невладини установи. Последно, беше неопходна евакуација на меѓународниот аеродром во Скопје каде сообраќајот мораше да биде привремено запрен, се наведува во информацијата од германското МНР. Министерот за надворешни работи Бујар Османи вчера информираше дека за дојавите за бомби се информирани НАТО партнерите, потенцирајќи дека вакви закани се случуваат и во регионот.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/germanskoto-mnr-gi-predupreduva-gragjanite-na-vnimatelnost-pri-patuvanje-vo-makedonija-poradi-dojavite-za-bombi/feed/ 0
„Зошто допрва  Спасовски и Ковачевски ќе се координираат и ќе бараат помош за заканите со бомби  – човек да помисли дека намерно оставаат состојба на страв и тензии кај народот“ – реагираат од ВМРО-ДПМНЕ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zoshto-doprva-spasovski-i-kovachevski-kje-se-koordiniraat-i-kje-baraat-pomosh-za-zakanite-so-bombi-chovek-da-pomisli-deka-namerno-ostavaat-sostojba-na-strav-i-tenzii-kaj-narodot-reagiraat-od-vmro-dpmn/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zoshto-doprva-spasovski-i-kovachevski-kje-se-koordiniraat-i-kje-baraat-pomosh-za-zakanite-so-bombi-chovek-da-pomisli-deka-namerno-ostavaat-sostojba-na-strav-i-tenzii-kaj-narodot-reagiraat-od-vmro-dpmn/#respond Fri, 16 Dec 2022 07:42:21 +0000 https://kurir.mk/?p=776371

Состојбата со дојавите за бомби станува алармантна, а Оливер Спасовски нема абер да превземе нешто да ги заштити граѓаните. Вчера беа упатени рекордни 50 дојави за бомби во средни и основни училишта, а учениците, наставниците и родителите се истрауматизирани. Спасовски без срам дури вчера најави дека допрва ќе се координира со службите како да се надмине оваа закана за безбедноста која трае со месеци. Крајна индолентност и неодговорност, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ. -Спасовски пред извесно време помпезно најави откривање на дојавувачите на бомби кои сеат страв. Но од тогаш нема никаков резулат, а бројот на дојави станува се поголем. Со месеци институции, трговски центри, станбени комплекси и училишта се под закана, а МВР допрва ќе се координира. Дополнително, да биде работата пострашна, Спасовски и Ковачевски не побарале помош од странски експерти од нашите партнерски земји за справување со дојавите за бомби. Уво не ги боли заради тензиите кои постојат кај граѓаните. Полна им е устата со термини како хибридни напади, а не ги искористиле домашните и меѓународните капацитети за  помош. Човек да помисли дека намерно дозволуваат ваква ситуација на криза и неизвесност кај народот, обвинуваат од партијата. „Дека се работи за неспособност и непрофесионалност кај екипата на Спасовски, тоа веќе е јасно, но не е јасно зошто не побараат друг да им помогне да се прекинат ваквите безбедносни закани. Затоа велиме дека Оливер Спасовски е безбедносен проблем за Македонија. Колку побрзо си поднесе оставка, толку побрзо ќе може професионалци да се справат со ваквите и други предизвици и закани за граѓаните“ - посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zoshto-doprva-spasovski-i-kovachevski-kje-se-koordiniraat-i-kje-baraat-pomosh-za-zakanite-so-bombi-chovek-da-pomisli-deka-namerno-ostavaat-sostojba-na-strav-i-tenzii-kaj-narodot-reagiraat-od-vmro-dpmn/feed/ 0
Петрушевски: Повеќе од три месеци државата е неспособна да се справи со дојавите за бомби, проблемот се проширува и во други градови https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/petrushevski-povekje-od-tri-meseci-drzavata-e-nesposobna-da-se-spravi-so-dojavite-za-bombi-problemot-se-proshiruva-i-vo-drugi-gradovi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/petrushevski-povekje-od-tri-meseci-drzavata-e-nesposobna-da-se-spravi-so-dojavite-za-bombi-problemot-se-proshiruva-i-vo-drugi-gradovi/#respond Thu, 15 Dec 2022 12:06:10 +0000 https://kurir.mk/?p=776067

Повеќе од три месеци државата е неспособна да се справи со дојавите за бомби, туку напротив проблемот се проширува и во други градови, вели пратеникот Бране Петрушевски. „Денес дојави за бомби пристигнаа и во повеќе училишта во општина Куманово. Сите ученици и наставници се безбедно евакуирани, апелирам граѓаните да бидат смирени. Веднаш во Собранието, заедно со други колеги, побарав итна седница на Комисијата за одбрана и безбедност, на која ќе реферира Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Спасовски е најповикан да се справи со проблемот, а доколку е неспособен да си даде оставка и да се побара помош од нашите пријатели од странство. Вака веќе не оди“ - вели тој.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/petrushevski-povekje-od-tri-meseci-drzavata-e-nesposobna-da-se-spravi-so-dojavite-za-bombi-problemot-se-proshiruva-i-vo-drugi-gradovi/feed/ 0
Пендаровски: Нема потреба за свикување на Советот за безбедност поради дојавите за бомби, надлежните се максимално ангажирани https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pendarovski-nema-potreba-za-svikuvanje-na-sovetot-za-bezbednost-poradi-dojavite-za-bombi-nadleznite-se-maksimalno-angazirani/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pendarovski-nema-potreba-za-svikuvanje-na-sovetot-za-bezbednost-poradi-dojavite-za-bombi-nadleznite-se-maksimalno-angazirani/#respond Thu, 15 Dec 2022 10:53:21 +0000 https://kurir.mk/?p=776008

Нема потреба за свикување на Советот за безбедност поради зачестените дојави за бомби. Сите надлежни органи се максимално ангажирани и не допуштаат никаква шанса некој да постави експлозивна направа во училиштата, изјави денеска претседателот Стево Пендаровски. -Јас сум во постојана комуникација со МВР. До овој момент нема потреба да се крева тоа на такво ниво. Од тоа што го знам, надлежните се постојано на дневна основа активни во однос на тие закани. Постојат два аспекта – кривично правен поради стресот, паниката, стравот што ги предизвикуваат кај децата, родителите, кај сите нас, и таа работа ја тераат надлежните органи. Меѓутоа тоа се ИП адреси кои се најчесто од странство и до кои тешко се доаѓа, како и до луѓето кои ги менаџираат. Сите надлежни органи се максимално ангажирани и не дозволуваат да има каква било шанса некој да постави експлозивна направа во нашите училишта, истакна Пендаровки, одговарајќи на новинарско прашања пред денешната панел дискусијата на Меѓународниот балкански универзитет во Скопје.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pendarovski-nema-potreba-za-svikuvanje-na-sovetot-za-bezbednost-poradi-dojavite-za-bombi-nadleznite-se-maksimalno-angazirani/feed/ 0
Десет дојави за бомби во училишта во Куманово, се огласи градоначалникот Димитриевски https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/deset-dojavi-za-bombi-vo-uchilishta-vo-kumanovo-se-oglasi-gradonachalnikot-dimitrievski/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/deset-dojavi-za-bombi-vo-uchilishta-vo-kumanovo-se-oglasi-gradonachalnikot-dimitrievski/#respond Thu, 15 Dec 2022 09:59:07 +0000 https://kurir.mk/?p=775961

Градоначалникот на општина Куманово, Максим Димитриевски ја информира јавноста дека дојави за бомби пристигнале во девет основни и едно средно училиште на територија на Општина Куманово. Станува збор за основните општински училишта „11 Октомври“, „Бајрам Шабани“, „Браќа Миладиновци“, „Крсте Мисирков“, „Браќа Рибар“, „Јероним Дерада“, „Карпош“ – Умин Дол, „Кирил и Методиј“, „Кочо Рацин“ и средното општинско улилиште „Гоце Делчев“. „Екипите на СВР Куманово при Министерството за внатрешни работи се на терен и се преземаат мерки за расчистување на случаите. Учениците и наставниците безбедно се евакуирани, а родителите и граѓаните да бидат смирени. Во текот на вчерашниот ден, во општината имавме координативен состанок за справување во кризни ситуации и преземање на мерки“, потенцира Димитриевски.

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/deset-dojavi-za-bombi-vo-uchilishta-vo-kumanovo-se-oglasi-gradonachalnikot-dimitrievski/feed/ 0
Денешните дојави за бомби во Скопје се вчерашни, директорката не го видела мejлот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/deneshnite-dojavi-za-bombi-vo-skopje-se-vcherashni-direktorkata-ne-go-videla-mejlot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/deneshnite-dojavi-za-bombi-vo-skopje-se-vcherashni-direktorkata-ne-go-videla-mejlot/#respond Fri, 02 Dec 2022 15:15:15 +0000 https://kurir.mk/?p=770265

Денешните дојави за бомби во скопски основни училишта се во Петровец, но тоа се пријави испратени во текот на вчерашниот ден. Дојавата за бомба е стигната во текот на вчерашниот ден на електронската адреса на директорката на училиштето „Кочо Рацин“, но таа не ја видела пораката. Откако денеска ја видела, веднаш пријавила. Бидејќи во оваа општина има три училишта со име „Кочо Рацин“, мораше да извршиме проверка кај сите нив, изјави денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Тој потврди и дека денеска има дојава за поставена експлозивна направа во основно училиште во Крива Паланка каде што од страна на тимови за антитероризам се вршат проверки.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/deneshnite-dojavi-za-bombi-vo-skopje-se-vcherashni-direktorkata-ne-go-videla-mejlot/feed/ 0