дојави за бомби – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 18 Oct 2023 14:00:04 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png дојави за бомби – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Поради дојави за поставена бомба: Во Франција евакуирани 11 аеродроми https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/poradi-dojavi-za-postavena-bomba-vo-frantsija-evakuirani-11-aerodromi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/poradi-dojavi-za-postavena-bomba-vo-frantsija-evakuirani-11-aerodromi/#respond Wed, 18 Oct 2023 14:00:04 +0000 https://kurir.mk/?p=890382

Единаесет аеродроми во Франција беа евакуирани денеска поради дојави за поставена бомба, потврди француската цивилна авијација. На некои аеродроми е во тек евакуација на луѓе, а на некои аеродроми веќе се евакуирани патниците и персоналот. Други, пак, продолжија да работат по извршените проверки, соопштија повеќе извори. Министерството за внатрешни работи соопшти за францускиот весник „Ле Парисиен“ дека „неколку аеродроми добиле закани за напад“ преку е-пошта, додавајќи дека „се применува принципот на претпазливост“ и дека аеродромите се евакуирани заради безбедносни проверки. Дојавите за поставени бомби во Франција следат откако млад радикализиран исламист во петокот уби професор на северот на земјата. Поради зголемената опасност од нов напад, безбедносната тревога во земјава е подигната на највисоко ниво. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/poradi-dojavi-za-postavena-bomba-vo-frantsija-evakuirani-11-aerodromi/feed/ 0
Дојави за бомби на неколку локации во Загреб, полицијата пребарува објекти низ градот https://arhiva.kurir.mk/svet/region/dojavi-za-bombi-na-nekolku-lokatsii-vo-zagreb-politsijata-prebaruva-objekti-niz-gradot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/dojavi-za-bombi-na-nekolku-lokatsii-vo-zagreb-politsijata-prebaruva-objekti-niz-gradot/#respond Fri, 14 Jul 2023 08:55:15 +0000 https://kurir.mk/?p=856591

На 30 мејлови, меѓу кои и на неколку редакции во Загреб, е испратена грозоморна порака во која се наведени локации на кои наводно биле поставени бомби. „Поставуваме темпирани бомби со тајмер“, се вели меѓу другото. Исто така се додава дека бомбите се темпирани да експлодираат во петок попладне. Покрај во некои медиуми, наведуваат дека експлозивна направа била поставена и на кривината на трамвај во Дубрава, четири во Земјоделското училиште, еден хотел и две во полициската станица во Дубрава. Од загрепското Јавно обвинителство велат дека веќе извршиле увид на пет локации и било утврдено дека пријавите се лажни.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/dojavi-za-bombi-na-nekolku-lokatsii-vo-zagreb-politsijata-prebaruva-objekti-niz-gradot/feed/ 0
Црна Гора: Парламентот евакуиран, дојави за бомби во неколку училишта https://arhiva.kurir.mk/svet/region/tsrna-gora-parlamentot-evakuiran-dojavi-za-bombi-vo-nekolku-uchilishta/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/tsrna-gora-parlamentot-evakuiran-dojavi-za-bombi-vo-nekolku-uchilishta/#respond Thu, 08 Jun 2023 07:16:58 +0000 https://kurir.mk/?p=843504

Зградата на Парламентот на Црна Гора утрово е евакуирана поради дојава дека во институцијата е поставена бомба. Претставници на полициската управа за „Вијести“ информирале дека дојавата била примена кусо пред осум часот. Припадници на полициската управа преземаат мерки и дејствија што се во нивна надлежност и се работи на проверка на информациите, велат од полицијата во Подгорица. Претставници на Министерството за образование за „Вијести“ неофицијално изјавиле дека дојави за бомби добиле и неколку училишта во Подгорица, како и едно средно училиште во Никшиќ. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/tsrna-gora-parlamentot-evakuiran-dojavi-za-bombi-vo-nekolku-uchilishta/feed/ 0
Дојави за бомби во основни училишта во Белград и Крагуевац https://arhiva.kurir.mk/svet/region/dojavi-za-bombi-vo-osnovni-uchilishta-vo-belgrad-i-kraguevats/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/dojavi-za-bombi-vo-osnovni-uchilishta-vo-belgrad-i-kraguevats/#respond Mon, 29 May 2023 07:26:46 +0000 https://kurir.mk/?p=839928

Во неколку основни училишта низ Србија од утрово пристигнуваат дојави за бомби, јави Нова.рс. Како што пренесува Н1, во тек е увид во некои училишта, по што ќе се знае дали учениците ќе влезат во училниците. За некои училишта веќе е утврдено дека се работи за лажни дојави. Дојави за бомби утрово добиле и две основни училишта во Крагуевац. Полицијата ги евакуирала и тие објекти, каде во тек е контрадиверзантски увид, јави Ucentar.rs. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/dojavi-za-bombi-vo-osnovni-uchilishta-vo-belgrad-i-kraguevats/feed/ 0
Дојави за бомби во училиштата во неколку градови во Србија https://arhiva.kurir.mk/svet/region/dojavi-za-bombi-vo-uchilishtata-vo-nekolku-gradovi-vo-srbija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/dojavi-za-bombi-vo-uchilishtata-vo-nekolku-gradovi-vo-srbija/#respond Tue, 23 May 2023 09:30:09 +0000 https://kurir.mk/?p=837810

Училиштата во повеќе градови во Србија утринава добија дојави за бомби, а за некои од нив веќе е утврдено дека се лажни, јави дописникот на МИА од Белград. Утринава дојави за бомби добија седум училиштата во Нови Сад, две основни училишта во Горњи Милановац, како и во училиштата во Прањани и Таково. Во полициската управа во Чачак било пријавено дека на е-маил адресите на Машинско-медицинското училиште пристигнала е-пошта за поставена бомба. Две средни училишта во Ниш утринава исто така добиле електронска пошта за поставени бомби. На 10 локации во Крагуевац утринава имаше информации дека се поставени бомби и тоа во осум основни училишта, Втората гимназија во Крагуевац и Економскиот факултет. По извршениот контрадиверзивен увид било утврдено дека се работи за лажни пријави во училиштата во Ниш, Чачак и Горњи Милановац.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/dojavi-za-bombi-vo-uchilishtata-vo-nekolku-gradovi-vo-srbija/feed/ 0
Масовна евакуација во Србија: Дојави за бомби добиле дури 115 основни и средни училишта https://arhiva.kurir.mk/svet/region/masovna-evakuatsija-vo-srbija-dojavi-za-bombi-dobile-duri-115-osnovni-i-sredni-uchilishta/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/masovna-evakuatsija-vo-srbija-dojavi-za-bombi-dobile-duri-115-osnovni-i-sredni-uchilishta/#respond Wed, 17 May 2023 08:45:15 +0000 https://kurir.mk/?p=835174

Според првичните информации, известувања за подметнати експлозивни направи биле испратени на имејл адресите на 78 основни и 37 средни училишта во белградските општини, соопшти Министерството за образование. -Екипи на полицијата се на терен, учениците и вработените се евакуирани. Заради безбедност на учениците и вработените, наставата во прва смена беше прекината до завршување на полициската проверка, а некои училишта веќе се проверени и наставата се одвива без проблеми. Училиштата ќе ги информираат учениците и нивните родители за сите релевантни информации за наставата преку редовни канали за комуникација, велат од министерството/ Во комуникација со полицијата, директорите на училиштата ќе добијат информација кога ќе биде извршен увид во училиштето и ќе донесат одлука за попладневната смена.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/masovna-evakuatsija-vo-srbija-dojavi-za-bombi-dobile-duri-115-osnovni-i-sredni-uchilishta/feed/ 0
Повторно дојави за бомби во училишта во Белград https://arhiva.kurir.mk/svet/region/povtorno-dojavi-za-bombi-vo-uchilishta-vo-belgrad/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/povtorno-dojavi-za-bombi-vo-uchilishta-vo-belgrad/#respond Wed, 17 May 2023 06:42:54 +0000 https://kurir.mk/?p=835074

Неколку основни училишта во Белград утринава добија дојави за подметнати бомби, јавија белградски медиуми. Бомба била пријавена во основното училиште „Дринка Павловиќ“, а според информациите на „Данас“, закани биле упатени и кон ОУ „Обединети нации“, како и до ОУ „Бранко Ќопиќ“ во Видиковац. Училиштата издадоа упатства до наставниците да ги информираат родителите да не ги носат децата денеска во школо. Српското МВР соопшти дека полицијата е на терен и ги проверува сите пријави.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/povtorno-dojavi-za-bombi-vo-uchilishta-vo-belgrad/feed/ 0
По дојавите за бомби: МВР и МОН усогласија мерки и упатства, благовремено ќе информираат за што станува збор https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/po-dojavite-za-bombi-mvr-i-mon-usoglasija-merki-i-upatstva-blagovremeno-ke-informiraat-za-shto-stanuva-zbor/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/po-dojavite-za-bombi-mvr-i-mon-usoglasija-merki-i-upatstva-blagovremeno-ke-informiraat-za-shto-stanuva-zbor/#respond Fri, 03 Mar 2023 15:26:47 +0000 https://kurir.mk/?p=807706

Денеска, во Владата на Република Македонија се одржа координативен состанок на претседателот на Владата на Република Македонија Димитар Ковачевски, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, министерот за образование и наука Јетон Шаќири, директорот на Бирото за јавна безбедност Сашо Тасевски. Темата на средбата беа безбедносните мерки кои се преземаат од страна на институциите во врска со справувањето со хибридните закани. На состанокот, од страна на министерот Спасовски и директорот на Бирото за јавна безбедност Тасевски беше презентирано новото упатство за постапките и мерките што ги презема МВР по добиена информација односно сознание или дојава за терористички загрозувања и по основ на упатството разработен е план за мерки и активности за спроведување. Покрај ова, МВР обезбедува и постојани полициски патроли за обезбедување на училиштата. Дополнително, мерките и активностите кои МОН веќе ги презема за справување со хибридните закани се надополнуваат со безбедносно јакнење на училиштата со кои се гарантира сигурноста и безбедноста на учениците и наставниот кадар во самите училишта. Комплементарно на упатството кое МВР го има разработено, се работи и на упатство со мерки од страна МОН до сите директори на сите училишта на територијата на Република  Македонија, кои ќе имаат обврска да го применат со цел јакнење на безбедноста на учениците и наставниот кадар и непречено одвивање на наставниот процес. Мерките за јакнење на безбедноста на училиштата и наставниот процес ќе бидат детално образложени на директорите на училиштата во следните неколку денови, а благовремено ќе бидат известени и родителите како и јавноста.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/po-dojavite-za-bombi-mvr-i-mon-usoglasija-merki-i-upatstva-blagovremeno-ke-informiraat-za-shto-stanuva-zbor/feed/ 0
Ковачевски за дојавите за бомби: Како систем не сме ја загубиле оваа сајбер-војна и нема да ја загубиме, се случува кај голем број држави членки на НАТО https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kovachevski-za-dojavite-za-bombi-kako-sistem-ne-sme-ja-zagubile-ovaa-sajber-vojna-i-nema-da-ja-zagubime-se-sluchuva-kaj-golem-broj-drzhavi-chlenki-na-nato/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kovachevski-za-dojavite-za-bombi-kako-sistem-ne-sme-ja-zagubile-ovaa-sajber-vojna-i-nema-da-ja-zagubime-se-sluchuva-kaj-golem-broj-drzhavi-chlenki-na-nato/#respond Fri, 03 Mar 2023 11:24:20 +0000 https://kurir.mk/?p=807564

Премиерот Димитар Ковачевски соопшти дека денеска ќе има средба со министрите за внатрешни работи и за образование и наука за да се разгледаат дополнителни мерки за справување со лажните дојави за поставени бомби во училиштата и рече дека се уште не сме ја загубиле оваа кибер-војна. -Ние како систем не сме ја загубиле оваа сајбер-војна и нема да ја загубиме.Оваа сајбер-војна и овие хибридни напади се дел од војната што се води во Украина и тоа веќе на сите ни е јасно, бидејќи не се случува само кај нас, туку и кај голем број држави членки на НАТО. Министерот за внатрешни работи вчера сподели одредени информации за менување одредени протоколи што ги спроведува МВР. Денеска ќе имаме состанок со раководствата на министерствата за внатрешни работи и за образование, на кој ќе разговараме во однос на носење дополнителни мерки и за целосно неутрализирање на овој проблем со кој се соочува Северна Македонија, но и други држави, со цел да овозможиме редовна и непречена настава за учениците, изјави Ковачевски по посетата на градинка во изградба во населба Пролет, Општина Центар. Единствена цел на овие хибридни напади, како што рече, е внесување немир во земја членка на НАТО и додаде дека обврска на МВР е да ја гарантира и да ја обезбеди безбедноста на граѓаните. -Согласно со процедурите, прописите и протоколите за борба против тероризам, бидејќи се работи за дојави за бомби, тие мора да спроведуваат процедури пропишани согласно закон, како и во сите други држави. За да се спречи напуштање на училиштата, МВР и МОН секојдневно работат со цел да се изнајде начин како да се спроведат процедури кои ќе обезбедат сигурност дека се работи за лажна дојава на бомба, а децата да можат да посетуваат настава. И јас сум родител и се соочувам со истите проблеми во однос на школувањето на децата. Не е нешто за што не знам што се случува, меѓутоа мора да верувате дека и МВР и МОН работат на решавање на овој проблем, рече премиерот. Во врска со учебниците, одговори дека имало доцнење, но се испорачани, а повлечени се учебници неквалитетно напишани и неквалитетно рецензирани. -МОН веднаш пристапи кон повлекување на тие учебници, нивна корекција, а за да се коригира учебник повторно мора да се помине процедурата – авторот да направи промена, рецензија, комисија... Тој процес е во тек и сметам дека идната учебна година ќе биде во најдобар ред. Ги повикувам сите професори, академски граѓани, кои се дел од пишувањето книги, да се пријавуваат во поголем број за пишување книги за основно и средно образование, бидејќи и бројот и квалитетот на пишувачи на книги, на експерти, исто така го подобрува и забрзува процесот на пишување, одобрување и издавање на книгите, додаде Ковачевски.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kovachevski-za-dojavite-za-bombi-kako-sistem-ne-sme-ja-zagubile-ovaa-sajber-vojna-i-nema-da-ja-zagubime-se-sluchuva-kaj-golem-broj-drzhavi-chlenki-na-nato/feed/ 0
Нема бомби во училиштата во Скопје: Завршија антитерористичките проверки https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nema-bombi-vo-uchilishtata-vo-skopje-zavrshija-antiteroristichkite-proverki/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nema-bombi-vo-uchilishtata-vo-skopje-zavrshija-antiteroristichkite-proverki/#respond Thu, 02 Mar 2023 15:51:00 +0000 https://kurir.mk/?p=807233

Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека се направени сите потребни проверки во врска со пријавите добиени попладнево дека на електронски адреси е упатена закана за наводно поставена експлозивна направа во три училишта во Скопје и утврдено е дека станува збор за лажни пријави. Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени соодветни мерки и активности, извршени се потребните проверки од антитерористички тимови и утврдено е дека станува збор за лажни пријави. Претходно МВР информираше дека и 30-те пријави од утринава биле лажни. -Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека се направени сите потребни проверки во врска со денешните пријави по добиените пораки на електронски адреси со закана за наводно поставена експлозивна направа во 30 училишта во Скопје и утврдено е дека станува збор за лажни пријави, порачаа од МВР.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nema-bombi-vo-uchilishtata-vo-skopje-zavrshija-antiteroristichkite-proverki/feed/ 0