дојче банк – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 19 May 2023 07:10:45 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png дојче банк – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Дојче банк ќе им плати 75 милиони долари на жртвите на Епстин https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dojche-bank-ke-im-plati-75-milioni-dolari-na-zhrtvite-na-epstin/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dojche-bank-ke-im-plati-75-milioni-dolari-na-zhrtvite-na-epstin/#respond Fri, 19 May 2023 07:10:45 +0000 https://kurir.mk/?p=836156

Дојче банк се согласи да им плати 75 милиони долари на жртвите на сексуална злоупотреба во случаите поврзани со Џефри Епстин, во рамки на разврската на тужбата поднесена минатата година во њујоршката општина Менхетн. Во колективната тужба се тврди дека банката му помогнала на осрамотениот финансиер во олеснување на неговата секс-трговија со млади жени. Жртва идентификувана како „Џејн До“ ја тужеше банката пред Федералниот окружен суд во Њујорк, САД, и побара групна тужба за застапување и отшета и за другите жртви на Епстин. Во тужбата се наведува дека банката свесно заработила од сексуалната трговија на бизнисменот и „наместо усогласеност, избрала профит“ што достигнува милиони долари. „Спогодбата ќе им овозможи на десетици преживеани жртви на Џефри Епстин конечно да се обидат да ја вратат својата верба во нашиот систем, знаејќи дека сите поединци и субјекти кои му овозможиле на Епстин да тргува со луѓе заради секс, конечно ќе бидат повикани на одговорност“, се наведува во соопштението на адвокатите. Германската банка претходно призна дека му обезбедила „рутински банкарски услуги“ на Епстин од 2013 до 2018 година и дека тужбата „не е блиску до тврдењето дека Дојче банк била дел од криминалниот синџир“ на Епстин за трговија со луѓе.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dojche-bank-ke-im-plati-75-milioni-dolari-na-zhrtvite-na-epstin/feed/ 0
Претрес во седиштето на „Дојче банк“ во Франкфурт https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pretres-vo-sedishteto-na-dojche-bank-vo-frankfurt/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pretres-vo-sedishteto-na-dojche-bank-vo-frankfurt/#respond Fri, 29 Apr 2022 11:03:00 +0000 https://kurir.mk/?p=669711

Истражните органи по налог на германското Обвинителство денеска влегоа во „Дојче банк“ во Франкфурт на Мајна. Во акцијата се вклучени припадници на Федералната криминалистичка служба, Финансиската полиција и Обвинителството. Засега не е позната позадината на претресот на канцелариите во „Дојче банк“. Од Обвинителството соопштија дека се постапува врз основа на наредба на Судот во Франкфурт, додека други детали не може да се дадат поради истрагата што е во тек. Ниту од „Дојче банк“ не се огласуваат со какви било информации за јавноста.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pretres-vo-sedishteto-na-dojche-bank-vo-frankfurt/feed/ 0
И нивното светло згаснува во Русија: Најголемата германска банка заминува https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/i-nivnoto-svetlo-zgasnuva-vo-rusija-najgolemata-germanska-banka-zaminuva/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/i-nivnoto-svetlo-zgasnuva-vo-rusija-najgolemata-germanska-banka-zaminuva/#respond Sun, 13 Mar 2022 11:58:23 +0000 https://kurir.mk/?p=646325

Дојче банк, најголемата во Германија, се приклучи на егзодусот на западните компании од Русија. Банката ја објави веста на својата веб-страница, истакнувајќи дека е „во процес на затворање на својот бизнис во Русија и дека повеќе нема да работи таму“. Германскиот банкарски гигант понатаму наведува дека „најостро ја осудува руската инвазија на Украина и дека ја поддржува германската влада и нејзините сојузници во одбраната на демократијата и слободата“. - Да појасниме: Дојче банка веќе значително ја намали својата изложеност во Русија од 2014 година. Како и некои меѓународни компании, и во согласност со нашите законски и регулаторни обврски, ние сме во процес на затворање на нашиот преостанат бизнис во Русија, истовремено помагајќи им на нашите не -Руските мултинационални компании го намалуваат своето работење, се вели во соопштението. Според Ројтерс, оваа банк има заеми во Русија во износ од 1,4 милијарди евра. Таму има и технолошки центар во кој се вработени 1.500 компјутерски експерти. Покрај Дојче банка, заминување од Русија најавија и Голдман Сакс и Морган Чејс од САД.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/i-nivnoto-svetlo-zgasnuva-vo-rusija-najgolemata-germanska-banka-zaminuva/feed/ 0
Дојче банк ќе им плати на САД казна од 100 милиони долари https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dojche-bank-kje-im-plati-na-sad-kazna-od-100-milioni-dolari/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dojche-bank-kje-im-plati-na-sad-kazna-od-100-milioni-dolari/#respond Mon, 11 Jan 2021 06:45:59 +0000 https://kurir.mk/?p=453542

Германската Дојче банк се согласи пред американски суд да плати казна во износ од над 100 милиони долари, со цел да избегне кривичен процес по обвинението дека била дел од меѓународна коруптивна мрежа за добивање бизниси во Саудиска Арабија. Адвокати на Дојче банк, која одамна има деловни врски со американскиот претседател Доналд Трамп, го потврдија тоа во видео-конференција со федералниот американски суд во Њујорк. Според судските документи, Дојче банк ги поткупувала посредниците со цел да добие бизниси во Саудиска Арабија, заведувајќи ги исплатите како „придружни такси“. Портпаролот на банката Ден Хантер изјави дека договорот за прекин на кривичното гонење покажува дека компанијата преземала одговорност за своите потези и нејзината соработка со американските федерални власти „ја одразува транспарентноста и подготвеноста на банката тие прашања да ги остави далеку зад себе“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dojche-bank-kje-im-plati-na-sad-kazna-od-100-milioni-dolari/feed/ 0
Дојче банк предлага да се воведе нов данок за работа од дома https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dojche-bank-predlaga-da-se-vovede-nov-danok-za-rabota-od-doma/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dojche-bank-predlaga-da-se-vovede-nov-danok-za-rabota-od-doma/#respond Thu, 12 Nov 2020 08:32:00 +0000 https://kurir.mk/?p=428307

Дојче банк предлага да се воведе нов данок од пет проценти на платите на работниците кои ќе изберат да работат од дома. Според предлогот, даноците ќе ги плаќаат работодавачите, а остварениот приход ќе им се исплаќа на луѓето кои не можат да работат од своите домови, јави Би-Би-Си. Како што е наведено, банката ја оправдува оваа мерка со тоа што смета дека тоа е фер, затоа што оние кои работат од дома заштедуваат пари и не плаќаат во системот како оние што го напуштаат домот за да одат на работа. Во Велика Британија, Дојче банк смета дека преку данокот ќе се соберат 6,9 милијарди фунти годишно, што може да исплати грантови од 2.000 фунти годишно на работници со ниски примања и на оние кои се изложени на ризик од технолошки вишок. – Со години ни требаше данок за работа на далечина. Ковид-19 го направи тоа очигледно, рече стратегот на Дојче банк, Лук Темплмен. Од почетокот на пандемијата на коронавирусот, голем број работници се пренасочени да работат од дома.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dojche-bank-predlaga-da-se-vovede-nov-danok-za-rabota-od-doma/feed/ 0
Дојче Банк: Од 2025 година нема да има повеќе кредити за рудници за јаглен https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dojche-bank-od-2025-godina-nema-da-ima-povekje-krediti-za-rudnici-za-jaglen/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dojche-bank-od-2025-godina-nema-da-ima-povekje-krediti-za-rudnici-za-jaglen/#respond Mon, 27 Jul 2020 13:05:02 +0000 https://kurir.mk/?p=382110

Дојче Банк денеска соопшти дека најдоцна до 2025 година ќе престане да ги финансира деловните активности поврзани со копање на јаглен низ целиот свет. Германскиот кредитор исто така објави дека ќе престане да финансира нови проекти на Арктикот и проекти поврзани со нафтени песоци.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dojche-bank-od-2025-godina-nema-da-ima-povekje-krediti-za-rudnici-za-jaglen/feed/ 0
Дојче Банк има нето загуба од 3,1 милијарди евра во вториот квартал https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dojche-bank-ima-neto-zaguba-od-3-1-milijardi-evra-vo-vtoriot-kvartal/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dojche-bank-ima-neto-zaguba-od-3-1-milijardi-evra-vo-vtoriot-kvartal/#respond Wed, 24 Jul 2019 07:37:17 +0000 https://kurir.mk/?p=221878

Дојче Банк денеска информира дека во вториот квартал од годината забележала нето загуба од 3,1 милијарди евра (3,5 милијарди долари), и тоа само неколку недели откако соопшти ќе следат драстични кастрења на работни места во банката во обидот да се врати на позитивните патеки, јави ДПА.

Загубата е поголема од тоа што банката претходно месецов предвидуваше дека ќе се случи, кога го најави реструктурирањето. Денеска оттаму уште соопштија дека трошоците за стратешката трансформација банката ќе ги чини 3,4 милијарди евра.

-Суштинскиот дел од трошоците за реструктурирање се веќе направени во вториот квартал, изјави извршниот директор на банката Кристијан Севинг, според кого ” по овие трансформациски трошоци, банката ќе биде профитабилна “.

 МИА

]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dojche-bank-ima-neto-zaguba-od-3-1-milijardi-evra-vo-vtoriot-kvartal/feed/ 0