дојче веле – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 01 Jul 2022 19:27:03 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png дојче веле – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Што содржи протоколот кој сега во рамката се вика годишен извештај: Промени во историјата, јазикот, учебниците… https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/shto-sodrzi-protokolot-koj-sega-vo-ramkata-se-vika-godishen-izveshtaj-promeni-vo-istorijata-jazikot-uchebnicite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/shto-sodrzi-protokolot-koj-sega-vo-ramkata-se-vika-godishen-izveshtaj-promeni-vo-istorijata-jazikot-uchebnicite/#respond Fri, 01 Jul 2022 19:27:03 +0000 https://kurir.mk/?p=698623

Најголемиот дел од барањата со кои Софија го условува патот на Скопје кон ЕУ се содржат во ткн. Протокол од меѓувладината комисија.

Тој веќе стана дел и од документите на ЕУ.

ДОЈЧЕ ВЕЛЕ анализира што содржи овој предлог.

Од моментот кога беше објавен првичниот француски предлог за надминување на бугарската блокада на Македонија во ЕУ, ткн. Протокол односно записникот од вториот состанок на Мешовитата меѓувладина комисија стана една од клучните точки во анализите за (не)прифатливоста на предлогот. Во последната верзија на францускиот предлог која ја објави и македонската влада, Протоколот повеќе не се споменува директно во Преговарачката рамка. На негово место сега се зборува за „годишни прегледи и мерки за ефективна имплементација според Членот 12“. Членот 12 алудира на Договорот за добрососедство кој Македонија и Бугарија го потпишаа во 2017 година. Овој член има два става. Првиот го регулира формирањето на заедничка меѓувладина комисија. Вториот предвидува таа комисија да одржува редовни годишни средби со цел „ефективна примена на Договорот“, примена на мерки за подобрување на билатералната соработка, како и решавање на спорни прашања. -Но, Протоколот и натаму си наоѓа место во документите на ЕУ поврзани со интеграцијата на Северна Македонија. Најпрво, тој се споменува во Изјавата за одржувањето на првата Меѓувладина конференција, во делот посветен на регионалната соработка и добрососедските односи каде, во точката 14, се поздравува „договорот за Протоколот од вториот состанок на заедничката меѓувладина комисија(...) Овој важен чекор ќе придонесе кон добрососедските односи и регионалната соработка, кои остануваат главни елементи на процесот на проширување како и на процесот за Стабилизација и асоцијација“. Протоколот се споменува и во предлог-заклучоците до Советот на ЕУ со истата формулација како и во Изјавата цитирана погоре, анализира Дојче Веле. Министерот за надворешни работи Бујар Османи на петочниот брифинг со медиумите потврди дека Протоколот, или Записникот од состанокот кој тој го имаше со бугарската колешка Теодора Генчовска во Скопје на 4 јуни, се уште не е потпишан од македонска страна. Засега нема информации кога тоа ќе се случи, но извесно е дека ќе биде набрзо со оглед на фактот што неговата верификација од двете земји веќе се наведува како завршена работа во документите на ЕУ. Поточно, неговото потпишување е наведено како услов за одржување на првата (политичка) меѓувладина конференција меѓу Скопје и Брисел. Османи притоа рече дека засега нема да ја обелоденува содржината на Протоколот пред македонската јавност, објаснувајќи дека сака најпрво самиот да ја објасни неговата содржина. Во недостаток на официјален документ од македонска страна, ДВ го презема и преведе Протоколот кој бугарската министерка за надворешни работи Генчовска го испрати до Комисијата за надворешна политика во Софија, во пресрет на нејзиниот настап пред истата на 23 јуни годинава. Целата анализа прочитајте ја на ДОЈЧЕ ВЕЛЕ
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/shto-sodrzi-protokolot-koj-sega-vo-ramkata-se-vika-godishen-izveshtaj-promeni-vo-istorijata-jazikot-uchebnicite/feed/ 0
Дилема: Твитер акаунтот на Дојче Веле хакиран од седиштето на СДСМ или некој, сепак, ја претера? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tviter-akauntot-na-dojche-vele-hakiran-od-sedishteto-na-sdsm-ili-pak-ne/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tviter-akauntot-na-dojche-vele-hakiran-od-sedishteto-na-sdsm-ili-pak-ne/#respond Sat, 11 Apr 2020 19:56:56 +0000 https://kurir.mk/?p=330815

Ако го погледнете Твитер акаунтот на Дојче Веле сигурно ќе помислите дека истиот е хакиран од седиштето на СДСМ.

На него, наместо новинарски и професионални текстови ќе можете да прочитате нешто кое наликува на Фејсбук статус на некој партиски член. Неочекувано и недозволиво е Дојче Веле на овој начин да станува партиска испостава на Бихаќка.   ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tviter-akauntot-na-dojche-vele-hakiran-od-sedishteto-na-sdsm-ili-pak-ne/feed/ 0
Мицкоски за Дојче веле: Заврши медениот месец на Филипче https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-za-dojche-vele-zavrshi-medeniot-mesec-na-filipche/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-za-dojche-vele-zavrshi-medeniot-mesec-na-filipche/#respond Fri, 20 Mar 2020 09:47:04 +0000 https://kurir.mk/?p=319373

Состојбата со коронавирусот ги стави на жешко столче надлежните во повеќе ресори, а не е помалку жешко ниту на релација опозиција - власт. За причините поради кои опозицијата последниве денови упатува жестоки критики на адреса на власта, Дојче веле разговара со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. ДВ: Ваши партиски функционери изнесоа тешки критики за начинот на кој Владата се справува со епидемијата на коронавирусот. Од што е поттикнатотоа незадоволство? Христијан Мицкоски: Седум дена ги повикуваме да разговараме. Седум дена трае игнорантскиот однос кон нашиот повик. Седум дена траеше „медениот месец“ на Филипче и останатите од власта. Тој меден месец заврши. Не можеме да аплаудираме. Мора реално да гледаме на состојбите во државата. Јавно ќе поставам прашање: со колку здравствен персонал - лекари и средномедицински кадар, располага здравството? Колку епидемиолози има? Каде се ангажирани тие? Зошто досега се направени само околу 260 тестови? Одговорот е јасен: затоа што немаат тестови. Се тестираат само најакутните случаи, и оние кои имале контакт со заразен. А, стотици луѓе се вратија од ниско и високоризичните држави. Што значи кога нагласувате дека „вашиот здравствен тим“ ѝ стои на располагање на власта? Тие лекари и медицински експерти, пред сѐ,му припаѓааат на здравствениот систем на земјата. Мислам на лица од партиската Комисија за здравство. Тие лица се комплетно игнорирани од менаџментите на клиниките, бидејќи јавно настапувале од името на нашата партија. Ако некој прави селекција, тоа е власта. Мојата порака е - не ги игнорирајте, туку искористете ги тие кадри! Меѓу нив има секакви профили, вклучително и тие што се најпотребни во моментов. Јавното препукување на релација опозиција-власт создава дополнително неспокојство меѓу граѓаните. Можете ли да седнете на заеднички средби со власта, и таму да се координирате, да се расправате, да предлагате? Ние стоиме на располагање. Реков, игнорирани сме од власта, а состојбата е загрижувачка. Вчера попладнето се потврдени нови случаи. Заболено е четиригодишно девојче од Штип, од видно семејство вратено од Лондон. Заболено е лице од Гостивар, од Скопје... Фронтот на заразата се шири. Не се веќе во прашање само Дебар и Жупа. Нам не ни треба министер кој ќе се однесува како портпарол којшто само соопштува бројки на заболени, туку да каже кои протоколи се аплицирани. Или, колкави се стоковите резерви? Бидејќи, прашање на ден е кога ќе се надмине бројката од 100 заразени. Кој ќе ја соопшти таа бројка? Пак ли ќе му аплаудираме? Или ќе се качиме кај хациендата во Нерези, таму да аплаудираме? Еве, во тек е набавка на 50 респираторни апарати. Четири компании се пријавиле. Ги знаеме понудите, ги знаеме цените, ајде да видиме на каква цена ќе го потпишат договорот. Знаеме и кои министри на кој амбасадор на нашата држава му се јавувале, за да најде вакви уреди во таа земја каде што е амбасадор, кои потоа приватна компанија требало да ги увезе во Mакедонија, а истите требало да пристигнат преку DHL. Целото интервју може да го прочитате ТУКА.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-za-dojche-vele-zavrshi-medeniot-mesec-na-filipche/feed/ 0
„Дојче Веле“: Во Македонија шиење за милостина, а плати помали од Бангладеш и Кина според трошоците за живот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dojche-vele-vo-makedonija-shienje-za-milostina-a-plati-pomali-od-bangladesh-i-kina-spored-troshocite-za-zivot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dojche-vele-vo-makedonija-shienje-za-milostina-a-plati-pomali-od-bangladesh-i-kina-spored-troshocite-za-zivot/#respond Sat, 01 Feb 2020 10:18:18 +0000 https://kurir.mk/?p=297854

„Македонка“ некогашниот центар на југословенската текстилна индустрија, 9 илјади вработени, фабрика која им припаѓа на вработените, директор кој заработува само малку повеќе од работниците, фабричка градинка, работнички станови. Пропадна заедно со социјализмот на почетокот на 90-те , вака го започнува прилогот кој на големо ја опишува состојбата со текстилната индустрија во Македонија интернет сајтот „Дојче Веле“.

Во прилогот потоа се опшува и „Made in Europe” етикетата на облеката која сугерира фер работни услови.

Но во Македонија текстилните работници заработуваат милостина, додаваат тие.

Во опширниот видео прилог на „Дојче Веле“ се опишува и за некои фирми кои поради тоа ги губат договорите со странските компании.

Целиот прилог можете да го погледнете ТУКА.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dojche-vele-vo-makedonija-shienje-za-milostina-a-plati-pomali-od-bangladesh-i-kina-spored-troshocite-za-zivot/feed/ 0
Анализа на „Дојче Веле“: Пресудите за „Титаник 2“ нема да преживеат https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/analiza-na-dojche-vele-presudite-za-titanik-2-nema-da-preziveat/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/analiza-na-dojche-vele-presudite-za-titanik-2-nema-da-preziveat/#respond Fri, 08 Mar 2019 17:13:52 +0000 https://kurir.mk/?p=172773

Правни експерти не веруваат дека ќе „преживеат“ пресудите што првостепениот суд денеска им ги изрече на обвинетите за изборни нерегуларности во случајот „Титаник 2“ - Сашо Мијалков, Бедредин Ибраими, Мендух Тачи, Сашо Срцев, Влатко Сајковски и Анета Стефановска, објавува „Дојче Веле“. Како причина за тоа правните експери го посочуваат Начелното правно мислење што го донесе Врховниот суд на 30-ти јануари годинава, според кое, по истекот на законскиот рок кој важи до 30-ти јуни 2017 година, СЈО веќе не може да се смета за овластен тужител и да поднесува обвиненија. Одбраната на обвинетите денеска порача дека Судот треба да донесе ослободителна пресуда, повикувајќи се токму на правното мислење на Врховниот суд, односно дека обвинението е поднесено неовластено и по истекот на периодот од 18 месеци. Кула на проблематични темели Иако со одредба во предлог-законот за јавно обвинителство е предвидено СЈО да ги спроведува и обвиненијата покренати по 30 јуни 2017 година, тоа во практика нема да му ја олесни работата на Обвинителството. Законот не е донесен, но и кога би бил, според адвокатот Драган Малиновски, тој не може да има ретроактивно дејство. Некои од правните експерти велат дека ретроактивноста не е пречка кога станува збор за процесна материја, но Малиновски е дециден: „Закон за јавно обвинителство не е процесен закон“. „Судот е на тест. Сите се свесни дека е изминат рокот за обвиненија по 30 -ти јуни 2017 година, а се бара судот да размислува политички. Со вонредно преиспитување, тие пресуди на крајот ќе завршат пред Врховниот суд, чие Начелно правно мислење е обврзувачко за кривичните совети на овој суд. Да потсетам дека токму со уважување на жалбите за притвор на обвинетите во предметот 'Империја', Врховниот суд веќе го материјализираше, го имплементираше тоа Начелно правно мислење. Затоа, се сомневам дека овие пресуди ќе опстојат. На проблематични темели не се гради кула“, оценува Малиновски. Истите аргументи ги посочува и судијата и професор по казнено право, Лазар Нанев. „Не сум сигурен дека овие пресуди ќе опстојат со оглед на донесеното правно мислење на Врховниот суд, а во крајна инстанца пред овој суд завршува приказната“, вели Нанев. Според него, во моментов функционира правен систем со проблематична правна сигурност во примената на домашното законодавство, и заради квалитетот на законите, и заради други проблеми, од кои дел ќе се рефлектираат и во наредниот период, особено со балансираните и амортизирани ставови во новото законско решение за СЈО. Целата анализа на „Дојче Веле“ можете да ја прочитата ТУКА.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/analiza-na-dojche-vele-presudite-za-titanik-2-nema-da-preziveat/feed/ 0
Русија се заканува дека ќе ги забрани ТВ каналот Франс 24 и Дојче веле https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rusija-se-zakanuva-deka-kje-gi-zabrani-tv-kanalot-frans-24-i-dojche-vele/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rusija-se-zakanuva-deka-kje-gi-zabrani-tv-kanalot-frans-24-i-dojche-vele/#respond Sat, 30 Jun 2018 07:19:58 +0000 https://kurir.mk/?p=71404

Русија се заканува дека може да им ги одземе руските дозволи за работа на телевизискиот канал Франс 24 и на германската медиумска куќа Дојче веле поради кршење на рускиот медиумски закон. Руската агенција „Роскомнадзор“ го соопшти тоа веднаш откако француската агенција за контрола на медиумите упати остар приговор до рускиот сателитски ТВ канал РТ поради „некоректниот“ извештај за наводни напади со хемиско оружје во Сирија. Француската агенција соопшти дека преводот на коментарите од Сиријците, кој го емитувал РТ Франс, не бил точен. РТ Франс во соопштение ја призна својата грешка во преводот на коментарите на сирискиот очевидец на француски јазик, но истакна дека тоа била само техничка грешка која во меѓувреме е исправена. „Роскомнадзор“ во своето соопштение нагласува дека содржината која ја емитува Франс 24 е „под контрола на странски правен ентитет“, со што е прекршен рускиот закон од 2015 година, според кој странските ентитети не можат да контролираат повеќе од 20 отсто медиуми кои емитуваат програма во Русија. Руската агенција би можела од судот да побара на рускиот ентитет Медиумски комуникации да му се одземе лиценцата за емитување програми на Франс 24 во Русија. Директорката на РТ, Маргарита Симонијан истакна дека „за разлика од останатите, Русија може себе си да си дозволи луксуз на реципрочни мерки“. Во меѓувреме, одборот на Горниот дом на рускиот Парламент соопшти дека ќе побара од „регулаторните власти“ да испитаат како германската медиумска куќа Дојче веле го почитува рускиот закон, во спротивно би можело да му се одземе лиценцата за работа. Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова вчера соопшти дека Дојче веле објавил „навредливи“ текстови на социјалните мрежи. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rusija-se-zakanuva-deka-kje-gi-zabrani-tv-kanalot-frans-24-i-dojche-vele/feed/ 0