доказ м – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 07 Mar 2023 14:54:32 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png доказ м – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Одбиено барањето на одбраната на сопственикот на „ДоказМ“ за изземање на скопското ОЈО https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/odbieno-baraneto-na-odbranata-na-sopstvenikot-na-dokazm-za-izzemane-na-skopskoto-ojo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/odbieno-baraneto-na-odbranata-na-sopstvenikot-na-dokazm-za-izzemane-na-skopskoto-ojo/#respond Tue, 07 Mar 2023 14:54:32 +0000 https://kurir.mk/?p=809152

Вишото јавно обвинителство го одби барањето на одбраната за изземање на сите обвинители од скопското Јавно обвинителство поради можноста да се јават како оштетени во постапката што се води против обвинетиот Марјан Стаменковски, кој се товари дека преку веб порталот во негова сопственост „ДоказМ“, како средство за извршување, сторил повеќе кривични дела. Како што потврдија од ОЈО за МИА, барањето е одбиено, а застапник на обвинението останува обвинителката Зорица Павловиќ од скопското Обвинителство. Денешното насрочено рочиште е одложено за 10 март, токму поради ова барање за кое Судот одлучи да чека на одлуката на Вишото јавно обвинителство. На почетокот на првото насроченото рочиште денеска јавната обвинителка Зорица Павловиќ предложи до Судот јавноста да биде исклучи од отворањето до крајот на главната расправа, бидејќи, како што рече, „се работи за кривични дела против моралот, а исклучувањето на јавноста е потребно заради заштита на приватниот живот на оштетените и сведоците“. Судот го прифати овој предлог и донесе решение за исклучување на јавноста. Основното јавно обвинителство Скопје, по спроведена претходна постапка поднесе обвинителен предлог против Марјан Стаменковски, сопственик на порталот „ДоказМ“, кој се товари дека преку веб порталот во негова сопственост, како средство за извршување, сторил кривични дела „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“, „уцена“, „пиратерија на аудиовизуелно дело“ и „злоупотреба на лични податоци“. Предметот беше оформен по поднесени кривични пријави против обвинетиот од повеќе жртви во текот на 2022 и почетокот на 2023 година, а во врска со објавени содржини на неговиот веб портал. Меѓу пријавите има и две новинарки од неделникот „Фокус“ и од еден владика. На денешното рочиште беа присутни оштетените Валентина Вурмо, Ирена Мулачка, Александра Милчевска, Марина Јовановска, Блерим Рамадани и Роберт Петров. Вурмо и Мулачка, по одложувањето на процесот, во изјава за медиуми рекоа дека очекуваат дека правдата ќе биде задоволена. Процесот го води судијката Марија Клетничка Марковска, а застапник на обвинението е јавната обвинителка Зорица Павловиќ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/odbieno-baraneto-na-odbranata-na-sopstvenikot-na-dokazm-za-izzemane-na-skopskoto-ojo/feed/ 0
Генсекот на Обединети за Македонија се закани на сопственик на портал: Ти ветувам дека брзо ќе се видиш со луѓето на херојот Љубе! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gensekot-na-obedineti-za-makedonija-se-zakani-na-sopstvenik-na-portal-ti-vetuvam-deka-brzo-kje-se-vidish-so-lugjeto-na-herojot-ljube/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gensekot-na-obedineti-za-makedonija-se-zakani-na-sopstvenik-na-portal-ti-vetuvam-deka-brzo-kje-se-vidish-so-lugjeto-na-herojot-ljube/#respond Wed, 28 Oct 2020 16:04:09 +0000 https://kurir.mk/?p=421781

„Прибери се... Ние да те потсетиме да си бидеш домаќин, се гледаме“, му пишува Раде Милошоски на Марјан Стаменковски, сопственик на порталот Доказм.

„Ти ветувам дека брзо ќе се видиш со луѓето на херојот Љубе, за да позборуваме како пријателчиња за твојата злоба, за за тоа колку си ти сестра или јуначиште… ај зе гледаме и пишувај со факти многу се расфрлаш мислиш си интересен манијакуваш…“ Со овие зборови Раде Милошоски, генерален секретар на Обединети за Македонија, партијата на Љубе Бошковски, отворено му се заканува на Марјан Стаменковски, сопственик на порталот Доказм, познат по често неумерените критики и написи за познати јавни личности, објавува ПлусИнфо. Повод за оваа закана е написот на порталот под наслов „И онаа криминална будала сестра Љубе добила задача од Заев да удира на ВМРО“. Генсекот на Обединети за Македонија прво го опоменува Стаменковски: „Марјан, прибери се ја поминуваш црвената линија…“ На крајот од коментарот, Милошоски пишува: „Толку од луѓето на Љубе, ти пишувај си… твое е ние да те потсетиме да си бидеш домаќин, се гледаме“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gensekot-na-obedineti-za-makedonija-se-zakani-na-sopstvenik-na-portal-ti-vetuvam-deka-brzo-kje-se-vidish-so-lugjeto-na-herojot-ljube/feed/ 0