доказ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 10 Feb 2023 09:03:29 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png доказ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Телевизија, свештеници, новинари го пријавувале сопственикот на „Доказ“: Обвинителството со детали, сомнеж за повеќе кривични дела https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/televizija-sveshtenitsi-novinari-go-prijavuvale-sopstvenikot-na-dokaz-obvinitelstvoto-so-detali-somnezh-za-poveke-krivichni-dela/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/televizija-sveshtenitsi-novinari-go-prijavuvale-sopstvenikot-na-dokaz-obvinitelstvoto-so-detali-somnezh-za-poveke-krivichni-dela/#respond Fri, 10 Feb 2023 08:16:37 +0000 https://kurir.mk/?p=798782

По барање на Основното јавно обвинителство Скопје, врз основа на наредба од судија на претходна постапка, синоќа беше извршен претрес во домот каде престојува едно осомничено лице, како и пребарување на компјутерски систем и компјутерски податоци. Против осомничениот во Основното јавно обвинителство Скопје се води постапка, бидејќи постои основано сомнение дека преку веб портал во негова сопственост, како средство за извршување, сторил повеќе кривични дела: две кривични дела – Ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем од чл.394-г. ст.1 од КЗ, едно кривично дело – Уцена од чл.259 ст.1 в.в.чл.19 од КЗ, едно кривично дело – Пиратерија на аудиовизуелно дело од чл.157-б ст.2 вв ст.1 од КЗ и кривично дело – Злоупотреба на лични податоци од чл.149 ст.1 од КЗ. -Предметот беше оформен по поднесени кривични пријави против осомничениот од повеќе жртви во текот на 2022 и од почетокот на 2023 година, а во врска со објавени содржини на веб порталот во негова сопственост. Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје во целиот наведен период преземаше интензивни истражни дејствија со кои беа обезбедени доволно докази кои даваат основано сомнение дека пријавениот ги сторил кривичните дела. Имено, по доставена кривична пријава од една телевизија од 11.02.2022 година, Основното јавно обвинителство Скопје нареди дејствија и проверки, врз основа на кои Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика обезбеди доказен материјал дека осомничениот сторил кривично дело – Пиратерија на аудиовизуелно дело од чл.157-б ст.2 вв ст.1 од КЗ. Од почетокот на февруари 2022 година, без одобрение на овластениот дистрибутер на кој филмскиот продуцент му го пренел своето право на аудиовизуелно дело, осомничениот на веб порталот го ставил на располагање на јавноста заштитеното аудиовизуелно дело. Со тоа предизвикал штета за оштетеното правно лице – телевизија, кое согласно Договор за лиценцирање на телевизиска програма имало ексклузивни авторски права да ја емитува содржината. На 18.05.2022 година во Основното јавно обвинителство Скопје беше поднесена кривична пријава против осомничениот од двајца оштетени за кривично дело – Ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем од чл.394-г, бидејќи преку веб порталот биле објавувани серија текстови со кои во повеќе наврати се шири омраза и нетрпеливост кон пријавителите – свештеници на Македонската православна црква – Охридска Архиепископија. Во објавените текстови, осомничениот изнел директни тврдења дека споменатите свештеници биле поврзани со домашни и странски тајни служби, со цел да се предизвика револт и омраза кон нив. Освен навредливи зборови, пцовки и клевети, во текстовите се упатуваат и заканувачки зборови со кои се поттикнува народот да дојде да ги избрка свештениците од манастирот во кој служат. Текстовите осомничениот ги споделувал и на својот профил на една социјална мрежа каде поттикнал жестоки полемики, навредувачки коментари и говор на омраза поради верски убедувања. На 19.05.2022 година, против истото лице, до Основното јавно обвинителство Скопје беше поднесена кривична пријава и од две новинарки, кои пријавиле дека на веб порталот од почетокот на 2022 година се објавуваат навредливи текстови со нивни фотографии, а чија крајна цел е тие да се заплашат и да се спречат да објавуваат текстови во неделникот во кој работат. Во текот на постапката, жртвите дадоа свои искази пред надлежниот јавен обвинител во кои ги поткрепија своите сомненија дека позадината на објавите на веб порталот е да им се изврши притисок и цензура. Со осуда на таквите објави на веб порталот во наведениот период излегоа и ОБСЕ и Здружението на новинари. Дополнително, во телефонски разговор со сопругот на една од новинарките осомничениот упатил и директни закани кон неа и нејзиното семејство. Со обезбедените докази во текот на постапката беше потврдено основаното сомнение за кривичното дело – Ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем од чл.394-г. ст.1 од КЗ. Едно оштетено лице до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава според која во периодот од 10.01.2023 година до 02.02.2023 година, осомничениот, со намера за себе да прибави противправна имотна корист, му се заканувал дека ќе открие нешто што може да му наштети на неговиот углед и чест и се обидел да го присили оштетениот да стори нешто на штета на својот имот. Преку социјална мрежа осомничениот го контактирал оштетениот и го повикал на средба за да го уценува дека на веб порталот ќе објави приватни фотографии и информации за него. Откако оштетениот одбил средба, на интернет порталот биле објавени повеќе текстови за него, со кои осомничениот наштетил на угледот и честа на оштетениот. Во однос на овој настан, надлежен јавен обвинител исто така презеде дејствија за документирање на пријавените наводи и за обезбедување електронски докази со кои се потврдува основано сомневање за кривично дело – Уцена од чл.259 ст.1 в.в. чл.19 од КЗ, информираат од Обвинителството. Во наведениот период додека во обвинителството се водеше постапката против осомничениот, тој искористил лично познанство со лице ангажирано како истражител во Основното јавно обвинителство Скопје, па преку вибер комуникација се обидел од неа неовластено да дознае информации за преземени истражни дејствија во повеќе кривично-правни предмети, вклучувајќи го и предметот против него. Обидувајќи се да влијае врз постапката против него, од приватната комуникација со истражителката, без согласност искористил и објавил лични податоци и фотографии на четворица истражители во ОЈО Скопје, кои поднесоа кривична пријава за – Злоупотреба на лични податоци од чл.149 ст.1 од КЗ. Истражителката која споделувала податоци со осомничениот веќе не е ангажирана во Истражниот центар на ОЈО Скопје и за неа ќе биде иницирана постапка пред Одделот за внатрешна контрола и професионални стандарди во Министерството за внатрешни работи. Освен за наведените кривични дела, наредбата за претрес беше обезбедена и бидејќи постоеше сомнение дека кај осомничениот можат да бидат пронајдени докази и за други кривични дела. При претресот, кај него беше откриена документација, електронски уреди кои ќе бидат предмет на вештачење, како и поголема сума парични средства за кои постои сомнение дека потекнуваат од други кривични дела.​
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/televizija-sveshtenitsi-novinari-go-prijavuvale-sopstvenikot-na-dokaz-obvinitelstvoto-so-detali-somnezh-za-poveke-krivichni-dela/feed/ 0
Спутник V: Аплициравме за вакцината во ЕУ, имаме доказ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sputnik-v-apliciravme-za-vakcinata-vo-eu-imame-dokaz/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sputnik-v-apliciravme-za-vakcinata-vo-eu-imame-dokaz/#respond Thu, 11 Feb 2021 10:19:50 +0000 https://kurir.mk/?p=467215

Креаторите на руската вакцина Спутник V објавија скриншот од нивната апликација до Европската агенција за лекови (ЕМА) за регистрација на вакцината, пренесува агенцијата ТАСС. „Како одговор на Европската агенција за лекови, која рече дека не може да најде дека сме аплицирале за регистрација во Европската унија, прикажуваме доказ дека тоа сме го сториле на 29 јануари. Нашата вакцина е веќе регистрирана во 24 земји“, се наведува во твитот на руската страна. Скриншотот е објавен на официјалниот профил на Спутник V на Твитер. Европската комисија соопшти дека руската вакцина Спутник V не е дел од стратегијата на ЕУ за вакцинација, ниту пак за нејзино вклучување во стратегијата на ЕУ се дискутира со нејзините производители. – ЕУ има пазар за вакцини кои подлежат на строги услови, а таму вакцините можат да дојдат, без оглед од каде доаѓаат, сè додека ги исполнуваат критериумите. Од друга страна, постои стратегија за вакцинација врз основа на која се избрани компании и се потпишани договори за вакцини, и ние не разговараме со производителите на Спутник V за пристапување кон нашата стратегија, изјави портпаролот на ЕК, Ерик Мамер. Европската комисија додава дека вакцините што се дел од стратегијата на ЕУ подразбираат процес на инвестиции на ЕУ во развој на вакцини и производствени капацитети на територијата на ЕУ. Во исто време, се нагласува дека земјите-членки имаат можност за билатерално договарање на договори со производителите на вакцини кои не се опфатени со стратегијата на ЕУ и притоа да преземат одговорност за употребата на овие вакцини исклучиво на своја територија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sputnik-v-apliciravme-za-vakcinata-vo-eu-imame-dokaz/feed/ 0
Датумите на Заев се најголемиот доказ за лажните вести на власта https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/datumite-na-zaev-se-najgolemiot-dokaz-za-laznite-vesti-na-vlasta/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/datumite-na-zaev-se-najgolemiot-dokaz-za-laznite-vesti-na-vlasta/#respond Wed, 09 Dec 2020 10:39:37 +0000 https://kurir.mk/?p=440810

Во потрагата по реалниот датум, од бројните лажни датуми за почеток на преговори со Европската унија, наспроти лиферувањата во јавноста за лажните вести, се чини дека Владата на чело со премиерот Зоран Заев е најголем ренератор на лажни вести во земјава. По второто вето од страна на Бугарија, јавноста е полна со коментари дека ова е „само второ вето откако сме членка на НАТО“, како и тоа дека „почесто добиваме датум за преговори, отколку што потенцијално заразените од коронавирусот добиваат термин за тестирање“ во земјава, обидот да се релативизира дека некој не ја кажува вистината, кога реалноста во која живееме е ваква, се чини дека е попусто од страна на властите и блиските мегафони до власта. На темата лажни вести или популарно фејк њуз, јавноста се изначита секакви работи во претходниов период, но ако некој лажел најмногу се чини дека е Владата. Новинарка на реномираниот весник од САД „Њујорк тајмс“, Сабрина Тавернизе, во едно свое интервју ќе нагласи дека „лажното информирање се прави со цел намерно да се објави некоја пропаганда или дезинформација“. По ова кратко образложување на реноминарата новинарка се наметнува прашањето дали нереализираните ветувања на власта дадени предизборно и добиените лажни датуми за преговори со ЕУ на Владата можат да се класифицираат како лажни вести? Во Август месец 2019 година од владеачката партија објавија дека Владата до сега ги реализирала 500 километри патишта, но ова беше голема лага, затоа што ако тоа било така Македонија ќе имаше автопати скоро колку што е должината од Скопје до Атина, но подоцна излезе дека не биле автопати, туку патишта, но и тоа не е вистина затоа станува збор за видлива површина по која граѓаните патуваат секојдневно. Исто беше и со ветувањето за 500 евра просечна плата, која требаше до крајот на 2019 година, но и тоа не се случи. Можеби дно од најголемите ветувања беше и лагата за „Планот за чист воздух“ на Владата според кој требаше да се намали загадувањето на воздухот до 50% во Скопје, а од 30 до 50% во другите градови сето тоа до 2020 година која е веќе во заминување, а програмата тврдат владините ресорни функционери дека истата се спроведува, но македонските граѓани не само што не добија 50-тина проценти почист воздух, туку загаденоста се зголемува дупло повеќе. Кога Владата тврди дека се реализира или била реализирана одредена лага, за која што може да се увиди дека не е така, да станува збор за ширење дезинформација. -„Во авион штотуку примив одлична вест.. Република Македонија доби датум за старт на преговори за членство во ЕУ!“, ќе напише Заев на Фејсбук на 26 јуни 2018 година и сите медиуми ќе преземат и објават дека Македонија доби датум за преговори. -„Скриниг процес почнува на 17 јули овде во Македонија, тоа е доказ дека Македонија доби датум за преговори“, рече Заев на 2 јули 2018 година од собраниската говорница. -„Македонија почнува преговори за членство со Европската унија, рече Заев на 25 март 2019 година“. - Добивме датум за преговори. Дотогаш, заедно со нашите пријатели и партнери од Европската комисија, заеднички ќе работиме на остварување на критериумите, односно на имплементација на фазите од Договорот со Грција и финализација на реформите. Многу сме блиску до нашата цел да ги достигнеме стандардите на ЕУ, рече Заев, a пренесе Владата во јуни 2019 година. Дека не станува збор за само обични лаги на Заев, говори и фактот кога лажното информирање се прави со цел да се спроведе пропаганда за лажење на потенцијалните гласачи како минатата година во предизборниот процес. -„Прво во Шуто Оризари сакам да ја споделам убавава вест. Нашата заедничка земја конечно отвара поглавја, почнува да преговара“, рече Заев на митинг во кампањата на 30-ти април лани. Овие изјави и целата пропаганда која стои зад нив се лажни вести чија содржина е намерно претставување на одредена информација како точна, а нивната цел е да ги збуни луѓето, правејќи да поверуваат во вистинитоста на податоците или информациите како реални. Датумите на Заев, како и ветувањата, но и пренесувањето на информации од страна на Владата и медиумите се факт, но факт и вистина е дека Македонија сеуште по толку лажни вести, нема добиено датум за преговори со Европската унија, исто како што нема 500 евра просечна плата, ни 500-тини километри автопати, а најмалку чист воздух за граѓаните.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/datumite-na-zaev-se-najgolemiot-dokaz-za-laznite-vesti-na-vlasta/feed/ 0
Шкариќ во 2017: Барателот на мандатот мора да достави доказ за обезбедени 61 пратеник https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/shkarikj-vo-2017-baratelot-na-mandatot-mora-da-dostavi-dokaz-za-obezbedeni-61-pratenik/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/shkarikj-vo-2017-baratelot-na-mandatot-mora-da-dostavi-dokaz-za-obezbedeni-61-pratenik/#respond Sat, 15 Aug 2020 10:24:44 +0000 https://kurir.mk/?p=391019

Ако барателот на мандатот понуди 61, најмалку 61 потпишан пратеник, тогаш е формирано парламентарното мнозинство и тој во таков контекст, претседателот е должен да го даде мандатот, говореше своевремено во 2017 година професорот по уставно право Светомир Шкариќ. -Оној кој што ќе го побара мандатот, мора на претседателот да му претстави одредена евиденција, барем потписи на пратеници, избрани пратеници кои го сочинуваат парламентарното мнозинство. Ако барателот на мандатот понуди 61, најмалку 61 потпишан пратеник, тогаш е формирано парламентарното мнозинство и тој во таков контекст, претседателот е должен да го даде мандатот и потоа процедурата тече како што е предвидено. Таквиот кандидат што го добил мандатот е должен во рок од 20 дена, да подготви програма, да ја усогласи програмата, да предложи состав на Влада, говореше тогаш Шкариќ. Шкариќ за доделувањето мандатот на Груевски после изборите во 2016 година за составување на новата Влада истакна дека Иванов тогаш постапил спротивно на Уставот. -Шефот на државата постапи спротивно на Уставот. Тој го доделува мандатот на партија што има коалиција на партии што освоиле најголем број на пратенички места во Собранието. Тој број е 51, недоволен за оформување на парламентарното мнозинство и во такви околности оној што го примил мандатот добива рок од 20 дена, да види дали може да формира парламентарно мнозинство, истакна своевремено после тогашните парламентарни избори професорот Шкариќ. Овој дел од говорот на универзитетскиот професор Шкариќ можете да го погледнете подолу во видеото од 8:45 минута: ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/shkarikj-vo-2017-baratelot-na-mandatot-mora-da-dostavi-dokaz-za-obezbedeni-61-pratenik/feed/ 0
Леди Ди никогаш не сакала да го облече ова поради принцот Чарлс: Доказ колку многу старадала по него https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/ledi-di-nikogash-ne-sakala-da-go-obleche-ova-poradi-princot-charls-dokaz-kolku-mnogu-staradala-po-nego/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/ledi-di-nikogash-ne-sakala-da-go-obleche-ova-poradi-princot-charls-dokaz-kolku-mnogu-staradala-po-nego/#respond Thu, 06 Aug 2020 13:14:17 +0000 https://kurir.mk/?p=387272

Принцезата Дајана, која загина на 31 август 1997 година во сообраќајна несреќа, ќе остане запаметена како принцезата што народот ја обожавал. Нејзиното големо срце, убавината и насмевката останаа запечатени со трагичниот крај, а иако од нејзината смрт поминаа 23 години, интересот за нејзиниот живот не престанува. Сите гестови на Дајана и модни избори се анализираат до детали, па така понекогаш испливува и по некоја тајна за која дотогаш не се знаело. Австралискиот дизајнер Џејсон Брадсон во интервјуто за најновиот австралиски „Харперс базар“ раскажа дека принцезата не сакала да ја носи марката „шанел“ и тоа од една необична причина. Нивната средба се случила во 1996 година во Австралија, на еден хуманитарен настан. -Бев многу близок со фризерот на Дајана, кој ми се јави и ми кажа да дојдам и да ѝ помогнам да избере што да носи за еден хуманитарен настан. Бев воодушевен што конечно имам шанса да работам со жената на која цел свет ѝ се восхитува. Се сеќавам дека имаше фустан ‘версаче’, но немаше соодветни обувки за него, па јас ѝ донесов салонки „шанел“ за кои сметав дека одлично одговараат со фустанот. Мислев дека ќе биде воодушевена, но таа ми кажа дека не носи ‘шанел’. Кога ја прашав зошто, ми одговори: ‘Не можам да го носам брендот чиј логотип има две букви – CC – бидејќи ме потсетува на Чарлс и Камила“, раскажа Џејсон.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/ledi-di-nikogash-ne-sakala-da-go-obleche-ova-poradi-princot-charls-dokaz-kolku-mnogu-staradala-po-nego/feed/ 0