Доктор Никола Незлобински – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 10 Feb 2023 10:13:32 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Доктор Никола Незлобински – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Се реконструира музејот „Доктор Никола Незлобински“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/se-rekonstruira-muzejot-doktor-nikola-nezlobinski/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/se-rekonstruira-muzejot-doktor-nikola-nezlobinski/#respond Fri, 10 Feb 2023 10:13:32 +0000 https://kurir.mk/?p=798861

Кровот и фасадата во музејот „Доктор Никола Незлобински“ во Струга се целосно реконструирани во рамките на проектот „Реконструкција на природонаучната поставка“, а предвидено е и преуредување на витрините со музејски збирки. Директорката на установата Албулена Лита информира дека било извршено препокривање на кровната конструкција и оти целосно била реновирана фасадата на главната музејска зграда. -Внатрешно направени се керамичарски работи на подот од изложбениот дел, зафати на таванот со комплетни молерофарбарски работи на таванот и ѕидовите, исткна Лита. За реализација на проектот, посочи, биле озбезбедени 3.500.000 денари преку Министерство за култура. За годинава, според Лита, предвидени се интервенции и комплетно преуредување на витрините. -Еден од поголемите проекти за оваа година ќе биде „Осовременување на депоата“, каде се сместени музејските збирки. Ќе се вршат и конзерваторски работи на археолошките предмети и теренски активности во кои ќе се вклучат стручните лица од сите одделенија, изјави Лита. Музејот „Доктор Никола Незлобински, минатата година, презентираше дел од мозаиците од ранохристијанската базилика од 5 век откриени при изградба на црквата Свети Никола во струшкото село Октиси. Мозаиците се достапни за јавноста во посебен изложбен простор во склоп на комплексот во новоизграден објект-конаци во дворот од црквата Свети Никола на површина од 70 метри квадратни, за што од буџетот на Министерството за култура биле издвоени 150.000 денари. (МИА)
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/se-rekonstruira-muzejot-doktor-nikola-nezlobinski/feed/ 0