Доктор Никола Пановски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 09 Dec 2020 19:30:53 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Доктор Никола Пановски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Пановски: Немањето на протоколи не стави на високото седмо место на светската листа по смртност https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/panovski-nemanjeto-na-protokoli-ne-stavi-na-visokoto-sedmo-mesto-na-svetskata-lista-po-smrtnost/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/panovski-nemanjeto-na-protokoli-ne-stavi-na-visokoto-sedmo-mesto-na-svetskata-lista-po-smrtnost/#respond Wed, 09 Dec 2020 19:30:53 +0000 https://kurir.mk/?p=441111

Можеби со 400 илјади вакцини може да е добро, ама мислам со 800 илјади би се завршила работата, рече доктор Никола Пановски на гостувањето на емисијата Само вистина што се емитува на телевизија Канал 5. Според него треба да почекае да дојде летото и да помине состојбата, веројатно не целосно, ама од септемри следната година може да стартува се. За претстојните празници тој вели дека сепак ќе треба да се биде само со најблиските без собирања. -Доколку бидеме во овој периоддисциплинирани мислам ќе почне да паѓа број на нови случаи ако остане ист број на тестови, потоа ќе се намалува број на хоспитализирани, починати и така до кај нмарт да се смири кога ќе стартува вакцината, рече Пановски. Според него немање став и протоколи не стави на високот седмо место на светската листа по број на смртност на милион жители.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/panovski-nemanjeto-na-protokoli-ne-stavi-na-visokoto-sedmo-mesto-na-svetskata-lista-po-smrtnost/feed/ 0
Пановски вели дека секој ден би имало по 100 погреби доколку не се преземат мерки https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/panovski-veli-deka-sekoj-den-bi-imalo-po-100-pogrebi-dokolku-ne-se-prezemat-merki/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/panovski-veli-deka-sekoj-den-bi-imalo-po-100-pogrebi-dokolku-ne-se-prezemat-merki/#respond Wed, 28 Oct 2020 21:19:36 +0000 https://kurir.mk/?p=421896

Д-р Никола Пановски во денешното гостување во емисијата „Само вистина“ на Канал 5, изјави дека во Македонија до месец декември би имале околу 10.000 мртви од Ковид-19. Тој вели дека секој ден би имало по 100 погреби доколку не се преземат некакви мерки. Пановски доаде дека доколку претпоставиме дека имаме по 5.000 активни случаи, според вирулентноста на вирусот и доколку таа е 2-3, односно доколку еден заболен може да зарази двајца или тројца други луѓе, тогаш во следните три месеци би имале и повеќе од 10.000 заразени дневно.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/panovski-veli-deka-sekoj-den-bi-imalo-po-100-pogrebi-dokolku-ne-se-prezemat-merki/feed/ 0
Д-р Пановски: Најтешките три месеци се пред нас https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/d-r-panovski-najteshkite-tri-meseci-se-pred-nas/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/d-r-panovski-najteshkite-tri-meseci-se-pred-nas/#respond Mon, 19 Oct 2020 20:05:51 +0000 https://kurir.mk/?p=418313

Во гостување на Сител, д-р Никола Пановски истакна дека како што ќе заладува времето, воздухот ќе биде позагаден луѓето ќе влегуваат внатре и ќе ја шират болеста. -Што повеќе ќе заладува, што повеќе ќе биде пократок денот, позагаден воздухот луѓето ќе влегуваат внатре и понатаму ќе ја шират болеста.Затоа меркиве освен носење маска надвор се во ред, меѓутоа треба да има механизми како ќе се почитуваат тие мерки. Значи во автобус може да се стават камери, да има контролор во меѓуградски превоз, значи строга контрола. Во фабриките да се почитуваат протоколите. Остануваат домовите кои не можат да се контролираат. Ако сме во криза како што во моментов се наоѓаме да се соединиме. Тоа значи политичките, верските лидери и сите да им кажат да се воздржат 5-6 месеци или да има кажат носете маска 14 дена по сегашни прописи секаде кај што треба, не се собирајте да видиме дали ќе се случи нешто за 28 дена, вели тој. -За навечер сум кажал дека треба да има полициски час, бидејќи младите сакале нејќеле ни ја носат болеста дома.Веќе месец дена се собираат во затворени простории и затоа букнува болеста.Секаде кај што се почитуваат протоколите и кај што има логика.Треба да се почитуваат мерките, за карантини и затворање на ресторани, треба многу пари, тоа Кина може да го направи, посочува д-р Пановски. -Проценка на оваа епидемија е дека би умреле меѓу 20 и 30 милиони ако нема мерки може да трае и повеќе од две години. Светот е решен со разни мерки да спаси да умрат барем 2 три милиони и ги предложил овие мерки. Некои немаат логика не можеме да ги разбереме меѓутоа основните мерки треба да ги почитуваме. Не се лицитира со бројки, но во првите две години би умреле 2.000-3000 и да спасиме 20.000 луѓе. Најтешките три месеци се пред нас, рече Пановски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/d-r-panovski-najteshkite-tri-meseci-se-pred-nas/feed/ 0
Д-р Пановски на ден пред отварање на градинките: Комисијата за заразни болест има страв од родителите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/d-r-panovski-na-den-pred-otvaranje-na-gradinkite-komisijata-za-zarazni-bolest-ima-strav-od-roditelite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/d-r-panovski-na-den-pred-otvaranje-na-gradinkite-komisijata-za-zarazni-bolest-ima-strav-od-roditelite/#respond Tue, 08 Sep 2020 17:01:49 +0000 https://kurir.mk/?p=400771

Професорот на Медицинскиот факултет д-р Никола Пановски во разговор за Канал 5 ТВ изјави дека градинките требаше да се отворат уште во почетокот на мај.

-Ако веќе се отвораат, дека не гледам сега нешто дека состојбата е полоша или подобра од претходно. Ризик секогаш постои. Знам дека Кризниот штаб и Комисијата за заразни болест имаат страв од родителите. Кога одат децата во градинка, 90% од нив се заразуваат, па никому ништо, вели Пановски.

Тој смета дека масовните собири во внатрешни простории се оние што прават кластери, т.н. биолошки бомби и нагло ширење на болеста.

-Училиштата требаше да се отворат многу порано, а за прво одделение и прва година средно со физичко присуство, за да се запознаат со наставниците. Сепак, ова е тотална неподготвеност и плус со тоа кога ќе ја додадете и одлуката за враќање на работа на хронично болните лица, изјави Пановски.

]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/d-r-panovski-na-den-pred-otvaranje-na-gradinkite-komisijata-za-zarazni-bolest-ima-strav-od-roditelite/feed/ 0
Д-р Пановски со критика: Треба на населението да му се објасни евентуалната стратегија за Ковид-19 https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/d-r-panovski-so-kritika-treba-na-naselenieto-da-mu-se-objasni-eventualnata-strategija-za-kovid-19/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/d-r-panovski-so-kritika-treba-na-naselenieto-da-mu-se-objasni-eventualnata-strategija-za-kovid-19/#respond Tue, 28 Jul 2020 12:05:30 +0000 https://kurir.mk/?p=382634

  Големиот број на случаи е една од причините за големата смртност. Друго е и дека доцна се јавуваат, а трето е дека инфективните одделенија и не биле доволно развиени во државава. Нелогичноста е и главен центар да биде 8 септември кој има тројца инфектолози во однос на 26 во Клиника. Тоа се дел од причините, изјави еден од врвните микробиолози во земјава, професор д-р Никола Пановски. Ние со години ги имаме интра-хоспиталните инфекции кои со години ги криеме, вели Пановски, имаме голем процент на бактериски пневмонии кои се добиваат под вентилација. Бројките не се добри. Ни најголемите песимисти не ги очекуваа. Институциите сега некако како затворени да се во последно време. Треба на населението да му се објасни евентуалната стратегија, истакна професор д-р Никола Пановски во емисијата „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“.
 
-Трета работа е што Македонија, а и балканските земји има многу отпорни бактерии во однос на другите земји – причина е што повеќе се даваат антибиотици и затоа се порезистентни. И на крај кај нас се се пишува дека умрело од КОВИД. Тоа посмртно тестирање воопшто не е потребно. Ако ја исклучиме Србија која крие резултати и веројатно процентот на бројката е слично како кај нас, сметам дека е време за анализа и да се престане со тоа дека ние сме најдобри и одлично се справуваме. Анализа е потребна за да се знае што понатаму, да се признае што било добро, кои биле грешките. Имаме многу неискористен кадар во земјата кој што новата Влада ќе мора да го искористи. Да го земеме Медицинскиот факултет како институција, ние имаме десетина епидемиолози кои можат да прават анализи зошто се ова се случува, како се шири, како да се заштитиме итн. На мојот институт има 13 доктори на науки кои не се вклучени во ниакква лабораториска активност и дијагноза. Да не зборам за инфектолози, биохемичари, имунолози, патолози кои сега се слободни и можат да работат, вели проф. д-р Пановски.
 
Очекувам дека е крајно време да се направи план, сценарио и да му се каже на народот што го очекува ако продолжи да не ги почитува мерките, вели тој, бидејќи доаѓа период кога сите луѓе што се по плажите, по планините и парковите сакале не сакале ќе мора да се соберат во затворено. -Податоците говорат дека на отворено вирусот многу послабо се шири за разлика во затворен простор. Сметам дека во најрано во октомври па до јануари ќе се почне со вакцинација. Мојот став е да се започне со ризичните групи. Тоа би било за два месеци околу 300-400.000 луѓе и тука треба да се запре. Исто така сметам дека не треба да бидат вакцинирани бебињата и децата, да не биде задолжителна и да биде бесплатна, доброволна со приоритет на постарите и ризичните групи, изјави проф.д-р Пановски, кој смета и дека градинките мора да почнат да работат бидејќи децата во истите установи се во една група и можат полесно да се контролираат.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/d-r-panovski-so-kritika-treba-na-naselenieto-da-mu-se-objasni-eventualnata-strategija-za-kovid-19/feed/ 0
Пановски: Властите направија две големи грешки што овозможи ширење на вирусот, контролата на границите и пропустот со верските празници https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/panovski-vlastite-napravija-dve-golemi-greshki-shto-ovozmozi-shirenje-na-virusot-kontrolata-na-granicite-i-propustot-so-verskite-praznici/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/panovski-vlastite-napravija-dve-golemi-greshki-shto-ovozmozi-shirenje-na-virusot-kontrolata-na-granicite-i-propustot-so-verskite-praznici/#respond Mon, 08 Jun 2020 18:42:48 +0000 https://kurir.mk/?p=355330

Професор Доктор Никола Пановски, микробиолог, вечерва во „Топ тема“ во Телма телевизија, истакна дека властите во справување со коронавирусот направиле две крупни грешки, пропусти со контролата на границите, и пропусти во однос на верските празници. -Во врска со целокупната состојба со коронавирусот во земјава се направени две крупни грешки, на почетокот ситуацијата со контролата на аеродромите и граничните премини, иако имаше време не беше ригорозно иако требаше, првиот бран беше од луѓето кои доаѓаа од западна Европа. И вториот бран со верските празници со кои се дозволи поголемо ширење на вирусот. Да не се направеа овие пропусти ќе бевме како Албанија и Косово, да не зборам за регионот каде сме далеку и неможе да се споредиме со европските држави кои добро се справија со состојбата, вели доктор Пановски. Пановски вели дека бројката е зголемена за пет пати, а кога се гледаше дека расте бројот им се дозволи на луѓето да се движат каде сакаат. -Жариштата се знаеја требаше да се затворат, затоа што кога имате пожар го локализирате, не му додавате дрва, со разлабувањето на мерките тоа е како на пожарот да му пуштаме ветер или да го раздувуваме, истакна доктор пановски. Пановски рече исто така дека мерките кои претходно се донесоа на 30 случаи имавме полициски час од 13 часот, за разлика од сега кога имаме далеку поголем број случаи, а разлабавени мерки. Можеби предходно имаше помалку заболени затоа што поселективно се тестираше, посочи Пановски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/panovski-vlastite-napravija-dve-golemi-greshki-shto-ovozmozi-shirenje-na-virusot-kontrolata-na-granicite-i-propustot-so-verskite-praznici/feed/ 0
Доктор Пановски: Епидемиолозите под наредба или ургенција иако знаеја дека бројот ќе расте, рекоа дека се е под контрола https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/doktor-panovski-epidemiolozite-pod-naredba-ili-urgencija-iako-znaeja-deka-brojot-kje-raste-rekoa-deka-se-e-pod-kontrola/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/doktor-panovski-epidemiolozite-pod-naredba-ili-urgencija-iako-znaeja-deka-brojot-kje-raste-rekoa-deka-se-e-pod-kontrola/#respond Mon, 08 Jun 2020 18:09:10 +0000 https://kurir.mk/?p=355319

Професор Доктор Никола Пановски, микробиолог, вечерва во „Топ тема“ во Телма телевизија, а во врска со состојбата со коронавирусот, истакна дека епидемиолозите знаеле дека ќе се покачи бројот на заболени, но како под наредба или ургенција излегле на прес конференција на 25-ти мај да кажат дека се е под контрола. Докторот вели дека не требало да потпаднат под притисок. -Епидемиолозите знаеја дека бројот ќе расте повторно, но излегоа на прес конференција на 25 мај и кажаа дека се е под контрола, како да имаа некоја наредба или ургенција што мене како доктор ми пречи, затоа што требаше да останат со науката и да не подлегнуваат на притисоци... Се виде евидентно дека од први мај наваму дека бројот расте, се виде каде расте и каде ќе продолжи да расте, не се направени превентивни мерки кај населението, не се реагираше остро кога требаше, како кај ифтарските вечери, вели доктор Пановски. Пановски вели дека на верските празници им се даде предност пред здравјето на луѓето. Пановски критикуваше дека требало уште тогаш сите чинители како техничкиот премиер кој тогаш рече дека не сме можеле да се спротивставиме на некои верски обичаи коишто ги имаме, како и дека истото дало стимул кај населението за разлабавување на однесувањето на луѓето. Доктор Пановски исто така истакна дека во моментот кога требаше да се разлабави работата и мерките, но само онаму кадешто имаше по 5 случаи, да се ослободат тие општини, и да се наградат, тоа не се случи. -Не требаше да се укине полицискиот час, како останат дел од мерките за пензионерите и превозот, истакна тој. Пановски посочи во однос на карантинов викендов дека луѓето не се виновни затоа што никој не сака да седи во стан 80 саати, туку дека потклекнале надлежните во однос на справување со состојбата со вирусот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/doktor-panovski-epidemiolozite-pod-naredba-ili-urgencija-iako-znaeja-deka-brojot-kje-raste-rekoa-deka-se-e-pod-kontrola/feed/ 0