Доктори – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 04 Oct 2023 11:33:44 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Доктори – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Злоупотребиле лични податоци на тројца лекари за да рекламираат чај: Еве каква казна добија физичко и правно лице https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zloupotrebile-lichni-podatotsi-na-trojtsa-lekari-za-da-reklamiraat-chaj-eve-kakva-kazna-dobija-fizichko-i-pravno-litse/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zloupotrebile-lichni-podatotsi-na-trojtsa-lekari-za-da-reklamiraat-chaj-eve-kakva-kazna-dobija-fizichko-i-pravno-litse/#respond Wed, 04 Oct 2023 11:33:44 +0000 https://kurir.mk/?p=885073

Основното јавно обвинителство Скопје до надлежниот суд поднесе Предлог за издавање казнен налог против едно физичко и едно правно лице, кои се обвинети за три кривични дела – Злоупотреба на лични податоци од член 149 од Кривичниот законик. Обвинетиот 34-годишник, како одговорно лице во правното лице, во периодот од ноември 2022 до април 2023 година, спротивно на условите утврдени во член 10 и член 96 од Законот за заштита на лични податоци, без согласност на тројца оштетени лекари, ги користел нивните лични податоци – слика, име и презиме за он-лајн продажба на два производа. Личните податоци на секој од оштетените лекари биле злоупотребени како тие со својот професионален авторитет да ги рекламираат и препорачуваат чаевите Паразол (Parazol) и Хипертеа (Hypertea), кои на територијата на државава ги увезувало и дистрибуирало обвинетото правно лице. Лажните интервјуа и постови, преземани и споделувани на повеќе веб страници и социјални мрежи, со здравствени тврдења и лажни медицински препораки за овие производи кои оштетените никогаш не ги дале, обвинетиот ги искористил за незаконита обработка на личните податоци и директен маркетинг. Надлежниот јавен обвинител му предложи на Судот да ги огласи за виновни и одговорното лице да го казни со единствена парична казна од 70 дневни глоби со висина на дневната глоба од 30 евра во денарска противвредност, а правното лице да го казни со единствена казна од 300.000 денари. Согласно предлогот на обвинителството, обвинетите по пресудата ќе треба да ги надоместат трошоците на постапката, а секој од оштетените лекари ќе има можност во граѓанска постапка да си го оствари своето имотно-правно побарување за нанесената штета со злоупотребата на личните податоци.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zloupotrebile-lichni-podatotsi-na-trojtsa-lekari-za-da-reklamiraat-chaj-eve-kakva-kazna-dobija-fizichko-i-pravno-litse/feed/ 0
Меџити: Отворени нови специјализации, вложуваме во младите лекари https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/medhiti-otvoreni-novi-spetsijalizatsii-vlozhuvame-vo-mladite-lekari/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/medhiti-otvoreni-novi-spetsijalizatsii-vlozhuvame-vo-mladite-lekari/#respond Thu, 24 Aug 2023 13:42:11 +0000 https://kurir.mk/?p=870523

Министерот за здравство, Фатмир Меџити денеска одржа средба со деканите на медицинските факултети во Скопје, Соња Топузовска, во Штип, Милка Здравковска и претставник од деканатот на медицинскиот факултет во Тетово,Невзат Елези. На состанокот се разговараше за објавените нови огласи за специјализации на овие факултети, каде во тек е рокот за доставување апликации. Првпат оваа година, специјализации се отворија и на Медицинскиот факултет во Тетово. На средбата стана збор за предизвиците со кои се соочуваат специјализантите, како и за подобрување на условите за работа и едукација. -Младиот кадар е иднината на здравствениот систем, во нив континуирано вложуваме со цел намалување на трендот на мигрирање на нашите едуцирани лекари во странство. Веќе е во тек процес за промена на правилникот за специјализации, согласно европските примери и практики, со цел надополнување на специјалистичкиот кадар согласно конкретните потреби на јавните здравствени установи, посочи министерот Меџити на средбата. На средбата се разговараше и за можноста за околу 600 нови вработувања во областа на здравството кои се презентирани на седница на Влада, како и за можностите за вработување на приватните специјализанти.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/medhiti-otvoreni-novi-spetsijalizatsii-vlozhuvame-vo-mladite-lekari/feed/ 0
Нов предизвик за преживеаните во Турција: Се повеќе луѓе бараат лекарска помош поради овој проблем https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nov-predizvik-za-prezhiveanite-vo-turtsija-se-poveke-luge-baraat-lekarska-pomosh-poradi-ovoj-problem/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nov-predizvik-za-prezhiveanite-vo-turtsija-se-poveke-luge-baraat-lekarska-pomosh-poradi-ovoj-problem/#respond Tue, 14 Feb 2023 17:02:46 +0000 https://kurir.mk/?p=800484

Сè поголем број пациенти страдаат од посттрауматско стресно растројство и напади на паника, откако го преживеаја минатонеделниот земјотрес во Турција и Сирија. Лекарите од турската теренска болница во јужниот град Искендерун рекоа дека лекуваат се повеќе луѓе кои преживеале огромна траума по земјотресот, објави Ројтерс. Се вели дека некои од нив, откако биле извлечени од урнатините по многу часови во студ и темнина, откриле дека членовите на нивните семејства починале или исчезнале, а дека некогаш раздвижените населби во кои живееле биле претворени на купишта скршен бетон. Бројот на загинати во Турција и Сирија надмина 37.000, а земјотресот и последователните потреси уништија цели градови во двете земји, оставајќи ги преживеаните без покрив над главата и на силен студ, а многумина се борат да најдат засолниште и основни услови за живот. -Првично пациентите беа оние кои беа повредени под урнатините, а сега се повеќе пациенти доаѓаат со посттрауматско стресно нарушување (ПТСН), по сите шокови низ кои поминаа за време на земјотресот и она што го видоа, вели Бина Тивари. Таа додаде дека многу луѓе доаѓаат со напади на паника.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nov-predizvik-za-prezhiveanite-vo-turtsija-se-poveke-luge-baraat-lekarska-pomosh-poradi-ovoj-problem/feed/ 0
Новогодишна “честитка“ за докторите: Зголемена вредноста на капитациониот бод, еве колку ќе изнесува https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/novogodishna-chestitka-za-doktorite-zgolemena-vrednosta-na-kapitacioniot-bod-eve-kolku-kje-iznesuva/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/novogodishna-chestitka-za-doktorite-zgolemena-vrednosta-na-kapitacioniot-bod-eve-kolku-kje-iznesuva/#respond Tue, 27 Dec 2022 15:06:14 +0000 https://kurir.mk/?p=781257

Фондот за здравствено осигурување на Република Македонија, како резултат од разговорите и преговорите со  Лекарската комора и Стоматолошката комора, а во насока на повисоко вреднување на трудот на избраните лекари и зголемување на квалитетот на пружените здравствени услуги на осигурените лица, на последната  седница на Управниот одбор, одржана на 26 декември 2022 година,  донесе одлука, од први јануари 2023 година да ја зголеми вредноста на капитациониот бод за избраните лекари по општа медицина и гинекологија од 63,00  на 75,00 денари. За избраните лекари стоматолози капитациониот бод  се зголемува  од 48,00 на 61 денари, по прикрепено осигурено лице. -Заложбите на Фондот се во насока на унапредување на статусот на избраните лекари  во примарната здравствена заштита и потребата од нивно поголемо ангажирање во спроведувањето на претстојните реформи во ПЗЗ. Поради тоа, зголемувањето на капитациониот бод има за цел да поттикне пружање  повеќе здравствени услуги на примарно ниво, а со тоа намалување на бројот на упатувања на повисоко ниво на здравствена заштита, како и да поттикне и обезбеди подобрување на превенцијата со навремено откривање, спречување и сузбивање на незаразни заболувања кај населението во нашата држава, се посочува во соопштението од ФЗОМ.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/novogodishna-chestitka-za-doktorite-zgolemena-vrednosta-na-kapitacioniot-bod-eve-kolku-kje-iznesuva/feed/ 0
Промовирани 23 доктори на наука од здравството, медицинските и општествените науки при УКИМ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/promovirani-23-doktori-na-nauka-od-zdravstvoto-medicinskite-i-opshtestvenite-nauki-pri-ukim/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/promovirani-23-doktori-na-nauka-od-zdravstvoto-medicinskite-i-opshtestvenite-nauki-pri-ukim/#respond Fri, 16 Dec 2022 15:48:58 +0000 https://kurir.mk/?p=776748

Во Ректоратот на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје денеска се одржа промоција на доктори на науката, од областа на медицинските науки и здравството и општествените науки. Како што информираат од УКИМ, на свечен и традиционален начин, ректорот на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје, проф. д-р Никола Јанкуловски промовираше 23 доктори на науки, кои одбраниле докторски дисертации на Медицинскиот факултет, Стоматолошкиот факултет и Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања во Скопје. Во доктори на наука беа промовирани Маре Стевковска, доктор на медицински науки – клиничка медицина од областа на пластичната и реконструктивната хирургија, Бојан Бошковски, доктор на медицински науки – клиничка медицина. Како што посочуваат од УКИМ, од областа на неврологијата се звање доктор на науки се здобиле Татјана Делева Стошевска, доктор на медицински науки – клиничка медицина од областа на неврологијата, Влатко Kоколански, доктор на науки по јавно здравство, Никола Бакрачески, доктор на медицински науки – клиничка медицина. Од областа на кардиологијата – Маја Аврамовска , доктор на медицински науки – клиничка медицина. Од областа на гинекологијата и акушерството – Еџевит Кадри, доктор на медицински науки – клиничка медицина од областа на хирургијата, Драган Ѓорѓиевски, доктор на медицински науки – клиничка медицина од областа на семејната медицина, Емилија Лазарева, доктор на медицински науки – клиничка медицина од областа на онкологијата и радиотерапијата, Марија Манева Ристовска, доктор по стоматолошки науки-ортодонција, Ирена Гавриловиќ, доктор по стоматолошки науки-ортодонција, Филип Тантуровски, доктор на стоматолошки науки-стоматолошка протетика. Исто така и Теута Довољани, доктор на стоматолошки науки-орална хирургија, Тања Дејаноска, доктор на стоматолошки науки-стоматолошка протетика, Симона Тошевска, доктор на стоматолошки науки-орална медицина и пародонтологија, Дарко Велјановски, доктор на стоматолошки науки-орална медицина и пародонтологија, Милка Кабранова јосифова, доктор по организациски науки и управување (менаџмент), Симона Зориќ Ристова, доктор на политички науки, Анастасија Трајковска, доктор на социолошки науки, научна област-социологија на окружувањето, Марија Ѓошева –Ковачевиќ, доктор по организациски науки и управување (менаџмент), Јасна Пајковска, доктор на социолошки науки, научна област-социологија на организација и Имране Сулејмани – Зибери, доктор на социолошки науки, научна област-социологија на организација.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/promovirani-23-doktori-na-nauka-od-zdravstvoto-medicinskite-i-opshtestvenite-nauki-pri-ukim/feed/ 0
Минатата година над 77 проценти од докторите биле физички или вербално нападнати https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/minatata-godina-nad-77-procenti-od-doktorite-bile-fizichki-ili-verbalno-napadnati/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/minatata-godina-nad-77-procenti-od-doktorite-bile-fizichki-ili-verbalno-napadnati/#respond Sat, 12 Mar 2022 12:57:54 +0000 https://kurir.mk/?p=645980

Над 77 проценти од анкетираните доктори од Лекарската комора на Северна Македонија (ЛКСМ) во 2021 година доживееле физичко или вербално насилство на работното место. Претседателката на ЛКСМ, Калина Гривчева – Старделова, овие податоци ги објави денеска на одбележувањето на Европскиот ден за подигање на свеста за насилството врз лекарите и другите здравствени работници, при што посочи дека ова бројка не е за занемарување. Со анкетата биле опфатени вкупно 1061 испитаник, однос членови на ЛКСМ. – Знаеме дека тоа е во рамките на светските случувања врз здравствените работници, но не би сакале да го доживуваме тоа секојдневно, не би сакале нашата работа да е поврзана со страв кога имаме комуникација со пациенти. Не сме добри доктори ако работиме под таков притисок, ниту стоматолози, ниту фармацевти. Дефинитивно би сакале да се направи некакво поместување, да сме покомотни и да можеме мирно да си ја работиме својата работа, рече Гривчева – Старделова. Министерот за здравство Беким Сали, во својот говор по повод Европскиот ден за подигање на свеста за насилството врз лекарите и другите здравствени работници, потсети дека во пандемијата со коронавирусот здравствените работници беа на првата линија на борба со вирусот и нивната улога вклучувајќи ја пружената грижа за пациентите е клучна во справувањето со Ковид-19. – Недозволиво е во 21 век да има ситуации на напади врз лекари така што со целиот свој авторитет ќе се заложам за поголема заштита на лекарите и сите здравствени работници. Како што веќе знаете во процедура е усогласувањето на Законот за здравствена заштита со Кривичниот законик во делот на казнените одредби и за напади врз службените лица. Јас од позиција на министер, но и како доктор ќе се заложам максимално заедно со стручната фела за овие законски измени да бидат што побрзо и побргу да бидат во имплементација, изјави министерот Сали. Тој воедно посочи дека Министерството за здравство е во постојана комуникација со ЛКСМ, со Стоматолошката и Фармацевтската комора, односно со сите три комори е веќе потпишан Меморандум за соработка, а сето тоа во интерес на здравствените работници и во интерес на пациентите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/minatata-godina-nad-77-procenti-od-doktorite-bile-fizichki-ili-verbalno-napadnati/feed/ 0
Дика: Овде чистачките се ангажирани со директиви од партијата, а камоли докторите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dika-ovde-chistachkite-se-angazirani-so-direktivi-od-partijata-a-kamoli-doktorite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dika-ovde-chistachkite-se-angazirani-so-direktivi-od-partijata-a-kamoli-doktorite/#respond Thu, 17 Feb 2022 21:49:00 +0000 https://kurir.mk/?p=632935

Доктор Артан Дика во „Патот кон“ на Алсат наведе неколку причини поради кои лекарите ја напуштаат државата. Како што оценува тој, причината е во самиот систем којшто не е во состојба да ги задржи кадрите што ги создава. -Системот кој не е способен да ги одржи кадрите што ги создава има неуспех, има причина во себе. Не можеме да негираме дека нашето општество е во длабока морална криза, имаме образование со сериозни проблеми, имаме зависно судство, несигурност во општеството и сето тоа го тера човекот да бега. Начинот на кој се избира и вработува кадарот во здравствениот систем има недостатоци и лоши страни кои тешко се наоѓаат во другите земји. Овде чистачките се ангажирани со директиви од партијата, а камоли докторите, рече Дика.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dika-ovde-chistachkite-se-angazirani-so-direktivi-od-partijata-a-kamoli-doktorite/feed/ 0
Невакцинираните доктори во Грција може да останат без работа по 31 март https://arhiva.kurir.mk/svet/region/nevakciniranite-doktori-vo-grcija-moze-da-ostanat-bez-rabota-po-31-mart/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/nevakciniranite-doktori-vo-grcija-moze-da-ostanat-bez-rabota-po-31-mart/#respond Mon, 31 Jan 2022 15:25:59 +0000 https://kurir.mk/?p=625096

Невакцинираните здравствени работници во Грција кои веќе неколку месеци се на принуден одмор, поради воведената задолжителна вакцинација, можно е по 31 март, кога и истекува конкретната одлука, да останат без работа, според министерот за здравство на Грција Танос Плеврис, кој сепак, објасни дека сè уште не е донесена конечна одлука, јави дописничката на МИА од Атина. Плеврис, во интервјуто за грчката телевизија „Скај“ објасни дека на 31 март истекува мерката здравствените работници кои не се вакцинирани да бидат на принуден одмор, а дотогаш одново ќе се разгледа, дали ќе се продолжи истата мерка или пак ќе се донесе одлука да не бидат дел од здравствениот систем.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/nevakciniranite-doktori-vo-grcija-moze-da-ostanat-bez-rabota-po-31-mart/feed/ 0
Матичните лекари ќе бидат финансиски наградени ако над 70 отсто од нивните пациенти се вакцинираат https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/matichnite-lekari-kje-bidat-finansiski-nagradeni-ako-nad-70-otsto-od-nivnite-pacienti-se-vakciniraat/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/matichnite-lekari-kje-bidat-finansiski-nagradeni-ako-nad-70-otsto-od-nivnite-pacienti-se-vakciniraat/#respond Sun, 28 Nov 2021 08:09:21 +0000 https://kurir.mk/?p=600795

Финансиска стимулација за матичните лекари ако над 70 отсто од нивните пациенти се вакцинираат, се предвидува со една од новите мерки која во вторник ќе и биде предложена на Владата, а која вчера ја најави министерот за здравство Венко Филипче. Тој посочи дека утре состанок ќе одржи Комисијата за заразни болести. -Истражувавме и изминативе два-три дена и ќе предложиме една нова мерка до Владата, а тоа е посебна стимулација за матичните лекари. Односно, матичните лекари да бидат финансиски стимулирани кога ќе надминат 70 проценти на вакцинација од вкупниот број на прикрепени пациенти да бидат наградени со 30 денари по пациент од вкупниот број пациенти кои се запишани кај нив. Има уште некои аспекти кои тука треба да се разгледаат, но мислам дека тоа е предлогот со кој ќе настапиме во вторник пред Влада, истакна Филипче. Посочи дека за претходните мерки дискутирале на седницата на Владата. -Свесен сум дека овие се едни од најтешките мерки поради што допираат во една сфера во која досега не сме имале мерки, а тоа се работните односи, работното место, меѓутоа заклучивме дека треба дополнително да истражиме и да видиме дали ќе има некои слични мерки кои нема да бидат толку сериозни, да загрозуваат нечие работно место а од друга страна ќе бидат стимулација за вакцинација и во таа смисла работевме интензивно, рече Филипче, одговарајќи на новинарски прашања по изјавата пред Ургентниот клинички центар. Во врска со вакцинацијата во земјата, во текот на завчерашниот ден, како што соопшти Министерството за здравство, аплицирани се вкупно 4.434 дози вакцини, од кои 1.268 се аплицирани како прва доза, 1.021 се ревакцинирани, а 2.145 граѓани примиле трета доза вакцина. Заклучно со 26 ноември вкупно се вакцинирани 828.770 граѓани, ревакцинирани се 794.666 а трета доза примиле 70.937 граѓани. Педесет и седум отсто од граѓаните над 40 – годишна возраст, како што се посочува, се ревакцинирани, а 33 отсто од популацијата од 18 до 39 години примиле барем една доза вакцина. Опфатот со вакцинација со една доза вакцина, на полнолетната популација е 58 отсто, а со две дози опфатени се 47 отсто од граѓаните над 18 години. Според бројот на аплицирани вакцини, 39 отсто од целата популација во нашата земја е вакцинирана, а 38 отсто од популацијата во државата примила две дози вакцина, информираат од Министерството. -Во однос на новиот сој на Ковид-19 сега е се уште рано да се каже точно, станува збор за нова мутација на вирусот „Омикрон“ која има бројни мутации посебно во делот на спајкот и сега тука е сомнежот дека можно е да е потрансмисибилен отколку сите досегашни мутации. Меѓутоа, ние имавме и многу други мутации кои не се проширија досега. Имаше и други сценарија – делта сојот кој навистина секаде се прошири. Ќе ги разгледуваме сите овие работи во понеделник на состанок на Комисијата за заразни болести, најави Филипче. Новиот сој на коронавирус, наречен „Омикрон“, првпат е идентификуван од јужноафрикански научници, но не е сигурно дека првпат се појавил во Јужна Африка. Засега е регистриран во Белгија, Боцвана, Хонг Конг и Израел. Тој засега не е евидентиран во САД, објавија американските Центри за превенција и контрола на болести (ЦДЦ). Се верува дека „Омикрон“, претходно познат како Б.1.1.529, е многу позаразен од другите варијанти на коронавирус. Светската здравствена организација го класифицираше како загрижувачки и високо пренослив. Според вчера објавените податоци од Институтот за јавно здравје, за изминати 24 часа, при 3447 тестирања регистрирани се 436 нови случаи на Ковид-19, 15 лица починати и 336 оздравени. Вкупниот број Ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 214.676, бројот на оздравени пациенти е 198.755, на починати е 7.528, а на активни случаи изнесува 8.393 од кои најголем број 3902 се во Скопје. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/matichnite-lekari-kje-bidat-finansiski-nagradeni-ako-nad-70-otsto-od-nivnite-pacienti-se-vakciniraat/feed/ 0
Доктор Беќаровски: Со толку доктори во советничките листи, ќе може да се направи мини општинска поликлиника https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/doktor-bekjarovski-so-tolku-doktori-vo-sovetnichkite-listi-kje-moze-da-se-napravi-mini-opshtinska-poliklinika/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/doktor-bekjarovski-so-tolku-doktori-vo-sovetnichkite-listi-kje-moze-da-se-napravi-mini-opshtinska-poliklinika/#respond Wed, 15 Sep 2021 07:38:04 +0000 https://kurir.mk/?p=563809

Професорот и доктор на Клиниката за токсикологија, Нико Беќаровски со најновиот пост на неговиот Фејсбук профил даде предлог до сите негови колеги доктори кои се на советничките листи. „Со толку многу мои колеги доктори во сите советнички листи, во секој општински совет ќе може да направите МИНИ ОПШТИНСКА ПОЛИКЛИНИКА. Барем воведете и ден кога во општинските згради ќе има бесплатен консултативен преглед за граѓаните од Општината. Да имаат некаков бенефит и тие“, напиша д-р Беќаровски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/doktor-bekjarovski-so-tolku-doktori-vo-sovetnichkite-listi-kje-moze-da-se-napravi-mini-opshtinska-poliklinika/feed/ 0