документарен филм – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 26 Jul 2023 12:05:46 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png документарен филм – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ВИДЕО: МТВ со документарен филм за одбојкарите – Живеејќи го сонот https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/video-mtv-so-dokumentaren-film-za-odbojkarite-zhiveejki-go-sonot/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/video-mtv-so-dokumentaren-film-za-odbojkarite-zhiveejki-go-sonot/#respond Wed, 26 Jul 2023 12:05:46 +0000 https://kurir.mk/?p=860220

Во пресрет на Европското првенство во Скопје, на кое Македонија ќе се обиде да избори историски пласман во осминафинале, од Македонската радио телевизија најавија премиера на уште еден документарен филм со спортска тематика. По „Среќна-13“ и „ФК Балкан“, на 3 август од 20:15 часот на МТВ 1 премиерно ќе биде емитуван „Живеејќи го сонот“, документарен филм инспириран од т.н. пат на македонските одбојкари од деби настапот на Европските првенства, до второ учество на континенталните собири и секако за очекувањата од престојниот настап на ЕУРО 2023 на кое Македонија и Скопје се едни од четирите домаќини/коорганизатори. „Живееејќи го сонот“ го режираше Тони Ристовски, а сценариото е на Тони Стојановски. Македонија на ЕУРО 2023 е во група со Полска, Данска, Чешка, Холандија и Црна Гора, во првото коло на 30 август во СЦ „Борис Трајковски“ игра против скандинавците. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/video-mtv-so-dokumentaren-film-za-odbojkarite-zhiveejki-go-sonot/feed/ 0
Излезе нов документарец за Бритни Спирс, открива бизарни детали за нејзиниот живот https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/izleze-nov-dokumentarets-za-britni-spirs-otkriva-bizarni-detali-za-nejziniot-zhivot/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/izleze-nov-dokumentarets-za-britni-spirs-otkriva-bizarni-detali-za-nejziniot-zhivot/#respond Wed, 17 May 2023 08:51:55 +0000 https://kurir.mk/?p=835181

Нов документарец за животот на Бритни Спирс неодамна се емитуваше на Фокс, а во него се прикажани некои бизарни детали за неа. Имено, документарниот филм „Бритни Спирс: Цената на слободата“, кој го направи продуцентската куќа ТМЗ, се фокусира на нејзиниот живот по 13 години „заробеништво“. Сепак, според медиумите, таа само повремено учествува во некои активности дома. „Бритни живее во виртуелна изолација. Поголемиот дел од времето е сама дома“, вели извршниот продуцент на TMZ, Чарлс Латибеаудиер. Тврдат дека ноќите ги поминува возејќи низ Лос Анџелес со часови. Посочуваат дека знае да спие со денови, а потоа после тоа консумира разни енергетски пијалоци за да остане будна со денови. Слободното време дома го поминува во изолација вежбајќи и објавувајќи разни необични содржини на социјалните мрежи. По овој документарец, медиумите се обидоа да дојдат до нејзините претставници за коментар, но таа не се огласи. Некое време подоцна, нејзиниот сопруг Сем Асгари го осуди објавувањето на документарецот, нарекувајќи го одвратен.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/izleze-nov-dokumentarets-za-britni-spirs-otkriva-bizarni-detali-za-nejziniot-zhivot/feed/ 0
Промовиран документарниот филм „Среќна 13-ка“ – Буштур како освојувач, охрабрувач, како обединувач… https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/promoviran-dokumentarniot-film-srekjna-13-ka-bushtur-kako-osvojuvach-ohrabruvach-kako-obedinuvach/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/promoviran-dokumentarniot-film-srekjna-13-ka-bushtur-kako-osvojuvach-ohrabruvach-kako-obedinuvach/#respond Mon, 31 Oct 2022 12:12:28 +0000 https://kurir.mk/?p=753199

Во хотелот „Парк“ во Скопје, и првиот канал на МРТ викендов беше промовиран документарниот филм посветен на легендата на македонската кошарка Благоја Георгиевски Буштур. – Некои можеби не знаат, но вечерва ќе се потсетат на тие времиња од седумдесеттите кога Благоја Георгиевски-Буштур беше прво име на македонската кошарка. Кога играше на Европски првенства, на Олимпијади, освојуваше медали на Балканијадите, на Медитеранските Игри. Ова е вечер и за носталгија, меѓутоа оваа е и вечер за сите нас, да се потсетиме или пак да научиме нешто. А нашето мото беше ‘Македонија не ги заборава и не смее да ги заборави своите херои’. Во овие времиња во кои што живееме, ако ние од Македонската радио телевизија ја добиеме поддршката и го оцените филмот како добар, ќе продолжиме да ги истакнуваме нашите херои. Пред се, за да дадеме можност нашата младина да се сеќава каков беше нивниот придонес за Македонија. Со надеж, сите ние да изградиме едно поубаво и посреќно општество за сите, порача Тони Стојановски, по чие сценарио е склопена „Среќна 13-ка“, а режирана од Тони, Ристовски. На промоцијата беа присутни членови на семејството, голем број пријатели и своевремено соработници на Георгиевски. Помеѓу нив и Лазар Лечиќ, неговиот кошаркарски „татко“, потоа Александар Књазев, Драган Радосављевиќ, Јорданчо Давитков, Борче Серафимовски, Ѓокица Лукаревски. Во филмот за Буштур говорат и великани на светската и југословенската кошарка како Иво Данеу, Никола Плеќаш, Зоран „Мока“ Славниќ, Жељко Јерков, Дамир Шолман, Среќко Јариќ, Дуци Дамјановиќ, Мирко Новосел и Светислав Пешиќ, но и нашите кошаркарски величини, браќата Јанко и Митко Луковски, Стерија Андоновски, Ѓорчевски, Кацарски, секако и Васил Тупурковски, човекот без кој дури и Буштур тешко функционираше, а некогаш беше и во улога на прв човек на кошарката во СФРЈ.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/promoviran-dokumentarniot-film-srekjna-13-ka-bushtur-kako-osvojuvach-ohrabruvach-kako-obedinuvach/feed/ 0
„Астерфест“ завршува вечерва со премиерната проекција на документарниот филм „Трн“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/asterfest-zavrshuva-vecherva-so-premiernata-proekcija-na-dokumentarniot-film-trn/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/asterfest-zavrshuva-vecherva-so-premiernata-proekcija-na-dokumentarniot-film-trn/#respond Tue, 09 Aug 2022 08:23:22 +0000 https://kurir.mk/?p=715946

Со премиерна проекција на документарниот фил „Трн“ во продукција на Здружението за култура „Транзен“ од Струмица, вечер завршува седуманесеттото издание на Интернационалниот филмски фестивал „Астерфест“. Автори на филмот се Столе Ангелов и Никола Пијанманов, а филмот е посветен на актерот и граѓански активист, Стојан Велков Трн. Синоќа беше прикажан документарниот филм „Журнал за Желимир Жилник“ од Јанко Баљак, посветен на годинашниот добитник на наградата за животно дело и лауреат, Желимир Жилник. Според Горан Тренчовски, идејниот творец на фестивалот, голема е радоста од присуството на овој режисер на фестивалот. – Со прикажувањето на филмот за Жилник, кој е омаж и не е класичен биографски филм, туку е филм кој се води по постапката на „роуд филмот“, односно преку патепис се обидува да ја следи целокупната животна патека на Жилник, која е обремената со многу интересни случки, кои навидум се едноставни, но сите тие имаат директна врска со неговата биографија,со неговиот опус, рече Тренчовски. На годинашниот „Астерфест“ во официјална конкуренција се натпреваруваа повеќе филмови, а завчера фестивалското жири ги прогласи најдобрите остварувања доделувајќи му ја наградата „Златна потковица“ на Филмот „Сведок“ на Али Азгари во иранско-француска продукција.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/asterfest-zavrshuva-vecherva-so-premiernata-proekcija-na-dokumentarniot-film-trn/feed/ 0
Елизабета Втора во издание кое светот досега не го видел: Еве што ќе видите во новиот документарен филм за кралицата (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/elizabeta-vtora-vo-izdanie-koe-svetot-dosega-ne-go-videl-eve-shto-kje-vidite-vo-noviot-dokumentaren-film-za-kralicata-foto/ https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/elizabeta-vtora-vo-izdanie-koe-svetot-dosega-ne-go-videl-eve-shto-kje-vidite-vo-noviot-dokumentaren-film-za-kralicata-foto/#respond Mon, 09 May 2022 09:20:27 +0000 https://kurir.mk/?p=673869

Видеата што ќе му бидат откриени на светот го содржат животот на кралицата од кога била бебе до нејзиното крунисување во 1953 година. Досега невидени домашни снимки од личната архива на кралицата Елизабета, вклучително и снимки на кои монархот е млада мајка и сјае со веренички прстен, ќе бидат прикажани во нов документарен филм, објави Би-би-си во неделата. Исто така невидените фотографии на британската кралица Елизабета од нејзините помлади денови, направени пред таа да дојде на тронот, ќе бидат прикажани во новиот документарен филм што ќе се емитува на крајот на овој месец, објави Бакингемската палата. Кралицата ѝ даде невиден пристап на радиодифузерот до стотици домашни филмови направени од неа, нејзините родители и нејзиниот покоен сопруг принцот Филип, како дел од прославата на нејзиниот претстоен платинест јубилеј, како дел од нејзините 70 години на тронот. Едно видео ја прикажува првата продолжена посета на Филип на замокот Балморал во Шкотска во 1946 година, пред да биде објавена неговата свршувачка со Елизабета. На снимката се гледа како блескавата принцеза Елизабета го покажува својот веренички прстен пред камера. Филип и Елизабета се венчале во ноември 1947 година и беа во брак 73 години, до смртта на Филип во април минатата година, само неколку месеци пред неговиот 100-ти роденден. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/elizabeta-vtora-vo-izdanie-koe-svetot-dosega-ne-go-videl-eve-shto-kje-vidite-vo-noviot-dokumentaren-film-za-kralicata-foto/feed/ 0
Која е вистинската Џенифер Лопез? Следи документарен филм за нејзиниот живот, мајчинството и славниот настап на Супер Боул https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/koja-e-vistinskata-dzenifer-lopez-sledi-dokumentaren-film-za-nejziniot-zivot-majchinstvoto-i-slavniot-nastap-na-super-boul/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/koja-e-vistinskata-dzenifer-lopez-sledi-dokumentaren-film-za-nejziniot-zivot-majchinstvoto-i-slavniot-nastap-na-super-boul/#respond Tue, 19 Apr 2022 09:01:15 +0000 https://kurir.mk/?p=665193

Џенифер Лопез ќе биде тема на новиот документарен филм кој премиерно ќе биде прикажан на 8 јуни на отворањето на „Tribeca Film Festival“, пред да почне да се прикажува на Нетфликс на 14 јуни. Филмот се вика „Полувреме“ и ќе го следи Лопез додека се обидува да балансира помеѓу кариерата, приватниот живот и нејзиниот активизам. Секако, многу и било посветено внимание и како мајка, а сето тоа додека се подготвувала за настапот на полувремето на Супер Боул 2020 (Супер Боул) со Шакира. - Воодушевени сме што можеме да го прикажеме „Полувреме“, инспиративен документарен филм кој го истакнува активизмот на Џенифер Лопез низ нејзиниот култен настан на полувремето на Супер Боул, вели ко-основач на „Трибека Фестивал“ и извршна директорка на „Трибека Енетпрајсес“, Џејн Розентал.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Jennifer Lopez (@jlo)

Филм кој сведочи за нејзината латинокултура ќе се прикажува премиерно само неколку блокови од местото каде што таа пораснала - Бронкс. Режисерката Аманда Мишели ветува дека ќе им даде на гледачите увид во „вистинската“ Џеј Ло. Ќе се прикаже Џенифер која се бори со товарот на славата и мајчинството и како успева да го искористи својот глас во корист на другите. - Моќното раскажување приказни, без разлика дали станува збор за музика, филм или игри, нè поттикнува да се бориме за универзални вредности што го поврзуваат човештвото - вели Роберт Де Ниро, ко-основач на фестивалот. Тој нагласи како овој филм не потсетува на тоа. Објавувањето на документарецот следеше само неколку дена откако се појави веста за свршувачката на Џеј Ло со Бен Афлек, иако нивната врска нема да биде прикажана во филмот. Суперѕвездата пред три години ја глумеше Рамона во филмот „Hustlers“ и така ја заслужи својата втора номинација за Златен глобус. Таа го оживеа својот лик со своите танцови вештини кои ги покажа и во настапот на Супер Боул. Тоа видео, во кое се појавува и Шакира, забележа рекорд од над 231 милион прегледи на Јутјуб.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/koja-e-vistinskata-dzenifer-lopez-sledi-dokumentaren-film-za-nejziniot-zivot-majchinstvoto-i-slavniot-nastap-na-super-boul/feed/ 0
Премиера на македонскиот документарен филм „Како ја дефинираш ароганцијата?“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/premiera-na-makedonskiot-dokumentaren-film-kako-ja-definirash-arogancijata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/premiera-na-makedonskiot-dokumentaren-film-kako-ja-definirash-arogancijata/#respond Thu, 31 Mar 2022 09:22:26 +0000 https://kurir.mk/?p=656163

Во Младинскиот културен центар (МКЦ) утре ќе се одржи премиера на македонскиот документарен филм „Како ја дефинираш ароганцијата?“, по сценарио и режија на Небојша Илијевски. Документарецот е филм за последиците од делувањето на властите, профитерите и бирократијата врз животите на „малите луѓе”, но и за спознанието за моќта на тој „мал човек”, кој е потиснуван од ароганцијата и заробен во своите стравови, мисли, патерни… Филмот го освестува потенцијалот да живееш наместо да живуркаш, фокусирајќи се на суштината наместо на формата. – Без оглед на тоа дали се работи за решеност да се обелодени педофилија во црква знаејќи ги последиците од таквиот чекор, за допинг скандал кој што ти ја прекинува кариерата или за фактот дека си комплетно невидлив за системот и покрај успесите и вредностите што ги носиш, мудрост е да ги направиш работите што не можеш да не ги направиш, а притоа да не се изгубиш себеси, изјави авторот Илијевски. Есецијалната цел на филмот е гледачите да се охрабрат и да се мотивираат да се загледаат во своите лични контексти и да си понудат и пронајдат решенија кои ќе ги вратат кон себеси, кон нештата кои навистина се важни во/за животот, кон вистинскот „јас“. -Човекот, постојано си ја бара слободата! Но, за жал, само надворешната слобода. Онаа која е во релација со општествениот систем. Така, тој е определен на борба со општеството, но не и на борба со внатрешната психолошка структура која тој систем практично го искреирала. Значи, вистинскиот радикал се наоѓа внатре! Внатре во нас, а не таму надвор, во рамките на општествениот поредок, се наведува во една реплика од филмот. Музиката е на Бобан Лазовски, камерата на Бошко Столиќ и на Томислав Георгиев, а анимациите на Ратомир Цениќ. Колаж артот е на Маргарита Василевска, арт директор е Дејан Спасовиќ, а монтажата е на Небојша Илијевски. По проекцијата на докуметарниот филм ќе следи и четириесетминутна сесија со главните протагонисти и со авторот во што ќе биде вклучена и публиката, а после премиерата преку плаформата Аrrogance.mk, гледачите ќе имаат можност за интерактивен придонес кон целиот контекст на носење свесност за личната ароганција во однос на сопствените животи. Продукцијата е на „Холистик филм“, а е поддржан од Агенцијата за филм.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/premiera-na-makedonskiot-dokumentaren-film-kako-ja-definirash-arogancijata/feed/ 0
Документарен филм за Свети Николе- единствениот град со име на светец во Македонија (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/dokumentaren-film-za-sveti-nikole-edinstveniot-grad-so-ime-na-svetec-vo-makedonija-video/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/dokumentaren-film-za-sveti-nikole-edinstveniot-grad-so-ime-na-svetec-vo-makedonija-video/#respond Sun, 19 Dec 2021 10:08:09 +0000 https://kurir.mk/?p=610392

Во чест на празникот на Свети Николај Чудотворец, Продукцијата Аристон од Свети Николе на YouTube го објави документарниот филм за единствениот град со име на светец во Македонија. Дознајте повеќе за Свети Николе, македонскиот град кој се наоѓа врз старата населба Свети Никола... ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/dokumentaren-film-za-sveti-nikole-edinstveniot-grad-so-ime-na-svetec-vo-makedonija-video/feed/ 0
Документарен филм за Охрид: Европскиот Ерусалим, духовната престолнина на Македонија (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/dokumentaren-film-za-ohrid-evropskiot-erusalim-duhovnata-prestolnina-na-makedonija-video/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/dokumentaren-film-za-ohrid-evropskiot-erusalim-duhovnata-prestolnina-na-makedonija-video/#respond Wed, 24 Nov 2021 19:04:03 +0000 https://kurir.mk/?p=599530

Во изминатите години во етерот се појави една видео продукција која полека, но сигурно со својата упорност, истрајност и посветена работа успева да создава видео записи кои ги овековечуваат природните ресурси и културното наследство на Македонија. Продукцијата „Аристон“, која успешно продуцира кратки документарни филмови, podcast и други содржини, по документарците за археолошкиот локалитет Билазора и геоглифот кај Свети Николе, за Кратово, за Ѓуриште и други локации, ја шири својата работа и на другиот крај од државата. На „YouTube“ веќе можат да се погледнат најавите за новата документарна серија посветена на Охрид, но и исечок од нивниот документарен филм за Охрид. Проектот им е насловен како „Лихнид, европскиот Ерусалим, Македонската духовна престолнина“ ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/dokumentaren-film-za-ohrid-evropskiot-erusalim-duhovnata-prestolnina-na-makedonija-video/feed/ 0
Премиера на документарниот филм „30 години државност, Уставот темел на иднината“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/premiera-na-dokumentarniot-film-30-godini-drzavnost-ustavot-temel-na-idninata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/premiera-na-dokumentarniot-film-30-godini-drzavnost-ustavot-temel-na-idninata/#respond Wed, 17 Nov 2021 12:12:53 +0000 https://kurir.mk/?p=596553

По повод одбележувањето на 30-годишнината од донесувањето на првиот македонски Устав, вечер на МРТ1 ќе се емитува документарниот филм „30 години државност, Уставот-темел на иднината“. Документарниот филм е во копродукција на Фондацијата Конрад Аденауер во Северна Македонија (КАС) и на Македонската Радио Телевизија. Филмот ја одбележува 30-годишнината од донесувањето на Уставот, изгласан во Собранието на 17 ноември 1991 година, преку приказ на изградбата, предизвиците и успесите на државата. Исто така, преку богатата видео архива на случувањата низ овие 30 години, во филмот е прикажано влијанието на уставните промени во развојот на државата, граѓанското општество и созревањето на нацијата. Говорниците, меѓу кои и претседателот Стево Пендаровски, со личен осврт кон случувањата и уставните промени говорат за трансформацијата која е направена и за искушенијата низ времето. Оригиналната идеја за филмот е на проф. д-р Александар Спасеновски и тимот на Институтот за општествени истражувања „МК91“. Сценариото е на Дарко Чекеровски, режисер е Кирил Каракаш, директор на фотографија е Светислав Подлешанов, а монтажер е Марко Џамбазоски. Проектот е спроведен од КАС, во соработка со Институтот за општествени истражувања – МК91 и Центарот за социјални иновации БЛИНК 42- 21. Продуцент е официјалниот претставник на фондацијата, Даниел Браун, продуцент од МРТ1 е Наталија Зафировска, одговорен уредник на МРТ1 Анета Андонова и уредник на информативна програма на МРТ1, Стојан Трпчевски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/premiera-na-dokumentarniot-film-30-godini-drzavnost-ustavot-temel-na-idninata/feed/ 0