документи – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 10 Sep 2023 19:51:30 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png документи – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Со икони, крстови и темјан: Грците протестираат против новите биометриски лични карти https://arhiva.kurir.mk/svet/region/so-ikoni-krstovi-i-temjan-grtsite-protestiraat-protiv-novite-biometriski-lichni-karti/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/so-ikoni-krstovi-i-temjan-grtsite-protestiraat-protiv-novite-biometriski-lichni-karti/#respond Sun, 10 Sep 2023 19:50:43 +0000 https://kurir.mk/?p=876699

Со грчки знамиња, крстови, икони, темјан, но и со говори, стотици Грци, организирани преку социјалните мрежи, вечерва одржаа мирен протест во центарот на Атина против новите биометриски лични карти што ќе ги воведе грчката Влада, јави дописничката на МИА од Атина. „Дигиталната лична карта е твојот дигитален затвор“; „Не за електронското ропство“ беа дел од слоганите на транспарентите на демонстрантите. Насобраните порачаа дека нема да ги прифатат новите лични карти, а упатија и критики до Грчката православна црква затоа што, како што рекоа, не ги поддржала, а на протестот не дошол нити еден митрополит. Меѓу присутните имаше голем број свештени лица, монаси и монахињи, но и припадници на нацистичката Златна зора, како и поддржували на радикални десничарски групи. Минатата седмица ист протест се одржа и во Солун, а демонстрантите се организираа преку социјалните мрежи. Реакциите против новите биометриски лични карти, започнаа во текот на летото, кога голем број граѓани во различни делови на Грција започнаа масовно да поднесуваат барања за обнова на постоечките лични карти, мислејќи дека така ќе избегнат вадење биометриски. Откако Грција во јули добила уште едно предупредувачко писмо од ЕУ за неусогласување со европската регулативата, новите лични карти ќе почнат да се издаваат на 25 септември, а старите ќе престанат да важат на 3 август 2026 година.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/so-ikoni-krstovi-i-temjan-grtsite-protestiraat-protiv-novite-biometriski-lichni-karti/feed/ 0
Народен правобранител: Граѓаните не се должни да плаќаат за новите документи, тоа треба да се плати од државниот буџет https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/naroden-pravobranitel-graganite-ne-se-dolzhni-da-plakaat-za-novite-dokumenti-toa-treba-da-se-plati-od-drzhavniot-budhet/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/naroden-pravobranitel-graganite-ne-se-dolzhni-da-plakaat-za-novite-dokumenti-toa-treba-da-se-plati-od-drzhavniot-budhet/#respond Tue, 22 Aug 2023 18:12:10 +0000 https://kurir.mk/?p=869762

Народниот правобранител Насер Зибери, за Алфа ТВ вели дека граѓаните кои имаат важечка лична карта, не треба да плаќаат за нова само поради новото уставно име, туку тоа треба да се плати од државниот буџет. „Како обврска што ја наметнува државата, поседувањето на личната карта, а како резултат на одлука на државата, да се променат личните карти, во тој случај логично е, граѓаните да не бидат изложени на трошоци, зошто таа обврска се наметнува не по нивна вина, не поради истек на исправата, туку како резулатат на одлука на владата, на собранието, односно, државата. И од тие причини сметам дека граѓаните треба да бидат поштедени од еден ваков трошок“ – реагира Зибери. Реакцијата на правобранителот следи откако министерот Спасовски вчера откри дека уште 800.000 граѓани немаат лични документи на кои стои новото име со додавката “Северна”, кои пак важат до февруари идната 24та, која инаку е и изборна година. Зибери додава дека слична ситуација е и кога општина би променила име на улица, па адресата на личната карта може да е поразлична, но, во тој случај, документот не престанува да важи се дури не му истече пропишаниот рок, за разлика од оваа ситуација. Смета дека не смее да се дојде до момент, граѓаните да го изгубат избирачкото право и да не можат да гласаат на престојните избори. „Апсолутно сметам дека секој што ќе има лична исправа, значи лична карта или патна исправа, без оглед што нема да биде усогласена со новите измени на уставот, а има рок на важност, треба да го оствари своето право на глас, во спротивно ќе имаме серизони проблеми, може да се доведе во прашање легитимитетот на изборит, а од друга страна секако дека ќе се ускрати едно основно со Устав загарантирано право“ – смета правобранителот. Тој додава оти ветувањата на Спасовски дека граѓаните нема да бидат казнети не е решение, бидејќи ќе се појават многу други проблеми, да не можеме да завршиме работа во банка, на нотар, суд и сите други јавни институции. Инаку, на трошок на граѓаните поради додавката „Северна“ не се само личните карти. До февруари 24та ќе треба да се променат и пасоши, возачки и сообраќајни дозволи, како и регистарски таблички на автомобилите, кои според пресметките, севкупно може да чини безмалку 4000 денари. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/naroden-pravobranitel-graganite-ne-se-dolzhni-da-plakaat-za-novite-dokumenti-toa-treba-da-se-plati-od-drzhavniot-budhet/feed/ 0
Приведен тетовец: Измамил две лица – ветил дека ќе им помогне да добијат одредени документи, земал пари и престанал да им се јавува https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/priveden-tetovec-izmamil-dve-lica-vetil-deka-kje-im-pomogne-da-dobijat-odredeni-dokumenti-zemal-pari-i-prestanal-da-im-se-javuva/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/priveden-tetovec-izmamil-dve-lica-vetil-deka-kje-im-pomogne-da-dobijat-odredeni-dokumenti-zemal-pari-i-prestanal-da-im-se-javuva/#respond Fri, 07 Oct 2022 09:40:19 +0000 https://kurir.mk/?p=742313

Денеска (07.10.2022) во 10.30 часот, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода К.А.(52) од тетовски Бродец. Тој се сомничи дека во претходниот период измамил 41-годишен жител на тетовско село и 48-годишен тетовец. Како што вчера во полициска станица пријавиле двајцата оштетени, К.А. им ветил дека ќе им помогне да добијат одредени документи за што во неколку наврати му давале пари. Исто така, според пријавеното, откако ги земал парите престанал да им се јавува и не им ги обезбедил ветените документи. Тој бил задржан во Полициската станица Тетово и по целосно расчистување и документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/priveden-tetovec-izmamil-dve-lica-vetil-deka-kje-im-pomogne-da-dobijat-odredeni-dokumenti-zemal-pari-i-prestanal-da-im-se-javuva/feed/ 0
„МЗШВ не кажува дали има трајно уништени документи од архивата – дали ваквата хаварија прикрива нечиј криминал и злоупотреби“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mzshv-ne-kazuva-dali-ima-trajno-unishteni-dokumenti-od-arhivata-dali-vakvata-havarija-prikriva-nechij-kriminal-i-zloupotrebi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mzshv-ne-kazuva-dali-ima-trajno-unishteni-dokumenti-od-arhivata-dali-vakvata-havarija-prikriva-nechij-kriminal-i-zloupotrebi/#respond Sun, 25 Sep 2022 07:32:01 +0000 https://kurir.mk/?p=737121

Министерството за земјоделство водостопанство и шумарство премолчи и пак не кажа колкав дел од архивата е достапен после наводниот хакерски напад, велат од ВМРО-ДПМНЕ. -Министерството и министерот Љупчо Николовски молчат и кријат дека проблемот е далеку поголем. Тие не демантираа дека се недостапни голем дел од документите од архивата, како на пример електронски податоци од фарм регистарот, регистри за откупувачи за вино, за земјоделските задруги, за органско производство, преглед на сите важечки договори за закуп на земјоделско земјиште, вклучително и листа на должници. Ова се важни документи, за кои Министерството не кажува дали се зачувани или изгубени во целост или делумно, се наведува во соопштението на партијата. Според ВМРО-ДПМНЕ нејасните и нецелосни одговори на министерството отвораат сомнежи и прашања. -Дали наводниот сајбер напад трајно уништил документи и податоци? Колкава штета ќе имаат земјоделците од ваквата хаварија? Дали од ваквата хаварија некој има ќар бидејќи на тој начин се прикривани злоупотреби и криминали?, прашуваат од партијата. Антимакедонската СДС се што фати запусти. Тоа мора да престане. За сите дубари на власта на СДС мора да има одговорност.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mzshv-ne-kazuva-dali-ima-trajno-unishteni-dokumenti-od-arhivata-dali-vakvata-havarija-prikriva-nechij-kriminal-i-zloupotrebi/feed/ 0
Национален архив на САД: Трамп однел 700 страници доверливи документи на Флорида https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nacionalen-arhiv-na-sad-tramp-odnel-700-stranici-doverlivi-dokumenti-na-florida/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nacionalen-arhiv-na-sad-tramp-odnel-700-stranici-doverlivi-dokumenti-na-florida/#respond Wed, 24 Aug 2022 05:53:55 +0000 https://kurir.mk/?p=722976

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп го напушти Вашингтон со повеќе од 700 страници доверливи документи, вклучително и некои кои содржат врвни тајни на владата, кога неговото претседателствување заврши минатата година, објави американскиот Национален архив. Тоа се дозна од писмо од 10 мај од вршителот на должноста архиварка на САД, Дебра Штајдел Вол, до еден од адвокатите на Трамп, Еван Коркоран, во кое таа ги отфрла тврдењата на претставниците на Трамп дека на поранешниот претседател треба да му се дозволи да задржи некои од документите повикувајќи се извршна привилегија од неговото време во Белата куќа, јави Гласот на Америка. Вол ја опиша растечката вознемиреност во Одделот за национална безбедност на Министерството за правда поради „потенцијалната штета што произлегува од очигледниот начин на складирање и транспортирање на овие материјали“ до имотот на Трамп во Мар-а-Лаго, наместо да бидат предадени во Националната архива откако заврши неговото претседателствување, како што налага американскиот закон. Во нејзиното писмо се наведува дека има „над 100 документи со ознаки за класификација“ во 15 кутии со материјали што владата ги одзеде од Мар-а-Лаго во јануари, прв од трите пати оваа година кога ФБИ и американските архивари собраа кутии со доверливи материјали. од зимската резиденција на Трамп и приватниот клуб на брегот на Атлантикот. Трамп и неговите помошници предале повеќе документи во јуни, а потоа агентите на ФБИ, постапувајќи по судски налог за претрес, извлекле уште дваесетина кутии, вклучително и 11 кутии со доверливи досиеја на 8 август, додека ја претресувале неговата канцеларија, складиште во подрумот. површина и други простории на имотот. Некои од извадените документи се класифицирани како „TS/SCI“, што значи „Топ тајни/чувствителни информации“ или означени како „Специјални програми за пристап“, кои содржат некои од најстрого чуваните тајни на владата и треба да се гледаат само во безбедни владини објекти, а не во резиденција како Мар-а-Лаго. Покрај тоа што е дом на Трамп неколку месеци во годината, тоа е и клуб за вечера и хотел со висока класа за лицата кои плаќаат членарина. Трамп тврди дека ги декласифицирал материјалите пред да му заврши мандатот на 20 јануари 2021 година и пред Џо Бајден да стане претседател на САД, но ниту Трамп ниту неговите помошници не приложиле документирани докази за таква декласификација. Џон Соломон, еден од сојузниците на Трамп во медиумите и еден од соработниците на поранешниот претседател со архивите, прв го откри писмото од Вол во понеделникот навечер, по што го објави и Националниот архив. Новото обелоденување дојде откако адвокатите на Трамп во понеделникот побараа од федералниот суд привремено да го блокира ФБИ да ги прегледа документите добиени од неговиот имот на Флорида додека не биде назначено специјално лице кое ќе ги одвои сите материјали опфатени со извршната привилегија и ќе му ги врати. Федералните истражители истражуваат дали Трамп незаконски ги чувал записите во Мар-а-Лаго, тврдејќи дека во налогот за претрес што го користел за претресот на 8 август, дека тој можеби прекршил три американски закони, вклучувајќи го и Законот за шпионажа на САД. „Њујорк тајмс“ во понеделникот објави дека севкупно, владата открила повеќе од 300 доверливи документи од имотот на Трамп, вклучувајќи ги материјали на ЦИА, Националната агенција за безбедност и ФБИ, иако содржината на материјалот не е откриена.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nacionalen-arhiv-na-sad-tramp-odnel-700-stranici-doverlivi-dokumenti-na-florida/feed/ 0
Њујорк тајмс: Повеќе од 300 доверливи документи пронајдени во домот на Трамп во Флорида https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/njujork-tajms-povekje-od-300-doverlivi-dokumenti-pronajdeni-vo-domot-na-tramp-vo-florida/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/njujork-tajms-povekje-od-300-doverlivi-dokumenti-pronajdeni-vo-domot-na-tramp-vo-florida/#respond Tue, 23 Aug 2022 06:56:49 +0000 https://kurir.mk/?p=722430

Американската влада пронашла повеќе од 300 доверливи документи на имотот на поранешниот претседател Доналд Трамп на Флорида, вклучително и материјали од ЦИА, Агенцијата за национална безбедност и ФБИ, објави Њујорк Тајмс, цитирајќи повеќе луѓе запознаени со тоа прашање. Првичната серија од повеќе од 150 доверливи документи беше пронајдена од Националниот архив на САД во јануари, објави весникот. Соработниците на Трамп му дадоа втор сет на американското Министерство за правда во јуни, додека третиот сет беше запленет во рација на ФБИ претходно овој месец, се вели во соопштението. Министерството за правда се уште не одговорило на барањето за коментар, ниту пак претставници на поранешниот претседател. Претресот е дел од федералната истрага за тоа дали Трамп незаконски отстранил документи кога ја напушти функцијата во јануари 2021 година по поразот на претседателските избори од демократот Џо Бајден. За време на претресот, ФБИ заплени 11 комплети доверливи материјали во Мар-а-Лаго, од кои некои беа означени како „строго доверливо“ – највисоко ниво на тајност резервирано за најстрого чуваните информации за националната безбедност на САД и може да се видат само во посебни државни установи.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/njujork-tajms-povekje-od-300-doverlivi-dokumenti-pronajdeni-vo-domot-na-tramp-vo-florida/feed/ 0
Вашингтон пост: ФБИ кај Трамп барале документи за нуклеарно оружје https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vashington-post-fbi-kaj-tramp-barale-dokumenti-za-nuklearno-oruzje/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vashington-post-fbi-kaj-tramp-barale-dokumenti-za-nuklearno-oruzje/#respond Fri, 12 Aug 2022 05:44:31 +0000 https://kurir.mk/?p=717299

Агенти на ФБИ барале документи поврзани со темата – нуклеарно оружје, за време на претресот на домот на поранешниот американски претседател Доналд Трамп на Флорида, објави Вашингтон пост. Не е познато дали такви документи се пронајдени во Палм Бич, каде се наоѓа куќата на Доналд Трамп, пишува Вашингтон пост. Министерството за правда побара од истражниот судија да издаде налог со кој се овластува претрес во викендицата на Трамп, за јавноста да дознае повеќе за тоа што точно бараат истражителите при досега невидениот претрес на домот на поранешниот претседател. Трамп ги нарече настаните во Флорида оваа недела политичка одмазда. Пристигнувањето на истражителите на Флорида е дел од истрагата што се обидува да утврди дали Трамп незаконски отстранил документи од Белата куќа кога ја напуштил функцијата во јануари 2021 година. Државниот обвинител Мерик Гарланд рече дека тој лично ја одобрил одлуката да се нареди претрес. „Министерството не носи лесно такви одлуки. Секогаш кога е можно, практиката е да се користат помалку наметливи средства за истрага и да се стесни нејзиниот опсег“, рече Гарланд. Неговата потврда е невообичаена, имајќи предвид дека американското Министерство за правда вообичаено не разговара за тековните истраги. Но, во овој случај, Трамп во понеделникот вечерта објави дека се претресува неговиот дом. Гарланд рече дека Министерството за правда побарало од судот да го објави запечатениот налог за претрес, што би можело да ја расветли природата на истрагата. Извор запознат со истрагата рече дека агентите на ФБИ одзеле десет кутии од домот на Трамп за време на претресот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vashington-post-fbi-kaj-tramp-barale-dokumenti-za-nuklearno-oruzje/feed/ 0
МНР негира дека се подготвуваат нови обврски со Бугарија, опозицијата бара појаснување за содржината на бугарските документи https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mnr-negira-deka-se-podgotvuvaat-novi-obvrski-so-bugarija-opozicijata-bara-pojasnuvanje-za-sodrzinata-na-bugarskite-dokumenti/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mnr-negira-deka-se-podgotvuvaat-novi-obvrski-so-bugarija-opozicijata-bara-pojasnuvanje-za-sodrzinata-na-bugarskite-dokumenti/#respond Wed, 10 Aug 2022 05:40:31 +0000 https://kurir.mk/?p=716291

Министерството за надворешни работи вчера ги отфрли сите наводи дека се подготвуваат нови обврски со Бугарија, надвор од потпишаниот Протокол меѓу двете држави, откако во понеделникот бугарскиот министер за надворешни работи Николај Милков рече дека непосредна задача на бугарското МНР во однос на билатералниот дијалог со Северна Македонија ќе биде усвојување писмен документ, што ќе ги дефинира задачите на институциите во Бугарија со конкретно утврдени обврски. – МНР, во врска со појавени шпекулации во јавноста за нови взаемни документи меѓу Северна Македонија и Бугарија, информира дека со внимание го следи процесот на формирање на бугарска Службена влада и развојот на внатрешните и надворешните политики, при што, наведува, дека охрабрува значајниот фокус што се придава на нашите билатерални односи како важен елемент и на новата Влада, наведе Министерството. Оттаму додадоа дека сите појавени информации за внатрешната поставеност, за начинот на организација, акциските планови и приоритетите на новата Влада се внатрешна работа на Бугарија, и тие не претставуваат резултат од меѓусебните разговори. – Оттука сакаме да ги отфрлиме сите наводи дека се подготвуваат нови обврски за двете држави надвор од договорените принципи во меѓусебниот Протокол кои значат: прво реципроцитет во рамките на преземените обврски; како и автономија на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања, стои во соопштението на МНР. На изјавата на Милков реагираше опозициската ВМРО-ДПМНЕ и ја повика Владата да одговори што содржат новите документи од Бугарија. – Ковачевски, Османи и Маричиќ треба веднаш да одговорат што содржат овие нови документи, кои се новите барања и услови? Додека се обидуваа да ја убедат македонската јавност дека со Протоколот се затвораат сите услови и барање од страна на Бугарија, за нецел месец, повторно добиваме нови услови и нови барања за исполнување, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ. Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Миле Лефков рече дека „откако Заев потпиша штетен договор со Бугарија во 2017 година, откако Ковачевски потпиша понижувачки Протокол во 2022 година, сега од Бугарија доаѓаат најави за нов пишан документ кој се подготвува на сметка на Македонија“. – Имено, министерот за надворешни работи во службената влада на Бугарија, Николај Милков најави дека ќе има нов писмен документ кој ќе ги дефинира задачите на различните институции во односите со Македонија. Ова значи дека написмено ќе се уредат сите тие како што ќе кажат „обврски“ за Македонија и тие обврски ќе се однесуваат за македонските институции, оцени тој. Според него, ова е погазување на „суверенитетот на Македонија и оти „немањето стратегија на владата на СДСМ и Ковачевски остава простор Бугарија да диктира како што ќе кажат „систематски пристап“ со „јасно запишани задачи и одговорности, за да може да се очекуваат и резултати“. Владејачката СДСМ, пак, реагираше дека „ВМРО-ДПМНЕ шири невистини и лаги за некакви нови договори, за некакви нови услови со кои се обидува да ја вознемирува јавноста“. – За само пет години СДСМ успеа да ги реализира двете најголеми стратешки цели на државата. По 17 години кандидатски статус конечно и сосема заслужено, ги започнавме преговорите за членство во Европската унија. Сето ова го постигнавме со зачуван македонски јазик со чиста формулација, со заштитен македонски идентитет признат од целиот свет. Во ЕУ влегуваме како Македонци кои зборуваат македонски јазик и тоа веќе се гледа и преку првата меѓувладина конференција и преку процесот на скриниг, рече пратеникот од СДСМ Дарко Каевски. Тој рече дека јасно се гледа дека пропаднале сите лаги на ВМРО-ДПМНЕ за наводно загрозување на македонскиот јазик и идентитет и оти нема никаква асимилација и бугаризација, со кои, како што посочи, ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски ја плашеа јавноста. Според него, не е првпат ВМРО-ДПМНЕ да лаже кога станува збор за државните и националните интереси. Бугарскиот министер Милков во понеделникот рече дека задача на бугарското МНР во однос на билатералниот дијалог со Северна Македонија ќе биде усвојување писмен документ, што ќе ги дефинира задачите на институциите во Бугарија со конкретно утврдени обврски. Како што јави дописникот на МИА од Софија, Милков нагласи дека неговата заменичка Велислава Петрова, која беше заменик и на неговата претходничка Теодора Генчовска, ќе продолжи да биде одговорна за билатералниот дијалог меѓу Бугарија и Северна Македонија, истакнувајќи дека таа направила многу за односите на Софија со Скопје. – Треба да можеме да го консолидираме напредокот што беше постигнат во билатералните односи со Република Северна Македонија. Претстои многу конкретна работа, изјави Милков. Протоколот меѓу Северна Македонија и Бугарија беше потпишан во Софија на 17 јули, а два дена подоцна се одржа првата меѓувладина конференција со ЕУ, со што е означен почеток на скрининг процесот. За одржување на втората меѓувладина конференција и отворањето на поглавјата се неопходни уставни измени. Билатералниот скрининг за усогласување на нашето законодавство со европското официјално ќе почне во септември и според вицепремиерот Бојан Маричиќ ќе трае 16 месеци, односно до ноември 2023 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mnr-negira-deka-se-podgotvuvaat-novi-obvrski-so-bugarija-opozicijata-bara-pojasnuvanje-za-sodrzinata-na-bugarskite-dokumenti/feed/ 0
Актерката шокирана: Оливија Вајлд доби документи за старателство на децата додека била на бината (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/akterkata-shokirana-olivija-vajld-dobi-dokumenti-za-staratelstvo-na-decata-dodeka-bila-na-binata-foto/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/akterkata-shokirana-olivija-vajld-dobi-dokumenti-za-staratelstvo-na-decata-dodeka-bila-na-binata-foto/#respond Fri, 29 Apr 2022 09:46:09 +0000 https://kurir.mk/?p=669625

Актерката Оливија Вајлд имала необична ситуација откако и биле врачени правни документи во врска со старателство над нејзините деца со Дејсон Судеикис, и тоа додека говорела на бина на СинемаКон. Лице, кое е запознато со ситуацијата, но не е овластено јавно да говори вели дека документите биле во врска со воспоставување надлежност над децата. Изворот додава дека Џејсон не знаел каде и кога документите ќе бидат доставени и дека никогаш не одобрил да ги прими на таков начин. Во вторникот, додека била на бината и имала излагање, од публиката и пришол човек кој и го врачил писмото означено како „лично и доверливо“. -Ова е за мене? Дали е ова сценарио? Во ред, разбирам. Благодарам, рекла актерката. Судеикис и Вајлд беа верени седум години пред раскинувањето во ноември 2020 година. Тие се родители на синот Отис (8) и ќерката Дејзи (5).]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/akterkata-shokirana-olivija-vajld-dobi-dokumenti-za-staratelstvo-na-decata-dodeka-bila-na-binata-foto/feed/ 0
КСОМ и Синдикатот на управата за Матични книги најавуваат штрајк, можно е граѓаните да не можат да обноват документи https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ksom-i-sindikatot-na-upravata-za-matichni-knigi-najavuvaat-shtrajk-mozno-e-gragjanite-da-ne-mozat-da-obnovat-dokumenti/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ksom-i-sindikatot-na-upravata-za-matichni-knigi-najavuvaat-shtrajk-mozno-e-gragjanite-da-ne-mozat-da-obnovat-dokumenti/#respond Tue, 26 Apr 2022 06:20:56 +0000 https://kurir.mk/?p=667822

Конфедерацијата на синдикални организации со Независниот синдикат на управата за Матични книги најавува дека од утре ќе започне штрајк. Деталите за штрајкот и последиците, од КСОМ ќе ги соопштат денеска напладне. -Јавноста мора да знае дека учениците кои наназад 2 недели не посетуваа настава заради штрајк на просветните работници сега со штрајкот на Независниот синдикат на управата за Матични книги родителите нема ни да можат да ги запишат нивните деца за наредната година поради неработењето на матичните канцеларии, велат од КСОМ. Посочуваат дека во случај на подолго времетраење на штрајкот огромниот број на граѓани на државата од дијаспората кои вообичаено доаѓаат преку летните одмори за да ги обноват своите лични документи, а задолжително претходно од управата за матични книги вадеа бројни документи , оваа година е можно да не можат да ги обноват поради најавениот штрајк.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ksom-i-sindikatot-na-upravata-za-matichni-knigi-najavuvaat-shtrajk-mozno-e-gragjanite-da-ne-mozat-da-obnovat-dokumenti/feed/ 0