долговечност – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 11 Apr 2023 14:46:34 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png долговечност – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Бугарите и Македонците имаат најкус животен век во регионот, најдолговечни Грците https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bugarite-i-makedontsite-imaat-najkus-zhivoten-vek-vo-regionot-najdolgovechni-grtsite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bugarite-i-makedontsite-imaat-najkus-zhivoten-vek-vo-regionot-najdolgovechni-grtsite/#respond Tue, 11 Apr 2023 14:46:34 +0000 https://kurir.mk/?p=822921

Граѓаните на Македонците и на Бугарија имаат најкус очекуван животен век во регионот, а се ниско позиционирани и на европската листа, покажува анализата што ја објави веб-страницата „Landgeist“ базирана на податоци на Програмата за развој на ОН (УНДП). Очекуваниот животен век на Бугарите е 74,9 години, а на Македонците 75,7. Следуваат Србите и Албанците со 75,8 години, Црногорците со 76,8, жителите на Босна и Херцеговина со 77,3 и Хрватите со 78,3 години. Најдлоговечни во регионот се Грците чиј очекуван животен век е 82,1 година. Во Европа најкус животен век имаат Украинците 72 и Русите 72,4 години. Најдолго, пак, живеат Италијанците 83,6, Шпанците и Швајцарците 83,4 години. „Landgeist“ забележува дека има прилично голема разлика во очекуваниот животен век на луѓето во Западна и во Источна Европа. Посочува и дека гледано по региони најкратко живее населението во северозападна Бугарија 69,7 години и во јужна и источна Србија 71,9 години. Најдолг животен век имаат луѓето во италијанскиот регион Тичино 85,7 и во шпанскиот Мадрид 85,4 години.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bugarite-i-makedontsite-imaat-najkus-zhivoten-vek-vo-regionot-najdolgovechni-grtsite/feed/ 0
За долговечен и здрав живот потребни ви се овие 10 намирници https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/za-dolgovechen-i-zdrav-zivot-potrebni-vi-se-ovie-10-namirnici/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/za-dolgovechen-i-zdrav-zivot-potrebni-vi-se-ovie-10-namirnici/#respond Fri, 03 Jun 2022 09:04:53 +0000 https://kurir.mk/?p=686042

Пет подрачја во светот ја имаат најголемата концентрација на стогодишници. Се работи за така наречени „сини области“ – Сардинија кај Италија, Окинава (Јапонија), Икарија (Грција), Никоја (Костарика) и Лома Линда во Калифорнија (САД). Во секоја област се консумира различна храна уникатна за луѓето таму, но сепак, може многу да се научи од нивниот начин на живот и секојдневната исхрана, за да се види што сѐ ги прави поздрави. Авокадото, кое има долг список здравствени придобивки, е особено популарно во градот Лома Линда. Според статија на „Нејшнал џиографик“, авокадото помага во намалување на холестеролот и содржи 30 отсто повеќе калиум од бананите. Утврдено е и дека авокадото помага во контрола на тежината и ја намалува опасноста од дијабетес тип 2. Гравот е основна храна во повеќето „сини области“ оти обезбедува корисни количини влакна и други хранливи материи кои помагаат во борбата против повеќе болести. На пример на островот Икарија, познато е дека гравот има антиканцерогени и антидијабетични својства, а здрав е и за срцето. Во заедницата Никоја секојдневно се јаде и црн грав, често со тортиљи од ориз и пченка. Црниот грав содржи големи количини влакна и антиоксиданси. На јапонскиот остров Окинава, луѓето редовно јадат лук. Според науката пак, лукот е еден од „најмоќните лекови на природата“ и се поврзува со помала опасност од болестите на староста. Поточно, според напис на „Антиоксиданс“ овој зеленчук има антиоксидантни и антиинфламаторни својства и е познато дека помага во спречување одредени видови рак, дијабетес и кардиоваскуларни болести. Белиот компир е основна храна за луѓето на Икарија, а виолетови компири редовно се консумираат на Окинава. Виолетовите слатки компири содржат фитохемикалии наречени антоцијани, за коишто е познато дека помагаат во спречувањето болести. Слаткиот компир е богат и со витамини А, Б-6, Ц, калиум и растителни влакна. Сѐ тоа помага во одржуувањето низок крвен притисок. Икарјаните користат и маслиново масло, секојдневно. Списанието „Нутриентс“ објавува дека екстрадевственото маслиново масло има долг список докажани здравствени придобивки, што ги прави многу луѓе во Средоземјето – најздравите луѓе во светот. Лососот и другите масни риби обично ги јадат адвентистите во Лома Линда. Овој вид храна содржи високо ниво на омега-3 масни киселини, за кои се знае дека помагаат за здравјето на срцето и ја намалуваат опасноста од срцеви болести, како и воспаленија. На Сардинија, луѓето јадат и пијат производи од козјо млеко, леблебии, сомун, како и т.н. леб од кисело тесто. Овој леб се прави од цело зрно пченица и живи лактобакцили. Според „Нејшнал џиографик“, печењето кисело тесто потоа помага во претворањето на шеќерот во млечна киселина. Таа пак, го намалува гликемискиот индекс, што значи ситост подолго време и стабилно ниво на шеќер во крвта. Доматот содржи ликопен, антиоксиданс познат по своите антиинфламаторни својства, како делотворно средство против крвниот притисок, метаболичкиот синдром и мозочен удар. Тука е и антиканцерогениот бета-каротен.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/za-dolgovechen-i-zdrav-zivot-potrebni-vi-se-ovie-10-namirnici/feed/ 0
Со што да се храниме за подолго да живееме? https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/so-shto-da-se-hranime-za-podolgo-da-ziveeme/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/so-shto-da-se-hranime-za-podolgo-da-ziveeme/#respond Wed, 04 May 2022 20:03:03 +0000 https://kurir.mk/?p=671876

Која храна е најкорисна за здравјето, обезбедува долговечност и добра самодоверба? Речиси 20 години, истражувачите од Националниот институт за рак во САД спроведувале истражувања за да одговорат на ова прашање. Истражувањето опфатило 400.000 луѓе. Секој ден го опишувале она што го јаделе, а медицинските лица го следеле нивното здравје. На крајот, заклучиле кои прехранбени производи добија највисоки оценки. Резултатот покажал дека се работи зрнеста храна. Оние учесници кои редовно консумирале ваква исхрана имаат добро здравје и силен имунитет. Меѓу најкорисните, научниците ги идентификуваа кафеавиот ориз, леќата и овесната каша.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/so-shto-da-se-hranime-za-podolgo-da-ziveeme/feed/ 0
Шест тајни за долговечност на Јапонците https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/shest-tajni-za-dolgovechnost-na-japoncite/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/shest-tajni-za-dolgovechnost-na-japoncite/#respond Mon, 17 Jan 2022 08:25:32 +0000 https://kurir.mk/?p=620150

Во Јапонија неодамна беше спроведено истражување со цел да се утврдат причините за долговечноста кај најстарите Јапонци. Беа идентификувани шест причини. Областа Окинава се нарекува „сина зона“ – онаму каде што луѓето живеат долго. Животот до 100 години на овој остров е двојно почест отколку на другото копно на Јапонија. Првата тајна за тоа е очекувана – здравата исхрана. Д-р Бредли Вилкокс, дел од тимот истражувачи, истакнува дека основата на нивната исхрана е растителното потекло. Како што рече тој, тие јадат и до килограм зеленчук, овошје и мешунки дневно. Освен тоа, жителите на Окинава го практикуваат она што се нарекува „хара хачи бу“ – јадење додека не се задоволат 80 отсто од гладта. Според д-р Вилкокс, речиси сите имаат позитивен став кон животот и она што тие го нарекуваат „икигаи“ – јапонски поим за чувство за цел. Тоа значи дека еден 102-годишник, на пример, си ја наоѓа целта во грижата за своите бикови. Некои наоѓаат цел во семејството, или пак, религијата. Останувањето ментално активни е третата причина за долг живот на Јапонците. Во нивниот речник нема збор за „пензија“, нагласува д-р Вилкокс, потсетувајќи дека тоа позитивно влијае на нивното целокупно здравје. Дружењето е четвртата причина. Граѓаните од овој дел на Јапонија имаат многудетни семејства и одржуваат силни социјални врски. Дружењето е често, особено со чај. Честото размислување за воспоставените односи со луѓето е петтата причина, додека шестата е изразената духовност. Духовноста се пренесува низ генерации меѓу жителите на Окинава. Други таканаречени „сини зони“ во светот се градот Нуоро на Сардинија (Италија), грчка Икарија, костарикански Никојај и Лома Линда, Калифорнија, САД. Во сите овие делови на светот, жителите имаат силни семејни врски, исхрана заснована на зеленчук и овошје и здрав и активен живот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/shest-tajni-za-dolgovechnost-na-japoncite/feed/ 0
Оваа баба има 102 години: Нејзината тајна за долговечноста мора сите да ја применуваме https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/ovaa-baba-ima-102-godini-nejzinata-tajna-za-dolgovechnosta-mora-site-da-ja-primenuvame/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/ovaa-baba-ima-102-godini-nejzinata-tajna-za-dolgovechnosta-mora-site-da-ja-primenuvame/#respond Fri, 02 Jul 2021 18:01:01 +0000 https://kurir.mk/?p=531164

Сите ние често ја кажуваме нејзината мантра, но ретко ја применуваме. Ени Меј Белин има полни 102 години и станала вистинска sвезда на Интернет благодарение на објаснувањето за тајната на долгиот живот и здравјето. „Си ја гледам мојата работа“, рекла Ени и нејзиното животно мото станало вирално преку ноќ. “Им дозволив на другите да водат сметка за нивната работа. Тоа не значи дека не сакам луѓе и не разговарам со нив и не се дружам со нив”, објаснила таа. Сите велат дека генетиката и исхраната играат улога во нејзината долговечност, но сепак филозофијата на животот не престанува да ги интригира луѓето. „Мајка ми секогаш ме учеше да не озборувам. Таа велеше – потребни се шест месеци за еден човек да си го согледа своите работи, а треба уште шест да ги оставиш другите да се грижат за нивната работа. И, додека се свртиш, шест плус шест месеци, годината поминала“, вели Ени. Верата, Бог и 10-те Божји заповеди играат голема улога во нејзиниот живот, па затоа таа редовно оди во црква и се дружи со другите членови.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/ovaa-baba-ima-102-godini-nejzinata-tajna-za-dolgovechnosta-mora-site-da-ja-primenuvame/feed/ 0
Јапонците разработуваат теорија за долговечноста https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/japoncite-razrabotuvaat-teorija-za-dolgovechnosta/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/japoncite-razrabotuvaat-teorija-za-dolgovechnosta/#respond Fri, 15 Nov 2019 08:07:50 +0000 https://kurir.mk/?p=264361

Научници од институтот Рикен во Toкиo, Јапонија разработуваат теорија околу тоа – зошто луѓето што живеат над 110 години, доживуваат толку длабока старост, пренесува „Мирор”. – Ако ја откриеме врската меѓу имуниот систем, стареењето и долговечноста, тоа може да придонесе за развој на терапии за продолжување на животот, изјави раководителот на истражувањето, Косуке Хашимото. Со стареењето, ризикот од рак и други опаки болести се зголемува како резултат на намалувањето на имуните Т-клетки. Тие имаат својство да уништуваат бактерии и вируси, а кај стогодишниците ги има во изобилие. Во рамки на овој труд, Хашимото и колегите негови испитуваат илјадници имуни клетки земени од крвта на седуммина стогодишници. Тие биле споредени со други, земени од петмина случајно одбрани доброволци на 50, до 80-годишна возраст. – Добиените резултати наведуваат на претпоставката дека имуниот систем на столетниците може да биде клучна заштита од вирусни инфекции и развој на тумори, осигурувајќи една прекрасна долговечност. Тоа појаснува и зошто во повеќето случаи стогодишниците во голем дел од својот живот „пукаат од здравје, објаснува Хашимото. Резултатите говорат оти еден посебен вид Т-клетки, наречени ЦД4 плус, се 4-5 пати повеќе присутни кај оние над сто години, отколку кај некои од помладите испитаници. Не се знае, сепак, зошто и како тоа точно го продолжува животот. – Откритието може да доведе и до апче – еликсир на младоста, додава јапонскиот професор. Канадски научници пак, анализирајќи случаи во САД, Велика Британија, Франција и Јапонија од 1968 година до денес, сметаат дека во иднина бројот на столетниците ќе се зголемува.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/japoncite-razrabotuvaat-teorija-za-dolgovechnosta/feed/ 0
Совет од 100 годишна старица: Ова е тајната за долговечноста https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/sovet-od-100-godishna-starica-ova-e-tajnata-za-dolgovechnosta/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/sovet-od-100-godishna-starica-ova-e-tajnata-za-dolgovechnosta/#respond Tue, 31 Jul 2018 19:32:49 +0000 https://kurir.mk/?p=80781

Заборавете на здрава храна и вежбање. Тајната за долг живот е многу поинаква. Таа се крие во еден пијалок. Барем така верува Мабел Џексон, 100 годишна старица која живее во Суфолк, Англија. На прашањето која е нејзината тајна за долговоченост, таа вели дека тоа е џин тоникот. Џексон истакнала дека почнала редовно да го пие овој пијалок на возраст од 18 години. Според нејзините зборовим до денес, таа испила 4264 шишиња од овој пијалок. Џексон вели дека таа пие 5 пијачки во текот на денот, две кога другите пијат чај и три во текот на вечерта, кога плете и се одмара. Секако, не постои медицински податок кој би ги поддржал со факти зборовите на оваа старица, која според многу дефиниции би се сметала за „тежок пијач“. Сепак, во тоа верува и нејзината ќерка Мери Вајтсајд која вели дека токму овој коктел ја одржал во живот нејзината мајка. Џексон не е единствената која би рекла дека алкохолот ја одржува во живот. Минатата година, Грејс Џонс , 110 годишна старица од Ворчестер – Англија истакна дека тајната на нејзината долговечност се крие во вискито. Во нејзиното интервју за еден од локалните весници, Џонс посочи дека една чаша виски навечер пред спиење е она што и помага да остане жива и здрава. Не велиме дека тајната на животот и долговечноста лежи во пиењето, но дискутабилно е дали овие две старици се во право.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/sovet-od-100-godishna-starica-ova-e-tajnata-za-dolgovechnosta/feed/ 0