долгови – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 18 Oct 2023 06:23:51 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png долгови – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Бисао остана без струја поради долгови https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bisao-ostana-bez-struja-poradi-dolgovi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bisao-ostana-bez-struja-poradi-dolgovi/#respond Wed, 18 Oct 2023 06:23:51 +0000 https://kurir.mk/?p=890098

Бисао, главниот град на африканската држава Гвинеја-Бисао е во мрак откако турската компанија Карпауершип го прекина снабдувањето со електрична енергија поради неплатен долг од 17 милиони долари. Министерот за економија Сулејмане Сеиди рече дека проблемот ќе се реши во рок од 15 дена. Карпауершип, еден од најголемите светски оператори на пловечки електрани и дел од Групацијата Карадениз енерџи, обезбедува 100 проценти од потребите за електрична енергија на Гвинеја-Бисао од потпишувањето на договорот во 2019 година. Карпауершип во септември го прекина снабдувањето со електрична енергија во главниот град на Сиера Леоне, Фритаун, поради неплатен долг од околу 40 милиони долари. „Карпауершип“ располага со осум бродови што можат да произведат до два гигавати електрична енергија и со тоа да снабдуваат околу пет милиони домаќинства. Најголемиот брод има капацитет од 500 мегавати. Компанијата снабдува со електрична енергија околу 30 милиони жители во осум африкански земји.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bisao-ostana-bez-struja-poradi-dolgovi/feed/ 0
ЈП “Комунален сервис“ – Валандово тоне во долгови https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/jp-komunalen-servis-valandovo-tone-vo-dolgovi/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/jp-komunalen-servis-valandovo-tone-vo-dolgovi/#respond Tue, 22 Aug 2023 14:06:14 +0000 https://kurir.mk/?p=869644

Срамно, жално и неодговорно... Многу епитети можат да се кажат за работењето на ЈП „Комунален сервис“ - Валандово од доаѓањето на “живот“ во  Валандово.  На денешната седница на Совет, на јавното претпријатие му беа доделени два милиони денари за да се плати струјата која ЕВН сака да ја исклучи, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ Валандово. Струјата на ова претпријатие веќе два пати досега била исклучувана.  ЈП „Комунален сервис“ тоне во долгови од 2018-та година. Во продолжение слушнете ги деталите од прес-конференцијата: ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/jp-komunalen-servis-valandovo-tone-vo-dolgovi/feed/ 0
ВТА во големи долгови, организацијата бара инвеститори https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/vta-vo-golemi-dolgovi-organizacijata-bara-investitori/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/vta-vo-golemi-dolgovi-organizacijata-bara-investitori/#respond Tue, 13 Sep 2022 07:31:00 +0000 https://kurir.mk/?p=731998

Здружението на женски професионални тенисерки (ВТА) има осумцифрени долгови, пишува „Телеграф“. Една од причините за лошата финансиска состојба е што во последните сезони, ВТА мораше да ја надополни разликата во паричната награда со АТП (здружението на тенисерите) на четири задолжителни турнири од серијата Мастерс 1000 (Индијан Велс, Мајами, Мадрид, Пекинг). Поради ваквата ситуација, ВТА бара инвеститори и е подготвена да продаде 20 % од акциите на „CVC Capital Partners“, компанија со приватен капитал. Станува збор за 150 милиони инвестиции. Се верува дека договорот е поддржан од извршниот директор на ВТА, Стив Сајмон, како и од трите претставници на играчи во Бордот на директори. Телеграф пишува дека еден од условите на инвеститорот е изедначување на паричната награда со АТП на повеќе турнири. Гласањето за договорот со „CVC“ требаше да се одржи на првиот ден од УС Опен, но резултатите не беа официјално пријавени. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/vta-vo-golemi-dolgovi-organizacijata-bara-investitori/feed/ 0
Арсовска: Директорите наследија презадолжени јавни претпријатија – се трошело како да ќе нема утре https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/arsovska-direktorite-nasledija-prezadolzeni-javni-pretprijatija-se-troshelo-kako-da-kje-nema-utre/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/arsovska-direktorite-nasledija-prezadolzeni-javni-pretprijatija-se-troshelo-kako-da-kje-nema-utre/#respond Thu, 10 Mar 2022 19:25:15 +0000 https://kurir.mk/?p=645103

Јавните претпријатија се презадолжени. На пример ЈСП е во загуба од три милиони евра. Сега треба да се консолидира. Се трошело безумно, се трошело како да ќе нема утре, изјави градоначалничката на Скопје Данела Арсовска на емисијата Вин Вин на ТВ Телма. Според неа директорите на јавните претпријатија се кус временски период за да може да се даде конкретен резултат, но нема да има непродуктивни трошоци. - Луѓето мора да бидат свесни дека некој овие претпријатија ги донел до раб на пропаст. Граѓаните мора да имаат добри услуги, најдобри. И тоа ќе го добијат, додаде Арсовска. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/arsovska-direktorite-nasledija-prezadolzeni-javni-pretprijatija-se-troshelo-kako-da-kje-nema-utre/feed/ 0
ЈП Лајка заглавена до долгови – на кого се се исплаќале хонорари и по кој основ прашува Антикорупциска комисија https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/jp-lajka-zaglavena-do-dolgovi-na-kogo-se-se-isplakjale-honorari-i-po-koj-osnov-prashuva-antikorupciska-komisija/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/jp-lajka-zaglavena-do-dolgovi-na-kogo-se-se-isplakjale-honorari-i-po-koj-osnov-prashuva-antikorupciska-komisija/#respond Mon, 06 Dec 2021 10:35:18 +0000 https://kurir.mk/?p=604693

Државната комисија за спречување корупција се сомнева во работењето на ЈП Лајка и исплатите кон надворешни лица. Затоа, ќе се испитува работата на Лајка и исплатите што довело до зголемување на долговите во ова јавно претпријатие. Државната комисија за спречување корупција, побара од Град Скопје да изврши внатрешна ревизија на ЈП Лајка со посебен акцент на ангажирање надворешни соработници и исплати на две лица, стои во барањето испратено од ДКСК до Град Скопје, а кое пристигна и во нашата редакција. Барањето за ревизија, коешто е според член 76 од Законот за спречување корупција и судир на интереси, ги издвојува исплатите за надворешните лица, од кои едната е преку Ветеринарен факултет, а другата исплата преку Агенција за храна и ветеринарство. Побаравме став од град Скопје, од каде не информираа дека ќе одговорат на барањето на ДКСК во законскиот рок и дека од утре започнува вонредна ревизија во ЈП Лајка за да може да се одговори на рокот побаран за Државната комисија за спречување корупција. Од наши извори дознаваме и дека во ЈП Лајка од самото основање воопшто не е направена ни една ревизија. Ова јавно претпријатие речиси четири години работи без никој да има увид во неговата работа. Пред неколку дена на предлог на здруженијата за заштита на животните за в.д. директор на ЈП Лајка беше поставен Војислав Димитровски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/jp-lajka-zaglavena-do-dolgovi-na-kogo-se-se-isplakjale-honorari-i-po-koj-osnov-prashuva-antikorupciska-komisija/feed/ 0
Барселона се дави во долгови, клубот е пред банкрот! https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/barselona-se-davi-vo-dolgovi-klubot-e-pred-bankrot/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/barselona-se-davi-vo-dolgovi-klubot-e-pred-bankrot/#respond Tue, 10 Nov 2020 17:35:49 +0000 https://kurir.mk/?p=427553

Каталонскиот гигант Барселона се наоѓа во сериозни финансиски проблеми, а тоа го покажуваат и најновите извештаи според кои тимот должи неверојатни 820 милиони евра. Шпанските медиуми објавија дека на Каталонците им се заканува банкрот ако не преземат нешто наскоро. Барселона остана без приходи поради пандемијата на ковид-19, а притоа немаат ни други туристи кои го посетуваат „Камп Ноу“.  Исто така, екипата рано испадна од Лигата на шампиони минатата сезона и не заработи доволно пари. Дополнителен проблем за Барселона е тоа што поранешниот претседател Жозеп Марија Бартомеу договорил со една американска компанија уште 800 милиони евра за раконструкција на стадионот. Доколку се додаде и таа сума на сегашниот долг, тогаш вкупниот долг на Барселона ќе порасне на 1,6 милијарди евра. Извор: Спорт 1]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/barselona-se-davi-vo-dolgovi-klubot-e-pred-bankrot/feed/ 0
Аца Лукас заради долгови однесен во болница – eве ги деталитe (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/aca-lukas-zaradi-dolgovi-odnesen-vo-bolnica-eve-gi-detalite-video/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/aca-lukas-zaradi-dolgovi-odnesen-vo-bolnica-eve-gi-detalite-video/#respond Tue, 10 Nov 2020 08:32:52 +0000 https://kurir.mk/?p=427201

Фолк пејачот Аца Лукас не ги крие во јавноста своите пороци за кои веќе е познато во јавноста. Но во последното издание на емисијата „Хит Твит“ на телевизија Пинк, пејачот на прашање на водителката решил да одговори на дел од дилемите и дискусиите кои за него се водат на Твитер. Тој призна дека имал проблеми со лихварот Дејан Поповиќ – Тигар од кого земал 40 000 евра а потпишал на нотар дека треба да му врати 80 000 евра, но иако ги вратил во договореното време сепак извршители му дошле дома. Заради оваа ситуација од преголема нервоза Лукас имал зголемен притисок и веднаш пренесен во болница. Во продолжение видеото од емисиајта каде пејачот зборува на оваа тема. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/aca-lukas-zaradi-dolgovi-odnesen-vo-bolnica-eve-gi-detalite-video/feed/ 0
Заев најави ново задолжување за покривање на долговите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/zaev-najavi-novo-zadolzuvanje-za-pokrivanje-na-dolgovite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/zaev-najavi-novo-zadolzuvanje-za-pokrivanje-na-dolgovite/#respond Thu, 10 Sep 2020 19:37:22 +0000 https://kurir.mk/?p=401781

Премиерот на владата Зоран Заев во вечерашното гостување на македонската телевизија со уредниците на националните телевизии призна дека владата планира ново задолжување на државата за покривање на долговите. Не планираме за четвртиот пакет мерки да се задолжуваме, но не велиме дека нема да се задолжуваме, дел од обврзницата оди за враќање на кредити, вели Заев. За потсетување, владата пред само три месеци ја издаде седмата еврообврзница во износ од 700 милиони евра. Рочноста на еврообврзницата е шест години, додека каматната стапка по која е издадена изнесува 3,675 проценти или според експертите за разлика од земјите од регионот каматата за евробрзницата на Македонија е највисока.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/zaev-najavi-novo-zadolzuvanje-za-pokrivanje-na-dolgovite/feed/ 0
Извршителите од денеска продолжуваат со извршување на наплата на долговите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/izvrshitelite-od-deneska-prodolzuvaat-so-izvrshuvanje-na-naplata-na-dolgovite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/izvrshitelite-od-deneska-prodolzuvaat-so-izvrshuvanje-na-naplata-na-dolgovite/#respond Fri, 24 Jul 2020 08:52:00 +0000 https://kurir.mk/?p=380711

Од денеска извршителите продолжуваат со редовните активности откако истече важноста на Уредбата, со која беше предвидено 30 дена по престанувањето на вонредната состојба да продолжи целосната примена на Законот за извршување. -Согласно Уредба со законска сила за примена на Законот за извршување за време на вонредна состојба ( Службен весник бр. 86 од 01.04.2020 година) е предвидено дека Законот за извршување (Службен весник бр. 72/16,142/16,233/18 и 14/20) нема да се применува од денот на влегување во сила на уредбата со законска сила до 30 јуни 2020 година, a согласно Уредба со законска сила за изменување и дополнување на Уредбата со законска сила за примена на Законот за извршување за време на вонредна состојба (Службен весник бр. 156 од 12.06.2020 година) се менуваат зборовите од првата Уредба ,, до 30 јуни” со зборовите, заклучно со истекот на 30 дена по престанувањето на вонредната состојба, се наведува во соопштението од Комората на извршители на РСМ. Согласно последната Уредба со законска сила за измена и дополнување на Уредбата со законска сила за примена на Законот за извршување, важењето на Уредбата, како што велат од Комората, е уште 30 дена по престанувањето на вонредната состојба а која заврши на 23.06.2020 година, што значи дека од денеска продолжува целосната примена на Законот за извршување. До март годинава, како што информираат од Народна банка на РСМ биле блокирани 229.314 трансакциски сметки, од кои 190.183 се на физички лица, а 39.131 се на фирми. Вкупниот број блокирани депоненти според објавените податоци е 106.723, од кои 26.000 се компании, а околу 80.000 се физички лица.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/izvrshitelite-od-deneska-prodolzuvaat-so-izvrshuvanje-na-naplata-na-dolgovite/feed/ 0
Светска банка бара од Г-20 да ги намали долговите на најсиромашните земји https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/svetska-banka-bara-od-g-20-da-gi-namali-dolgovite-na-najsiromashnite-zemji/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/svetska-banka-bara-od-g-20-da-gi-namali-dolgovite-na-najsiromashnite-zemji/#respond Sun, 19 Jul 2020 11:20:38 +0000 https://kurir.mk/?p=378345

Претседателот на Светската банка, Дејвид Малпас ги повика земјите од Г-20 да разговараат за намалување на долговите на најсиромашните земји со цел да се минимизираат економските влијанија на пандемијата на коронавирус. Тој ја предложи таа иницијатива за време на видео-конференција со министрите за финансии и гувернерите на централните банки. Според Малпас, пандемијата довела до „најголема глобална рецесија во последните децении“, влијаејќи особено на новите економии. – Ги повикувам Г-20 да го отворат патот за консултации, како и за ефективни начини за намалување на нето сегашната вредност и на официјалниот билатерален и на трговскиот долг за најсиромашните земји, рече Малпас. Покрај тоа, шефот на Светската банка ја објави потребата од продолжување на мораториумот за исплати на долгови од најсиромашните земји. – Ве повикувам да ја продолжите иницијативата за прекин на исплатата на долговите до крајот на 2021 година, рече тој, истакнувајќи дека е потребна транспарентност на сите билатерални кредитори, вклучително и националните банки. Според него, ситуацијата во земјите во развој се влошува. – Времето истекува. Треба да преземеме итни мерки за прекин на исплатата на долговите, да ги намалиме долговите, да најдеме механизми за нивно подмирување и да бидеме транспарентни, истакна Малпас. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/svetska-banka-bara-od-g-20-da-gi-namali-dolgovite-na-najsiromashnite-zemji/feed/ 0