дом на арм – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 25 Oct 2022 18:01:08 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png дом на арм – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Арамии го ограбиле Домот на АРМ, однеле телевизор и кафемат https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/aramii-go-ograbile-domot-na-arm-odnele-televizor-i-kafemat/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/aramii-go-ograbile-domot-na-arm-odnele-televizor-i-kafemat/#respond Tue, 25 Oct 2022 17:40:54 +0000 https://kurir.mk/?p=750358

Домот на АРМ во Скопје пред неколку дена бил ограбен, иако се наоѓа во строгиот центар на градот, под обезбедување на чуварска служба составена од војници, објави „Телма“, наведувајќи дека крадците влегле преку терасата на објектот. Според информациите на телевизијата, биле украдени повеќе работи од ресторанот кој се наоѓа на вториот кат. Однесен бил телевизорот од салата, вредниот професионален кафемат, но и други работи. Од МВР ја потврдиле кражбата и велат дека сѐ уште водат истрага. -На 16.10.2022 во 01.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.“Македонија“ во Дом на АРМ од страна на непознати сторители насилно била отворена вратата од терасата, било влезено внатре и извршено било претурање во просторија во ресторанот. Се работи на расчистување на случајот, одговорија од МВР. Од Министерството за одбрана пак ни одговорија дека е проценета материјалната штета од кражбата, со тврдење дека чуварската служба спречила поголем грабеж. -На 16.10.2022 во 01.00 часот во Домот на Армијата, непознати сторители насилно влегле преку тераса на објектот во просториите на ресторанот на Домот на Армијата, при што е извршена кражба на предмети во вредност од околу 1.000 евра. Благодарение на брзата реакција на чуварската служба во Домот на Армијата, не е направена поголема штета. Полицијата го расчистува случајот, одговорија од Министерството за одбрана.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/aramii-go-ograbile-domot-na-arm-odnele-televizor-i-kafemat/feed/ 0
Предновогодишен концерт на три воени оркестри https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prednovogodishen-koncert-na-tri-voeni-orkestri/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prednovogodishen-koncert-na-tri-voeni-orkestri/#respond Thu, 12 Dec 2019 09:28:07 +0000 https://kurir.mk/?p=276472

Во Домот на Армијата во Скопје вечер ќе се одржи трилатерален предновогодишен концерт, на кој како заеднички оркестар ќе настапат припадници од воените оркестри од армиите на Македонија, Албанија и Хрватска. На концертот, кој оваа година се одржува под мотото „Звукот на соработката, звукот на Алијансата“, како што информираат од Генералштабот на Армијата, ќе бидат изведени нумери од познати светски автори, меѓу кои и Мередит Вилсон, Дјук Елингтон, Наохиро Иваи и Дмитри Шостакович. Концертот ќе биде директно пренесуван на првиот програмски сервис на македонската национална телевизија МТВ 1 со почеток во 20:00 часот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prednovogodishen-koncert-na-tri-voeni-orkestri/feed/ 0
АРМ ги поканува граѓаните утре на изложба на борбени средства и опрема, ќе може да се дегустира и војничко гравче https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/arm-gi-pokanuva-gragjanite-utre-na-izlozba-na-borbeni-sredstva-i-oprema-kje-moze-da-se-degustira-i-vojnichko-gravche/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/arm-gi-pokanuva-gragjanite-utre-na-izlozba-na-borbeni-sredstva-i-oprema-kje-moze-da-se-degustira-i-vojnichko-gravche/#respond Fri, 17 Aug 2018 12:42:37 +0000 https://kurir.mk/?p=88967

По повод одбележувањето на Денот на АРМ, утре 18-ти август 2018 година (сабота), на воениот стадион во Градскиот парк во Скопје, од 10.00 до 14.00 часот, ќе биде поставена изложба на борбени средства, техника и опрема на АРМ, збогатена со голем број на активности на припадниците на АРМ. -Армијата на Република Македонија ги поканува граѓаните на Скопје и Република Македонија да го посетат тактичко-техничкиот збор каде ќе имаат можност покрај материјално-техничките средства, борбените возила и вооружувањето на АРМ, да се запознаат и со армискиот хеликоптер Ми-8/18, се вели во соопштението од ГШ на АРМ. Како дел од програмата ќе бидат прикажани и борбените вештини на припадниците од баталјонот за специјални намени „Волци“, точката „Егзирцир“ на баталјонот за почести, прелет на хеликоптер Ми-8/18, приказ на обученост на службените кучиња на АРМ и изведби од воениот оркестар. За време на активноста посетителите ќе имаат можност да дегустираат војнички приготвен грав од припадниците на логистичката бригада или да проверат крвен притисок од страна на припадници на воено медицинскиот центар. Изложбата во 11.00 часот на воениот стадион ќе ја посетат министерката за одбрана Радмила Шекеринска и началникот на ГШ на АРМ генерал мајор Васко Ѓурчиновски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/arm-gi-pokanuva-gragjanite-utre-na-izlozba-na-borbeni-sredstva-i-oprema-kje-moze-da-se-degustira-i-vojnichko-gravche/feed/ 0
Голема крводарителска акција во чест на Тоше Проески https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/golema-krvodaritelska-akcija-vo-chest-na-toshe-proeski/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/golema-krvodaritelska-akcija-vo-chest-na-toshe-proeski/#respond Thu, 25 Jan 2018 08:24:02 +0000 http://kurir.mk/?p=14809

Голема крводарителска акција посветена на Тоше Проески во знак на одбележување на неговиот роденден ќе биде организирана денеска во холот на Дом на АРМ во Скопје во периодот од 09:00-17:00 часот. - Ликот и хуманото дело на Тоше Проески се позитивен пример и поттик за многу млади личности кои токму на овој датум даруваа крв, но и мотивација за повеќекратните дарители да продолжат со хуманиот чин. Традицијата за одржување на крводарителски акции во спомен на Тоше Проески започна во 2010 година и од тогаш, традиционално, тие се реализираат во негова чест. До сега, на овие 14 акции, својата хуманост преку чинот на дарување крв ја покажале околу 4.000 крводарители, соопштија организаторите. Акцијата ја организираат Црвениот крст на град Скопје, Општинска организација на Црвен крст Гази Баба, Институтот за Трансфузиона медицина, Тоше фанови РМ и Фондација Тоше Проески. Поддршка на акцијата ќе дадат членовите на Клуб 25-клуб на млади крводарители и мотиватори.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/golema-krvodaritelska-akcija-vo-chest-na-toshe-proeski/feed/ 0