дом за деца – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 26 Oct 2022 13:32:16 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png дом за деца – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ХОРОР ВО КАВАДАРЦИ: 61 годишен маж силувал девојче од дом за деца https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/horor-vo-kavadarci-61-godishen-maz-siluval-devojche-od-dom-za-deca/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/horor-vo-kavadarci-61-godishen-maz-siluval-devojche-od-dom-za-deca/#respond Wed, 26 Oct 2022 13:32:16 +0000 https://kurir.mk/?p=750692

Вистински хорор се случил на 23-ти месецов во Кавадарци. Од СВР Велес за Прес24 информираат дека во текот на вчерашниот ден било пријавено дека маж на 61 година, од кавадаречко село силувал девојче во Мал групен дом за деца во социјален ризик во Кавадарци. Овој настан го пријавила вработена во домот. „На 25.10.2022 во ОВР Кавадарци, вработена во Мал групен дом за деца во социјален ризик во Кавадарци пријавила дека на 23.10.2022, 61-годишен маж од кавадаречко село извршил обљуба врз малолетна штитеничка на домот“, изјавија од СВР Велес за нашиот медиум. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, додаваат оттаму.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/horor-vo-kavadarci-61-godishen-maz-siluval-devojche-od-dom-za-deca/feed/ 0
Тинејџер избегал од домот за згрижување на деца во Визбегово https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/tinejdzer-izbegal-od-domot-za-zgrizuvanje-na-deca-vo-vizbegovo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/tinejdzer-izbegal-od-domot-za-zgrizuvanje-na-deca-vo-vizbegovo/#respond Wed, 01 Dec 2021 15:15:52 +0000 https://kurir.mk/?p=602606

На 30.11.2021 во 15.00 часот во Полициската станица Чаир од Јавна установа за згрижување на деца било пријавено дека Б.П.(15) самоволно се оддалечил од домот во Визбегово. Тој и претходно во повеќе наврати се оддалечувал и бил враќан назад. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/tinejdzer-izbegal-od-domot-za-zgrizuvanje-na-deca-vo-vizbegovo/feed/ 0
Седумгодишно дете се оддалечило од Домот за деца во Кавадарци https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/sedumgodishno-dete-se-oddalechilo-od-domot-za-deca-vo-kavadarci/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/sedumgodishno-dete-se-oddalechilo-od-domot-za-deca-vo-kavadarci/#respond Mon, 11 May 2020 09:43:03 +0000 https://kurir.mk/?p=344496

Седумгодишно дете се оддалечило од Домот за деца во Кавадарци, информира Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес. За ова синоќа во 22.00 часот, во ОВР Кавадарци пријавила вработена во Центарот за социјални работи Кавадарци. Се работи на пронаоѓање на детето. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/sedumgodishno-dete-se-oddalechilo-od-domot-za-deca-vo-kavadarci/feed/ 0
Повеќе нема деца во Домот за деца без родители „11 Октомври“ во Скопје https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/povekje-nema-deca-vo-domot-za-deca-bez-roditeli-11-oktomvri-vo-skopje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/povekje-nema-deca-vo-domot-za-deca-bez-roditeli-11-oktomvri-vo-skopje/#respond Mon, 21 Jan 2019 14:20:53 +0000 https://kurir.mk/?p=154846

Повеќе нема деца во Домот за деца без родители „11 Октомври“ во Скопје. Од пред неколку дена тие се сместени во 4 мали групни домови и згрижувачки семејства. Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска и претставникот на УНИЦЕФ во Македонија Бенџамин Перкс денеска ги посетија децата коишто од неодамна се сместени во една од куќите во Скопје. „Како што ветивме, до почетокот на второто училишно полугодие го трансформиравме и домот „11 Октомври“. При тоа водевме сметка децата да останат во близина на училиштето коешто го посетуваат и да не ги разделуваме децата коишто се братчиња и сестрички. Процесот на деинституционализација тече подобро од очекуваното, досега бројот на деца сместени во институции се намали за 60%. Нашите заложби како Влада се до 2020 година да нема повеќе деца под 18 години во големите институции. Секое дете заслужува да расте со семејство, да чуствува вистинска грижа и топлина. Продолжуваме да работиме на отворање на мали групни домови, каде децата имаат услови за живот како во вистински семеен дом. Ги охрабрувам и сите оние кои се заинтересирани да станат згрижувачи да го направат овој чекор и да го отворат својот дом и срце за нов член на семејството“, изјави Царовска. Процесот на деинституционализација МТСП го спроведува во партнерство со УНИЦЕФ, УНДП и Делегацијата на ЕУ во Македонија. „Многу земји од ЕУ, преку систематски реформи и кампањи за промена на ставовите, прераснаа во места каде што сместувањето на деца во институции веќе не се прифаќа. Со затворањето на претпоследната институција за деца во земјата се доближуваме до остварување на таа иста цел“, рече Бенџамин Перкс, претставник на УНИЦЕФ. “За жал секогаш ќе постојат деца без родителска грижа. За да им се обезбеди на тие деца поддршка во семејно опкружување ни требаат мали групни домови, како овој, и голема мрежа згрижувачки семејства кои се подготвени да ги отворат своите срца и домови за децата кои може да имаат потреба од грижа во иднина“, рече Перкс. Пред околу четири месеци целосно беше трансформиран и домот „25 Мај“ и сите 25 деца сега живеат во 5 мали групни домови во Скопје и се вклучени во редовниот образовен процес. Исто така, до крајот на минатата година од Специјалниот завод „Демир Капија“ беа извадени сите деца до 18 години и сместени во мали групни домови каде што добија 24 часовен надзор, и индивидуализирани програми и дефектолошки третмани.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/povekje-nema-deca-vo-domot-za-deca-bez-roditeli-11-oktomvri-vo-skopje/feed/ 0
ХОРОРОТ ПРОДОЛЖУВА: Повторно исчезната штитеничка од домот „Ранка Милановиќ“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/hororot-prodolzuva-povtorno-ischeznata-shtitenichka-od-domot-ranka-milanovikj/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/hororot-prodolzuva-povtorno-ischeznata-shtitenichka-od-domot-ranka-milanovikj/#respond Wed, 21 Mar 2018 14:47:20 +0000 http://kurir.mk/?p=31880

Скандалите околу поправните домови и домовите за деца без родители не стивнуваат, надлежните молчат, а за наредниот период не се предвидени никакви системски решенија за оваа ранлива категорија на лица. Ниту директорите на Домовите, ниту пак министерката за труд и социјална политика Мила Царовска не превземаат одговорност за катастрофалната состојба во домовите. Во  текот на вчерашниот ден штитеничка од Домот „Ранка Милановиќ“ е пријавена за исчезната. Според официјални извори од МВР, во полициската станица Гази Баба, вчера во 11 часот раководителката на Домот пријавила дека на 8-ми март штитеничката на Домот со иницијали С.Р. се оддалечила во непознат правец. Исчезнувањето на штитеничката се случило на 8-ми март, а на раководителката и биле потребни неверојатни 12 дена за да го пријави случајот кај надлежните иако според Законот за исчезнато лице се смета лице кое не се појавило повеќе од 24 часа. Претходниот ваков случај е уште повеќе загрижувачки бидејќи во конкретниот случај биле потребни речиси три месеци за случајот да биде пријавен во полиција. Се работи за случајот за исчезната малолетна штитеничка на Детскиот Дом „11 Октомври“. Таа се упатила во непознат правец на 21.12.2017 година, а за исчезната била пријавена на 09.03.2018 година од страна на вработен во Јавната установа Центар за социјална работа. За жал, речиси три месеци ниту еден вработен во Домот не успеал да го пријави нејзиното исчезнување. Сепак иако ваквата неажурност на институциите во случајот со исчезнатите штитеници, оние за кои според Закон се одговорни да се грижат досега ниеден ваков настан не може да се спореди со хоророт кој се случи во Домот „25 Maj“. Имено се започна со сексуално злооставувано 13 годишно девојче кое остана бремено, а подоцна и абортираше. Според истрагата, штитеничката во декември лани и јануари годинава била принудувана да дава сексуални услуги на поголем број лица. Покрај сексуалната експлоатација таа била принудена да питачи. И во овој случај како и кај другите на надлежните вклучувајќи ја и полицијата, обвинителството како и ресорното министерство за труд и социјална политика им требало неколку месеци да реагираа иако малолетната жртва била најдена полугола и боса во бесознание на улица во Велес. Девојчето повеќе пати на вработените во домот им раскажувало за хоророт кој го преживува, а надлежните во конкретниот случај реагира само откако се испостави дека штитеничката е бремена и за случајот почна да се говори во јавноста. Хоророт не заврши тука и подоцна се констатираше бременост уште кај две малолетни штитенички на домот, една на возраст од 17 години и друга на возраст од 15 години. Приказната за Домот „25 Мај“ продолжува, на 7 март годинава пак беше пронајдено 12 годишно дете штитеник на Домот, во 1 часот по полноќ на улица во Чаир. Малолетното дете било исчезнато неверојатни 6 месеци, а според информациите побегнало поради катастрофалните услови. Ниту раководителите на домовите, ниту Царовска нема одговор за што се случува во овие установи кои наместо да ги згрижат децата ги оставаат на милост и немилост на улица. Додека првата работа која ја стори Царовска беше донесување на нацрт Стратегија за интеграција на бегалци и странци во Македонија, сеуште не постои никаква стратегија за подобрување на состојбата во домовите и заштитата на оние на кои им е нај потребна.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/hororot-prodolzuva-povtorno-ischeznata-shtitenichka-od-domot-ranka-milanovikj/feed/ 0