дома – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 12 May 2023 18:18:44 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png дома – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Последниот ранет во вооружениот напад кај Младеновац ќе биде пуштен од болница https://arhiva.kurir.mk/svet/region/posledniot-ranet-vo-vooruzheniot-napad-kaj-mladenovats-ke-bide-pushten-od-bolnitsa/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/posledniot-ranet-vo-vooruzheniot-napad-kaj-mladenovats-ke-bide-pushten-od-bolnitsa/#respond Fri, 12 May 2023 18:18:44 +0000 https://kurir.mk/?p=833620

И последниот ранет во вооружениот напад во околината на Смедерево и Младеновац во текот на денот ќе биде пуштен од смедеревската општа болница, потврдија за Радио-телевизија на Србија (РТС). Ноќта на пукањето бил примен со прострелна рана во потколеницата по што му била извршена операција и бил сместен на одделението за ортопедија. Осомничениот за убиството на осум лица во околината на Младеновац и ранувањето на уште 14, У. Б. (21), беше сослушан во Вишото јавно обвинителство во Смедерево и одредена му е мерка притвор до 30 дена. Ден претходно, на 3 мај, во ОУ „Владислав Рибникар“ тринаесетгодишен ученик уби осум врсници и училиштен чувар и рани уште седум лица.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/posledniot-ranet-vo-vooruzheniot-napad-kaj-mladenovats-ke-bide-pushten-od-bolnitsa/feed/ 0
Може ли вежбањето дома без опрема да даде добри резултати? https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/mozhe-li-vezhbaneto-doma-bez-oprema-da-dade-dobri-rezultati/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/mozhe-li-vezhbaneto-doma-bez-oprema-da-dade-dobri-rezultati/#respond Tue, 04 Apr 2023 12:28:48 +0000 https://kurir.mk/?p=820066

Доколку немате голем буџет или едноставно немате време да одите во теретана, можете квалитетно да вежбате дома без дополнителна скапа опрема. Луѓето често мислат дека тренирањето дома не е квалитетно, но докторот Чарли Сетлцер, кој воедно е и експерт за слабеење, вели дека е можно да се ослабне вежбајќи дома без дополнителна опрема, но дека во секој случај треба да обрнете внимание на исхраната. Покрај тоа, тој изјави дека тренингот за сила е суштински ако сакате да изгубите тежина, што секако вклучува вежби со сопствената телесна тежина без опрема. „Колку повеќе мускули имате, толку е поголема стапката на метаболизам во мирување, што би значело дека побрзо согорувате калории“, рече д-р Сетлцер. Препорачува да правите вежби како стомачни, пленк и чучњеви, бидејќи тие се многу ефикасни. Исто така истакнува дека е неопходно да се прават паузи помеѓу вежбите за да се одмори телото. Други од вежбите за снага на телесната тежина што дава најдобри резултати се склековите. Просечниот човек треба да прави околу 20 склекови, но ако претходно не вежбал сила, треба да започне постепено.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/mozhe-li-vezhbaneto-doma-bez-oprema-da-dade-dobri-rezultati/feed/ 0
Рама: В понеделник без возила за заштеда на гориво, разгледуваме опција работа од дома https://arhiva.kurir.mk/svet/region/rama-v-ponedelnik-bez-vozila-za-zashteda-na-gorivo-razgleduvame-opcija-rabota-od-doma/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/rama-v-ponedelnik-bez-vozila-za-zashteda-na-gorivo-razgleduvame-opcija-rabota-od-doma/#respond Sat, 19 Mar 2022 12:19:13 +0000 https://kurir.mk/?p=649946

Албанскиот премиер Еди Рама објави дека в понеделник ќе биде „ден без возила заради заштеда на гориво, а не од еколошки аспект“. Тој ја најави и опцијата работа од дома, како во времето на карантинот поради пандемијата на Ковид-19, што „е добра можност за штедење на нафта“. – Агенцијата за енергетика го потврди она што го кажувавме, а тоа е дека проблемот во оваа ситуација не е колку очигледен. Додека разговараме за цените, ризикот е недостигот. Да не ги прифаќаш фактите и да зборуваш како да си во нормална реалност е многу голем проблем, истакна Рама, индирекно обраќајќи и се на опозицијата и организаторите на протестите што ги одржуваат поради поскапувањата. Тој додаде дека Владата ќе заседава и ќе донесе одлука околу опцијата за работа од дома и оти засега за неработен го прогласила понеделник (21 март) што значи се спојува со вторник кога Бекташите го одбележуваат Султан Неврус, а во Албанија е неработен ден. Рама препорача и утрешниот ден да биде без автомобили, а зошто не и вторник, „што значи три дена без автомобили и заштеда на гориво“. – Тоа е реалната состојба. Растот на цената е неминовен, како и во другите земји, додаде албанскиот премиер. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/rama-v-ponedelnik-bez-vozila-za-zashteda-na-gorivo-razgleduvame-opcija-rabota-od-doma/feed/ 0
Станал од кревет, паднал и се повредил: Судот одлучил во негова корист за повреда на работа од дома https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/stanal-od-krevet-padnal-i-se-povredil-sudot-odluchil-vo-negova-korist-za-povreda-na-rabota-od-doma/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/stanal-od-krevet-padnal-i-se-povredil-sudot-odluchil-vo-negova-korist-za-povreda-na-rabota-od-doma/#respond Sat, 11 Dec 2021 13:39:31 +0000 https://kurir.mk/?p=607052

Германскиот суд пресуди дека човек кој работи од дома и се лизга на пат кон своето биро на неколку метри од креветот, може да бара осигурување од повреда на работа. Човек кој работел од дома во Германија се лизнал по скалите за да стигне до својата работна површина. Човекот со скршена половина се пријавил до судот, велејќи дека имал работна несреќа. Судот пресуди дека во оваа несреќа, која технички се случила додека „патувал на работа“, вработениот може да бара осигурување од незгода при работа. Осигурувањето на работодавачот одби да го покрие побарувањето. Додека двата пониски судови не се согласија дека несреќата се случила на патот до работното место, врховниот федерален социјален суд рече дека утврдил дека „првото патување од кревет до домашна канцеларија било осигурена работна рута“. Судот пресуди дека тужителот доживеал работна незгода кога утрото паднал на пат кон својот работен простор дома. Германскиот федерален изјави дека несреќата на осигурениот вработен додека работи дома или на друго место обезбедува исто ниво на осигурување како тој/таа да ја доживеал во просториите на компанијата. Не е јасно дали мажот работел од дома поради епидемијата или од порано. Сепак, судот констатирал дека одлуката е полноважна во услови на работа од дома во компјутерска работна средина воспоставена од работодавачот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/stanal-od-krevet-padnal-i-se-povredil-sudot-odluchil-vo-negova-korist-za-povreda-na-rabota-od-doma/feed/ 0
Ова се најдобрите градови за работа од дома за 2021 година https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/ova-se-najdobrite-gradovi-za-rabota-od-doma-za-2021-godina/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/ova-se-najdobrite-gradovi-za-rabota-od-doma-za-2021-godina/#respond Fri, 08 Jan 2021 11:32:37 +0000 https://kurir.mk/?p=452827

Сѐ повеќе луѓе кои работат од дома поради пандемијата со Ковид-19, естонската престолнина Талин е најдобриот град во светот за работа од дома, според рангирањето на „Биг 7 травел“ (Big 7 Travel). Рангирањето на „Биг 7 травел“ е според различни фактори – прифатливи трошоци за живот, брзт Ви-Фи и удобни паркови и ресторани. Естонија изминативе години дозволи работа од дома во земјата и до една година. А, што е уште поважно, дигиталната економија таму е во пораст. Всушност, 99 отсто од јавните услуги се 24/7 достапни на интернет, а трошоците за живот се релативно ниски. На пример стан под наем во центарот на главниот град чини околу 500 американски долари. Тбилиси, главниот град на Грузија, е на второто место. Во жариштето на пандемијата, земјата дозволи работа од дома за да се овозможи непречена и непрекината работа. Третото место му припаѓа на Белград, Србија, поради многуте кафеани, галерии, продавници и непрекинатиот интернет од 24 мегабајти во секунда. Следуваат Бали (Индонезија), Чијанг Маи (Тајланд), Берлин (Германија), Сингапур, Буенос Аирес (Аргентина), Ханој (Виетнам) и Љубљана (Словенија). На 13-то место е турскиот град Истанбул, еден од културно најбогатите градови во Европа, со вековна историја и со, според многумина со најдобра храна на континентот. Вториот по големина град во Грција, Солун е рангиран на 16-то место на списоков. Тој е опишан како древен, живописен град во срцето на Средоземјето… Добра храна, љубезни околни жители и прекрасна природна околина. Има и сигурна интернет-брзина од 15 мегабајти во секунда, високо ниво на безбедност и ниски трошоци за живот. Натаму, Солун има и „огромен број шармантни кафулиња, совршени за попладневна работа“, се наведува во описот. Други европски градови сместени во Топ 50 листата се Порто во Португалија – на 31. место, Мадрид, Шпанија – 32-ри, Будимпешта, Унгарија – 38-ма, Цирих, Швајцарија – 44-ти, повторно Португалија, со Лисабон – 46-ти, Прага, Чешка – 47-та и Лас Палмас, на Канарските острови, Шпанија – 48-ми на листата. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/ova-se-najdobrite-gradovi-za-rabota-od-doma-za-2021-godina/feed/ 0
Шампионот МЗТ Скопје поразен дома од Еуро Никел https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/shampionot-mzt-skopje-porazen-doma-od-euro-nikel/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/shampionot-mzt-skopje-porazen-doma-od-euro-nikel/#respond Wed, 16 Dec 2020 20:25:34 +0000 https://kurir.mk/?p=444307

Кошаркарите на Еуро Никел приредија изненадување совладувајќи го на гостински терен актуелниот првак МЗТ Скопје Аеродром со 87:75, во еден од трите натпревари одиграни вечерва во рамки на осмото коло во Првата македонската кошаркарска лига. Најзаслужен за триумфот на кавадаречкиот прволигаш беше поранешниот македонски репрезентативец Дарко Соколов, кој мечот во салата „Јане Сандански“ го заврши со 30 поени, додавајќи шест скокови и две асистенции. Гостинска победа славеше и екипата на Академија ФМП над скопски Вардар со 82:79, додека Пелистер не дозволи изненадување во Битола и триумфираше убедливо со 113: 75 над Куманово. Натпреварите од осмото коло меѓу Работнички – Црн Дрим, ТФТ – МЗТ Скопје Уни банка и Кожув – Гостивар се одложени. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/shampionot-mzt-skopje-porazen-doma-od-euro-nikel/feed/ 0
Во Гугл вработените ќе може да работат од дома до септември 2021 година https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-gugl-vrabotenite-kje-moze-da-rabotat-od-doma-do-septemvri-2021-godina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-gugl-vrabotenite-kje-moze-da-rabotat-od-doma-do-septemvri-2021-godina/#respond Mon, 14 Dec 2020 08:48:11 +0000 https://kurir.mk/?p=442923

Американската компанија Гугл соопшти дека нејзините вработени ќе можат да работат од дома до септември 2021 година, објави Њујорк Тајмс. Компанијата исто така најави дека ќе ја тестира идејата за „флексибилна работна недела“ веднаш штом работниот процес се нормализира, изјави извршниот директор на компанијата Сундар Пицај. Според таа идеја, кога епидемиолошката состојба ќе се смири и процесот на работа повторно ќе се нормализира, вработените ќе можат да работат во канцеларија три дена, а два од дома.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-gugl-vrabotenite-kje-moze-da-rabotat-od-doma-do-septemvri-2021-godina/feed/ 0
СЗО препорачува: Маски да се носат и по дома https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-preporachuva-maski-da-se-nosat-i-po-doma/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-preporachuva-maski-da-se-nosat-i-po-doma/#respond Wed, 02 Dec 2020 20:04:17 +0000 https://kurir.mk/?p=437820

Светската здравствена организација (СЗО) излезе со нова препорака, а со која се бара луѓето и по дома да носат маски кога ќе им доаѓаат гости, со цел спречување на ширењето на корона вирусот. Од СЗО велат дека луѓето треба да носат маски и дома за да ја спречат заразата со коронавирус кога доаѓаат кај нив гости однадвор, а не можат да одржуваат социјална дистанца. Маските треба да се носат дома за време на посетата, ако не е јасно дали просторијата е добро проветрена, според новите упатства објавени денеска во Женева. СЗО претходно бараше носење маски во преполни јавни простори. Здравствената организација на ООН сега препорачува поширока употреба на маски во здравствените установи. Персоналот и другите работници кои не се вклучени во болничката нега се ставени на списокот на луѓе кои треба постојано да ги покриваат носот и устата. Пациентите треба да носат маски во ситуации кога ќе дојдат во близок контакт со други луѓе. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-preporachuva-maski-da-se-nosat-i-po-doma/feed/ 0
Дојче банк предлага да се воведе нов данок за работа од дома https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dojche-bank-predlaga-da-se-vovede-nov-danok-za-rabota-od-doma/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dojche-bank-predlaga-da-se-vovede-nov-danok-za-rabota-od-doma/#respond Thu, 12 Nov 2020 08:32:00 +0000 https://kurir.mk/?p=428307

Дојче банк предлага да се воведе нов данок од пет проценти на платите на работниците кои ќе изберат да работат од дома. Според предлогот, даноците ќе ги плаќаат работодавачите, а остварениот приход ќе им се исплаќа на луѓето кои не можат да работат од своите домови, јави Би-Би-Си. Како што е наведено, банката ја оправдува оваа мерка со тоа што смета дека тоа е фер, затоа што оние кои работат од дома заштедуваат пари и не плаќаат во системот како оние што го напуштаат домот за да одат на работа. Во Велика Британија, Дојче банк смета дека преку данокот ќе се соберат 6,9 милијарди фунти годишно, што може да исплати грантови од 2.000 фунти годишно на работници со ниски примања и на оние кои се изложени на ризик од технолошки вишок. – Со години ни требаше данок за работа на далечина. Ковид-19 го направи тоа очигледно, рече стратегот на Дојче банк, Лук Темплмен. Од почетокот на пандемијата на коронавирусот, голем број работници се пренасочени да работат од дома.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dojche-bank-predlaga-da-se-vovede-nov-danok-za-rabota-od-doma/feed/ 0
5 добредојдени совети ако сушите облека во домот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/5-dobredojdeni-soveti-ako-sushite-obleka-vo-domot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/5-dobredojdeni-soveti-ako-sushite-obleka-vo-domot/#respond Mon, 19 Oct 2020 13:55:54 +0000 https://kurir.mk/?p=418156

Како што ќе зачестат студените магливи денови, а и загаденоста ќе расте, така сушењето алишта ќе стане проблем за сите оние што немаат машини за сушење. Надвор ќе биде невозможно, а сушењето во внатрешни услови за многумина и не е баш најповолен избор. Се смета дека мокрите алишта ја зголемуваат влагата во животниот простор за 30%. Идеална атмосфера во собата зависи од влажноста и температурата на воздухот. Така, 20 степени и 50% влага се сметаат за идеални. Премногу или премалку влага може да предизвикаат здравствени проблеми. Ако воздухот е сув, може да ве пецкаат очи и кожа, да ви се јават главоболки, ризикот од инфекции е поголем. Од друга страна, големото количество влага може да предизвика појава на габи кои негативно влијаат врз дишните патишта. Сушарите на струја можат да бидат ок решение, кое во странство често го употребуваат. Сепак, ако немате друг избор, туку ќе морате да ги сушите во стан, во продолжение прочитајте неколку добредојдени совети за тоа како да го намалите ризикот од влагата, создавањето габи и влажни ѕидови. -Одберете ја најтоплата просторија, за алиштата да можат што побрзо да се исушат, но тоа да не е спална соба. -Погрижете се да ја проветрувате просторијата што повеќе. Идеално е четири пати дневно, по 10 минути. Ако не сте во можност толку, тогаш минимум два пати. -Најдобро е да се проветруваат повеќе простории истовремено, со ширум отворени прозорци. На тој начин ќе дојде до смена на воздухот во просторијата, ќе се намали влагата и ќе спречи ѕидовите да се изладат. -Кога прозорците се затворени, тогаш затворете ја и вратата од собата. Така ќе спречити влагата да се шири на другите простории. -Меѓутоа, сув и студен ден е дури и подобар за сушење алишта надвор отколку што сте си претпоставувале, така што недвоумете се следниот пат. Извор: Fashionel.mk]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/5-dobredojdeni-soveti-ako-sushite-obleka-vo-domot/feed/ 0