домаќинства – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 28 Feb 2023 07:22:59 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png домаќинства – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Домаќинствата во Европа се мачат да ги платат сметките поради зголемените трошоци за живот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/domakinstvata-vo-evropa-se-machat-da-gi-platat-smetkite-poradi-zgolemenite-troshotsi-za-zhivot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/domakinstvata-vo-evropa-se-machat-da-gi-platat-smetkite-poradi-zgolemenite-troshotsi-za-zhivot/#respond Tue, 28 Feb 2023 07:22:59 +0000 https://kurir.mk/?p=805848

Започна со енергијата, но кризата со зголемените трошоци за живот сега се прошири на сите сектори и ја погодува цела Европа и пошироко. Проблемот има многу компоненти, но онаа што најмногу ги засега политичките лидери и најмногу влијае врз домаќинствата е инфлацијата и растот на цените на храната. Во февруари цените на гасот во Европа паднаа на најниско ниво во последните 18 месеци, но цените на храната го продолжуваат нагорниот тренд. „Кога зборуваме за цените на енергијата наспроти трошоците за храна, постои ефект на „доцнење“ што треба да го земеме предвид“, објаснува Рик Де Оливеира, енергетски аналитичар во ТЕЛФ АГ. „Овие пониски цени на енергијата што ги имаме во моментов треба да се претворат во пониски трошоци за производство на храна за да ја видиме цената (разликата). На пример, цените што ги гледаме денес во супермаркетите - ги одразуваат цените на енергијата пред шест месеци, кога храната е произведена. Така, веруваме дека за околу шест месеци ќе забележиме пад на цените на храната ако се стабилизираат цените на енергијата“. Во јануари цените на храната во Европската унија пораснаа во просек за 18,4 отсто во споредба со претходната година. Унгарија е „шампион“ во поскапувањата на храната (48,2%), следена од Литванија (32%) и Словачка (28,6%). Најмали поскапувања се забележани во Швајцарија (5,8%) и Кипар (10,3%). „Сметаме дека довербата на потрошувачите дефинитивно ќе се подобри кон крајот на 2023 година, но ќе биде потребно многу подолго за да се реши кризата за трошоците на животот“, предвидува Де Оливеира. Влијанието на кризата со трошоците на животот е најсериозната закана за глобалната заедница според Извештајот за ризик од 2023 година на Светскиот економски форум. Цените на храната растат, ја зголемуваат несигурноста и ги зголемуваат социјалните тензии. Тие, исто така, ги оптоваруваат буџетите на владите кои се борат со зголемените сметки за увоз на храна и намалениот капацитет за финансирање дополнителна социјална заштита за најранливите. Се разбира, војната во Украина исто така придонесе за ескалирање на проблемот. Руската инвазија ја зголеми цената на житото и другите основни производи на рекордно ниво. Зголемувањето на каматните стапки го намали притисокот врз цените, но набљудувачите велат дека временските услови, војната и материјалните трошоци би можеле да ги одржуваат цените на храната покачени подолго време. Кризата доведе до улични протести во многу европски земји и штрајкови во други, како што е Велика Британија, каде вработените во јавниот сектор се во расправија со владата за платите и условите за работа.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/domakinstvata-vo-evropa-se-machat-da-gi-platat-smetkite-poradi-zgolemenite-troshotsi-za-zhivot/feed/ 0
Секоја година на Дрисла „гние“ струја за 20.000 домаќинства https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sekoja-godina-na-drisla-gnie-struja-za-20-000-domakjinstva/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sekoja-godina-na-drisla-gnie-struja-za-20-000-domakjinstva/#respond Thu, 05 Jan 2023 12:24:17 +0000 https://kurir.mk/?p=783998

Високите сметки за електрична енергија удираат по македонските фирми. Домашните компании полека ја губат конкурентноста на странските пазари, а се намалува и тука, во Македонија. Ако се сублимира што очекуваат како помош од владата фирмите од прехранбената индустрија, како ,,Витаминка”, од базичната индустрија како цементарница „УСЈЕ“, и од текстилната А.Д. ,,Мода”, тоа е следново:, пишува „Само прашај“ -Субвенционирање на цената на електричната енергија. -Вистинско законско олеснување за брзо поставување на фотоволтаици. -Тарифи за увезените стоки кои се произведени со субвенционирана електрична енергија. -Дозвола за увоз на алтернативно гориво и поттикнување да се изградат постројки за преработка на отпадот во Македонија. Од овие четири мерки, инвестирањето во постројки за преработка на отпад и за добивање на алтернативно гориво, ќе значеше значителна помош во енергетскава криза. Според податоците до кои може да се дојде во Министерството за животна средина и просторно планирање, секоја година на скопската депонија „Дрисла“ гнијат 61 гигават часа (GWh) електрична енергија. Или, електрична енергија која годишно би задоволила потреби на 20.000 домаќинства. „Само прашај“ пишува дека за да биде појасно, во „Дрисла“, која е единствена легална депонија во државава, годишно се фрлаат скоро 180.000 тони отпад. Од него би можело да се искористат околу 66.000 тони, од кои би се добиле 35.000 тони алтернативно гориво. Ако ова гориво се употреби во термоцентрали, како РЕК Битола, би било доволно да се произведат 61 GWh електрична енергија или 3,2% од производството на оваа централа во 2021 година. Целиот текст прочитајте го ТУКА.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sekoja-godina-na-drisla-gnie-struja-za-20-000-domakjinstva/feed/ 0
ДЕТАЛНО: Ова се владините мерки, еве како се препорачува да штедат домаќинствата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/detalno-ova-se-vladinite-merki-eve-kako-se-preporachuva-da-shtedat-domakjinstvata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/detalno-ova-se-vladinite-merki-eve-kako-se-preporachuva-da-shtedat-domakjinstvata/#respond Tue, 16 Aug 2022 12:32:12 +0000 https://kurir.mk/?p=719318

Владата донесе мерки за заштеда на струја до 15 отсто – за домаќинствата и компаниите се предвидени препораки, а за државните институции конкретни задолженија кои мора да се испочитуваат зашто во спротивно ќе следуваат санкции. Мерките се однесуваат на домаќинставата, компаниите и државните институции, а ќе се применуваат од 1 септември 2022 до 31 март 2023 година. МИА ги објавува во целост донесените препораки на Владата за заштеда на електрична енергија до 15 отсто. Препораки за домаќинставата -​Користете го бојлерот за подготовка на топла вода само кога таа ви е потребна и тоа по можност во ниска тарифа на електрична енергија (евтина струја), без притоа да се наруши квалитетот на живеење. Не го поставувајте термостатот на бојлерот за топла вода до максимум. Колку е температурата на водата повисока, толку е и топлинската загуба кон околината повисока. -​Избегнувајте позиционирање (вклучување) на ладилникот на (нај)ниски ​температури. -​Користете ги разумно грејните тела во вашиот дом. -​Во текот на денот користете го што е можно повеќе сонцето за осветлување како и за загревање на просторот во грејната сезона, додека во текот на ноќта во грејна сезона спуштајте ги ролетните и завесите. – Во текот на денот во летна сезона спуштајте ги ролетните и завесите. -​Не ги блокирајте и не ги покривајте грејните тела со мебел или завеси. Ако грејното тело е покриено, тогаш тоа помалку емитира топлина и помалку ја затоплува просторијата. -​Користете ја машината за миење садови секогаш полна на ниска тарифа на електрична енергија. -​Машината за перење алишта користете ја секогаш кога е полна и во време на ниска тарифа на електрична енергија. -​Исклучувајте ги светилките во просториите во период кога подолго време ​не престојувате во нив. -​Исклучувајте го компјутерот по завршувањето на работата со него. -​Исклучувајте ги полначите за батерии од приклучниците (лап-топ, мобилни телефони). -​Гответе во помали садови или во садови соодветни на големината на ринглата – Заменете ги старите сијалици (со вжарено влакно) со компактни флуoресцентни сијалици или други соодветни со ознака за повисока класа на енергетска ефикасност. -​Редовно менувајте ги филтрите на уредите за греење и на клима уредите во вашиот дом. -​Користете енергетски ефикасни (CFL, LED) сијалици. -​Поставете туш со малo протекување на вода во вашите купатила. -​Изолирајте го таванот во вашиот дом и подобрете ја изолацијата на надворешните ѕидови. -​Изолирајте ги добро прозорците и надворешната врата во вашиот дом или заменете ги со нови кои имаат подобри карактеристики во однос на пренос на топлина (низок коефициент на топлопроводливост). -​Намалете го навлегувањето на надворешниот воздух во објектот (процепи, пукнатини итн). -При купувањето на нов производ преферирајте тој да биде со највисока класа на енергетска ефикасност (A+++, A++, А+, А). Уредот со повисока класа на енергетска ефикасност троши многу помалку енергија, а со тоа и пари во однос на уред кој што е означен со пониска класа на енергетска ефикасност. – ​Исклучете го декоративното осветлување на фасадите на приватните објекти. – ​Не користете осветлување на внатрешните простории кога има доволно дневна светлина. -​Во сезона на ладење подесете ја температуратата на климатизерите не пониско од 27 степени, а во сезона на греење не повисоко од 20 степени. – ​Доколку е возможно инсталирајте колекторски системи за загревање на вода. – Користете скали наместо лифт доколку е соодветно за да се намали потрошувачката на енергија, – Користете го клима уредот кога навистина е потребен и температурата прилагодете ја на разумно ниво. – Кратко и интензивно проветрувајте ги просториите -Доколку имате финансиски средства на располагање, подобрете ја енергетската ефикасност преку промена на енергетски ефикасни прозори, подобрување на изолацијата, подобрување на енергетската ефикасност на системите за греење и ладење, инвестирајте во фотоволтаични системи. – Полнење на батериите на електричните тротинети во ниска тарифа на електрична енергија (евтина струја). 2. ​Препораки за бизнис заедницата – Да се исклучи декоративното осветлување на фасадите на сите објекти – ​Да не се користи осветлување во внатрешните простории, халите и канцелариите во објектите во период кога има доволно дневна светлина. – ​Греење и ладење: во пр оизводните објекти, хали и канцеларии во сезона на ладење температурата на климатизерите да се подесува не пониско од 27 степени, а во сезона на греење не повисоко од 20 степени – Да се исклучуваат сите компјутери по завршувањето на работата со него. – Да се заменат старите сијалици со вжарено влакно со компактни флуоресцентни сијалици. – Редовно да се менуваат филтрите на грејните тела, односно клима уредите во работните простории. – При градба на нови градежни објекти или реконструкција на стари да се инсталира топлинска пумпа како високоефикасен систем за греење, ладење па дури и за подготовка на топла вода. -Доколку компанијата има потреба од санитарна топла вода, да се инсталираат сончеви колектори за подготовка на санитарна топла вода. – Да се заменат старите прозорци во работните простории со нови ПВЦ прозорци за да се намали провевот. – Да се инсталираат интелигентни системи за управување во електромоторните погони. – Да се применуваат нови технологии во подобрување на енергетските перформанси на индустриските постројки. – Да се инсталира систем за управување со енергија во деловниот објект, како и во самиот технолошки процес. Задолженија за јавните институции (Министерства, Агенции, органи на државна управа) и државни претпријатија 3.1 Задолженија за раководните лица во јавните институции и државните претпријатија Заради настанатите состојби поврзани со енормниот пораст на цената на електричната енергија на регионалните пазари и недостатокот на сопствено производство на електрична енергија потребно е во периодот од 1 септември 2022 година до 31 март 2023 година, сите раководни лица на јавните институции на централно ниво а превземат соодветни мерки за да се намали потрошувачката на електрична и топлниска енергија за 15% споредено о истиот период од 2021/2022 година. За да може да се спроведе штедењето потребно е сите раководни лица во јавните институции да ги превземат сите неопходни мерки за организирање на процесот на работа во соодветни услови со примена на задолжителните мерки и тоа: – Да се исклучи декоративното осветлување на фасадите на сите јавни објекти и културни споменици – Да не се користи осветлување во внатрешните простории и канцелариите во јавните објекти во период кога има доволно дневна светлина – Во јавните објекти, во сезона на ладење температурата на климатизерите да се местат не пониско од 27 степени, а во сезона на греење не повисоко од 20 степени – Јавните институции, во рамките на буџетите, да инсталираат колекторски системи за загревање на вода, доколку тоа е разумно и исплатливо. – Јавните институции да целосно да го исклучат осветлувањето во излозите во период после работно време. – Да се заменат старите сијалици со вжарено влакно со компактни флуоресцентни сијалици. – Редовно да се менуваат филтрите на грејните тела, односно клима уредите во работните простории. – Да се заменат старите прозорци во работните простории со нови ПВЦ прозорци за да се намали провевот. – Да се инсталираат интелигентни системи за управување со потрошувачката на енерегија. – доколку има финансиски средства на располагање да се размисли да се инвестираат во подобрување на енергетската ефикасност во смисла промена на енергетски ефикасни прозори, подобрување на изолацијата, подобрување на енергетската ефикасност на системите за греење и ладење, инвестирање во фотоволтаични системи. – Се задолжуваат сите институции на централно ниво од редот на своите вработени да опоределат лица кои ќе се грижат за намалување на потрошувачката на енергија, согласно наведените препораки, применувајќи чести контроли во текот на работното време, а особено после завршување на работното време, со цел намалување на потрошувачката за 15 % споредено со истиот месец од минатата година. – Се задолжуваат јавните институции, Министерствата, Агенциите,државните претпријатија и сите други органи на државна управа на централно ниво, кои повеќе од 90 дена се снабдуваат со електрична енергија од снабдувачот со електрична енергија во краен случај, во најкус можен рок да извршат избор на снабдувач со електрична енергија на отворениот пазар. 3.2 Однесување на вработените во јавните институции и државните претпријатија – Користење на скали наместо лифт, доколку е соодветно, за да се намали потрошувачката на енергија, – Кратко и интензивно проветрување на просториите – во зима проветрување пред да се напушти канцеларијата, а во лето рано наутро кога воздухот надвор е свеж. – Исклучување на светилките кога се напушта просторијата или може да се користи дневна светлина. – Печатење само на оние документи кои се потребни и онолку копии колку што е неопходно. – Да се исклучуваат сите компјутери по завршувањето на работата. 4. Препораки за општините и градот Скопје 4.1 Препораки за раководните лица во општините и градот Скопје и јавните претпријатија на општинско ниво – Да се исклучи декоративното осветлување на фасадите на сите јавни објекти и културни споменици – Да не се користи осветлување во внатрешните простории и канцелариите во јавните објекти во период кога има доволно дневна светлина – Во јавните објекти, во сезона на ладење температурата на климатизерите да се местат не пониско од 27 степени, а во сезона на греење не повисоко од 20 степени – Општините и градот Скопје, во рамките на буџетите, да инсталираат колекторски системи за загревање на вода, доколку тоа е разумно и исплатливо. – Општините и градот Скопје целосно да го исклучат осветлувањето во излозите во период после работно време. – Да се заменат старите сијалици со вжарено влакно со компактни флуоресцентни сијалици. – Редовно да се менуваат филтрите на грејните тела, односно клима уредите во работните простории. – Да се заменат старите прозорци во работните простории со нови ПВЦ прозорци за да се намали провевот. – Да се инсталираат интелигентни системи за управување со потрошувачката на енерегија. – Доколку има финансиски средства на располагање да се размисли да се инвестираат во подобрување на енергетската ефикасност во смисла промена на енергетски ефикасни прозори, подобрување на изолацијата, подобрување на енергетската ефикасност на системите за греење и ладење, инвестирање во фотоволтаични системи. – Од редот на своите вработени да опоределат лица кои ќе се грижат за намалување на потрошувачката на енергија, согласно наведените препораки, применувајќи чести контроли во текот на работното време, а особено после завршување на работното време, со цел намалување на потрошувачката за 15 % споредено со истиот месец од минатата година. 4.2 Препораки за однесување на вработените во општините и градот Скопје и јавните претпријатија на општинско ниво – Користење на скали наместо лифт, доколку е соодветно, за да се намали потрошувачката на енергија, – Кратко и интензивно проветрување на просториите – во зима проветрување пред да се напушти канцеларијата, а во лето рано наутро кога воздухот надвор е свеж. – Исклучување на светилките кога се напушта просторијата или може да се користи дневна светлина. – Печатење само на оние документи кои се потребни и онолку копии колку што е неопходно. – Да се исклучуваат сите компјутери по завршувањето на работата. 4.3 Препораки за јавното осветлување во општините и градот Скопје Општините и градот Скопје да направат распоред, така што на половина од улиците и булеварите го исклучуваат јавното осветлување, наизменично, преку еден ден; или 5. Препорака за ЈП Патишта Се препорачува на ЈП Патишта веднаш да отпочне со намалување на осветлувањето поставено на државните патишта до минимален сигурносен обем на осветлување на улици, плоштади и други објекти во земјава која ги опфаќа државните патишта]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/detalno-ova-se-vladinite-merki-eve-kako-se-preporachuva-da-shtedat-domakjinstvata/feed/ 0
Битиќи уверува: Топлинската енергија во Скопје ќе биде испорачана навреме https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/bitikji-uveruva-toplinskata-energija-vo-skopje-kje-bide-isporachana-navreme/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/bitikji-uveruva-toplinskata-energija-vo-skopje-kje-bide-isporachana-navreme/#respond Fri, 29 Jul 2022 11:33:20 +0000 https://kurir.mk/?p=711869

Навреме ќе биде испорачана топлинската енергија до домаќинствата во Скопје, граѓаните не треба да се грижат, порачува вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи. На денешната прес-конференција во Владата, Битиќи нагласи дека она што е најважно во моментот е постапката за избор на нов економски оператор на топлинска енергија да биде транспарентна и да заврши навреме. – Според Законот за енергетика, БЕГ мора да ги исполнува своите обврски додека не се назначи нов економски оператор. До пред две седници на Владата беше задолжен Генералниот секретаријат да распише процедура за нов економски оператор. Дали тоа ќе биде ЕСМ или било кој друг оператор не можеме да прејудуцираме, рече Битиќи, одговарајќи на новинарски прашања. Прашан дали Владата се подготвува финансиски да помогне во случај ЕСМ да биде избран за нов оператор, Битиќи одговори дека најпрво треба да се види која ќе биде новата цена на парното греење, а потоа да се разгледа дали ќе бидат потребни евентуално финансиски интервенции. – Ако ЕСМ го преземе управувањето со топлиниската енергија во град Скопје, како секоја друга компанија ќе треба да има соодветни финанасиски ресурси. Мислам дека они влегуваат во ова на начин како што влегуваат во било која друга инвестиција, рече Битиќи. Од Владата најавуваат и мерки за поддршка за најранливите категории на граѓани кои немаат алтернатива за греење, освен парно. – Министерството за финансии веќе работи на дизајнирање на ваквите мерки за поддршка на најранливите категории. Мерките треба да бидат таргетирани и насочени кон семејствата кои имаат ниски примања, рече министерот за економија Крешник Бектеши.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/bitikji-uveruva-toplinskata-energija-vo-skopje-kje-bide-isporachana-navreme/feed/ 0
Над 90 проценти од домаќинствата користат вода од водовод, а над 12 илјади флаширана https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nad-90-procenti-od-domakjinstvata-koristat-voda-od-vodovod-a-nad-12-iljadi-flashirana/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nad-90-procenti-od-domakjinstvata-koristat-voda-od-vodovod-a-nad-12-iljadi-flashirana/#respond Wed, 27 Jul 2022 13:08:43 +0000 https://kurir.mk/?p=710863

Според начинот на снабдување на домаќинствата со вода за пиење над 91 процент користат вода од јавен водовод, додека над 12 илјади или над два проценит од домаќинствата користат флаширана вода за пиење, покажува четвртиот сет на податоци од Пописот на населението, домаќинствата и становите 2021, објавен денеска од Државниот завод за статистика. Од вкупно 598 632 домаќинства, најголемиот дел или 547 114 имаат вода во станот со приклучок од јавен водовод, 1 674 имаат чешма во дворот приклучена на јавен водовод, 567 имаат вода од улична чешма со вода од јавен водовод. Околу шест проценти од домаќинствата во земјава користат вода од посебен извор. Најголемиот дел од нив 24 229 имаат вода во станот со приклучок на сопствен хидрофор, 4 830 користат вода од копан бунар, 4 720 вода од улична чешма со вода од посебен извор, 1 835 имаат вода од дупчен (цевчест) бунар, додека 510 користат вода од цистерна без филтер, а 311 вода од цистерна со филтер. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nad-90-procenti-od-domakjinstvata-koristat-voda-od-vodovod-a-nad-12-iljadi-flashirana/feed/ 0
ОД ПЕТОК: Струјата поскапува 7,4 проценти за домаќинствата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/od-petok-strujata-poskapuva-7-4-procenti-za-domakjinstvata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/od-petok-strujata-poskapuva-7-4-procenti-za-domakjinstvata/#respond Wed, 29 Jun 2022 12:16:15 +0000 https://kurir.mk/?p=697311

За 98,8 проценти од домаќинствата цената на електричната енергија ќе се зголеми за 7,4 процент. -Без блок тарифите цената на електричната енергија ќе се зголемеше за сите домаќинства за 17,74%, наместо за сегашните 7,4% за 98,8% од домаќинствата. Со оваа реформа на тарифниот систем се штитат најранливите категории, изјави Марко Бислимоски претседател на Регулаторна комисија за енергетика. Новите цени за универзалниот снабдувач ЕВН ХОМЕ ДОО Скопје, кои ќе бидат на сила од 1 јули 2022 година се димензионирани скалесто по блокови, така што оние кои трошат помалку електрична енергија ќе плаќаат пониска цена, за разлика од оние кои имаат поголема потрошувачка ќе плаќаат поскапа електрична енергија, посочи Бислимоски. Во зависност од блоковите, во зима 59,9% од домаќинствата ќе имаат зголемени сметки за 6,6 %, додека 35,5% ќе имаат зголемени сметки од 6,6% до 8,8%, 3,4% од потрошувачите ќе добијат зголемени сметки од 8,8% до 11,2% и само 1,2% од потрошувачите ќе добиваат сметки зголемени од 11,4% до 99,5%. Во летниот период во зависност од блоковите, 77,2% од домаќинствата ќе имаат зголемени сметки за 6,7 %, додека 21,8% ќе имаат зголемени сметки од 6,7% до 8,8%. Само 0,7% од потрошувачите ќе добијат зголемени сметки од 8,8% до 11,3% и 0,2% од потрошувачите ќе добиваат сметки зголемени од 11,4% до 100%. Енергетски компании побараа значајни зголемувања на тарифите за нивните услуги, но од РКЕ велат дека не ги прифатиле сите нивни барања и одобриле многу помали проценти. Трошоците за набавка на електрична енергија на ЕВН ХОМЕ на годишно ниво се зголемени за 57,4 милиони евра, во однос на планираното од декември 2021 година, заради враќањето на голем број  компании и јавни институции од либерализираниот на регулираниот пазар на електрична енергија, заради што ЕВН ХОМЕ мораше да направи дополнителен увоз на електрична енергија во износ од 33,2 милиони евра. Со укинување на кризната состојба, ЕВН ХОМЕ има и дополнителен трошок за обновливи извори за енергија во износ од 9,5 милиони евра. Дополнително новата цена на eлектрична енергија што ЕСМ му ја испорачува на ЕВН ХОМЕ е зголемена за 17%, од 41евра за MWh на 48 евра за MWh.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/od-petok-strujata-poskapuva-7-4-procenti-za-domakjinstvata/feed/ 0
За домаќинствата ќе се воведуваат блок тарифи во зависност од потрошувачката на струја https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/za-domakjinstvata-kje-se-voveduvaat-blok-tarifi-vo-zavisnost-od-potroshuvachkata-na-struja/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/za-domakjinstvata-kje-se-voveduvaat-blok-tarifi-vo-zavisnost-od-potroshuvachkata-na-struja/#respond Mon, 16 May 2022 13:25:51 +0000 https://kurir.mk/?p=677386

Во фаза на завршна подготовка е најголемата измена на тарифниот систем за електрична енергија од осамостојувањето до денеска и сигурно е дека ќе се воведат блок тарифи. Во моментов ги правиме последните анализи со Електротехничкиот и Машинскиот факултет – дали да има три или четири блок тарифи, но сигурно е дека блок тарифите нема да важат за евтината струја. Оние домаќинства што повеќе трошат ќе плаќаат поскапа цена на електричната енергија, најави денеска претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) Марко Бислимоски. -За евтина тарифа потрошувачката ќе биде неограничена и нема да постојат блокови, а за највисокиот блок цената за домаќинствата ќе биде многу блиску до пазарната. Искуствата во регионот ни покажуваат дека ние ќе бидеме прва таква земја која што ќе примени блокови само за скапа тарифа, бидејќи сметаме дека евтината тарифа треба да остане без никакви ограничувања и домаќинствата да ја користат, бидејќи тоа му одговара и на нашиот електроенергетски систем имајќи во предвид дека во одредени периоди од годината во ноќните часови заради термо производството на регулираниот пазар имаме и вишоци на електрична енергија, рече Бислимоски на денешната прес-конференција. Нагласи дека 17 семејства во државата трошат 10 проценти од вкупната потрошувачка на домаќинствата и додаде дека се стопроцентни плаќачи кои немаат никаков проблем со покривањето на трошоците за електрична енергија. – Тоа е околу 330 милиони киловат часови или тоа е приближно 30 проценти од домашното производство од хидроелектраните во сопственост на ЕСМ. Седумнаесет домаќинства трошат 30 проценти од хидропроизводството. Немаме против да трошат, колку сакаат ќе трошат, но тие домаќинства со енормна потрошувачка ќе плаќаат цена блиску до пазарната, посочи Бислимоски. Ќе одиме, прецизира, со опција три или четири блока со цел да имаме поголем опфат на граѓаните што имаат минимална потрошувачка, што е можно повеќе да опфатиме ранливи категории на потрошувачи и да опфатиме домаќинства што немаат друга опција на греење освен електричната енергија. – Нашите анализи покажуваат дека во државата има околу 660 илјади домаќинства и тоа имаме домаќинства со потрошувачка од 0 до 100 киловат часови – 21,49 проценти и тие се најбројни. Од 100 до 200 киловат часови имаме 14,4 проценти, од 200 до 300 киловат часови имаме 14,86 проценти, од 300 до 400 имаме 12,78 проценти, од 400 до 500 имаме 9,68 проценти, од 500 до 1000 има 19,81 процент и над 1000 киловат часови е приближно 7 проценти. Просечна потрошувачка на домаќинство во државата на месечно ниво изнесува 410 киловат часови, истакна Бислимоски и прецизира дека 53 проценти од потрошувачката на електрична енергија се во скапа, а 47 проценти се во евтина тарифа. За оние потрошувачи чии домови се празни и немаат воопшто потрошувачка на електрична енергија, како што кажа, се размислува да се воведе одреден паушал бидејќи електричната енергија во секој момент им е достапна. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/za-domakjinstvata-kje-se-voveduvaat-blok-tarifi-vo-zavisnost-od-potroshuvachkata-na-struja/feed/ 0
Бислимовски: Неопходно е рационално трошење на струјата, 1% од домаќинствата трошат 20% од струјата која ја произведува ЕСМ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/bislimovski-neophodno-e-racionalno-troshenje-na-strujata-1-od-domakjinstvata-troshat-20-od-strujata-koja-ja-proizveduva-esm/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/bislimovski-neophodno-e-racionalno-troshenje-na-strujata-1-od-domakjinstvata-troshat-20-od-strujata-koja-ja-proizveduva-esm/#respond Fri, 25 Feb 2022 09:29:10 +0000 https://kurir.mk/?p=636469

Рестрикции нема, снабдувањето со електрична енергија е стабилно и состојбата во енергетскиот сектор е под контрола – ова е заклучокот од одржаниот координативен состанок на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги со енергетските компании ЕСМ, МЕПСО, ЕВН ХОМЕ, Електродистрибуција и МЕМО. Претседателот на Регулаторна вели дека се уште трае енергетската криза, факт е дека рестрикции нема, а снабдувањето со електрична енергија во изминатиот период е стабилно, но сепак неопходно е нејзино рационално трошење. -Во овие кризни месеци преку заеднички редовни координации ги преземавме сите неопходни мерки, меѓу кои се реализраше и инцијативата на РКЕ за проширување на листата на ранливи категории кои добиваат директна финансиска поддршка. Овие ранливи потрошувачи на енергија во сметките им е пресметан паричен додаток заради покривање на дел од трошоците за потрошувачка на енергенси . На состанокот разговаравме и за идни системски мерки кои би се презеле со цел стабилизирање на енергетскиот сектор. Започнавме и разговори во насока на промена на тарифниот систем, што ќе се базира врз претходно изготвени детални анализи. Целта е да има фер цена на електричната енергија која ги одразува реалните трошоци за секој вид на потрошувач и која ќе спречи злоупотреба на пазарот на електрична енергија. Забележано е дека дел од големите потрошувачите кои имаат обврска да набавуваат електрична енергија на слободниот пазар, регистрираат нови фирми кои ги исполнуваат условите за учество на регулираниот пазар, па преку склучување на договори за закуп во нивно име добиваат електрична енергија по регулирани цени кои се пониски од пазарните. Дел од анализите укажуваат дека 1% од домаќинствата трошат 20 % од расположливата електрична енергија која ЕСМ ја произведува по цена која е неколку кратно пониска од берзанската цена. Ова упатува дека овие домаќинствата загреваат поголеми површини од останатите, по цена која е субвенционирана од државата. Дополнително се разгледуваа механизми како да им се помогне на потрошувачите кои ја набавуваат електричната енергија на слободниот пазар. Една од мерките што беше преземена од РКЕ е ослободување на домаќинствата од обврската да ја плаќаат електричната енергија од повластените производители, чија цена е двојно повисока од онаа на ЕСМ. Овие ослободени количини на електрична енергија од повластените производители по цена која е пониска од берзанската, се ставени на располагање на снабдувачите кои ја испорачуваат кон стопанството, општините, јавните претпријатија и сите потрошувачи кои набавуваат електрична енергија на слободниот пазар. Со имплементација на оваа мерка се заштедија околу 35 милиони евра на сите учесници на слободниот пазар, изјави Марко Бислимоски, претседател на Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/bislimovski-neophodno-e-racionalno-troshenje-na-strujata-1-od-domakjinstvata-troshat-20-od-strujata-koja-ja-proizveduva-esm/feed/ 0
6.500 домаќинства побарале помош за покривање на дел од сметките за струја https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/6-500-domakjinstva-pobarale-pomosh-za-pokrivanje-na-del-od-smetkite-za-struja/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/6-500-domakjinstva-pobarale-pomosh-za-pokrivanje-na-del-od-smetkite-za-struja/#respond Thu, 10 Feb 2022 11:27:07 +0000 https://kurir.mk/?p=629589

Заклучно со вчерашниот ден, се пристигнати 6.500 барања за покривање на дел од сметките за електрична енергија за домаќинствата со ниски примања. Очекувам денеска и утре да пристигнат уште 200 барања, кажа министерот за економија Крешник Бектеши. Тој додаде дека согласно предвидените буџетски средства за оваа намена, која изнесува 60 милиони денари, со финансиска поддршка може да се стекнат околу 7.000 домаќинства. Владата донесе Програма за заштита на ранливи потрошувачи на енергија за 2022 година. Оттаму велат дека обезбедени се 60 милиони денари за над 7.500 домаќинства со ниски приходи, кои ќе добиваат намалени сметки за струја од 600 до 800 денари во 2022 година. Во услови на прогласена криза во снабдувањето со електрична енергија, Министерството за економија со оваа програма годинава за првпат воведува парична помош за најранливите категории на лица со ниски примања, кои не се приматели на гарантирана помош согласно закон, се вели во соопштението од Владата. Согласно програмата финансиска поддршка ќе се доделува на лица доколку нивните редовни месечни примања не го надминуваат нето приходот и тоа: за самец до 15.194 денари; за домаќинство со два члена до 18.000 денари; за домаќинство со три члена до 21.000 денари; за домаќинство со четири члена до 25.000 денари; за домаќинство со пет или повеќе члена до 30.000 денари.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/6-500-domakjinstva-pobarale-pomosh-za-pokrivanje-na-del-od-smetkite-za-struja/feed/ 0
Германија ќе им помага на домаќинствата за плаќање на сметките за струја https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/germanija-kje-im-pomaga-na-domakjinstvata-za-plakjanje-na-smetkite-za-struja/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/germanija-kje-im-pomaga-na-domakjinstvata-za-plakjanje-na-smetkite-za-struja/#respond Fri, 15 Oct 2021 11:25:54 +0000 https://kurir.mk/?p=579578

Германија денеска најави дека речиси ќе го преполови надоместокот за обновливи извори на енергија за да им помогне на домаќинствата да ги платат високите сметки за електрична енергија, објавија операторите на преносните системи. Надоместокот се наплатува според Законот за обновливи извори на енергија (ЕЕГ), изнесува една петтина од сметките за електрична енергија, а приходите се насочуваат кон производителите на соларна и ветерна енергија. Од почетокот на следната година, тој ќе се намали за 42,7 проценти, на 3.723 евра за киловат-час. Владата го намали минатата година, за 3,9 проценти, за да и помогне на економијата да ја надмине корона-кризата Владата ќе им надомести на производителите на обновлива енергија за намалениот приход со уплата од 3,25 милијарди евра. Помош за граѓаните во плаќањето повисоки сметки за струја и гас најавија и Франција, Италија, Шпанија, Грција и Полска. Цените на електричната енергија нагло пораснаа оваа година, по зголемувањето на цените на бензинот поради ниските залихи и наглото закрепнување на побарувачката во економијата која се опоравува од пандемиската криза.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/germanija-kje-im-pomaga-na-domakjinstvata-za-plakjanje-na-smetkite-za-struja/feed/ 0