домашни миленици – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 12 Jul 2023 17:10:29 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png домашни миленици – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 АХВ апелира: Соодветно чување на милениците и домашните животни во услови на високи температури https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ahv-apelira-soodvetno-chuvane-na-milenitsite-i-domashnite-zhivotni-vo-uslovi-na-visoki-temperaturi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ahv-apelira-soodvetno-chuvane-na-milenitsite-i-domashnite-zhivotni-vo-uslovi-na-visoki-temperaturi/#respond Wed, 12 Jul 2023 17:10:29 +0000 https://kurir.mk/?p=855984

Поради високите температури и претстојната портокалова фаза во земјава, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) им препорачува на сопствениците на домашни миленици да се придржуваат до основните правила за да спречат несакани последици од топлотен удар. Воедно потсетува дека во ризик се и животните на фарма, кои, исто така, може да претрпат стрес. Според АХВ, милениците не треба да се оставаат во затворен автомобил кој е директно изложен на сонце. -Да се избегнуваат прошетки на домашните миленици во текот на најтоплиот период од денот, на животните да им се обезбеди доволна количина и постојана достапност до свежа и чиста вода, да се обезбеди престој во проветрени простории, наведува АХВ. Агенцијата потсетува дека порастот на температурите над 30 степени целзиусови и за домашните животни е голем стрес што може да се манифестира со намалено консумирање храна, зголемена потреба за вода, намалено производство на млеко и слаб прираст. -Висок процент влага и недоволна вентилација во објектите може да биде причина за појава на топлотен удар кај животните, а сончаницата се појавува како последица на непосредно, директно изложување на сонце. Во двата случаи исходот може да биде фатален доколку не се делува на време. Напорната работа или транспортот на животните при високи температури, дополнително придонесува за влошување на состојбата. Забрзано и плитко дишење, несигурно одење - (тетеравење), изразена зголемена телесна температура, забрзан пулс, исплашен поглед, зголемена жед, тикови и грчеви на мускулите кои се јавуваат на крај, со неповолна прогноза, се дел од симптомите по кои може да се препознаат топлотниот удар и сончаницата кај животните за што е неопходна итна реакција, истакнува АХВ. Согласно препораките, во вакви услови животното треба да се смести во ладовина или во разладена просторија, каде има доволно количество на воздух, да му се даде доволна количина свежа вода. Телесната температура треба да се намали со туширање/прскање со умерено ладна вода или со покривање на главата и вратот со ладна и влажна крпа, но, треба да се внимава ладењето на животното да не биде премногу брзо. -За да се обезбедат соодветни услови за животните при високи температури потребно е да се внимава и на населеноста (густината) на сместување на животните во објектите. Животните треба да бидат заштитени од директните дејства на сончевите зрачења, односно на испустите потребно е да има настрешници или природни ладовини. Излегувањето на животните да се врши во раните утрински или вечерните часови, периоди кога треба да се организира транспортот на животните или тие да се користат во работни активности, бидејќи тогаш температурите се пониски, дополнува АХВ. Препораките се објавени на официјалната страница на Агенцијата за храна и ветеринарство.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ahv-apelira-soodvetno-chuvane-na-milenitsite-i-domashnite-zhivotni-vo-uslovi-na-visoki-temperaturi/feed/ 0
Лесно и едноставно: Пет начини како да ги отстраните влакната на домашните миленици од мебелот и други површини https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/lesno-i-ednostavno-pet-nachini-kako-da-gi-otstranite-vlaknata-na-domashnite-milenitsi-od-mebelot-i-drugi-povrshini/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/lesno-i-ednostavno-pet-nachini-kako-da-gi-otstranite-vlaknata-na-domashnite-milenitsi-od-mebelot-i-drugi-povrshini/#respond Wed, 15 Feb 2023 08:38:12 +0000 https://kurir.mk/?p=800685

Сите сакаме домашни миленици, но ако имате проблем со нивното митарење, нема сомнеж дека понекогаш едноставно ја губите главата. Само што ќе исчистите, средите и исправосмукате, кога повторно ќе се појават магично нови влакна. Сепак, постојат неколку начини на кои можете сами да си го олесните отстранувањето на влакната: Домашен спреј Измешајте вода и неколку капки омекнувач во шишето. Испрскајте ја облеката или мебелот, за влакната помалку ќе се лепат за нив. Откако ќе го испрскате мебелот, можете да го поминете со влажна крпа. Самолеплива лента Купете широка самолеплива лента во продавницата, завиткајте ја околу раката, а потоа допрете ја на облеката за да ги соберете влакната. Гумени ракавици Навлажнете ги гумените ракавици (за чистење на куќата). Гумата има антистатички ефект. Поминувајќи преку облеката, влакната ќе се залепат за нив. Машина за сушење Ако имате машина за сушење, пред миење, ставете ги предметите во неа, заедно со неколку влажни микрофибер крпи. Изберете програма без греење, 10 минути. Влакната ќе се залепат за крпите. Местото каде што спие Најмногу влакна се наоѓаат таму каде што спијат домашните миленици, па затоа е важно тоа место редовно да се чисти, за да може помалку влакна да се шират низ останатиот дел од станот.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/lesno-i-ednostavno-pet-nachini-kako-da-gi-otstranite-vlaknata-na-domashnite-milenitsi-od-mebelot-i-drugi-povrshini/feed/ 0
Како да знаете дали вашето домашно милениче има топлотен удар? Постојат јасни симптоми https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/kako-da-znaete-dali-vasheto-domashno-mileniche-ima-toploten-udar-postojat-jasni-simptomi/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/kako-da-znaete-dali-vasheto-domashno-mileniche-ima-toploten-udar-postojat-jasni-simptomi/#respond Tue, 26 Jul 2022 16:34:27 +0000 https://kurir.mk/?p=710470

Кучињата добиваат топлотен удар почесто од мачките, а особено се погодени младите и старите животни кои не се во добра состојба. Срцевите заболувања, дебелината, староста или респираторните проблеми ги ставаат кучињата на дополнителен ризик. Кучињата со пократки муцки, како што се мопс или булдози, потешко ја „исфрлаат“ топлината со задишување, а одредени раси не поднесуваат топлина како другите. Во оваа група спаѓаат англиски и француски булдози, боксери, бернарди, мопс и ши цу. Директната изложеност на сонце не е единствениот проблем бидејќи и вашето домашно милениче може да добие топлотен удар доколку остане во прегреано место. Доколку забележите дека вашето куче е нерасположено, брзо дише, повраќа, има дијареа и температура повисока од 40ºC, веднаш отстранете го од сонце и изладете го со туширање или со ставање топли облоги околу вратот. Во летните горештини, иако кучињата се капат, сепак може да дојде до топлотен и сончев удар. Чувањето кучиња на плажите под чадори не ја намалува можноста тоа да се случи. Исто така, во текот на летото, кучињата се изложени на поголем ризик да ги изгорат шепите од топлината, да се дехидрираат или да доживеат топлотен удар. Топлотниот удар кај кучињата може да доведе до откажување на органите, оштетување на мозокот, крварење, слепило, конвулзии или дури и смрт. Нивната нормална телесна температура е од 38 до 39 степени. Температурата повисока од 41 степен е фатална и бара итна ветеринарна помош. Затоа е важно веднаш да ги препознаете првите симптоми на топлотен удар и навреме да реагирате. Симптоми Симптомите на топлотна исцрпеност вклучуваат: дијареа, гадење и повраќање, брзо задишување и црвенило на кожата во ушите. Првиот и основен знак за предупредување е задишувањето на кучето, односно како што велат сопствениците „јазикот се лепи за подот“. Се подразбира дека секое куче на сонце ќе задишува, но ако задишувањето продолжи заедно со други симптоми, веднаш побарајте помош. Други симптоми се грчеви во мускулите, кои се многу видливи. Кучето станува нервозно, оди бесцелно, се лиже, седи и станува. Непцата му стануваат темноцрвени или целосно бледи, а температурата на телото му е покачена. Таквата состојба е многу опасна бидејќи може да предизвика пукање на мускулното ткиво на кучето, собирање течност во мозокот, а уште повеќе може да предизвика шок и кома. Конечниот исход може да биде смрт. Затоа мора многу брзо да реагирате. Првата помош е можеби клучна. Кучето треба веднаш да се однесе на темно и ладно место и да се завитка во крпи натопени во млака вода. Особено е важно предивото да му го завиткате околу вратот. Не користете мраз или многу ладна вода бидејќи тоа може да биде контрапродуктивно бидејќи пребрзото ладење може да предизвика други опасни по живот услови за кучето. Обезбедете слободен пристап до вода, но не го присилувајте животното да пие. Во тој случај може да вдиши вода или да се задуши. Веднаш по пружањето прва помош, однесете го кучето кај ветеринарот завиткано во крпи натопени со млака вода. Ветеринарот ќе му даде инфузија и ќе му помогне. Дури и ако се чини дека кучето се опоравува, однесете го на ветеринар што е можно поскоро. Дехидрацијата е само една компликација на топлотниот удар што ветеринарот треба да ја дијагностицира. Терапијата со кислород често се дава за да се подобри перфузијата на виталните ткива и органи, а антибиотиците се даваат за да се спречи сепса. Заедно со топлотниот удар, изгорениците се најчеста летна болест која е последица на прекумерното изложување на сонце. Се јавува, исто како и кај луѓето, кога не ја заштитуваме доволно главата на кучето. Симптомите се многу слични на топлотниот удар, што значи дека кучето ќе има треска, општа слабост, проблеми со видот и забрзан пулс. Сè што важи за превенција и третман на топлотен удар важи и за сончевиот удар. Што можете да направите за да го спречите вашето куче да добие топлотен удар? Кога температурата е висока, не дозволувајте кучето да остане на жешки површини како што се асфалт и цемент. Намалете ги прошетките на такви површини на минимум. Однесете го вашето куче за лесно дотерување бидејќи краткото летно палто може да помогне да се спречи прегревање, но никогаш не го шишајте кучето до кожа. На кучињата со долга коса мора да им останат најмалку 3 сантиметри влакна за да се заштитат од изгореници од сонце. Обезбедете му на вашето куче пристап до свежа вода во секое време, како и до сенка. Не држете ја муцката на вашето куче бидејќи тоа ја намалува можноста кучето да задиши. Многу кучиња уживаат во пливање, прскање во мали базени или трчање низ прскалките кога времето е топло. Може да помогне во намалување на телесната температура. Никогаш не го оставајте вашето куче во автомобил.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/kako-da-znaete-dali-vasheto-domashno-mileniche-ima-toploten-udar-postojat-jasni-simptomi/feed/ 0
Истражување: Каде сопствениците на домашни миленици ги рангираат своите „крзнени пријатели“ во однос на луѓето во својот живот? https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/istrazuvanje-kade-sopstvenicite-na-domashni-milenici-gi-rangiraat-svoite-krzneni-prijateli-vo-odnos-na-lugjeto-vo-svojot-zivot/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/istrazuvanje-kade-sopstvenicite-na-domashni-milenici-gi-rangiraat-svoite-krzneni-prijateli-vo-odnos-na-lugjeto-vo-svojot-zivot/#respond Thu, 17 Mar 2022 13:19:31 +0000 https://kurir.mk/?p=648896

Ново истражување посочува – каде сопствениците на домашни миленици ги рангираат своите „крзнени пријатели“ во однос на луѓето во својот живот. Списанието „Вег“ (Wag) анкетираше 1.001 сопственик на кучиња, поставувајќи им прашања за пандемијата, враќањето на работа, грижата за нивните кучиња и слично. Од испитаниците кои се враќаат на работа, а поседуваат куче, 41 отсто рекле дека очекуваат повеќе да им недостига нивното куче отколку децата или партнерот кога ќе се вратат на работа. Дури 62 отсто од учесниците се нови сопственици на домашни миленици и посвоиле куче последнивве две години, т.е. при пандемијата на коронавирус. Натаму, 55 насто од испитаниците рекле дека вознемиреноста од разделување е нивната најголема грижа околу враќањето во канцеларија, додека 76 насто генерално се загрижени за проблемите со грижата за миленичињата што ќе се појават по враќањето на работа. Квалитетното време со домашните миленици е висок приоритет за испитаниците, при што повеќето учесници минуваат најмалку три часа месечно во шетање, тренирање и играње со својот миленик. Освен тоа, сопствениците на домашни миленици изразиле интерес повеќе да патуваат со своите кучиња – 29 отсто од испитаниците рекле дека би патувале почесто доколку би било полесно да го земат кучето со себе. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/istrazuvanje-kade-sopstvenicite-na-domashni-milenici-gi-rangiraat-svoite-krzneni-prijateli-vo-odnos-na-lugjeto-vo-svojot-zivot/feed/ 0
Од 22 до 23 часот ќе можат да се изнесат домашните миленици https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-22-do-23-chasot-kje-mozat-da-se-iznesat-domashnite-milenici/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-22-do-23-chasot-kje-mozat-da-se-iznesat-domashnite-milenici/#respond Tue, 06 Apr 2021 07:05:33 +0000 https://kurir.mk/?p=492896

Граѓаните што имаат домашни миленичиња ќе може да ги изнесат надвор од 22:00 до 23:00 часот. -За време на забраната и посебниот режим на движење на граѓаните на територијата целата држава, сите граѓани кои живеат во станбени објекти за колективно домување и што имаат домашни миленичиња (кучиња), може да ги изнесуваат надвор од своите домови во вечерните часови во времетраењe од еден час, почнувaјќи од 22:00 до 23:00 часот, најмногу до 100 метри од објектот каде живеат, информира МВР.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-22-do-23-chasot-kje-mozat-da-se-iznesat-domashnite-milenici/feed/ 0
Ширење на коронавирус на домашни животни: Русите направија вакцина и за нив https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shirenje-na-koronavirus-na-domashni-zivotni-rusite-napravija-vakcina-i-za-niv/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shirenje-na-koronavirus-na-domashni-zivotni-rusite-napravija-vakcina-i-za-niv/#respond Tue, 30 Mar 2021 09:43:56 +0000 https://kurir.mk/?p=489603

Коронавирусот постојано се развива и неговите нови мутации се случуваат интензивно и континуирано. Како што започна масовната вакцинација против Ковид-19, постои индикација дека патогенот ќе преживее во нашето опкружување со преминување кон нов домаќин - домашни животни. Експертите од Универзитетот во Источна Англија (УЕА) и Универзитетот во Минесота, изјавија дека коронавирусот може да зарази широк спектар на животински видови, вклучително и кучиња и мачки. Кок ван Остерхот, професор по еволутивна генетика на УЕА, рече дека кучињата и мачките можат да бидат заразени, но дека не е познат случај во кој вирусот е пренесен на луѓето. Како и да е, превентивно, но и поради брзите мутации, мора да бидеме подготвени на секоја можност кога станува збор за коронавирусот , изјави тој. Александар Гинзбург, директор на центарот „Гамалеја“, истакна дека коронавирусот сè уште не го реализирал својот патоген потенцијал и дека следната фаза на инфекцијата ќе биде кај домашните животни, пренесува Спутник. Тој исто така додаде дека мора да бидеме подготвени за долг соживот со овој патоген, и затоа животните ќе мора да бидат подложени на имунизација. Роселхознадзор, Федерална служба за ветеринарна и фитосанитарна супервизија на Русија, ја разви вакцината за животни Карнивак-Ков, која ќе биде претставена на крајот на април, според Спутник. Оваа вакцина е наменета за спречување на инфекција со коронавирус кај животни што носат крзно, кучиња и мачки.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shirenje-na-koronavirus-na-domashni-zivotni-rusite-napravija-vakcina-i-za-niv/feed/ 0
Вакцинирајте ги милениците, тие не се забава, туку обврска и одговорност https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vakcinirajte-gi-milenicite-tie-ne-se-zabava-tuku-obvrska-i-odgovornost/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vakcinirajte-gi-milenicite-tie-ne-se-zabava-tuku-obvrska-i-odgovornost/#respond Mon, 28 Sep 2020 09:47:56 +0000 https://kurir.mk/?p=409519

Одговорно чувајте ги милениците. Нивното одгледување не е и не смее да биде само мода или забава. Вакцинирајте ги кучињата и мачките и против беснило, така ќе го заштитите нивното, но и сопственото здравје. Вакцинацијата против беснило и обележувањето на милениците со микрочип се законска обврска. Тоа носи и обврски и одговорност, што значи дека сме одговорни и кон личното и кон здравјето на најблиските, но и кон општеството во целина. Ова е пораката од денешната тркалезна маса по повод 28 септември, Светскиот ден за борба против беснило, што ја организираа Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) и Ветеринарната комора. Како што беше речено, треба да се работи уште многу на подигање на свеста на сопствениците во однос на нивната одговорност кон милениците. Сите домачни кучиња и мачиња што се идентификуваат со микрочип, воедно и се вакцинираат, но задолжително е да се вакцинираат секоја година, не само еднаш со микрочипирањето. Исто така, задолжителна е и ревакцинацијата. Мотото со кое АХВ се вклучува во глобалната кампања по повод Светскиот ден е „Нула смртни случаи од беснило до 2030“. Камапањата, пак, става фокус на вакцинацијата и соработката, основи на кои АХВ веќе ги реализира активностите против болеста која е еднакво опасна и за животните и за човекот. -Со Ветеринарната комора и науката, од денешниов настан ја испраќаме пораката дека целта – нула смртни случаи од беснило до 2030-та може, мора и ќе ја постигнеме заедно. Позитивната епидемиолошка состојба со болеста кај домашните и кај дивите животни е резултат на континуираните активности кои ги преземаме како држава и како институција за држење под контрола на болеста чие присуство последен пат кај домашните животни во земјава е евидентирано во 2012 година во Радовиш, кога од ова болест беше заболена мачка. Истата година е евидентиран и последниот случај на заболено диво животно, волк во Кочанско, изјави заменик-директорот на АХВ, Фирус Мемед. Според претседателот на Ветеринарната комора, Томислав Николовски, беснилото е опасна и смртносносна заразна болест која може многу лесно да се превенира со вакцинација. -Бележиме значаен исчекор со оглед дека пред две години е направена масовна идентификација и регистрација на домашните миленици како предуслов за успешна вакцинација. Но, треба уште многу да се делува на свеста на сопствениците на миленици, да се подигне нивната одговорност од аспект на благостсојбата и здравствената затита на живиотните каде клучна е вакцинацијата против беснило, истакна Николовски. Податоците од АХВ велат дека последниот случај на заболен човек од беснило кај нас е евидентиран во седумдесетите години. Во земјава се регистрирани 84.949 домашни миленици од кои најмногу кучиња, 81.116. -Во 2015 година во системот беше идентификувано и регистрирано само едно куче што е доволна потврда за постигнатиот напредок. Кампањата за бесплатно микрочипирање на милениците почна во септември 2018 година и се реализира заклучно со декември 2019 година. За неа беа набавени 100 илјади микрочипови. Кампањата даде исклучително позитивни резултати. Од 4.808 миленици во 2017 година, на крајот од 2019 година се достигна бројка од 48.380. Во соработка со Ветеринарната комора, во претстојниов период ќе ги интензивираме активностите за микрочипирање и вакцинација против беснило на кучињата во руралните средини, особено онаму каде оваа категорија животни се ангажирани во селските стопанства како чувари, пред се на стадата со добиток, истакнаа од АХВ. Се разгледува и можноста од идната година идентификацијата и регистрацијата, како и спроведените мерки за здравствена заштита и на кучињата во руралните средини, да биде еден од условите за остварување на правото на субвенции. АХВ одобри 15 прифатилишта за бездомни животни, а едно е во процедура на одобрување. На едно прифатилиште му е одземена дозволата за работа во 2019 година, а за уште едно годинава во тек е постапка за одземање на одобрувањето. Од 2012 година со финансиска поддршка од ЕУ, АХВ заклучно со лани реализираше кампањи за вакцинација на дивата популација – лисиците против беснило. По секоја кампања се спроведуваше мониторинг.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vakcinirajte-gi-milenicite-tie-ne-se-zabava-tuku-obvrska-i-odgovornost/feed/ 0
Поминувајте што повеќе време со нив! – Што прават кучињата кога вие не сте дома? https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/pominuvajte-shto-povekje-vreme-so-niv-shto-pravat-kuchinjata-koga-vie-ne-ste-doma/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/pominuvajte-shto-povekje-vreme-so-niv-shto-pravat-kuchinjata-koga-vie-ne-ste-doma/#respond Sat, 11 Jul 2020 08:21:01 +0000 https://kurir.mk/?p=373817

Истражувањата, коишто беа неодамна направени, покажаа дека повеќе од 50% од сопствениците на кучиња, времето поминато во изолација го поднеле полесно, такашто максимално му се посветиле на своето милениче, играјќи се со него. Јасно е дека животните имаат позитивно влијание врз луѓето, но дали е така и во спротивна ситуација? Дали кучињата навистина сакаат нивните сопственици да се постојано покрај нив? Кучето, чијшто сопственик е постојано до него, ја добива својата дневна доза на хормонот “среќа.” Окситоцинот, еднакво се ослободува во телото кога сме среќни, како кај луѓето така и кај животните. Во моментите кога кучето повеќе пати во денот ќе воспостави контакт со својот сопственик, на пример, поглед директно во очи или прегратка, во неговиот мозок се поттикнува состојба којашто спречува депресија. Самото присуство на сопственикот, делува стимулативно врз кучето. Набљудувајќи го својот сопственик подолго време, кучето врз основа на неговите мимики, движењата на телото и емоционалните искази, учи повеќе за него, што претставува добра основа за квалитетен однос. И малите кученца, исто така, доколку поминуваат повеќе време со својот сопственик, имаат шанси да израснат во попаметни и емоционално стабилни кучиња. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/pominuvajte-shto-povekje-vreme-so-niv-shto-pravat-kuchinjata-koga-vie-ne-ste-doma/feed/ 0
Зголемен број труења на животни за време на полициски час низ цела Македонија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zgolemen-broj-truenja-na-zivotni-za-vreme-na-policiski-chas-niz-cela-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zgolemen-broj-truenja-na-zivotni-za-vreme-na-policiski-chas-niz-cela-makedonija/#respond Wed, 15 Apr 2020 10:05:34 +0000 https://kurir.mk/?p=332543

Во последниов период, поконкретно по воспоставувањето на построгите мерки за превенција и заштита од Ковид-19, кога стапи на сила полициски час на територијата на целата држава, забележан е зголемен број труења на бездомни животни, но и на кучиња со сопственици, реагираат од Здружение за унапредување и заштита на благосостојбата на животните „Дејзи Фемили“ Скопје. Имено, се работи за расфрлање на отровот Метомил или попознат како „Ланате“, на повеќе јавни површини во повеќе реони низ Скопје и околината, за што сведочат и други здруженија и независни активисти, при што настрадаа повеќе здрави единки. -На пример, во неделата на 12.04.2020 беше отруено бездомно куче под наша грижа, имаме информации за расфрлан отров во текот на изминатиот викенд во Карпош, Радишани, Ново Лисиче, Козле, Влае, а само пред неколку часа отруено е куче кое пред само една недела беше во непосредна опасност, кога настрада друго куче од истата околина, односно истата група на бездомни, но згрижени животни, се наведува во нивното соопштение. Тие потенцираат дека несомнено е дека се работи за извршување на смислени и планирани дејствија, особено ако се земе предвид фактот што во најголем дел се работи за маалски миленици, односно животни под грижа на здруженија, независни активисти и локални жители, кои во својот реон живееле подолго време и со кои не е поврзан ниту регистриран било каков инцидент, односно немил настан како напад и угризување на минувачи. -Алармантно и симптоматично е тоа што овие кривични дела се извршуваат со зголемен интензитет во вонредна состојба и при прогласен полициски час на територијата на целата држава, кога се претпоставува и очекува зголемено присуство на чуварите на јавниот ред и мир, а со тоа и зголемена безбедност на граѓаните. Веќе е познато дека отровот „ланате“ е исклучително опасен како за животните, така и за луѓето и животната средина. Иако овојпат е со зголемен интензитет, а фактот што горенаведените примери сите се случија во време на полициски час особено додава на грозоморноста на чинот, сепак овие појави не се ништо ново во Скопје и Македонија и истите се случуваат со години наназад буквално насекаде, на целата територија на државата и до денес немаме сознанија за пронајден и соодветно санкциониран трујач. Од таа причина, бараме од сите надлежни институции и органи на прогонот, а особено од АХВ, МВР и ЈО, итно да постапат по најновите пријави, ревносно да ги истражат труењата и да им посветат зголемено внимание особено со оглед на ситуацијата затоа што се работи за насилни криминалци кои се опасни по луѓето и околината, велат тие. Од Здружението бараат и одговор на прашањето: Како и покрај сите сознанија и сите инциденти низ годините, продажбата на ваков опасен отров тече непречено и слободно на пазарот, без соодветно евидентирање и контрола на купувачите? -Воедно, апелираме до сите совесни граѓани најпрво да внимаваат на себе и на своите домашни и маалски миленици и да се приклучат кон нашите барања и самостојно да го бараат истото од надлежните институции, заклчуваат тие. Од Здружението испратија повеќе фотографии од отруени животни, а дел од нив се навистина вознемирувачки и затоа нема да ги објавиме.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zgolemen-broj-truenja-na-zivotni-za-vreme-na-policiski-chas-niz-cela-makedonija/feed/ 0
Ова се термините: Кога ќе можете да ги изнесете кучињата на прошетка за време на полициски час? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ova-se-terminite-koga-kje-mozete-da-gi-iznesete-kuchinjata-na-proshetka-za-vreme-na-policiski-chas/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ova-se-terminite-koga-kje-mozete-da-gi-iznesete-kuchinjata-na-proshetka-za-vreme-na-policiski-chas/#respond Mon, 06 Apr 2020 20:08:26 +0000 https://kurir.mk/?p=328378

Сопствениците на кучиња кои ги чуваат како домашни миленичиња во станови, ќе може да ги изнесуваат надвор во одредени термини во денот за време на забраната и посебниот режим на движење што ќе се применува од среда, 8 април. Според одлуката на Владата од денешната, 36-та седница, на целата територија на државата, своите миленичиња од понеделник до петок сопствениците ќе може да ги изнесуваат од домовите 30 минути навечер, од 20 до 20.30 часот. Во сабота и недела дозволено им е да ги изнесат трипати во денот – наутро од 8 до 8.30 часот, попладне од 15 до 15.30 и навечер од 20 до 20.30 часот. Притоа треба да бидат оддалечени најмногу 100 метри од објектот во кој живеат и да го задржат минимум потребното растојание од останатите лица и да не се групираат. Согласно новите мерки за ограничување на движењето, од задутре, 8 април 2020, полицискиот час во целата држава ќе почнува од 16 до 5 часот во работни денови, а во сабота и недела ќе биде целодневен, односно ќе почне во петок во 16 часот и ќе заврши во понеделник во 5 наутро. Повозрасните од 67 години од задутре ќе може да се движат надвор само од 10 до 12 во работни денови, а на младите до 18 години дозволено ќе им биде надвор од дома да бидат само од 13 до 15 часот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ova-se-terminite-koga-kje-mozete-da-gi-iznesete-kuchinjata-na-proshetka-za-vreme-na-policiski-chas/feed/ 0