домашно лекување – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 01 Jan 2023 15:28:23 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png домашно лекување – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Повреденото момче во несреќата на патот Штип-Кочани е пуштено на домашно лекување https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/povredenoto-momche-vo-nesrekjata-na-patot-shtip-kochani-e-pushteno-na-domashno-lekuvanje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/povredenoto-momche-vo-nesrekjata-na-patot-shtip-kochani-e-pushteno-na-domashno-lekuvanje/#respond Sun, 01 Jan 2023 15:28:23 +0000 https://kurir.mk/?p=783055

Сè уште се одвива истражна постапка за сообраќајната несреќа на патот Штип-Кочани, во којашто 21 годишно момче загина, а едно беше хоспитализирано во Клиничка болница-Штип. Директорот на Клиничка болница-Штип, Ален Ѓеорѓијев за МИА вели дека утринава во болницата се донесени две момчиња, од коешто едното поради тешките повреди на главата починало, а второто се здобило со повреда скршен заб и по направените снимања и прегледи од страна на лекарите е пуштено на домашно лекување. МИА утринава информираше дека момче прегази двајца другари, едниот почина во штипската Клиничка болница, а вториот се бори за живот. Според СВР Штип околу 5.20 часот било пријавено дека на магистрален пат Штип – Кочани, на место викано „Брилијант“, патничко возило „опел астра“ со скопски регистарски ознаки, управувано од К.Т. од Скопје, удрило во 21 годишниот А.Ѓ. од село Кадино, скопско и во А.П. од село Трубарево, скопско, кои претходно патувале во истото возило. Двајцата се здобиле со повреди и биле пренесени во Клиничка болница Штип, каде што во 7.15 часот А.Ѓ. починал, а кај А.П. биле констатирани телесни повреди. Според првичните информации петмината момчиња Новата година ја поминале во Штип, по што во раните утрински часови веќе на пат кон Скопје се случила несреќата. Во Полициската станица-Штип се земаат исказите од момчињата, како се случила несреќата, по којашто момчињата веднаш го имаат пренесено својот 21 годишен другар во болницата во Штип.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/povredenoto-momche-vo-nesrekjata-na-patot-shtip-kochani-e-pushteno-na-domashno-lekuvanje/feed/ 0
Само матичниот лекар има право на препораки за лекување во домашни услови https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/samo-matichniot-lekar-ima-pravo-na-preporaki-za-lekuvanje-vo-domashni-uslovi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/samo-matichniot-lekar-ima-pravo-na-preporaki-za-lekuvanje-vo-domashni-uslovi/#respond Wed, 13 Oct 2021 10:40:48 +0000 https://kurir.mk/?p=578229

Министерот за здравство Венко Филипче вели дека случајот со лекувањето на пациентка заболена од Ковид-19 во домашни услови се уште се истражува и оти јавноста ќе биде информирана кога ќе има дополнителни информации. Тој апелира граѓаните да бидат внимателни и лекувањето во домашни услови да го препуштат единствено на матичниот лекар. – Ексклузивното право да комуницира и да дава препораки за лекување во домашни услови го има матичниот лекар. Зошто? Поради можноста 24 часа да комуницира со пациентот, да направи проценка на состојбата, да каже дали е за домашно лекување или евентуално да препрати на лекар специјалист и за хоспитализација. Така што, тоа е единственото нешто што е можно и единственото нешто што системот го препорачува и дозволува, рече Филипче во одговор на новинарско прашање по настанот за подигање на свесноста за значењето на донирање органи и ткива, како и коскена срцевина во лекување и спасување човечки животи. Тој додаде дека граѓаните треба да се свесни дека болеста Ковид-19 е сериозна болест и оти се можни многу различни сценарија во нејзиниот развој. – Видовме нагли влошувања, видовме различна форма на клиничката слика, лесна, средна и тешка. Повторно да упатам порака дека единствено во комуникација со матичен лекар и лекар специјалист треба да се дефинираат начините на лекување и заради тоа нема еден универзален протокол кој што важи за сите пациенти. Има протоколи коишто се пратат согласно клиничката слика, манифестацијата, евентуалното присуство на хронични болести. Така што, битно е секој да се консултира лекар или матичен, а по препорака на матичниот лекар и лекар специјалист, рече Филипче. Тој информира дека за посочениот случај нема доволно информации и оти треба дополнително да се истражи. – И тоа вчера го добив од ДЗСИ, увидот е направен кај матичниот лекар на пациентот дека случајот е пријавен од страна на лекар кој пациентот го примил во болницата „8 Септември“ и констатирал ваква состојба, но, ни требаат повеќе податоци за што дополнително ќе истражи и Санитарниот инспекторат во делот на тоа што е примено на документацијата во болницата „8 Септември“. МВР е известено, така што, во следните денови кога ќе имаме повеќе информации, ќе известиме. Засега ништо повеќе од ова и нам не ни е познато, рече Филипче.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/samo-matichniot-lekar-ima-pravo-na-preporaki-za-lekuvanje-vo-domashni-uslovi/feed/ 0
Припадниците на Армијата пуштени на домашно лекување по вчерашната сообраќајка https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pripadnicite-na-armijata-pushteni-na-domashno-lekuvanje-po-vcherashnata-soobrakjajka/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pripadnicite-na-armijata-pushteni-na-domashno-lekuvanje-po-vcherashnata-soobrakjajka/#respond Wed, 30 Sep 2020 12:03:39 +0000 https://kurir.mk/?p=410638

Ниту еден од повредените припадници на Армијата во вчершната сообраќајна несреќа не е задржан во штипската Клиничка болница. Портпаролот на Клиничка болница-Штип, Марина Шуманска за МИА изјави дека сите повредени се испратени на домашно лекување. Според лекарите кои вчера ги прегледуваа 16 припадници на Армијата, возачите на автобусот и на комбито се со телесни повреди, вообичаени набиеници и скршеници. Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова истакна дека сега ќе се чека да се утврдат причините за сообраќајната несреќа. Несреќата се случи вчера пред седум часот на патот Радовиш-Штип кај местото викано „Осми километар“, при судир на автобус и комбе. Припадниците на Армијата со автобусот патувале од Радовиш и Струмица, кон работните места во касарните во Штип и Скопје.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pripadnicite-na-armijata-pushteni-na-domashno-lekuvanje-po-vcherashnata-soobrakjajka/feed/ 0
Зголемени повиците во Брза Помош од заразени со Ковид-19 кои што се на домашно лекување https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zgolemeni-povicite-vo-brza-pomosh-od-zarazeni-so-kovid-19-koi-shto-se-na-domashno-lekuvanje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zgolemeni-povicite-vo-brza-pomosh-od-zarazeni-so-kovid-19-koi-shto-se-na-domashno-lekuvanje/#respond Wed, 29 Jul 2020 12:04:21 +0000 https://kurir.mk/?p=383168

Сеуште не се зголемија повиците во скопската Брза Помош поради летните горештини, но лекарите тврдат дека на поголема мака се лицата позитивни на Ковид-19 кои се на домашно лекување. Овиде денови се почесто се јавуваат пациенти кои што се жалат од влошување на здравствената состојба. - Имаме зголемен број на влошувања на Ковид позитивни лица кои се на домашно лекување и бараат помош од нас. Кај некои интервенираме, некои ги транспортираме до соодветните здравствени установи, вели др. Елена Пиловска од Брза Помош Скопје. Доктор Пиловска појаснува дека влошувањето не е поради пеколните горештини. Лекарите апелираат дека покрај корона вирусот, не смее да бидат занемарени и други болести, особено оние болести кои што се последица на летните горештини. Сончаница, топлотен удар, грчеви во мускулите се последици на долготрајната изложеност на сонце, велат од Брзата Помош.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zgolemeni-povicite-vo-brza-pomosh-od-zarazeni-so-kovid-19-koi-shto-se-na-domashno-lekuvanje/feed/ 0