домашно производство – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 24 Apr 2023 12:11:54 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png домашно производство – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Земјоделците бараат забрана за увоз на пченица за да се откупи домашното производство https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zemjodeltsite-baraat-zabrana-za-uvoz-na-pchenitsa-za-da-se-otkupi-domashnoto-proizvodstvo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zemjodeltsite-baraat-zabrana-za-uvoz-na-pchenitsa-za-da-se-otkupi-domashnoto-proizvodstvo/#respond Mon, 24 Apr 2023 12:11:54 +0000 https://kurir.mk/?p=826969

Од Националната федерација на фармери (НФФ) денеска побараа да се забрани увоз на пченицата за, како што рекоа, да може да се откупи домашното производство. Мемет Синани, член на Управен одбор на НФФ истакна дека оваа година имаат проблем со откупот на пченицата и на земјоделците им стојат околу 10.000 тони неоткупена пченица. Тој посочи дека цената е падната, меѓутоа, како што вели, и ова количина не се откупува. - Бараме помош од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Тоа значи да се забрани увоз на пченица за да може да се откупи нашата пченица. Другиот дел е за субвенциите. Оваа година почна новиот модел на субвенционирање. Ќе видиме како ќе излеземе на крај. Тоа е 30 отсто однапред даден аванс, така рече министерот. Еве во тек е сеидбата на пченка и на други култури, а тие 30 отсто не се дадени. Во мојата општина од околу 30 000 жители, дадени се само 187 картички за нафта. Задоцниле од сите страни. Би требало на терен да работат земјоделските инспектори. Имаше некои изјави дека земјоделските производи биле многу скапи. Земјоделските производи не се скапи. Земјоделецот не може да ги покрие своите трошоци, но патот до крајниот потрошувач трикратно се зголемува цената, рече Синани. Тој потенцира дека тие побарале уште пред неколку години откупот на пченица за стокови резерви да почне од денот кога почнува жетвата во нашата земја и да се откупи од нашите производители, а не од странство. - Затоа ако е кај нас е 19, имам некоја информација дека е донесена пченица по 28 денари за државните стокови резерви. Директоратот на стокови резерви ќе почне да дава на мелничарите по една ептен ниска цена и тука ни паѓа и цената на нашата жетва. Јас мислам и претпоставувам дека оваа година ќе имаме ниска цена на пченицата, рече Синани. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zemjodeltsite-baraat-zabrana-za-uvoz-na-pchenitsa-za-da-se-otkupi-domashnoto-proizvodstvo/feed/ 0
Симов: Високата електрична енергија е заради недоволно домашно производство, ЕСМ континуирано опаѓа од година во година https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/simov-visokata-elektrichna-energija-e-zaradi-nedovolno-domashno-proizvodstvo-esm-kontinuirano-opagja-od-godina-vo-godina/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/simov-visokata-elektrichna-energija-e-zaradi-nedovolno-domashno-proizvodstvo-esm-kontinuirano-opagja-od-godina-vo-godina/#respond Mon, 19 Sep 2022 20:35:41 +0000 https://kurir.mk/?p=735016

Производството на ЕСМ континуирано опаѓа од година во година, вели Орце Симов од Сојузот на стопански комори, во вечерашното гостување во емисијата „24 Анализа“ на Телевизија 24. „Во 2018 ЕСМ произвело 4,116 гигават часови, 4,231 во 2019та година, но понатаму секоја година падот е 15 проценти. Во 2020 та година паднал 15 проценти во однос на 2019-та година на 2,595 гигават часови“, рече Симов. Тој потенцираше дека проблемот е што ние немаме капацитети, нашите капацитети се намалуваат, еве секоја година паѓа по 15 проценти. „Електричната енергија е доста висока, доста скапа во Република Македонија, тоа е затоа што домашниот производител на електрична енергија не произведува доволно електрична енергија и ние сме приморани да купуваме електрична енергија од странство“, посочи Симов. Симов заклучи дека ликвидноста и стабилноста на компаниите сега во моментот е доведена во прашање поради високата набавка на енергенси, инфлација и други негативни фактори кои во моментот ги имаме на пазарот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/simov-visokata-elektrichna-energija-e-zaradi-nedovolno-domashno-proizvodstvo-esm-kontinuirano-opagja-od-godina-vo-godina/feed/ 0