домат – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 05 Jun 2023 09:43:09 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png домат – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Нема присуство на тешки метали во доматот и краставицата, потврдија од АХВ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nema-prisustvo-na-teshki-metali-vo-domatot-i-krastavitsata-potvrdija-od-ahv/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nema-prisustvo-na-teshki-metali-vo-domatot-i-krastavitsata-potvrdija-od-ahv/#respond Mon, 05 Jun 2023 09:43:09 +0000 https://kurir.mk/?p=842178

Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) Николче Бабовски денеска уште еднаш потврди дека негативни се резултатите од анализите за наводно присуство на резидууми од метали и тешки метали, како што соопшти опозицијата. Бабовски на прес-конференција истакна дека ширење лажна паника и тревога е кривично дело, а дали АХВ ќе поднесе пријава за тоа ќе се знае, потенцира, наредните денови. -Негативни се сите резултати за наводни резидуми од метали или присуство на тешки метали во овошјето и зеленчукот. Не знам која беше целта да се шири паника меѓу граѓаните. Изгледа некој некого излажал или некој помешал микро и милиграми, рече Бабовски, одговорајќи на новинарски прашања.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nema-prisustvo-na-teshki-metali-vo-domatot-i-krastavitsata-potvrdija-od-ahv/feed/ 0
Трипуновски: Олово, кадмиум и арсен, тешки метали штетни за човековото здравје се пронајдени во домат и краставици (ДОКУМЕНТИ) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tripunovski-olovo-kadmium-i-arsen-teshki-metali-shtetni-za-chovekovoto-zdravje-se-pronajdeni-vo-domat-i-krastavitsi-dokumenti/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tripunovski-olovo-kadmium-i-arsen-teshki-metali-shtetni-za-chovekovoto-zdravje-se-pronajdeni-vo-domat-i-krastavitsi-dokumenti/#respond Fri, 02 Jun 2023 10:51:10 +0000 https://kurir.mk/?p=841477

Олово, кадмиум и арсен, тешки метали штетни за човековото здравје се пронајдени во домат и крставица покажуваат новите извештаи на анализа направени од Државната фитосанитарна лабораторија. Во извештаите кои стигнаа до мене се за анализа на определување на макро и микро елементи и елементи во трага, во кои е детектирано присуство на тешки метали во домат и крставица, истакна на денешната прес-конференција Цветан Трипуновски, претседател на комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство. Истакнува дека денешните извештаи кои ги презенитра се официјални документи архивирани и потпишани од ДФЛ односно од МЗШВ во кои се констатира присуство на олово, кадмиум и арсен. -Првиот извештај се однесува на направена анализа на домат, нарачател е АХВ , примерокот е земен на 28.05.2023, а анализата е извршена на 30.05.2023 година. Она што сакам да го презентирам пред јавноста е што во оваа анализа на домат констатирано е присуство на кадмиум од максималните дозволени количини 0,05 мерни едници, во извештајот се детектирани 1,34 мерни единици. Ова е за 27 пати над дозволените количества кои што треба да ги има овој производ. Вториот хемиски елемент, тежок метал олово согласно правилникот за максимално дозволено ниво е 0,10 мерни единици, а во овој резултат количеството на детектирано олово е 4,48 мерни единици или за 45 пати над дозволената граница. Вториот резултат од ДФЛ се однесува на примерок од крставица, нарачател за земање примерок е АХВ, земен примерок на 28.05.2023 година, а датум на завршување на анализата е 30.05.2023 година. Овде во овој резултат се детектирани три хемиски елементи, односно тешки метали. Првиот е арсен каде што согласно правилникот не е дозволено присуство на овој тежок метал во храната. И во резултатот е детектирано 2,0 мерни единици, што е катастрофален податок. Вториот тежок метал е кадмиум со резултат од 0,64 мерни единици, што е за 13 пати над дозволената граница. И третиот елемент, односно тежок метал е оловото кое што е детектирано со резултат од 37,43 мерни единици што е за фрапантни 374 пати над дозволената граница. Ситуацијата е загрижувачка и алармантна. Апелирам за внимателност од страна на граѓаните, бидејќи истите производи најверојатно веќе се пуштени во промет низ цела територија на државата, што значи дека веќе граѓаните ги консумираат, вели Трипуновски. Тој обвини дека Бабовски и Николовски, како што рече, го трујат сопствениот народ. -Овие метали пронајдени во доматот и крставицата можат да се акумулираат во телото со текот на времето и да предизвикаат сериозни здравствени проблеми. Јавно му порачувам на Николовски и Бабовски кој деновите откако јавно обелоденив за овој скандал им испратил дописи на вработените во АХВ со кој им забранува изнесување на информации кои се од јавен интерес, дека времето за закани и уцени завршува. Стручните лица се јасни, последиците се оловото, кадмиумот и арсенот се канцерогени и докажано е дека предизвикуваат оштетување на внатрешните органи посебно кај помладата популација. Здравјето на граѓаните е пред и над се и за него нема простор за калкулации. Го прашуваме и ЈО кое наместо да реагира соодветно, се става во одбрана на владата на СДС, Николовски и Бабовски, како може труењето на граѓаните со тежок метал да не е предмет на јавен интерес и дали треба некој да умре, за да реагира по допрен глас? Бабовски и Николовски мора да понесат одговорност. За почеток, нека си поднесат неотповикливи оставки, нагласи Трипуновски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tripunovski-olovo-kadmium-i-arsen-teshki-metali-shtetni-za-chovekovoto-zdravje-se-pronajdeni-vo-domat-i-krastavitsi-dokumenti/feed/ 0
ЛАЖНА МУСАКА СО ДОМАТ И СИРЕЊЕ: Подготвена побрзо од оригиналот, толку е вкусна, ќе си ги излижете прстите https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/lazna-musaka-so-domat-i-sirenje-podgotvena-pobrzo-od-originalot-tolku-e-vkusna-kje-si-gi-izlizete-prstite/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/lazna-musaka-so-domat-i-sirenje-podgotvena-pobrzo-od-originalot-tolku-e-vkusna-kje-si-gi-izlizete-prstite/#respond Thu, 18 Aug 2022 11:09:22 +0000 https://kurir.mk/?p=720485

Вистинската мусака заменете ја со лажната, бидејќи дефинитивно ќе ви се допадне, а ќе потрошите помалку време за нејзино подготвување. Мусака е традиционално јадење од компири и мелено месо, а Србите го обожаваат. Кон крајот на печењето се прелива преливот кој е незаменлив доколку сакате златна кора. Добро докажаниот рецепт збогатете го со домати, пиперки и сирење и ќе добиете ручек кој никој нема да го одбие. И најдобро од се, лажната мусака се пече пократко од оригиналот. Состојки: 800 гр мелено месо 1 кг компири 1 пиперка 2 црн кромид 2-3 домати 300 гр сирење Подготовка: Исечете ги компирите на прстени, зачинете и прелијте со маслиново масло. Колку повеќе зачини, толку е повкусен зеленчукот. Добро измешајте, па на плех ставете хартија за печење, подмачкајте ја и наредете ги компирите. Се пече на 180°C околу 20-25 минути. Се пропржува исечканиот кромид, па се додава меленото месо. Кога ќе биде готов, прелијте го врз печените компири и развлечете го. Потоа додадете сечкана пиперка и домат исечен на кришки. Посипете со рендано сирење. Печете на 180°C околу 15 минути.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/lazna-musaka-so-domat-i-sirenje-podgotvena-pobrzo-od-originalot-tolku-e-vkusna-kje-si-gi-izlizete-prstite/feed/ 0
Домашен мелен домат за зимница: Нема готвење, а може да стои и две години https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/domashen-melen-domat-za-zimnica-nema-gotvenje-a-moze-da-stoi-i-dve-godini/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/domashen-melen-domat-za-zimnica-nema-gotvenje-a-moze-da-stoi-i-dve-godini/#respond Thu, 11 Aug 2022 12:03:24 +0000 https://kurir.mk/?p=717093

Покрај сокот од домати, кој е незаменлив во македонската кујна, во сезоната на овој зеленчук, домаќинките за зимата задолжително прават и зимница од домати. Секоја има свој рецепт, а ние ви носиме начин на подготовка на мелени домати кои ќе траат до две години. Состојки: - 10 кг. домати; - 5 супени лажици сол; - кесичка винобран; - 2 китки магдонос. Подготовка: Измијте ги доматите, а потоа плодовите исечкајте ги на крупни парчиња и сомелете ги во мелница за месо. При мелење користете го најкрупното сито, за доматите да не се претворат во сок. Истурете ги мелените домати во поголемо тенџере, посолете, додадете ги винобранот и листовите од магдонос што сте ги исечкале претходно. Сè добро измешајте со голема дрвена мешалка и оставете да отстои најмалку два часа. Доматите уште еднаш добро измешајте ги, па истурете ги во тегли или стаклени шишиња со широк отвор, херметички затворете и чувајте ги на ладно место. Ако сакате зачинет вкус, сомелете неколку лути пиперки заедно со доматите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/domashen-melen-domat-za-zimnica-nema-gotvenje-a-moze-da-stoi-i-dve-godini/feed/ 0
На овој начин ДОМАТОТ ќе ви остане свеж: Трик од само пет минути кој ќе ви ја зачува омилената намирница https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/na-ovoj-nachin-domatot-kje-vi-ostane-svez-trik-od-samo-pet-minuti-koj-kje-vi-ja-zachuva-omilenata-namirnica/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/na-ovoj-nachin-domatot-kje-vi-ostane-svez-trik-od-samo-pet-minuti-koj-kje-vi-ja-zachuva-omilenata-namirnica/#respond Tue, 28 Jun 2022 05:22:36 +0000 https://kurir.mk/?p=696592

Иако сите мислевме дека нашите домати ќе останат свежи во фрижидер, докажано е дека во таа прилика го губи вкусот и дека е потребно да најдеме некоја златна средина. Тимот на Test Kitchen со задоволство ги проучува сите новости поврзани со храната, од тоа како најдобро да се искористи и подготви за да биде со највисок квалитет. Овој пат тие решија да ги испробаат советите на ботаничарката Џинхе Баи. Бидејќи доматите траат подолго додека ги чуваме во фрижидер, тешко е да се избегне губењето на вкусот што се случува бидејќи студот блокира одредени ензими во нив. Баи дошол до решение за време на неговите експерименти. Доматот го ставил во топла вода околу пет минути, на приближно 50 степени Целзиусови, а потоа го ставил во фрижидер. Како што тврдеше дека вкусот е речиси ист како кога се стои на собна температура, Test Kitchen го спроведе своето мало истражување. Тој открил дека тогаш повеќето од десетте испитаници потврдиле дека вкусот на вака складираниот домат бил околу 80 отсто сличен на оној кога бил на собна температура.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/na-ovoj-nachin-domatot-kje-vi-ostane-svez-trik-od-samo-pet-minuti-koj-kje-vi-ja-zachuva-omilenata-namirnica/feed/ 0
Одличен предлог за појадок, омлет со домат https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/odlichen-predlog-za-pojadok-omlet-so-domat/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/odlichen-predlog-za-pojadok-omlet-so-domat/#respond Mon, 27 Jun 2022 10:03:59 +0000 https://kurir.mk/?p=696256

Пробајте омлет со домат, одличен за појадок. Состојки: 1 модар патлиџан со средна големина 3 лажици путер 1 поголем кромид 2 чешниња лук 1 поголем домат 4 јајца сол, бибер малку мускатно оревче Подготовка: Модриот патлиџан цел испечете го. Откако ќе се олади излупете го и исечете на мали парчиња. Доматот ислупете го и исечете на коцки. Во тавче растопете го путерот и прорпжете го кромидот. Додадете со лукот исечен на листови, па модриот патлиџан и динстајте неколку минути. Потоа додадете го доматот, и зачинете. Оставете неколку минути, па додадете ги изматените јајца и оставете да се испржат. Пријатен појадок.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/odlichen-predlog-za-pojadok-omlet-so-domat/feed/ 0
Трговците од Струмичко стравуваат од недостиг на домати и краставици и изгор цени на пазарите на мало https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/trgovcite-od-strumichko-stravuvaat-od-nedostig-na-domati-i-krastavici-i-izgor-ceni-na-pazarite-na-malo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/trgovcite-od-strumichko-stravuvaat-od-nedostig-na-domati-i-krastavici-i-izgor-ceni-na-pazarite-na-malo/#respond Thu, 23 Jun 2022 09:07:38 +0000 https://kurir.mk/?p=694542

Трговците и извозниците од Струмичко стравуваат дека во јули и август ќе бараат килограм повеќе домати и краставици од вториот производствен турнус, бидејќи производството на овие две градинарски култури од година во година постојано се намалува, а во оваа производствена сезона тоа е преполовено. Според трговецот Благој Витанов од компанијата „Империјал фруит“ таквата состојба е карактеристична за последните неколклу години и се должи на сменетата структура на градинарското производство. -Високите откупни цени, но и изгор цените на пазарите на мало, ќе се должат на драстично намаленото производство. Пред неколку години а и лани, во текот на летото, доматите и краставиците се откупуваа по 60-70 денари за килограм, а така ќе биде и годинава. Јас стравувам дека заради тоа ќе нема за извоз, а доматите и краставиците ќе се пласираат на домашниот пазар, но по високи цени, бидејќи градинарите произведуваат количини доволни за нашиот пазар, смета Витанов. Додава дека намалувањето на производството на доматите и краставиците се должи на зголемените трошоци за нивно одгледување и затоа градинарите се ориентираат на производство на зелка и црвена пиперка за кои не треба поголема инвестиција. -Во услови кога драстично е намалена понудата која не може да ја задоволи побарувачката, тогаш е нормално да има повисоки цени и затоа односот меѓу понудата и побарувачката е единствениот механизам која ја определува цената, рече Витанов. Инаку, во Струмичко се задржува трендот на откуп на градинарски култури по растот на цените од пред неколку денови. Доматите се откупуваат за 40 денари за килограм, пиперките 40, а краставиците од 10 до 30 денари за килограм.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/trgovcite-od-strumichko-stravuvaat-od-nedostig-na-domati-i-krastavici-i-izgor-ceni-na-pazarite-na-malo/feed/ 0
Го исекла доматат и го забележала ова во него: Дали е чудо на природата, ГМО или нешто трето? (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/go-isekla-domatat-i-go-zabelezala-ova-vo-nego-dali-e-chudo-na-prirodata-gmo-ili-neshto-treto-foto/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/go-isekla-domatat-i-go-zabelezala-ova-vo-nego-dali-e-chudo-na-prirodata-gmo-ili-neshto-treto-foto/#respond Mon, 24 Aug 2020 10:37:20 +0000 https://kurir.mk/?p=394583

Оваа необична фотографија е споделена на социјалните мрежи, а една корисничка на Фејсбук искоментирала дека иста ситуација имала со пиперка ... Неопходната состојка на секоја салата и многу други јадења е секако доматот, кој многу граѓани го јадат во големи количини. Дури и во текот на пандемијата, продавачите наоѓале начин како да стигнат до купувачите. На пример, без разлика на коронавирусот, кога не може да излезе на пазар и да продава на тезга, Милка Станојчиќ од Клењ на своите постојани муштерии им нуди домат по пат на телефон. И сите се задоволни. Меѓутоа, купувачите кои што не купуваат домати од проверени луѓе, кажуваат дека се помалку е застапен вистински, домашен домат од бавча, каков што помнеле од детството. Една фотографија од необичен домат стана виртуелен хит на друштвените мрежи, а била објавена и на Фејсбук страницата „Добра земја“. Имено на нејзе се гледа како од еден домат никнувал друг домат. По објавата на Катарина може се најдат различни коментари како на пример дека се работи за ГМО домат, дека премногу отстојал или пак бил изложен на влага. Една корисничка на Фејсбук напишала дека во пиперка пронашла мала пиперка, иако е домашна и никогаш не купувала семе. За што се работи овде, што мислите вие ?]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/go-isekla-domatat-i-go-zabelezala-ova-vo-nego-dali-e-chudo-na-prirodata-gmo-ili-neshto-treto-foto/feed/ 0